Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, поднесе кривична пријава против С.С. од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“. Пријавениот, во својство на службено лице-директор на ЈКП ,,Брегалница‘‘-Делчево ја злоупотребил својата службена положба и овластување и во периодот од декември 2023 до април 2024 година, не ...

Вишиот управен суд, на седницата одржана на 6 ноември 2025 година, донесе Решение со кое жалбата на политичката партија Левица против Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е одбиена како неоснована. Со ова се потврди претходно донесеното Решение на Управниот суд, со кое беше отфрлен предлогот на Левица за поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, заради засилување на билатералната соработка и за размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајни централни банки во светот. Во текот на посетата, гувернерот Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли. Особено значаен дел од агендата беа ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во рамки на работната посета на Брисел, утрово оствари средба со Ана-Марија Бура, главен советник за надворешна политика во кабинетот на Претседателот на Европскиот совет, задолжена за координација на надворешните политики и агендата за надворешни работи на ЕУ. На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба и динамиката на процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската ...

На 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат, врз база на претходно изготвен план, е спроведена засилена акциска контрола во угостителски објекти во Кичево. При тоа, при контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, затекнати се Џ.Р.(23), како пејачка и К.Џ.(27), Е.П.(25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), како членови на музички бенд, сите ...

Италијанската полиција ја истражува мистериозната смрт на познатиот трговец со антиквитети Франко Ѓорџи (74) и неговата сопруга Џана ди Нардо (68), кои беа пронајдени мртви во нивниот дом во Фиренца. Нивните тела, со видливи убодни рани, ги открил нивниот син, што ја покренало истрагата во повеќе насоки, јавува италијанскиот РАИ. Телата ги открил синот, кој во неделата околу 14:30 часот дошол да провери зошто родителите не одговараат на ...

Видеолотарија Касинос Австрија и оваа година нуди извонредно заокружување на годината за играчите на видеолотариските терминали. Од 01.12.2025 официјално, активни се новите џекпот добивки -РОЈАЛ ЏЕКПОТ. За празниците веруваме дека многу играчи ќе се радуваат на оваа добивка во вредност до 12 милиони денари. Почнува најубавиот период во годината. Времето кога сите си замислуваме убави желби и веруваме во убави изненадувања. Видеолотарија ...

Утрово во државата се измерени ниски температури, кои во поголем дел од земјата се движат од -1 до 5 степени Целзиусови. Најстудено беше во Тетово, Битола и Берово со -1 степен, додека 0 степени се измерени во Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, Демир Капија и Маврови Анови. Температура од 1 степен е забележана на Скопје-Зајчев Рид, како и во Лазарополе, Крива Паланка, Виница и Велес. Во Крушево, Штип и Кавадарци утринската температура се ...

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, денес патува во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин на 2 декември, објавија медиумите, повикувајќи се на неименуван американски функционер кој го потврди датумот на средбата. Според рускиот телевизиски канал „Россија 1“, Виткоф дал позитивна оценка за разговорите меѓу американската и украинската делегација одржани во неделата во американската ...

Овен Почетокот на неделата ви носи силна иницијатива и брзо решавање на сите обврски. Можеби ќе има една ситуација во која ќе мора да реагирате побрзо од вообичаеното, но ќе успеете да ја одржите контролата. Оние кои се во врска ќе почувствуваат потреба за поискрен разговор. Ако нешто криевте под тепих, сега тоа може да излезе на површина. Слободните би можеле да го обноват контактот со некој што ги привлекувал претходно, сè ќе се случи ...

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе ...

Папата Лав XIV денес ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките политички и секташки поделби во Либан. Пристигнувајќи од Турција како дел од своето прво патување во странство, Лав XIV донесе порака за мир во Либан, кој се плаши од враќање на отворен конфликт со Израел. Во говорот одржан во претседателската палата кратко по ...

Денеска (30.11.2025) по завршување на фудбалскиот напревар во рамките на Прва македонска фудбалска лига одигран помеѓу екипите на ФК Вардар АД Скопје и ФК Шкупи Скопје одигран на спортскиот комплекс на ФФМ “Петар Милошевски”, поради сторени прекршоци со фрлање на пиротехнички средства од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари, како и за нарушување на јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување и непочитување наредба ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес разговараше со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по што најави „важни денови“ за Украина. „Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно ги координираме нашите активности, во активностите на сите партнери, заедничките мерки, заедничките ставови ќе бидат исклучително ефикасни“, напиша Зеленски на Телеграм. Тој изјави дека разговарал по телефон со претседателката на ...

Аеродромот во главниот град на Литванија, Вилнус, денес објави дека привремено ги прекинува операциите поради сомнителни балони во неговиот воздушен простор, што е најновото во низата прекини на летовите во балтичката земја. Аеродромот во Вилнус е затворен најмалку десет пати од почетокот на октомври, од истите причини, пренесува Ројтерс. По масовното појавување на метеоролошки балони во октомври, Литванија соопшти дека шверцерите ги користат ...

Светската здравствена организација објави во пресрет на Светскиот ден на СИДА-та дека во текот на 2024 година, ХИВ инфекција е регистрирана кај 1,3 милиони луѓе, додека 630.000 луѓе починале од причини поврзани со ХИВ. Тие наведуваат дека во 2024 година, 40,8 милиони луѓе ширум светот живееле со ХИВ. СЗО, заедно со партнерите, го одбележува Светскиот ден на СИДА-та оваа година под слоганот „Надминување на нарушувањата, трансформирање на ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинени против три лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик, додека првообвинетиот од нив се товари и за продолжено – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г. Тој подолг временски период на неговиот личен профил на Фејсбук пишувал објави со говор на омраза, навреди и повици за насилство и ...

Околу 50 пријави за сомнителни уписи на имот стигнале до Катастарот откри директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, во гостувањето во емисијата „Бизнис21“. Дел од случаите веќе се проследени до Министерството за внатрешни работи и се процесуираат за понатамошно постапување. Најчесто станувало збор за уписи на имот кои не требало да бидат извршени, а во дел од пријавите се индицира и можен обид за корупција. „Станува ...

Првиот човек на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов вели дека не предложиле до владата да се зголеми прагот за пензионирање во државава. Тој во моментов изнесува навршени 64 години старост за мажи и 62 години за жени. Во интервјуто за „Радио Слободна Европа“, Мемов ја бранеше одлуката за линеарно зголемување на пензиите, со аргументи дека со тоа се штити стандардот на пензионерите. „Треба да се истакне, и граѓаните треба ...

Словенечката полиција пронашла тело на жена во шума во близина на Мајшперк, соопшти Полициската управа во Марибор. Телото е на 31-годишна австриска државјанка која исчезна минатиот викенд. Во последните денови ја барале и во Австрија и во Словенија. Кривични истражители од Полициската управа во Марибор веќе извршиле увид на местото на злосторството, а присутни се дежурниот истражен судија и дежурниот државен обвинител. Главен осомничен во ...

Наставниците се вистински магионичари – не само во однос на знаењето што го пренесуваат, туку и во обликувањето на карактерот и развојот на децата во целина. Тие ги поттикнуваат да размислуваат храбро, да се водат од вредности и да се подготвуваат за свет полн со предизвици. Но, за да успеат неопходна е поддршка и соработка со семејствата и заедницата. Ова беше истакнато на денешната панел – дискусија „Магијата на создавање храбри, мислечки и ...

На 30.11.2025 година, околу 02:10 часот, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, било сопрено патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(44) од Тетово. При контролата во возилото биле забележани лица кои при ...

Припадните на полициските интервентни единици кои го обезбедуваат т.н. „Чациленд“ пред Собранието на Рсбија, уапсиле маж, кој, според Министерството за внатрешни работи нападнал жител на оваа шаторска населба. „Припадници на интервентните единици на Министерството за внатрешни работи, ангажирани во обезбедувањето на јавен собир пред Народното собрание, го уапсија Д.П. (27) поради сомнение дека сторил кривично дело лесна телесна повреда“, ...

Годинава имало нови 38 регистрирани лица со ХИВ/СИДА во Македонија. Податоците се заклучно со 27 ноември, објави Институтот за јавно здравје по повод 1. декември, Светскиот ден за борба против СИДА. Ова претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители, објавува ИЈЗ. За споредба инциденцата во земјите на ЕУ во 2024 година била 5,3 на 100.000 жители. Бројот на случаи во 2025 година е помал за 25,5% споредено со истиот период од лани. Најголем дел ...

Повторно се зголеми бројот на жртви во катастрофалниот пожар што минатата недела го зафати станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“ во Хонг Конг. Локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата, наведуваат дека досега се пронајдени телата на 146 лица, што е значително повеќе од претходно објавените 128. Спасувачките служби продолжуваат да ги пребаруваат изгорените станбени згради, а Шук-јин Цанг, раководител на полициската единица за ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го критикуваше Израел за она што го нарече „систематско уништување на образовната инфраструктура и масакр врз цивили“ во Газа, предупредувајќи дека таквите акции ги поткопуваат напорите за одржување на кревко примирје. Зборувајќи на церемонијата по повод доделувањето на наградите „Илим Јајма“ во Истанбул, Ердоган изјави дека 80 проценти од образовните установи во Газа – вкупно 668 училишта – се ...

Најмалку едно лице е убиено, а 11 се повредени, меѓу кои и едно дете, синоќа во Украина, во близина на Киев, во напад со руски беспилотни летала, соопштија локалните власти. Шефот на воената администрација за регионот Киев, Микола Калашник, преку Телеграм го осуди „непријателскиот напад врз Вишгород во кој едно лице беше убиено, а 11 беа повредени, од кои шест беа однесени во болница“, наведувајќи дека станува збор за нова офанзива на руски ...

Швајцарците денес гласаат на референдум за тоа дали да воведат данок на наследство од 50 проценти за супербогатите, додека владите ширум светот се борат со прашањето како да го оданочат богатството. Овој референдум, еден од најконтроверзните во поновата швајцарска политичка историја, го одразува глобалниот јаз меѓу земјите што се натпреваруваат да привлечат богати семејства со фискални стимулации и оние што сакаат да го оданочат она што го ...

Скопје-Петровец со минус два степени беше најстуденото место утрово. Во Штип, Струмица, Крушево и Маврово во 8:30 часот беа измерени -1 степен. Нула степени беа измерени во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес, Демир Капија, додека еден степен во Виница и Берово. Најтопло утрово беше во Гевгелија, каде беа измерени пет степени. Дожд во изминатите 24 часа имаше во Маврово и Попова Шапка, каде наврнаа 1 литар на метар квадратен. Времето ...

Овен Денес е идеален ден да забавите и да се посветите на себе. Вашето тело бара одмор, па трудете се да не се форсирате со физичка активност. Опуштање со лесна прошетка или медитација може да ви донесе внатрешна рамнотежа. Бик Вашето тело и ум денес бараат хармонија. Најдете време за уживање во омилената храна, но внимавајте да не претерате. Масажа или престој во природа може позитивно да влијае на вашето расположение и енергија. Близнаци ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
95%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1008
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1007
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.63
93%
1006
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.71
97%
1008
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.09
72%
1005
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1006
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1007
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
1004
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
3.58
92%
1007
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

54077.56

Кобалт

64.04

Сребро

2497.79

Рутениум

45750.51

Платина

67484.42

Бакар

11.83

Калај

46.06

Злато

159436.20

Родиум

336779.07

Цинк

3.29

Иридиум

215504.98

Алуминиум

3.07