Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свечената академија по повод 90-годишнината од основањето на Хидробиолошкиот завод – Охрид, најстарата македонска научно-истражувачка институција, формирана во 1935 година од академикот Синиша Станковиќ. Таа ја истакна незаменливата улога на Заводот во проучувањето, заштитата и афирмацијата на Охридското Езеро, како и во зачувувањето на биолошката разновидност на Преспанското и ...
На 91 година почина познатиот светски моден креатор Џорџо Армани. Веста ја објави групацијата Армани. „Господинот Армани – како што секогаш го нарекуваа со почит и восхит неговите вработени и соработници – почина мирно, опкружен со своите најблиски. Работеше неуморно до последните денови, посветувајќи се на компанијата, колекциите, различните и секогаш нови проекти во тек и оние што штотуку се создаваа“, беше објавено. Армани, модниот дизајнер и ...
Осум досиеја со наводни нерегуларности поврзани со кардиохируршки интервенции се процесуирани до внатрешна комисија составена од медицински експерти, правници и економисти од Министерството за здравство. Според министерот Азир Алиу, потребно е да се утврдат фактите и да се дејствува врз основа на медицински докази, во согласност со меѓународните стандарди и јасни методолошки правила. Граѓаните, рече тој, имаат право и потреба да бидат сигурни ...
ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци денеска (04.09.) поднесе кривична пријава против С.Н.(28), градоначалник на општината Росоман и Р.Ј. (61), претседател на Совет на општината Росоман, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување “ согласно член 353 ст.1 од КЗ на РСМ. На седница на Совет на општината, одржана на 28.02. годинава било утврдено дека Програма за изработување на урбанистички ...
Продолжуваат меѓусебните обвинувања меѓу власта и опозицијата за тоа кој повеќе незаконски прислушувал и следел. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека тоа е пракса на СДСМ а очекува обвинителството и судството до крај да го истераат овој случај. За барањето на СДСМ да се декласифицираат документите Мицкоски рече дека тоа го прави Обвинителството. „Традиција е кога СДСМ е во Владата и кога СДСМ управува со службите во државата да биде ВМРО-ДПМНЕ ...
На новинарско прашање во врска со состојбата со недостиг на анестезиолози на Клиниката за државна кардиохирургија, министерот за здравство, Азир Алиу информираше дека денеска е одржан состанок со директорот на клиниката и дел од докторите, како и со директорот на кардиохирургија од Словенија, и е запознаен со случајот дека недостасуваат стручни лица не само на оваа клиника, туку и во голем дел од клиниките во Скопје каде недостасува технички ...
Според информациите на „БИЛД“, автомобил се забил во група луѓе во Берлин-Вединг денеска нешто после пладне. Несреќата се случила околу 13:10 часот на Зештрасе на аголот од Донагештел во гланиот град на Германија. Се вели дека меѓу повредените има многу деца, бидејќи на местото на настанот биле присутни неколку групи. Според првичните наоди, еден родител е тешко повреден, а неколку деца се полесно повредени. BREAKING: In Berlin, a car crashed ...
На 03.09.2025 во 18:20 часот во СВР Велес, 76-годишна жена од Велес пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило на фиксен телефон, се претставило како полициски инспектор и ѝ кажало дека нејзината ќерка со сопругот направиле сообраќајна несреќа и притоа прегазиле мало дете и дека треба да плати за да не бидат пријавени во полиција. Според пријавеното, откако се договориле, ги однела на ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на настан од општина Брвеница, прашан за изборот на 16 нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на синоќешниот ИК, и кој е најголемиот адут на партијата на овие избори, истакна дека очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. ,,Тоа се луѓе коишто очекувам да бидат победници на следните локални избори. Мотивирани се, дисциплинирани, со план, со програма, со визија ...
Министерот за здравство Азер Алиу, денеска на прес-конференција информираше дека се доставени осум досиеја со наводни неправилности околу кардиохируршки интервенции. Оваа тема во јавноста ја поттикна д-р Сашко Кедев, кој рече дека постојат кардиохируршки интервенции кои биле направени без потреба. „Пред неколку недели јавноста беше вознемирена од информации за можни неправилности поврзани со дел од кардиохируршките интервенции што се изведувале ...
Јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменет за лица кои припаѓаат на категоријата ранливи потрошувачи на енергија, заврши на 30 август 2025 година. На огласот пристигнаа вкупно 878 барања, распределени по следните категории: • Домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост: 227 • Домаќинства со едно или повеќе лица со најтешка телесна попреченост: 296 • ...
Образованието е темелна вредност во градењето на едно општество, а военото образование е столбот на кој се градат офицерските и подофицерските кадри, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешното одбележување на 30 годишнината од основањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје. На свеченоста присуствуваше и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. ...
Некои услуги на Google, вклучувајќи го и YouTube, беа привремено недостапни денеска во Турција и делови од Европа, вклучувајќи ги Грција и Германија, според турскиот заменик-министер, надзорните тела за интернет и корисниците од погодените региони, објави Ројтерс. Google не одговори веднаш на барањето за коментар по е-пошта за ова прашање, според Ројтерс. Турскиот надзорен орган за сајбер безбедност побара технички извештај од Google, изјави ...
Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Во делови од ...
Во првите осум месеци од оваа година, Хрватска ја посетиле 17,2 милиони туристи, кои оствариле 89,8 милиони ноќевања, што е за два или 0,5 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година, објави министерот за туризам и спорт Тончи Главина. Ова се привремени податоци, врз основа на кои може да се види зголемувањето на туристичката потрошувачка. Главина и директорот на Хрватскиот туристички завод (ХТЗ) Кристијан Станичиќ претходно ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Вчера, на магистралниот пат А3 Битола-Прилеп, во близина на кружниот тек за селото Тополчани, полициски службеници запреле и извршиле преглед на автомобил „Фолксваген голф“ со ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека крајот на војната во таа земја е можен според „корејското сценарио“, но дека тоа не ѝ одговара на Украина од аспект на безбедносните гаранции. „Јужна Кореја е пример за триумф на вредностите. Нејзиниот развој не е пропорционален со развојот на Северна Кореја, каде што дојде до вистински економски и цивилизациски пад. Јужна Кореја направи скок напред во цивилизациска, технолошка и ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од с.Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од Скопје и С.К.(58) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 30.05.2024 била извршена контрола во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство-Подрачна единица Куманово и од извршениот увид во списоците за редовност било ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека наскоро ќе се „случи нешто“ во Украина, но дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не се подготвени за тоа. Тој рече дека е „реалист и оптимист“ во однос на постигнувањето мир во Украина, додавајќи дека внимателно ги следи акциите што ги преземаат Путин и Зеленски. „Го следев тоа, го видов тоа и разговарав за тоа со претседателот Путин ...
ОВЕН Работа: Можете да очекувате несогласувања со колегите или претпоставените, особено околу тоа како се извршуваат задачите. Ќе бидете под притисок да дејствувате брзо и да докажете дека сте во право. Ако ја задржите смиреноста, ќе можете да покажете лидерство. Љубов: Зафатените луѓе очекуваат разговор за заедничките обврски и потребата за хармонија со партнерот. Слободните можат да сретнат личност која ќе биде силно привлечена кон нив, но ...
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во ...
Граничната полиција привела петмина нелегални имигранти од Авганистан кои се засолнувале во џамија во селото Костурник, пренесува ТВ21. Голем број други имигранти биле фатени при обид да ја напуштат областа. Властите потврдуваат дека приведената група ќе биде префрлена во имиграцискиот центар во Табановце на понатамошна постапка. Локалните жители велат дека оваа мигрантска рута често носи сомнителни луѓе кои ја загрозуваат јавната безбедност. ...
Познатата жичница „Глорија“ во Лисабон, која е популарна кај туристите, излета од шините денеска. Загинаа најмалку 15 лица, додека 18 се повредени. Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 15 се соп полесни повреди. Несреќата се случила околу 18:05 часот во близина на Авенида да Либердаде. Се верува дека 43 лица се наоѓале на жичницата во времето на несреќата. Покрената е истрага за причината за несреќата. Линијата, отворена во ...
На денешната седница на Извршниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ утврди нови 16 кандидати за градоначалници за локалните избори закажани на 19 октомври. Ова се кандидатите кои вечерва ги утврди ВМРО-ДПМНЕ: Сопиште – Јане Мицевски Кичево – Александар Јовановски Крива Паланка – Оливер Алексовски Маврово Ростуше – Онер Јакуповски Кривогаштани – Сашо Граорковски Шуто Оризари – Ерџан Демир Крушево- Нико Чонески Валандово – Ѓоко Камчев Виница – Митко ...
Најмалку три лица загинаа во среда кога познатата жичница „Глорија“ во Лисабон, која е популарна кај туристите, излета од шините и се урна, при што околу 20 лица беа повредени, соопштија службите за итни случаи. Снимките од местото на настанот ја прикажуваат жичницата слична на трамвај, која ги превезува луѓето по ридот во португалската престолнина, практично уништена, а службите за итни случаи ги извлекуваат луѓето од урнатините. Не е позната ...
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против И.Т.(30) од Демир Хисар, И.Р.(59) од с.Кутретино, демирхисарско, Б.Ј.(60) од с.Слоештица, демирхисарско и С.У.(50) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против А.Ш.(31) од с.Смилево, демирхисарско и М.Ѓ.(46) од с.Загорче, демирхисарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично ...
Со координирани дејствија на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи во изминатите два дена и извршени претреси на локацијата Вардариште по наредба на судија на претходна постапка, обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека три лица сториле кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Скопје денеска ...
Тим од Венецијанската комисија престојува во Скопје во рамки на подготовките за нивното мислење за Законот за правична и адекватна застапеност. Денес се одржа состанок на кој беа разгледувани следните прашања поврзани со нацрт-законот: Дали овој закон ја унапредува правичната и адекватната застапеност, земајќи го предвид решението на Уставниот суд за укинување на Балансерот? Дали ја промовира еднаквоста преку позитивна акција и елиминирање на ...
Како резултат на плодната соработка на ТАВ Македонија, Вир ер и Владата, од идната летна сезона на летање која почнува на крајот од март 2026, Меѓународниот Аеродром Скопје за прв пат ќе се поврзе со Неапол (Италија), а повторно ја воведувадестинацијата Будимпешта (Унгарија). Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид пак, добива директни летови до Милано Малпенза (Италија) и Вроцлав (Полска), а ја враќа рутата до Катовице (Полска). Успешното ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Во неговиот дом во Идризово, осомничениот 57-годишник неовластено држел муниција и експлозивна материја која на граѓаните ...