Втората делница од автопатот од Кичево до Охрид во должина од 17 километри од Климештани до Охрид денеска ја пуштивме во собраќај. За два месеци вкупно 34 километри пуштивме за сообраќај во активна употреба што веќе претставува многу повеќе од половина од целиот автопат, а до крајот на следната година останува да го завршиме целиот автопат. Разликата е јасна, претходно седум години ништо не се работеше, сега со посветена работа успеваме овој ...

Денеска беше пуштена во употреба нова делница од автопатот Кичево–Охрид. Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ова не е само уште еден пат, туку силен доказ дека Македонија се движи напред, дека се гради и дека се надминуваат долгите години на застој. „Речиси една деценија овој проект беше симбол на закочени и недовршени работи. Граѓаните гледаа градилишта кои стојат, а не патишта кои се користат. Денес ја менуваме таа слика. Таму каде што ...

Хеликоптер се урна во близина на аеродромот Ерлејк, во близина на градот Лејквил во американската држава Минесота, а во несреќата нема преживеани, соопшти локалната полиција. Полицијата соопшти дека несреќата е пријавена вчера околу 14:45 часот по локално време, но не е објавено колку лица биле во хеликоптерот, објави денес CBS News. Несреќата ќе ја истражат истражители од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB), заедно со ...

Вчеравечер околу 19:20 часот претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, бил информиран од сопственикот на „Макпрогрес“ Виница, Глигор Цветанов, дека во фабриката избувнал голем пожар. Веднаш била алармирана Владата, премиерот, како и вицепремиерот и министерот за транспорт, кои дале наредби за преземање мерки за спасување на фабричките капацитети. И покрај интензивните напори, мора да се констатира дека три клучни погони се целосно ...

Голем пожар ја зафати фабриката во Виница, а огнената стихија сè уште е активна. За малку беше избегната поголема трагедија, откако заштитниот шлем му го спаси животот на еден пожарникар врз кого паднала врела материја, најверојатно шербет. Според првичните информации, во пожарот има повредени и пожарникари и цивили. Бројката се движи меѓу 5 и 10 лица, а меѓу нив има жители од Виница, Кочани и Струмица. Повредените најпрво се пренесени во ...

Во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе биде извршена почесна артилериска стрелба. Според најавата, во 18 часот ќе се одржи пробна стрелба со еден плотун од шест артилериски орудија, додека во 19 часот ќе следи официјалната почесна стрелба со 10 плотуни. Од Генералштабот на Армијата информираат дека почесната стрелба е дел од протоколарните активности на Армијата за одбележување на значајни ...

При уривањето на покривот на супермаркет во Лауринген, во германската покраина Баден-Виртемберг, повредени се четири лица, од кои две се во тешка состојба, соопшти локалната полиција. Во моментот на уривањето, во продавницата имало 26 лица – клиенти и персонал, а точната причина за уривањето сè уште не е позната, пренесува Штерн. Според портпаролот на полицијата, спасувачите биле повикани во супермаркет во Лауринген, во близина на градот ...

Овен Денес ве води натпреварувачки дух, но најголемиот резултат доаѓа преку соработка. Краткиот разговор ви отвора врата кон проект што ви е важен. Во љубовта бидете директни и нежни во исто време, тоа многу значи за вашиот партнер. Совет на денот: прво слушајте, па дејствувајте. Бик Фокусот е на финансиите и практичните задачи. Мал чекор што ќе го направите денес носи стабилност на долг рок. Во врските, ја цените рутината, но не го заборавајте ...

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе ...

Првите официјални наоди за страшната несреќа во Лисабон откриваат дека трагедијата на познатата жичница „Глорија“ се случила откако се скинал кабел што поврзувал две кабини, а во тој момент вработен се обидел да ги активира сопирачките, објави „Скај њуз“ . Вкупно 16 лица загинаа во несреќата што се случи во среда. Повеќето од жртвите беа странски туристи. Во извештајот се потврдува дека утрото пред несреќата е извршен редовен визуелен преглед, ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен судија за деца поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема 17-годишно дете во судир со законот, за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие што со закон е определено како кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Вршејќи семејно насилство во сопствениот дом на улицата “Христијан Тодоровски ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, најави сообраќајни решенија за неколку делови од главниот град. „Денес, заедно со дел од мојот тим, направивме увид на неколку клучни локации кои ќе бидат приоритет уште во првите месеци од мандатот. Некои од овие проекти со години беа закочени, но време е да тргнат напред. Нова клучка во Хиподром за приклучок кон автопатот на источниот дел од градот; Кружен ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски, на денешната прес-конференција пред мечот со Лихтенштајн ги искажа своите очекувања. Како што рече предодникот на македонскиот национален тим, ќе се влезе без потценување и максимално сериозно и на овој, како и на сите натпревари. „Според ранкгингот Македонија е фаворит, но имаме максимален респект кон репрезентацијата на Лихтенштајн и кон сите противници. Нема фаворити на ...

Во текот на вчерашниот ден (05.09.2025) во Полициската станица Свети Николе седум граѓани пријавија дека непознати лица се обиделе да ги измамат, јавувајќи им се на фиксен или мобилен телефон и при тоа, претставувајќи се како полициски инспектори, им рекле дека член на семејството направил сообраќајна несреќа и дека треба да дадат пари (од 5000 до 50000 евра во зависност од случајот) за членот на семејството да не оди во затвор. Но, граѓаните се ...

Дали Мицкоски бил следен или биле следени групи со сомнителни активности со кои бил во контакт и комуницирал тогашниот претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ? Ова прашање го постави претседателот на СДСМ Венко Филипче во денешното интервју за „Слободен печат“ кој рече дека тоа најдобро ќе се обелодени доколку се исполни нивното барање, односно што побрзо да се декласифицираат документите. „Да видиме дали имало прекршување од било кој, од тогаш ...

„Најновите податоци го потврдуваат она за кое се залагаме – ја стабализираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст“, напиша на својот профил на „Фејсбук“ премиерот Христијан Мицкоски. „Стапката на невработеност е намалена на 11,5%, што е за 1% помалку во однос на истиот квартал лани. Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови ...

На 05.09.2025 околу 14:00 часот во ОВР Валандово, било пријавено дека на регионалниот пат од с.Јосифово кон с. Пирава, кај место викано „Железен мост“, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт“ со приколка, со валандовски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(75) од с.Пирава, валандовско и мотоцикл „сузуки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од С.К.(34) од с.Јосифово, валандовско. Во несреќата со тешки телесни ...

Денеска (06.09.2025) полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х. (23) и Е.А. (19), кои насилно влегле во маркет на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, на територија на Чаир и се обиделе да извршат разбојништво. Во 04:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека три машки лица насилно влегуваат во маркетот, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициските службеници од Единицата за интервентна полиција и ПС Бит Пазар. ...

По примерот на европските и светските медицински центри, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, од 9 септември, започнува нов пристап на наплата за здравствените услуги. Со овој модел, цената за иста услуга во болницата ќе има две ценовни категории и ќе зависи од изборот на специјалистот, кој ги изведува прегледот или интервенцијата. Поделбата на докторите е направена во согласност со академската титула, долгогодишното клиничко искуство, бројот ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Женева, во седиштето на Светската Трговска Организација оствари конструктивна средба со генералната директорката на Светската трговска организација, Нгози Оконџо-Ивеала. Директорката ги поздрави економските и надворешно-трговските политики на Владата поврзани со странските инвестиции, пазарот на трудот, отвореноста на економијата, како и ...

Австрија денес претставува европски пример за тоа како хидроенергијата може да биде темел на одржливата енергетска стратегија. Речиси 60 % од електричната енергија во земјата доаѓа од хидроцентрали, при што државата располага со околу сто големи и илјадници мали постројки. Во комбинација со ветер, сонце и биомаса, обновливите извори покриваат над 83 % од вкупното производство на електрична енергија. Посебен акцент е ставен на малите ...

Најмалку две лица загинаа, а неколку други се повредени кога утрово во западната индиска држава Раџастан се урна четирикатна зграда стара неколку децении поради обилни дождови, соопшти локалната полиција. Инцидентот се случил во главниот град на Раџастан, Џајпур. „Беше многу стар објект и во неа живееја 18,19 луѓе. Дел од зградата се урна поради влагата предизвикана од дождот. Спасувачката акција траеше околу шест часа“, соопшти полицијата. ...

Холанѓанка која се водеше како исчезната од четврток попладне во грчкиот регион Загори е пронајдена мртва во клисура во клисурата Викос, во северниот дел на Грција, на длабочина од околу 300 метри. Од вчера наутро, дроновите на противпожарната служба го „скенираа“ тешко пристапното подрачје, сè додека не го лоцираа телото на жената, објавува порталот „То вима“. Таа била пријавена за исчезната од нејзиниот сопруг, кој се загрижил кога ја изгубил ...

На ГП Богородица за излез од државата кон соседна Грција се чека од 40 минути до 1 час, известуваат од АМСМ. Ова е поради летните одмори, но и поради продолжениот викенд по повод 8-ми Септември, Денот на независноста. „Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори и продолжениот викенд, се бележи зголемена фреквенција на возила. На ГП Богородица чекањето за излез од државата е околу 40 ...

Во Нови Сад, за време на протестот претходната вечер, имаше бројни инциденти и судири меѓу демонстрантите и полицијата. Толпата постојано фрлаше врз полицијата со пиротехнички средства и разни предмети, а потоа жандармеријата започна интервенција, туркајќи ги граѓаните кон Ки, Спенс и булеварот Цар Лазар. Припадниците на полицијата во неколку наврати употребија солзавец и пиротехнички средства за време на интервенцијата. Неколку лица беа ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 02 часот и 13 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2. Според досегашните податоци со кои располага ...

Овен Денешниот ден ви носи силна енергија и желба да го завршите она што сте го одложувале. Ве очекува неочекуван разговор на работа, кој може да отвори нови врати. Љубовната ситуација е стабилна, но партнерот очекува повеќе внимание. Бик Финансиските проблеми доаѓаат до израз. Бидете внимателни со трошоците, но не пропуштајте можности за паметни инвестиции. Во љубовта, време е да кажете што долго време криевте. Здравјето е добро, но повеќе ...

Вечерва во неколку градови во Србија се одржуваат протести под слоганот „Србија, дали се слушаме“. Протестите беа иницирани од студентите од Нови Сад во блокада. Главниот митинг започна во 19 часот во Нови Сад, а протести се одржуваат истовремено и во Ниш, Крагуевац, Ваљево, Ужице, Пријепоље, Лесковац, Прокупље, Краљево, Нови Пазар и Чачак. Нова.рс објавува дека протестот во Нови Сад, се чини, започнал со полициски напад врз граѓани. Снимката ја ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека не гледа многу смисла во средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски, каде што би се разговарало за крајот на војната во Украина, објави „Киев Индепендент“. На Источниот економски форум во Владивосток, Путин рече дека е подготвен во принцип за разговори, но се сомнева во нивната ефикасност. „Многу пати реков дека сум подготвен за контакти со Зеленски, но практично ќе биде ...

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија одржа прес конференција на која беа соопштени одлуките на Извршиот и на Централниот одбор во врска со претстојните локални избори. „Зад нас се месеци исполнети со динамична работа на терен. Успешно ги реализиравме двете кампањи низ целата држава, преку кои илјадници граѓани ни ја доверија својата визија за подобар живот во своите општини. Наша обврска и задача е таа визија да ја претвориме во конкретни ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
94%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
88%
1018
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
66%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.08
92%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
85%
1019
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
4.92
80%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
82%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
91%
1018
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
0.45
89%
1018
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
82%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.60009

Currency

1.25929