Одлуката на Уставниот суд за враќање на некои стари имиња на улици во Тетово, променети во 2006 година, според градоначалникот Билал Касами, е само административна одлука, бидејќи според него, ДУИ завршила половична работа. -Уставниот суд заврши административна работа, тие имиња беа споменати и од општината, тие никогаш не биле во службена употреба, ги користела само општината и нејзините институции, па како и во многу други случаи претходно, ...

Како легалисти сакаме да ја почитуваме нормативната максима дека пресудите на Уставен суд не се коментираат, особено од партиите, бидејќи тоа по автоматизам се толкува како политички притисок. Сепак, пред сè како луѓе, а после како партија не можеме да избегаме од впечатокот дека овој состав на Уставниот суд повеќе наликува на југословенска политичка елита отколку на највисока судска инстанца, се вели во соопштението од „Вреди“, по повод ...