Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
ОВЕН Работа: Ве очекува напнат работен ден. Може да имате несогласувања со колегите или претпоставените околу тоа како да ги извршувате задачите. Обратете посебно внимание на документите и роковите, бидејќи се можни одложувања и недоразбирања. Љубов: Вашиот партнер може да инсистира да разговара за проблемите што сте ги одложувале. Доколку сте слободни, можно е да се запознаете преку мрежи или излегувања, но повеќе во форма на флерт отколку на ...
„Континуираниот раст на индустриското производство е многу добра вест за македонската економија. Индустриското производство во Јули оваа година порасна за 4,1% споредено со истиот месец минатата година. Јули е првиот индикатор за третиот квартал од 2025 година.“, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот профил на „Фејсбук“. „Преработувачката индустрија е носечки фактор за порастот на индустриското производство со раст од 7% споредено со ...
Министерството за внатрешни работи сподели информација дека во текот на вчерашниот ден, починало лице од затворот во Шутка, откако претходно побарало лекарска помош. „На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје е пријавено дека М.П. (54) од Д. Коњари, кој бил во притвор, побарал лекарска помош. Од страна на доктор од Итна медицинска помош во 15:58 часот била констатирана смрт, без траги на насилство“, ...
Утре започнува новата учебна 2025-2026 година. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај. Обезбедени се учебници за сите ученици, а за прв пат по седум години ќе има и учебници по странските јазици. Во повеќе училишта условите за настава се значително подобрени, а инклузијата е подигната со ангажирање на зголемен број образовни асистенти во основното, но и за прв пат во средното ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска беше присутен во Охрид, каде што го означи почетокот на кампањата за промоција на Националниот портал – uslugi.gov.mk. „Денеска со големо задоволство можам да кажам дека ја отпочнуваме кампањата за промоција на порталот uslugi.gov.mk. Почнуваме од Охрид, а планирани се едукативни дружења низ цела Македонија, за да го промовираме порталот кој што нуди вкупно 300 електронски услуги ...
На 30.08.2025 околу 15:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Б.С. (25) затоа што околу 14:30 часот предизвикал пожар во месноста „Елки“, при што била опожарена сува трева и ниска вегетација. Веднаш по добиената пријава за настанат пожар, полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности и констатирано е дека Б.С. , лице со здравствени проблеми, запалил трева, по што пожарот се проширил кон ридот. ...
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Кина на четиридневна посета на покана од кинескиот претседател Си Џинпинг, каде што ќе присуствува на безбедносен самит. На аеродромот беше пречекан со црвен тепих и почесна гарда. Посетата на рускиот претседател ќе трае четири дена – од 31 август до 3 септември. Путин ќе учествува на самитот на ШОС, каде што ќе одржи билатерални средби со странски лидери. Неговата програма вклучува и посета на ...
На настан во Чаир, кандидатот за градоначалник од коалицијата VLEN, Изет Меџити, беше прашан за последните изјави во врска со Бадинтер. Меџити нагласи дека Бадентер и Охридскиот рамковен договор се темелите на државата. „Ние сме во кампања за локални избори и треба да се занимаваме со проблемите на граѓаните. Кога ќе дојдат парламентарните избори, ќе се занимаваме и со тие теми. Што се однесува до изјавите на Димитриевски, веројатно тој се ...
Поранешниот претседател на украинскиот парламент и една од клучните фигури на револуцијата на Евромајдан, Андриј Парубиј беше убиен со огнено оружје во Лвов. Полицијата соопшти дека пукотници одекнале околу пладне во јужниот дел на градот. Жртвата починала на лице место, и покрај реакцијата на итната помош. Се огласи и претседателот Зеленски. „За жал, злосторството беше внимателно испланирано“, рече Зеленски во својот дневен рапорт до граѓаните. ...
ОВЕН Оваа недела ќе бидете склони кон вљубување. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да пристапите на личност што ви се допаѓа долго време. Направете напор да му угодите на вашиот партнер, доколку сте во врска. Не ви е лесно да направите се сами. Потребна ви е помош од други луѓе на работа. Вие сте преосетливи и малку напнати. БИК Оваа недела треба повеќе да се опуштите. Вие сте комуникативни и склони кон флертување. Можете да направите ...
Попладнево силно невреме, проследено со пороен дожд и силен ветер, ја зафати Албанија, предизвикувајќи прекин на воздушниот, поморскиот и делови од патниот сообраќај. Според „Евроњуз Албанија“, привремено е запрен авионскиот сообраќај на меѓународниот аеродром во Тирана, поради тоа што силниот ветер и дождот ја оневозможиле нормалната работа на пистата. Летовите се прекинати сè додека не се стабилизира временската состојба. Големите бранови на ...
Денеска (30.08.2025) околу 16:00 часот во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје настана пожар, при што и покрај неповолните временски услови, од страна на полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита, преземени се мерки и активности со цел спречување на ширење на истиот и зафаќање на моторни возила и објекти како и лизгалиштето што ...
Порастот на индустриското производство во јули 2025 од 4,1 насто во однос на истиот месец лани го потхрани оптимизмот кај премиерот Христијан Мицкоски за солиден раст на бруто домашниот производ и во третиот квартал од годинава. Овој оптимизам го темели на податокот дека најзначаен носител на растот е преработувачката индустрија која е седум насто зголемена во однос на ланскиот јули. „Најмногу радува растот во преработувачката индустрија, ...
Денес попладне скопскиот регион беше зафатен со силно невреме проследено со силен ветер, при што речиси истовремено избија повеќе пожари на отворен простор. Огнот беше видлив од поголем дел на градот и предизвика вознемиреност меѓу граѓаните, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. За дел од пожарите постојат сомневања дека се намерно подметнати. Во периодот на невремето, силниот ветер и дождот во регионот на ...
По силното невреме проследено со интензивни ветрови, во повеќе делови од градот Скопје се предизвикани материјални штети и регистрирани пожари. Надлежните служби внимателно ја следат состојбата, додека Центарот за управување со кризи е во постојана координација со сите релевантни служби на терен, велат од ЦУК. „Директорот на ЦУК, Мухамед Алу, заедно со дежурните служби при ЦУК, ги координираат активностите и ги информираат сите надлежни ...
Поради силен ветер и големи бранови, денеска во 14:30 часот беше прекинат 38. Охридски пливачки маратон, соопшти главниот судија Марјан Бошалевски. Трката беше сопрена во близина на хотел „Гранит“, откако временските услови предизвикаа проблеми кај натпреварувачите. На маратонот учествуваа 16 пливачи од Македонија, Аргентина, Италија, Португалија, Србија и Полска. Стартуваа од Свети Наум, а целта беше на Охридското пристаниште по патека долга 25 ...
Во периодот од 2019 до 2024 година повторно имало нелегални прислушувања од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), или како што порано се нарекуваше Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Од новото раководство на оваа Агенција велат дека биле прислушувани политичари, но и новинари. По внатрешна истрага и откривање на овие неправилности, АНБ доставила три информации до Обвинителството. Агенцијата за национална безбедност, по ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес оцени дека капиталните проекти во Општина Кавадарци се реализираат со значајна динамика. Тој ја искористи посетата за да им честита на градоначалникот, советниците, пратениците и колегите во Владата за нивниот ангажман во обезбедувањето дополнителни средства за инвестиции во општините. „Тоа што во минатото се крадеше, сега се гради. Суштинската разлика помеѓу Владата на СДСМ и ДУИ која 7 години крадеше и оваа ...
На 29.08.2025 година во СВР Скопје Д.Г. (88) од Велес пријавила дека на 27.08.2025 година околу 10:00 часот на нејзиниот фиксен телефонски број добила повик од непознато машко лице кое ја известило дека нејзината ќерка наводно имала сообраќајна несреќа во која што како учесник прегазила четиригодишно дете и дека доколку сака да ја спаси од долгогодишна затворска казна треба да му даде 50.000 евра. Откако пријавителката рекла дека нема толку ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и за излез од државата е околу 1час, додека на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина ...
Вчера (29.08.) во 19:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, по преземени оперативни мерки и активности ги лишиле од слобода З.К.(33) Бегниште, кавадаречко и И.И.(19) од Кавадарци, а поради сомнение дека тие предизвикале пожар на сува трева, трња и ниско стеблеста шума кај месноста викана Блато на Тиквешко езеро, во атарот на село Куманичево, кавадаречко. Повредени лица нема, а пожарот бил изгасен со вклучување на авиони од Дирекција за ...
Претпладне во источните делови ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. ...
Актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја укина заштитата на Тајната служба на Камали Харис, според Си-Ен-Ен, повикувајќи се на документ до кој тој имал пристап. Таа наредба Трамп ја испратил во четврток во писмо со наслов „Меморандум до министерот за внатрешна безбедност“. „Се овластувате да ги прекинете сите безбедносни процедури кои претходно беа одобрени со извршен меморандум, освен оние кои се законски ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива без поголеми проблеми, по суви коловози и со зголемен интензитет на движење, особено надвор од урбаните средини. Поради летниот период и одморите, се бележи поголема фреквенција на возила. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања, информира Автомотосојузот ...
Американскиот федерален апелационен суд пресуди дека повеќето глобални тарифи што ги наметна претседателот Доналд Трамп врз земјите се нелегални, што потенцијално може да претставува значителен удар врз неговите напори еднострано да ја преобликува трговската политика на земјата, објави денес ABC News. Апелациониот суд на САД за федералниот округ го отфрли овластувањето на Трамп да ги спроведе повеќето од неговите тарифи, согласувајќи се со ...
ОВЕН Работа: Можно е да ги поместите роковите и редоследот на задачите штом ќе пристигнат нови информации, што всушност ќе ви отвори простор да го поправите она што досега не одело како што треба. Љубов: Во куќата, темите што сте ги избегнувале можат да „зоврие“, па само смирен тон може да спречи ситницата да стане драма. Слободните веројатно ќе влезат во краток, страствен контакт што ќе ве потресе, но нема да има основа за подолготрајна ...
Претпладне сончево со умерена облачност, а попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне ...
Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија денес, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Како што е наведено, епицентарот на земјотресот бил на отворено море во Тихиот Океан, источно од островот Хоншу. Епицентарот бил на длабочина од 35 километри , околу 11 километри од градот Сендај со околу милион жители. Нема информации за повредени или евентуална материјална штета. Не е издадено ...
Министрите за одбрана на Европската Унија дадоа „широка поддршка“ за проширување на обуката на украинската армија во случај на прекин на огнот, изјави денес шефицата на европската дипломатија, Каја Калас. „Го поздравувам тоа што денес има широка поддршка за продолжување на мандатот на нашата воена мисија на ЕУ за обезбедување обука и совети во Украина по какво било прекин на огнот“, изјави високата претставничка за надворешни работи и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го прекина обезбедувањето на Камала Харис, тврди еден од нејзините советници. Агенти на Тајната служба го обезбедуваа поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави врз основа на одлука што поранешниот претседател Џо Бајден ја донесе непосредно пред да ја напушти Белата куќа. Харис имаше право на обезбедување уште шест месеци по напуштањето на функцијата, кое истече во јули. Сепак, со одлуката ...