На 21-ви ноември во рамки на едицијата „Македонски рок архив“ на Тошо Филиповски, ќе биде објавена биографска книга ,,Готра” за Горан Трајкоски кој во минатото настапуваше и со „Сарацени“, „Падот на Византија“, „Мизар“, „Анастасија“ и „Мугер Фугер“. Книгата на 333 страници и содржи над 200 фотографии од кои повеќе од 100 се необјавени. Содржината вклучува изјави и сеќавања на 50-ина музичари и новинари од целиот Балкан, комплетна биографија и ...

Регионалната инди-поп икона, Ида Престер ќе одржи концерт на PIN 2024, кој се одржува од 28 до 30 ноември во МКЦ, Скопје. Таа е единствен феномен на музичката сцена, уметница со повеќе впечатливи сценски идентитети, која со бескрајно позитивна енергија, уникатна естетика и панк став ги освои најголемите подиуми и радио станици. Во рамки на овој настап, Ида Престер ќе го промовира својот прв соло албум „Sad“ и ќе ги прослави нејзините 20 години ...

Во понеделник на 28 октомври во 11 часот, во Националната Универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски” ќе се одржи Саем на студии во Франција 2024. Саемот претставува неизоставен настан за средба на македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка. -Ова е одлична можност да се добијат сите потребни информации за ...

Во сабота на 26 октомври во 19 часот, во Public Room ќе се одржи креативната текстилна работилница. ,,Заедно со Јована и оваа сабота, ќе ги освежиме вашите стари тексас фармерки, торба или јакна со техники на текстилната уметност! На оваа работилница ќе истражуваме техники за транформирање на обичните ткаенини во уметнички дела. Чекор по чекор ќе учите како да обоите, манипулирате и украсите текстил, да наравите единствени парчиња на кои ќе им ...

Вчера вечер во Домот на културата „Билјана Беличанец“ (Киноверзум) во Кисела вода, со проекција на новото остварување „На се’ ќе дојде крај“ на легендарниот хрватски режисер Рајко Грлиќ, беше затворено предјубилејното издание на меѓународниот филмски фестивал „КинеНова“. Пред тоа, интернационалното жири во состав Асимина Проедру (грчка режисерка), Дорина Оарга (романска продуцентка) и Јани Бојаџи (претседател) ги донесоа следниве одлуки, ...

„Отидов на премиерата на „Кум“ во во Њујорк носејќи лептир машна со големина на мојата глава“, изјави тој во своите нови мемоари „Сони Бој“. „Се сеќавам само дека стоев на платформа со останатите ѕвезди, а медиумите ми поставуваа прашања на кои не можев да одговорам. Потоа седнавме на нашите места, но јас не го гледав филмот. Не сакав да го видам готовиот производ штом се изгаснаа светлата, јас излегов“, напиша тој. Пачино објасни дека „има ...

Пожарникарите соопштија дека го пронашле телото на исчезнато лице во Ботегино ди Зока, веднаш јужно од Болоња. Новинските медиуми ја идентификуваа жртвата како 20-годишен маж чиј автомобил бил однесен од наплив на вода. Во градот Болоња и околните области наврнале околу 175 милиметри дожд за еден ден, во споредба со историскиот просек од 70 милиметри за целиот месец октомври, соопштија регионалните власти. Болоња и четири провинции во областа на ...

Според една нова студија, потеклото на силната љубовна врска на современите луѓе со јаглехидратите можеби е постара од самиот човек. Стереотипот на древните луѓе кои се гоштеваат со стек од мамут и други парчиња месо ја поттикна идејата за диета богата со протеини која е неопходна за развој на големиот мозок, пишува CNN. Но, археолошките докази во последниве години го оспорија ова гледиште, сугерирајќи дека луѓето одамна развиле вкус за ...

Според извештајот на двете владини агенции, масовни 90 проценти од дивите речни лососи во Англија се класифицирани како “на ризик” или “веројатно на ризик”. Оваа најнова класификација е резултат на опаѓањето на залихите на лосос до нивоа кои не се доволни за да се одржи популацијата на лосос. „Пред четири децении, проценетите 1.4 милиони лососи се враќале во реките на Обединетото Кралство секоја година. Сега сме на само една третина од тоа – ...

Овде не се работи за покажување со прст или обвинување на нашите мајки, туку за препознавање како нашите искуства од детството можат тивко да влијаат на нас на начини на кои можеби нема ни да забележиме. Ако сте имале критичко воспитување, веројатно ќе се поврзете со многу од ова. Перфекционизам Едно од најчестите однесувања кај жените воспитани од премногу критични мајки е стремежот кон совршенство. Растењето со немилосрдни критики често може ...

Јадењето сезонска храна има многу придобивки, вклучително и подобар вкус и текстура, бидејќи овошјето се бере по својата природна зрелост. „Наесен треба да се стави акцент на храната која природно созрева во тој период од годината. Треба да јадете зелка, кељ, праз, тикви, печурки, грав, компири, житарки како просо, хељда и јачмен, јаболка, костени, ореви“, објаснува м-р Зринка Шмуљиќ, диететичар и нутриционист од Советувалиштето за исхрана на ...

Комисијата ја донесе оваа одлука уште минатата година, но медиумите објавија дека спорен бил натписот предложен од активистот Марко Гај: „Сашко Гешовски, невина жртва на протестите одржани на 6.5.1991 година.“ Некои членови на Комисијата сметале дека таков натпис може да се погрешно толкува, па сега е предложен нов: „Сашко Гешовски, Кавадарци, 31.10.1971 – Сплит, 6.5.1991. Несреќно настрада на 6 мај 1991 година.“ Убаво е што Град Сплит, по 33 ...

Концептот на богатство претрпува длабока трансформација, при што жените се повеќе стануваат главни чувари на финансиските средства. Оваа промена, која често се нарекува „феминизација на богатството“, како што ја нарекува женската платформа Ellevest, не е минлив тренд, туку „сеизмичка промена“ во финансискиот свет. Бидејќи жените живеат подолго од мажите, го наследуваат богатството и носат клучни финансиски одлуки, од суштинско значење е да се ...

Зачувување на антифашистичкиот дух, оддавање слава и почит на делата на партизаните и хероите, но и незаинтересираност за борба против “новиот фашизам” поради разочараноста од државата е главниот сентимент на граѓаните кој се забележува при одговорите на онлајн-анкетата на Трн, со прашање „Што ќе направиш ти против фашизмот и екстремизмот овој 11 Октомври?“. Како одговор на анкетата до редакцијата на Трн.мк пристигнаа 218 коментари, од кои 85 ...

Истражувањето финансирано од организацијата PLANETS Cancer Charity и спроведено од Универзитетската болница Саутемптон и Универзитетот во Саутемптон откри 40 отсто намалување на ризикот за појава на рак на панкреасот кај луѓето со дијабетес и пад од 20 отсто за општата популација. Студијата, која е објавена во списанието „Панкреатологија“, е најголемата од ваков вид која ја истражува врската помеѓу аспиринот и аденокарцином на панкреасниот канал ...

Научниците кои работат во Велика Британија за да ја создадат првата вакцина против рак на јајниците во светот, се надеваат дека таа би можела да помогне во искоренувањето на тешка болест, рече тој неодамна. Вакцината наречена OvarianVax го учи имунолошкиот систем да препознае напад врз телото во најраните фази на ракот на јајниците. Научниците од Универзитетот во Оксфорд работат на развој на вакцина. Истражувачите допрва треба да утврдат кои ...

Светската продажба на целосно електрични и plug-in хибридни возила силно се зголеми во септември, со двоцифрен скок во Кина и скромен раст во Европа и Северна Америка, објави компанијата за истражување на пазарот Rho Motion. Вкупно 1,69 милиони plug-in електрифицирани возила беа продадени ширум светот во септември, вклучувајќи целосно електрични и plug-in хибридни возила. Растот изнесува 30,5 отсто во споредба со истиот месец во 2023 година, ...

Во сабота на 26 октомври во 19:00 часот во Europe House Bitola вo Офицерски Дом ќе биде изведен специјален класичен концерт, ,,Љубовна приказна” на VELKRO Project. Овој настан ја истражува епската и неисполнета љубов помеѓу Јоханес Брамс и Клара Шуман, инспирирана од стотиците писма кои Брамс ѝ ги испратил на Клара. Перформансот се навраќа на нивните длабоки емоции, истовремено истакнувајќи го извонредниот успех на Клара како една од ретките ...

Директорот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Горан Стојаноски вели санува збор за едно убаво дело со кое се трудат да го задржат континуитетот на театарот и да направат нешто што е важно за културата во нашиот град и Македонија. Феноменологијата на театарот е тоа да испровоцира емоции кои не се секојдневни. Затоа и постои и има интеракција со живи битија на лице место. Затоа со сета сила се трудиме, поголемиот дел од нашата публика да ја ...

За книгата ќе говорат д-р Владимир Периќ, уредник во „Кораци“, авторот и преведувачката Љиља Цревар. Ова е дело кое преплетува различни времиња, различни техники, судир на погледи, на светови и сосема едноставна, но исклучително длабока нишка на вечното, љубов посилна од оган, од камен, од времето. Станува ли збор за една љубов што низ векови се пренесува и возобновува, или за две (повеќе) огнени романси кои се појавуваат циклично и потсетуваат ...

На поставениот знак се вели дека дозволено е гушкање до три минути, а доколку сакате повеќе да се збогувате, да го користите паркингот. Некои коментатори на објава на Фејсбук што стана вирална се огорчени поради полицискиот час за гушкање, додека други се восхитуваат на аеродромот што сè уште има слободен простор за поздравување, со оглед на општиот пораст на таксите и казните. Извршниот директор на аеродромот Данедин, Даниел Де Боно, се осврна ...

Овие заклучоци ги донесоа 16 млади луѓе кои осетиле потреба од разработување и дополнително актуелизирање на овие теми во државата, а нивни испитаници беа младите луѓе – средношколци и студенти. Тие ги презентираа четирите истражувања вчера во културно едукативниот центар „Лабораториум“. Првото истражување беше направено на темата Финансирање и буџетирање на младите на национално и локално ниво во Македонија. Па, се обратиле до општините, но од ...

„Ако си подготвен/а да направиш вистинска промена, да застанеш во одбрана на заедницата и да ја изградиш иднината на движењето – ова е шанса за тебе“, велат оттаму. Се бараат 15 одлучни млади, желни за промена, од целата држава да се приклучат на оваа школа. Низ четири модули, пријавените ќе стекнат вештини и знаења потребни за да направат промена и да ја обликуваат иднината на ЛГБТИК+ движењето. Тие ќе научат како да ги разберат и навигираат ...

Главниот фокус беше ставен на модернизација на енергетската инфраструктура, со цел да се избегне економска и еколошка зависност од фосилни горива. Според говорниците, долгорочната зависност од гас може да го забави процесот на декарбонизација, со што ќе се пренасочат клучни средства од потребните инвестиции во одржливи технологии. Наместо тоа, се препорачува да се вложува во сончеви и ветерни капацитети, како долгорочно решение за енергетска ...

Добрата вест е дека тиквата, кога е правилно подготвена и умерено се консумира, може да биде одличен додаток во исхраната на вашето домашно милениче. Тиквата е богата со влакна, витамини А, Ц и Е и минерали како што се калиум и железо. Според експертите, влакната во тиквата можат да помогнат во регулирањето на варењето на кучињата, што е особено корисно за запек или дијареа. Покрај тоа, витаминот А придонесува за здравјето на очите, додека ...

Новото „Ферари“ е најмоќниот автомобил што некогаш излегол од Маранело: има термички V6 мотор од 900 коњи, поврзан со хибриден систем од 300 коњи, што му дава сложена моќност од 1.200 коњи со максимална брзина од 350 километри на час и кој од 0 до 100 километри на час стигнува за 2,15 секунди, а до 200 за 5,75 секунди. Ќе се произведат само 799 примероци од овој автомобил, но тие веќе се распродадени по цена од 3.600.000 евра. Моделот F80 е ...

Прирачникот за безбедност на новинари, како продолжение на досегашните дискусии на прашања поврзани со безбедноста на медиумски работници беше презентиран денеска во Јавното обвинителство на Македонија од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во соработка со Јавното обвинителство и Министерство за внатрешни работи. На настанот говорниците порачаа дека во денешно време насилството има различни форми и затоа овој прирачник ќе помогне во ...

Од почетокот на концертот, енергичната пејачка Siân Evans го освои вниманието на македонската публика, поздравувајќи ги со топли зборови за нивната гостопримливост и љубов кон природата. „Не е чудо што сте толку добри луѓе, природата што ве опкружува ви дава таа посебна добрина,“ изјави таа, осврнувајќи се на убавината на Македонија. Публиката имаше можност да ги чуе најголемите хитови на Kosheen како „Hide U“, „Catch“, „Hungry“, и „All In My ...

Замислете да влезете во соба и веднаш да ве дочека со тежок, замрзнат мирис. Тоа е првиот и најочигледен знак на влага. Овој карактеристичен мирис на мувла е како аларм кој предупредува на проблем со влагата во вашиот дом. Потоа обрнете внимание на ѕидовите. Темните дамки или избледениот малтер може да бидат знак дека влагата полека ја јаде структурата на вашиот дом. Ако забележите дека тапетите почнуваат да се одвојуваат од ѕидовите или да се ...

Во вториот случај, кога немаме желба да јадеме, тоа е акутен стрес со кратко траење, кој има тенденција да предизвика губење на апетит бидејќи мозокот ги насочува ресурсите од нормалните телесни функции, како што е јадењето, кон системите на органи потребни за опстанок. Желба за висококалорична храна Меѓутоа, со хроничен стрес, ефектите на адреналинот врз апетитот слабеат и кортизолот почнува да го принудува телото да ги врати енергетските ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1025
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
100%
1025
weather icon

Загреб

1ᴼ / -3ᴼ
1.03
78%
1026
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
86%
1026
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.47
96%
1027
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
92%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
79%
1024
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.13
84%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
3.09
77%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
81%
1027
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71