Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе ја прифати оставката на премиерот Франсоа Бајру откако неговата влада падна по гласањето за доверба, а францускиот лидер мора итно да најде наследник за да спречи нова политичка криза. Вчера Бајру доживеа пораз на гласањето за доверба во парламентот, на кое самиот повика, туркајќи ја Франција во нова неизвесност и оставајќи му задача на Макрон да го пронајде својот седми премиер. Кабинетот на ...
Израелската војска нареди евакуација на целиот Појас Газа пред планираниот израелски напад. Израелската војска е решена да го победи Хамас и ќе дејствува во Појасот Газа со голема сила, исто како што правеше низ целиот Појас, напиша на X Авичај Адрае, портпарол на израелската војска на арапски јазик. Во објавата се повикани жителите на Газа да се упатат по крајбрежниот пат кон ал-Маваси во јужниот Појас Газа, кој Израел го означи како ...
Врховниот суд на Тајланд му нареди на влијателниот поранешен премиер и милијардер Таксин Шинаватра да отслужи една година затвор, што е драматичен пресврт за политичката моќ. Судот пресуди дека продолжениот престој на Таксин во болница минатата година е незаконски и му нареди да ја отслужи казната во притворен центар во Бангкок, објави CNN. Враќање и контроверзии Таксин, 76, беше премиер од 2001 година до неговото соборување со воен удар во 2006 ...
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Евија синоќа, а беше силно почувствуван во Атина, соопшти Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) објави дека јачината на земјотресот била 5,2. Земјотресот се случил околу половина час по полноќ по локално време и бил локализиран во морето 45 километри североисточно од грчката ...
Овен Работа: Ќе бидете под притисок да донесете брза одлука, но ќе се појави неочекуван детаљ што ќе го промени планот. Иако ќе сакате веднаш да дејствувате, попаметно е да почекате потврда за да избегнете грешка. Љубов: Зафатените луѓе може да се впуштат во мала расправија, но вечерта ќе донесе можност сè да се смири со заедничка желба за мир и топлина. Слободните ќе имаат можност за средба што ќе ги разбуди, но не очекувајте сè да се разбуди ...
Македонската репрезентација договори пријателски натпревар со Летонија на 13 ноември кој ќе се одигра на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Македонија, во ноемвриската рамка, од квалификациите за СП 2026 ја очекува последниот натпревар од квалификациите на гостувањето против Велс во Кардиф. Но, претходно, слободниот термин кој според ФИФА мора да биде пополнет ќе биде искористен за пријателски натпревар со Летонија. Претходно, пак, во октомври ...
На 07.09.2025 околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен Л.Т.(27) од Р.Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш. Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка ...
Парламентот на Франција ѝ изгласа недоверба на Владата на Франсоа Бајру, и со тоа земјата ќе го добие петтиот премиер за нешто помалку од две години. Националното Собрание гласаше со 364 за и 194 против смената на Бајру. Овој пад беше најавуван откако пратениците и од десницата и од левицата најавија поддршка за пад на владата. Претседателот Макрон го назначи Бајру за премиер во декември, на местото на Мишел Барние кој остана само три месеци на ...
Денеска (08.09.2025) во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила. До сега се пријавени пет повредени лица. Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта (Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток). ...
Здружението „Надеж“ за родители и деца со развојни попречености е основано пред 24 години. Сепак, активно е само во последните четири години, бидејќи претходно недостатокот на приходи спречи многу активности да се спроведуваат. Во моментов, здружението има 30 активни членови. Нејзините претставници нагласуваат дека децата со посебни потреби честопати се соочуваат со недостаток на институционална поддршка, па затоа придонесот на заедницата и ...
Социјалната мобилност, т.е. способноста на поединците да го променат својот социјален и економски статус во однос на своите родители, бележи значителен пад во Германија од 1970-тите години, според нова студија на Институтот за економски истражувања IFO во Минхен. Анализата ги вклучува трендовите на приходите на генерациите родени помеѓу 1968 и 1987 година и укажува дека децата родени во 1980-тите имаат помали шанси за социјален и економски ...
Осми септември не е само симболичен датум туку момент на историска пресвртница за нашиот народ, за граѓаните, време кога се крена јарболот на независноста, истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената академија за одбележување на Денот на независноста 8 септември „Од сон, до реалност, за вечност“. Во својот говор тој упати и политички пораки, ја спомна актуелната тема со прислушувањето за која рече дека мора да има ...
Непалскиот министер за комуникации и информации, Притхви Суба Гурунг, минатата недела изјави дека платформите ќе бидат веднаш блокирани. ТикТок, Вибер и уште три платформи се регистрирани и работат без прекин. Владата испрати закон за расправа во парламентот за да се осигури дека платформите на социјалните медиуми се „правилно управувани, одговорни и отчетни“. Законот беше широко критикуван како алатка за цензура и казнување на владините ...
Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод 34-годишнината од независноста на Македонија, ја истакна историската важност на 8 Септември како симбол на македонската слобода и континуитет на жедта на народот за своја држава. Според него, овој ден не е само обичен датум во календарот, туку резултат на вековна борба, човечки страдања, херојства и визија за татковината, од Илинденците и Асномците до преродбениците, востаниците и ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката “Макпрогрес-Винчини” во Виница. Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат. Поставени се противпожарни возила за заштита на плинската станица која не беше зафатена од огнот. Во текот на утрешниот ден на увид на лице место е повикано и вешто ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за слаб краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. T=33°C. P=979hPa. U=30%. V=2m/s. Во следните два дена ќе се ...
Денеска Македонија одбележува 34 години независност – ден што останува еден од најзначајните во современата историја на земјата. На 8 септември 1991 година, огромното мнозинство граѓани со своето „за“ на референдумот ја отворија вратата кон самостојна држава, исполнувајќи го стремежот што со децении живееше во колективната меморија. Празникот на независноста е повеќе од симболичен датум – тој е потсетник и на тоа што сме постигнале и на тоа што ...
Ерин Патерсон (50), која ги уби родителите и тетката на својот поранешен сопруг со отровни печурки, е осудена на доживотен затвор, објави денес „Скај њуз“. На рочиштето за изрекување на пресудата во Врховниот суд на Викторија во Мелбурн, судијата Кристофер Бил рече дека долгорочното планирање на убиствата и недостатокот на каење од страна на Патерсон значат дека нејзината казна треба да биде долга. Ерин ги покани Дон и Гејл Патерсон, двајцата ...
ОВЕН Доаѓаат големи промени, а начинот на кој ќе се поставите ќе влијае на тоа како ќе се одвиваат. Постои една стара навика или врска од „назад“ која треба да ја промените за конечно да зачекорите во иднината. Обрнете внимание на сигналите што ви ги испраќа личноста околу вас! БИК Дневниот хороскоп предвидува необичен разговор со некој на кој му е тешко. Вашата отворена природа и желба да му помогнете на некого да дојде до израз, а вие не ни ...
Вечерва небото ќе приреди ретка глетка за сите љубители на астрономијата – целосно затемнување на Месечината, познато и како „крвава Месечина“. Настанот ќе биде видлив без никаква опрема, а Месечината ќе добие впечатлива црвеникава нијанса, резултат на пречупувањето на сончевата светлина низ атмосферата на Земјата. Феноменот се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината ќе се усогласат во права линија, при што нашиот природен сателит минува низ ...
Македонската фудбалска репрезентација се врати на првото место на табелата, и таму ќе остане барем до октомври и до следните квалификациски натпревари, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје лесно и според очекувањата ја совлада најслабата селекција во групата Лихтенштајн со убедливи 4-0. Македонија сосема очекувано доминираше на натпреварот, можеше да постигне и уште некој гол, особено во вториот дел кога имаше многу ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е подготвен да премине на втората фаза од санкциите против Русија, како дел од обидот на Вашингтон да изврши притисок врз Москва да склучи примирје со Украина, објави Ројтерс. Трамп постојано ѝ се закануваше на Москва со дополнителни санкции, но се повлече додека ги продолжуваше разговорите со руските претставници. Ројтерс соопшти дека ова укажува на поагресивен став, додавајќи дека Трамп ...
Пуштена втората делница од автопатот Кичево – Охрид во должина од 17 километри. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека по една деценија застој во кој претходната влада го запоставила овој проект, сега има резултати, бидејќи како што истакна овој автопат има исклучително значење за нашата земја. -Автопатот Кичево – Охрид е од стратешко значење за нашата земја, тој е главна артерија за поврзување на Југозападна Македонија со остатокот од државата ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 и Овозможување употреба на наркотични дроги од член 216 од Кривичниот законик. Во станот во кој престојувал осомничениот на улицата “Матеја Матевски” во Скопје полицијата пронашла 14,2 грама амфетамин, ...
Нападот врз руската амбасада во Шведска покажува дека земјата ја изгубила контролата врз својата внатрешна и надворешна безбедност по влегувањето во НАТО, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. „На крајот на краиштата, ваквите провокации претставуваат закана не само за дипломатската мисија, туку и за жителите на градот. „Се чини дека по влегувањето во НАТО, Шведска ја изгубила контролата врз ...
Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани ќе биде погребан утре попладне во семејната гробница во селото Ривалта, во близина на Пјаченца, а церемонијата ќе биде затворена за јавноста. Здружението на замоците на Војводството Парма, Пјаченца и Понтремоли, предводено од грофот Орацио Занарди-Ланди, кое е сопственик на селото, објави дека Ривалта ќе биде „затворена утре од безбедносни причини и за да се обезбеди приватноста на погребот“. Дизајнерот често ...
Руската амбасада во Шведска повторно беше нападната со дрон, од кој беше фрлена пластична ќеса со боја, соопшти денес дипломатската мисија. „Рано наутро на 7 септември, руската амбасада во Шведска повторно беше изложена на напад со дрон, од кој беше фрлена пластична ќеса со боја на територијата на дипломатската мисија. Претходниот напад со дрон врз амбасадата се случи на 25 мај. Потоа, на 17 јуни, 5 јули и 21 август, руската трговска мисија во ...
На 06.09.2025 во 18:10 часот во Скопје, во близина на гробиштата Бутел, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје. При сообраќајна контрола во Скопје, полициските служебници дале знак за запирање на мотоцикл, кој го управувал малолетникот, но тој не застанал и се дал во бегство. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, малолетникот е запрен и лишен од слобода, а при извршен ...
Втората делница од автопатот од Кичево до Охрид во должина од 17 километри од Климештани до Охрид денеска ја пуштивме во собраќај. За два месеци вкупно 34 километри пуштивме за сообраќај во активна употреба што веќе претставува многу повеќе од половина од целиот автопат, а до крајот на следната година останува да го завршиме целиот автопат. Разликата е јасна, претходно седум години ништо не се работеше, сега со посветена работа успеваме овој ...
Денеска беше пуштена во употреба нова делница од автопатот Кичево–Охрид. Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ова не е само уште еден пат, туку силен доказ дека Македонија се движи напред, дека се гради и дека се надминуваат долгите години на застој. „Речиси една деценија овој проект беше симбол на закочени и недовршени работи. Граѓаните гледаа градилишта кои стојат, а не патишта кои се користат. Денес ја менуваме таа слика. Таму каде што ...