Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Собранието извести дека Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, која првично беше закажана за 5 септември 2025 година со почеток од 17:00 часот, по договор на пратеничките групи преку координативен состанок ќе се одржи во среда, 10 септември 2025 година. Истовремено, за истиот ден е предвидена и надзорна посета во просториите на Агенцијата за национална безбедност. Оваа одлука е во ...
Мал комерцијален авион се урна денес и се запали недалеку од Денвер во американската држава Колорадо, а во несреќата загинаа две лица, објавија американските власти. „Несреќата се случила јужно од аеродромот „Сентенијал“ и првично беше пријавена експлозија“, изјави Дебора Такахара, портпаролка на канцеларијата на шерифот на округот Даглас, според АП. Пожарникарите го пронашле авионот „бук БЕ35“ во пламен, а пожарот се заканувал да се прошири на ...
Маж на средна возраст предизвикал мал инцидент пред комплексот на претседателската вила во Пантовчак, каде што вербално се судрил со обезбедувањето во утринските часови и наводно се обидел да влезе во комплексот без дозвола, пренесува „Јутарњи лист“. На крајот, била повикана полиција и тој бил приведен на кривична истрага. Според неофицијални информации од „Јутарњи лист“, човекот, за кој подоцна е утврдено дека е 67-годишник од областа на ...
Заради зголемениот интерес на јавноста во врска со можните злоупотреби на овластувањата на припадници на безбедносните служби и незаконско следење на комуникациите, ОЈО ГОКК ја известува јавноста дека постапува согласно своите законски надлежности и уставно загарантираниот принцип на законитост и еднаквост пред законот. Во рамките на предистражната постапка денеска тим од истражители од ОЈО ГОКК беа примени во АНБ каде што беше договорена ...
Африм Гаши, претседателот на Собранието денеска одржа говор по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Македонија. „Имам особена чест да ве поздравам во Собранието, во нашиот дом и домот на сите граѓани, по повод 8 Септември – Денот на независноста. Притоа дозволете ми во мое лично име и во името на пратениците на Собранието, да ви ја честитам 34-годишнина на нашата независна држава. Кога зборуваме за независноста на државата, природно ни ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, дело казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз оштетеното дете со ...
Седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност која беше закажана за 11 часот е одложена. Со седницата требаше да раководи Славјанка Петровска откако претседателот на Комисијата Скендер Реџепи одби да ја закаже поради тоа што нема безбедносен сертификат. -Денешната седница не беше одложена, беше поништена бидејќи е противделовничка и нормално седница ќе свикам јас кога за такво нешто ќе има барање. Жалосно ...
Стопанска банка а.д. Битола донесе одлука за измени во својата Тарифа на надоместоци за физички и правни услуги, кои од 1 октомври 2025 година значително ќе се намалат и делумно ќе се укинат надоместоците за користење на услугите. Со оваа одлука Банката ја потврдува својата заложба за поголема транспарентност и финансиска достапност, олеснувајќи им на граѓаните и компаниите пристап до современи и поволни банкарски решенија. Клучни измени и ...
Лекарската комора е во исчекување на документите од Министерството за здравство за формирање на специјална комисија за надзор на осум сомнителни досиеја за евентуални злоупотреби на Клиниката за кардиологија. Претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, изјави дека надзорната комисија треба да има најмалку тројца членови и еден правник од Комората, но ако станува збор за посложени случаи, според неа, треба да има повеќе од ...
Министерството за образование и наука и Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип подготвија водич за примена на вештачката интелигенција во образованието. Министерката Весна Јаневска изјави дека водичот во електронска форма ќе биде дистрибуиран до сите училишта и дека многу брзо, заедно со факултетот и Бирото за развој на образованието, ќе започнат обуки за наставниците. -Суштински, водичот содржи препораки кои се ...
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска попладне беше почувствуван во Србија. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот се случил во 14:43 часот по локално време. Епицентарот бил регистриран на длабочина од 6 километри, на околу 64 километри јужно од Чачак и 14 километри северозападно од Соколовица. Надлежните служби информираат дека засега нема пријави за повредени лица или материјална штета. ...
Јавното обвинителство да не молчи, истрага за следењето и прислушкувањето веднаш, и одговорност за извршителите и наредбодавачите, порача Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. – ЈО на Љупчо Коцевски молчи со денови откако се обзнани скандалозно следење на службите на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени. Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките? Дали молчи затоа што знаел се? СДСМ ги ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со раководството на министерството и полицијата денеска го одбележаа 7 Септември – Меѓународниот ден на полициската соработка. Овој ден беше воспоставен со Резолуција на Обединетите нации во 2022 година и потсетува дека вистинска безбедност може да се обезбеди само преку заедничка работа, глобална соработка на институциите за спроведување на законот и подигнување на свеста за сериозноста на ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Септември 2025 ...
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти денеска пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека не се чувствува за виновен. Во судницата беа присутни и останатите тројца обвинети Мери Пешевска, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје. На почетокот на рочиштето, судијката Снежана ...
Во пресрет на локалните избори 2025, денеска официјално започнува набљудувањето од страна на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, откако Државната изборна комисија (ДИК) вчера едногласно ги усвои барањата за акредитација на 14 меѓународни набљудувачи. Дополнително, членовите на Комисијата ги усвоија измените и дополнувањата на решението за регистарот на радиодифузери, печатени и електронски медиуми, како и интернет портали кои ќе ги покриваат изборите. На ...
Нова рунда разговори меѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) започна денес во Виена, потврди амбасадорот и постојан претставник на Иран во меѓународните организации во Виена, Реза Наџафи. Според неговите зборови, преговорите се водат на експертско ниво и се дел од континуираните консултации меѓу Техеран и МААЕ со цел да се дефинира „нова форма на соработка“ во согласност со законот усвоен од иранскиот парламент, пренесува ...
На 04.09.2025 во 21.50 часот на улица „Тодор Велков“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(47) од село Слупчане, липковско. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „нисан“, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Европа не успева да се наметне на глобалната сцена и дека нема способност да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин и дека е зависна од американската помош. „Она што ме загрижува, и морам да признаам дека ми тежи, е тоа што ние Европејците во моментов не ја преземаме улогата во светот што ја сакаме и треба да ја играме за правилно да ги заштитиме нашите интереси“, изјави Мерц за ...
На 8 септември, во Маврово ќе се одржи традиционалната хронометар велосипедска трка Халк Вело Грин, која веќе шеста година по ред ја организира Халкбанк во рамките на својата еко платформа – ХалкЕко. Со цел непречено и безбедно одвивање на трката, на 8 септември сообраќајот ќе биде затворен на патниот правец од хотелот „Спорт“ до Леуново во двете насоки, во периодот од 09:00 до 16:30 часот. Почетокот на трката е закажан за 10:00 часот, а ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека постои можност за зголемување на сумата на студентскиот оброк поради инфлацијата, но дека тоа би било реализирано следната година. „Искрено се надевам дека постои таква можност. Се разбира, треба да се направи нивелација на студентскиот оброк со инфлацијата, но зборуваме за следната година. За оваа година, тие побараа проширување на квотата, кое го направивме. Досега за сè што ...
Флекс Кредит доделија речиси 50 ваучери за патување на вработените кои постигнале најдобри резултати за првата половина од 2025 година. Вработени од филијалите, кредитниот оддел и административна поддршка беа наградени со ваучер како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати. Со оваа иницијатива, компанијата уште еднаш го потврдува значењето што го дава на препознавање и вреднување на трудот и ангажманот на своите вработени. ...
Два силни последователни потреси го погодија источен Авганистан во рок од 12 часа, предизвикувајќи стравувања од повеќе смртни случаи и уништување во регионот каде што земјотресите веќе одзедоа околу 2.200 животи, додека спасувачите бараат преживеани на непристапен планински терен во сурови временски услови. Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денес југоисточен Авганистан, а земјотресот се случил на длабочина од ...
Во последните 24 часа, три лица се убиени, а шест се ранети во руските напади врз Харковскиот регион, објави началникот на Харковскиот регионален воен управен одбор, Олег Синегубов. Според него, руските сили нападнале седум населени места. „Две жени, на возраст од 62 и 64 години, се убиени во селото Кившаривка (дел од заедницата Купјан). Во градот Балаклија е убиен 31-годишен маж, додека 38-годишен маж е ранет. Во урбаната населба Купјанск се ...
На 04.09.2025 во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – с.Градец, во с.Добридол, гостиварско, патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(30) од с.Врапчиште, гостиварско, удрило во пешакот З.Ш.(65) од с.Добридол. По несреќата, пешакот З.Ш. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што починал, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, а по член 300 ...
Јазикот на културата обединува – тоа вечерва, 05.09.2025 година, ќе може да го почувствува и македонската публика на премиерниот настап на No Borders Orchestra во Камерната сала на Македонската филхармонија, со почеток во 20 часот. Ансамблот, составен од музичари од поранешните југословенски републики, веќе една деценија го промовира единството во различноста, надминувајќи етнички, религиозни и национални поделби преку моќта на музиката. No ...
Овен Пробувате да дојдете до некои промени, но тоа не ви оди од рака. Можно е да имате трема пред средбата со личност која многу ви значи. Имате впечаток дека таа е вашата сродна душа. Исцрпени сте. Бик Можете да се потпрете на своите колеги. Денешниот ден е многу поволен за работа. Ако сте слободни, можете да очекувате ново познанство кое во вашиот живот ќе донесе среќа. Имате проблеми со циркулацијата. Близнаци Можно е да не добивате поддршка ...
Американскиот федерален суд му наложи на Google да плати 425,7 милиони долари за нелегално шпионирање на паметните телефони на луѓето во текот на речиси една деценија. Пресудата од среда во федералниот суд во Сан Франциско следеше по повеќе од две недели судење во групна тужба во која беа вклучени околу 98 милиони паметни телефони во Соединетите Американски Држави помеѓу 1 јули 2016 година и 23 септември 2024 година, објави Ројтерс. Ова значи ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на неговата посета на Еквадор изјави дека Соединетите Американски Држави ги предупредиле другите земји дека признавањето на палестинска држава ќе предизвика повеќе проблеми. „Им кажавме на сите тие земји, на сите им кажавме, ако ја прифатите оваа приказна за признавање, сè е лажно, дури не е ни реално. Ако го направите тоа, ќе создадете проблеми“, рече Рубио од Кито, каде што се сретна со ...
Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот во кој во текот на вчерашниот ден (03.09.2025) во Тетово беа физички нападнати двајца малолетници. На 03.09.2025 во 22:30 часот на улица „Прилепска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Н.Ќ.(20) од Тетово, на 04.09.2025 година во 12:10 часот на улица ,,Илинденска” го лишија од слобода Д.Д.(23) од с.Радиовце, а исто така, извршен е службен разговор со 16 ...