Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Август 2025 ќе остане запаметен како месец на рекорди! Видеолотарија Касинос Австрија им исплати фантастични 72.821.604 денари (околу 1.200.000 евра) на своите играчи на ВЛТ терминалите ширум Македонија. Овие бројки не се само статистика – тие претставуваат илјадници нови среќни приказни! Среќни бројки од август: • 4 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добитници → заедно поделија 18.945.367 денари • 22 МИЛИОНЕР џекпот добитници → исплатени вкупно 25.756.557 ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Владата се обрати на Тематски состанок за Партнерство за отворена власт. Тој уште еднаш потсети на скандалот со прислушувањето, и кажа дека тоа не е удар врз него лично, туку врз демократијата. „Денеска сме собрани околу една идеја која е темел на секоја зрела демократија- отворената власт. Со самото наше присуство овде испраќаме јасна порака: политичката волја и решеноста на Владата да продолжи со ...
Доналд Трамп денес ќе одржи специјално претседателско обраќање во Овалната соба, додека се зголемуваат шпекулациите за тоа каква би можела да биде содржината на неговиот говор. Изненадувачкото обраќање е закажано за 14 часот по локално време (19 часот по централноевропско време), но засега нема повеќе детали за темата, објавува „Мирор“. Некои политички коментатори веруваат дека денешната најава најверојатно ќе биде поврзана со можното ...
Грчките власти уапсија неименуван 35-годишен патник, чие агресивно однесување во авионот го принуди капетанот да изврши итно слетување во Солун. За време на летот од Велика Британија до Турција, 35-годишен маж нападнал друг патник, на возраст од 41 година, пренесува „Катимерини“. Се наведува дека поради инцидентот е нарушена безбедноста на летот и капетанот извршил итно слетување на аеродромот „Македонија“ во Солун, а мажот е уапсен и ќе биде ...
На 01.09.2025 во 21:55 часот на автопат „Пријателство“, кај село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.Д.(25) од Кавадарци. При контрола со радар, полициски службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки со брзина од 217 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час. За настанот бил запознаен јавен ...
Националната разузнавачка служба (НИС) на Јужна Кореја процени дека околу 2.000 севернокорејски војници испратени во Русија за да учествуваат во војната во Украина загинале, изјавија јужнокорејските пратеници Парк Сун-вон и Ли Сеонг-квен. НИС објави дека Пјонгјанг планира да испрати дополнителни 6.000 војници во Русија како дел од третото распоредување на севернокорејски војници, додека околу 1.000 борбени инженери веќе пристигнаа во Русија, ...
Бројот на жртвите од силниот земјотрес во источен Авганистан се зголеми за 900, а 3.000 луѓе се повредени, објавија денес локалните власти, додека спасувачките екипи го пребаруваат погоденото подрачје за преживеани. „Повредените се транспортираат, па овие бројки можат значително да се променат“, изјави портпаролот на Националниот директорат за управување со катастрофи, Јусуф Хамад, пренесува АП. Тој додаде дека земјотресот предизвикал лизгање на ...
Најмалку 1000 луѓе загинаа во свлечиште кое уништи село во област на планини во западниот дел на Судан. Преживеа само едно лице, соопшти Суданската ослободителна војска. Свлечиштето почнало на 31. август после повеќедневни обилни врнежи од дожд. Движењето кое ја контролира областа Дафир, апелираше на Обединетите нации и меѓународните хуманитарни агенции да помогнат во пронаоѓањето на телата на жртвите, вклучувајќи мажи, жени и деца. „Селото сега ...
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат ставање на крај на злоупотребата на безбедносните служби и одговорност за следењето на јавни личности, откако вчера премиерот Мицкоски рече дека Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за Национална безбедност го прислушкувале. „Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личност, на потег се обвинителството и судството. Дека од СДС додека беа на власт не работеа ...
ОВЕН Работа: Може да се најдете во ситуација каде што ќе мора да ја браните вашата позиција. Избегнувајте избрзани одлуки и претерани ветувања. Љубов: Вашиот партнер може да биде чувствителен на вашите зборови или тон. Слободниот ден носи површно флертување преку социјалните мрежи или излегувања. Здравје: Многу добро, но избегнувајте исцрпеност. БИК Работа: Неочекуваните промени можат да ги нарушат вашите планови. Можни се недоразбирања во ...
Падна трансфер рекорд во Премиер-лигата. Денешниот ден ќе биде запишан во историјата на англиското фудбалско првенство затоа што Ливерпул го сруши рекордот во висина на трансфер на еден играч во најсилната лига во Светот. Актуелниот англиски првак успеа да го ангажира Александар Исак од Њукасл за сума од 125 милиони фунти плус бонуси, или вкупно 150 милиони евра. Со тоа во последниот ден од преодниот рок заврши сагата околу шведсиот напаѓач, ...
Христијан Мицкоски за време на одбележувањето на АНБ, коментираше за прислушувањето на високи функционери и новинари од страна на екс директорот и раководители на АНБ. „Не сум изненаден од прислушувањето од АНБ. Тоа се случуваше и кога бевме во опозиција. Да оставиме Обвинителството да ја заврши истрагата. Овој така да го наречам полусвет, немал со што, па се занимавал со туѓите животи. Јас лично очекувам овие глодари да завршат каде што им е ...
85-годишен маж, кој планинарел со сопругата и кучето, починал во болница откако бил прегазен од стадо крави во Рамсау ам Дахштајн во централна Австрија, соопшти полицијата во понеделник. Се очекува обдукција за да се утврди точната причина за неговата смрт. Неговата 82-годишна сопруга е во болница со сериозни, но не опасни по живот повреди. Парот од Виена наишол на стадо крави со телиња додека шетал по шумска патека. Потоа исплашените крави ...
Во прво одделение во 12-те училишта во Тетово годинава се запишани 930 ученици. Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, денес ја посети Гимназијата „7 Март“, каде што беше и свечено отворена нова спортска сала. „Ова е најдобриот начин за започнување на новата учебна година во оваа гимназија, бидејќи од денес салата ќе биде ставена во функција на учениците.“, рече Биљал Касами. Во Гимназијата „7 Март“ во Тетово, во прва година се ...
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и официјално се врати во Наполи, објави денеска италијанскиот клуб. Играчот од средниот ред оди како позајмен во Наполи до крајот на сезоната, со право на откуп од страна на неговиот поранешен клуб. Елмас беше во Наполи од 2019 до 2023 година, пред да се пресели во Лајпциг. Меѓутоа откако не успеа да се снајде во германскиот тим, последните шест месеци ги мина како позајмен во Торино, а сега одново се ...
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, вели дека предуслов за демократија во Македонија е одговорност и процесуирање на одговорните за злоупотреба на тајните служби. „Во опозиционите денови искажувавме сомнежи дека сме следени од тајните служби кои беа злоупотребувани од власта на СДСМ и ДУИ, а со нив и Стево Пендаровски. Имавме сомнеж дека Агенцијата за разузнавање пишува клеветнички лажни извештаи до западните ...
Реформите во образованието кои предвидуваат малите училишта кои имаат по пет, шест ученика да се спојат со поголемите, се прифатливи за општините, вели првиот човек на Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски. Тој вели дека оваа реформа е разговарана во сите тела на ЗЕЛС и дека иако раководствата на општините се свесни дека со овој процес ќе има и негативности, сепак придобивките ќе бидат далеку поголеми. „Знам дека со ...
Портпаролот на Европската Унија денес потврди дека Глобалниот систем за позиционирање (GPS) на авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, бил блокиран за време на патувањето во Бугарија во недела и дека тој слета безбедно. „Можеме да потврдиме дека имало блокирање на GPS сигналот, но авионот слета безбедно во Бугарија. Добивме информации од бугарските власти дека се сомневаат дека тоа се должи на очигледно руско ...
Во Кичево се случи една необична, но многу убава случка. По 17 години поминати во Швајцарија, иселеникот Нешат Спахиу се врати со своето семејство и ги запиша своите деца во основното училиште „Милто Гура“ во селото Црвица — родното место на неговите родители. Тој вели дека одлуката ја донел со цел да ја зачува јазичната, културната и традиционалната припадност, со целосна поддршка од сопругата. Според него, оваа одлука била преземена за да се ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реализираше рекордна донација на спортска опрема за 1.848 деца – пионери и помлади пионери – од младинските категории во натпреварувачкиот систем на федерацијата. Вкупно 42 екипи кои настапуваат во Супер младинската лига, Втората и Третата младинска лига добија по 44 комплети опрема за тренинг, кои вклучуваат тренерки, маици и шорцеви, како и ранци, како и по 30 фудбалски топки за секој клуб. „Сакам да ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 25.08.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,529%, кај дизелот за ...
Денес започнува новата учебна година и во училиштата повторно се враќа детската радост, среќа, љубопитност и натпреварувачка атмосфера. На сите ученици и на нивните семејства, на наставниците и стручните соработници им посакувам среќен почеток и многу успеси во деновите што следат. Сигурна сум дека секој може да ги постигне своите цели, да ги исполни обврските и одговорностите со добро здравје и доволно труд. Ова е пораката која по повод стартот ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Регионалниот К9 центар за обука и сертификација во полицискиот центар во Ѓорче Петров присуствуваше на почетокот на регионалната обука за распоредување на службени кучиња во тешко пристапни терени, која се спроведува во рамките на проектот “Поддршка на националните власти во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје“. Министерот Тошковски потенцираше ...
Во периодот од 01.08.2025-31.08.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 19.343 издадени платни налози, 6.730 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 82 лица, од кои 46 за ...
Рускиот претседател Владимир Путин денес се сретна со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во градот Тјанџин во северна Кина. Во руската делегација се министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, заменик-шефот на претседателската администрација Максим Орешкин, портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, министерот за транспорт Андреј ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати на свечениот почеток на учебната година, нагласувајќи важни достигнувања за учениците и наставниците. – За мене претставува огромно задоволство и чест што можам денес да застанам пред вас. Сакам да упатам три пораки кои се важни за мене и за нашата генерација – рече Мицкоски. Тој посочи дека за првпат по седум години учениците на првиот училишен ден ќе ги имаат учебниците пред себе, што е значаен ...
Со Буквар за финансиска писменост и училиштен прибор, Халкбанк им посака топло добредојде на првачињата од општините Кисела Вода, Прилеп и Берово. Активноста е дел од иницијативата „Среќно прваче“, која банката ја спроведува шеста година по ред, со цел да ја поддржи едукацијата на децата уште од најмала возраст. Годинава, првачињата на училишните клупи ги пречека пакетче со ликот на слончето Халки, кое е симбол на детското штедење на Халки и ...
Со Одлука за спроведување на Европската комисија за одобрување на првото ослободување на средства за Република Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, беше одобрена првата исплата на средства за нашата земја. Со оваа Одлука одобрени се нето-износ од околу 2.3 милиони евра како неповратна помош и како нето износ од околу 2 милиони евра како заем кои ќе бидат достапни преку Инвестициската рамка за Западен ...
Стотици луѓе загинаа, а повеќе од 1.000 беа повредени во земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала во источен Авганистан. Службениците велат дека се стравува дека бројот на загинати и повредени не е конечен. Според најновите информации, најмалку 610 лица загинаа, а повеќе од 1.300 беа повредени. Епицентарот на земјотресот беше на 27 километри од Џалалабад, петтиот најголем град во Авганистан, и околу 140 километри од главниот ...
Министерството за образование и наука на сите наставници и стручни соработници, на учениците и нивните семејства им посакува успешна учебна година. Со добро здравје и силна посветеност кон учењето и работата, да ги остварат личните обврски и цели. „Ги охрабруваме учениците со љубопитност да чекорат по патот на mзнаењето, кое е најмоќната алатка за успех што секој може да ја понесе со себе низ животот. Да бидат истрајни во справувањето со ...