На 3 ноември во МКЦ, Сашо Стојановски и SS Custom Drums ќе се претстават со изложба на Skopje Drum Festival 2024. Сашо Стојановски е дипломиран џез тапанар кој е активен повеќе од 20 години на македонската музичка сцена. Желбата за тапаните му се раѓа уште во најрана возраст, кога е фасциниран од нивната функционалност. Желбата за сопствен инструмент никогаш не згаснала кај него, а како тинејџер го добива и првиот професионален сет, што го ...

Во петок во 17 часот во Јавна соба во Скопје ќе се одржи СинтEZа – иновативен мултимедијален настан на кој младите од седум факултети преку уметност, технологија и наука ќе ги претстават визиите за слободата и за нивната улога во современото општество. Целиот простор ќе биде претворен во платформа за изложби, музички перформанси, проекции и театарски претстави. На настанот ќе учествуваат студенти од факултетите за ликовна, музичка и драмска и ...

Музејот на современа уметност продолжува со проектот МСУ школо секој вторник и четврток под менторство на уметникот Никола Узуновски. Во рамките на МСУ ШКОЛО оваа недела на програмата се следниве предавања: 22/10/20 ч./ „Прелет низ времето“ – За да може подобро да се сфати современата уметност, потребно е генерално предзнаење и за историјата на уметност, но тоа да биде претставено низ призма на современата уметност. На пример: какво влијание ...

Во Културно-информативен центар во Скопје вечерва, со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на акварели од Симонида Филипова-Китановска и Ари де Гоеш насловена „Водени предели: Импресии од патувања и култури” Заедничката изложба на Симонида и Ари де Гоеш „Водени предели: Импресии од патувања и култури”, е фузија на многугодишните искуства и посветеноста кон уметноста на двајца уметници, претставена во форма на уникатен дијалог помеѓу ...

„Остен“ ги соопшти наградените автори на ОСТЕН Биенале Скопје 2024. Доделувањето е најавено за 6 февруари 2025 година во Чифте амам, кога ќе биде отворена и официјалната изложба на ОСТЕН Биенале 2024. Како што информира „Остен“, годинава пристигнале пријави од 273 уметници од 51 земји со 863 дела. Квалитативниот избор на уметниците со нивните дела се одвивал во два дела: Селекција (селектор Корнелија Конеска од Северна Македонија), која ...

Претставник на актерката потврди за Vogue дека Лоренс е бремена по втор пат. Џенифер Лоренс и Марони го добија синот Сај во февруари 2022 година. Двојката официјално се венча во октомври 2019 година, откако приватно се вери. Набргу откако го дочека своето прво дете, Лоренс ги сподели своите искрени чувства за мајчинството. Додека разговараше со Виола Дејвис за годишното интервју на Variety „Actors About Actors“ во декември 2022 година, таа ја ...

„Со поднесување, објавување или прикажување содржини на или преку услугите, ни давате светска, неексклузивна лиценца без авторски права за да ги направиме вашите содржини достапни за остатокот од светот“, се вели во условите за користење, кои ги вклучуваат право да се анализира која било од таа содржина „вклучувајќи, на пример, за употреба и обука на нашите модели за машинско учење и вештачка интелигенција, без разлика дали се генеративни или ...

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во јуни 2023 година соопшти дека открила американска шпионска операција која компромитирала илјадници Ајфон телефони користејќи софистициран софтвер за надзор, тврдење кое Епл го негираше. Весникот „Комерсант“ минатата година објави дека Кремљ им рекол на службениците вклучени во подготовките за претседателските избори во Русија во 2024 година да престанат да користат Ајфон поради загриженоста дека ...

„Маларијата е стара колку и самата египетска цивилизација, но сега болеста што ги мачеше фараоните ѝ припаѓа на нејзината историја, а не на иднината“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Во светот, 44 земји и една територија се сертифицирани како ослободени од маларија. Научниците докажаа дека маларијата постои во Египет од најмалку 4000 п.н.е. Меѓу другите наоди, болеста била идентификувана во мумијата на Тутанкамон, фараон кој ...

Не беше објавена причината за смртта, но тој се бореше со болест неколку години. Ди’Ано беше пејач на Iron Maiden од 1978 до 1981 година и пееше на истоимениот деби албум на групата и нејзиниот легендарен следен албум, „Killers“. Тој беше заменет од Брус Дикинсон, кој оттогаш останува пејач на бендот. Во годините потоа, Ди’Ано ги предводеше бендовите Battlezone и Killers и објави неколку соло албуми. Тој во последните години страдаше од ...

Бомбата била тешка 104 килограми и е од англиско производство. Беше откриена од градежни работници кои ја реновирале железничката станица во Нова Горица на 23 септември, осмата бомба што беше откопана на истото градилиште. Овој пат деактивирањето траело малку подолго бидејќи техничарите имале проблеми со вадењето на осигурувачот, но сето тоа завршило добро и во предвидената временска рамка. „Да се надеваме дека ова е последна евакуација, барем ...

Со речиси сите преброени гласови, „за“ гласале 50,39 отсто од граѓаните, додека таборот „не“ –изнесуваше 49,61 отсто, според резултатите објавени од изборната комисија. Во меѓувреме, портпарол на ЕУ рече дека референдумот во Молдавија за пристапување во ЕУ се случил со „мешање без преседан“ од Русија или нејзините полномошници. „Молдавија се соочуваше со навистина невидено заплашување и странско мешање од страна на Русија и нејзините ...

Групата на пратеници е предводена од Марко Вандерви од Демохристијанската унија и е составена од 37 пратеници од повеќе партии во Германскиот Бундестаг. Тие ќе се обидат да најдат начин за да ја забранат екстремистичката партија Алтернатива за Германија. Групата претставува 5 отсто од Бундестагот, услов за да може нивната иницијатива да премине во следната фаза: парламентарно гласање. Доколку успеат во нивната намера, предлогот ќе се најде во ...

Две од обвинетите како продавачки во билетарниците на ЈСП кај Зелен пазар и во Градскиот трговски центар уплаќале помалку од наплатените пари во готови, а третата правела книговодствени манипулации за да ја покрие неуплатената готовина од дневниот промет. Тие се обвинети за продолжено кривично дело „проневера во службата“. Делото го сториле во период од 1 декември 2018 година до 5 август 2021 година. Според обвинителството, тие проневериле пари ...

На референдумот, кој се одржа вчера во исто време со претседателските избори, иницијативата за влез на Молдавија во ЕУ ја поддржаа 740.725 гласачи или 50,26 отсто од гласачите, а против гласаа 732.891 гласачи или 49,93 отсто од гласачите, пренесува ТАНЈУГ. На 20 октомври во Молдавија се одржаа претседателски избори, со референдум на кој граѓаните одговорија на прашањето: „Дали поддржувате промена на Уставот за Република Молдавија да влезе во ...

Пишува: Илја Лин Гладкова „Така треба, а не залепени хеланки, голи мешиња, провокативни ко да имаат 20 години, на ништо не личат, ни учат ни слушаат само која од која поразголена“ „Така треба да биде! А не како да си во некој бордел“ „Нема да бидете порничарки, со хеланки и танга напикана в га*“ Ова се само 3 од илјадниците коментари под објавите за воведување на правила на облекување во училиштата, напишани од возрасни луѓе, а насочени кон ...

Директорот на Клиничкиот болнички центар (КБЦ Загреб – Ребро) Анте Ќорушиќ починал денеска при пад во болницата, јавија хрватските медиуми. „Можам да ви потврдам, човекот е мртов. Страшно“, кратко изјави за Индекс Миливој Новак, заменик директор на Ребро. Полицијата е во болницата Ребро каде ги утврдува околностите на овој немил настан, а неофицијално се дознава дека Ќорушиќ починал на лице место. КБЦ Загреб е единствената болница во земјата со ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, туристите оствариле 911.478 ноќевања во август, од кои 74,3% се од домашни туристи, а 25,7% од странски. Интересно е дека оваа година странските туристи значително придонеле кон зголемениот број на посети, со раст од 14,4% за периодот јануари – август 2024 година, во споредба со истиот период од минатата година. Најпосетени беа пет градови – Скопје, Охрид, Струга, Дојран и Преспа, кои заедно ...

Втората изведба на раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“ е на 2 ноември со почеток во 20.00 ч. Претставите ќе се изведат под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од ...

На концертите во Австрија и во Словенија, Скопскиот дувачки квинтет ќе се претстави со дела од светската литература за ваков камерен состав како и дела од македонски автори. Концертите се реализираат со поддршка од Министерството за култура, како и македонската амбасада во Виена и македонскиот почесен конзулат во Словенија. Скопскиот дувачки квинтет е еден од најстарите камерни состави во Македонија кој опстојува повеќе од 40 години и во кој ...

Пишува: Жељко Јовановиќ Државите од Западен Балкан – Србија, Албанија, Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина – се наоѓаат на раскрсница, соочени со акутен недостиг од квалификувана работна сила што ја загрозува економската конкурентност и долгорочниот опстанок на регионот. Во моментот, образовниот систем не ги обезбедува вештините што се потребни на пазарот на труд. Ова, исто така, е закана и за нивните европски ...

Со претставата „Народен непријател“, Македонскиот народен театар вечер ќе биде дел од Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ што се одржува во БиХ. Претставата е од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. Играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски. Фестивалската програма ќе ...

Ова е соопштено преку објава на „Herkülnağme“, еден од профилите на социјалните мрежи што најчесто ги користи раководството на ФЕТО. По објавата на „Herkülnağme“, слични тврдења почнаа да кружат и на други профили на социјалните мрежи поврзани со терористичката организација. Поединци, роднини на Ѓулен и членови блиски до раководството на организацијата, исто така, тврдат дека водачот на организацијата починал во нивни објави на социјалните ...

За непочитување на таа законска одредба се предвидени казни од 1.000 од 40.000 евра Законот за управување со отпад стапи на сила на 20 април, а примената на поединечните одредби, вклучително и оние кои се однесуваат на пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба, е предвидена за шест месеци од денот на стапување во сила, соопшти агенцијата МИНА. Според законот, забранета е употреба на лесни пластични кеси за носење, со дебелина на ...

Со македонската јавност ќе бидат споделени и дел од согледбите и заклучоците од најновите истражувања на совенечката книжевна македонистика. Минатата година, професорката Субиото иницираше и оствари темелно истражување за рецепцијата на творештвото на Шопов во Словенија што резултираше со откривање и на непознати или помалку познати и неафирмирани факти што се значајни за македонско-словенечките книжевни и културни врски, но и за вреднувањето на ...

Трн: Exit започна како протестно студентско движење против лудилото кое го зафати Балканот во девееесеттите, но од тогаш еволуираше во огромен балкански културен бренд. Каков беше патот од првиот Егзит до денес и која е сега неговата мисија? Иван: (EXIT) Започна како студентско движење кое се бори за мир и демократија на Балканот и во Србија, а во меѓувреме прерасна во еден од најголемите европски фестивали. Неколку пати е прогласен за најдобар ...

На 22 октомври во Галерија МКЦ, ќе биде отворена изложбата на чешкиот уметник Онджеј Мишек. Изложбата во галеријата МКЦ претставува избор на дела под наслов „Насликај го својот живот“, на која и предходеше иста тематска изложба оваа година во Прага, во галеријата Mánes. Истата наиде на позитивен одзив кај јавноста и ликовната критика. Мишек студирал графички дизајн на Академијата за ликовни уметности во Варшава, во класата на проф. Лех Мајевски. ...

Приоритетни групи за вакцинација Според информациите од Министерството за здравство, право на бесплатна вакцина против грип имаат одредени ризични групи, вклучувајќи: Досега, преку сајтот вакцинација.мк се пријавиле 33.000 граѓани за вакцинација. Вакцинацијата на 36 локации низ земјата Процесот на вакцинација ќе се спроведува на 36 локации низ целата држава. Пријавените граѓани ќе добиваат СМС порака со датумот, точното време и локацијата за ...

По повод Неделата на италијанскиот јазик во светот, Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ организира предавање со наслов „Светот е книга – италијанските писатели и научници и новата визија на светот во ерата на барокот, просветителството и неокласицизмот“. Предавачи се проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-р Јована Караникиќ Јосимовска од Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет (УГД). За време на предавањето ...

,,Театар за тебе” како веќе докажан театарски бренд за театар во едукација, во соработка со МНТ, премиерно ќе ја изведе едукативната претстава Црвенкапа од Тик Ток на 22.10 во два термина: 11:00 и 13:00 часот. Претставата е едукативна и интерактивна. Зборува за заштита од интернет насилство. Со актуелни и атрактивни ликови и е наменета е за деца 8+ и возрасни. Играат: Марија Јанчевска, Изабела Јакимова, Марија Кондовска, Хари Михајловски. ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1025
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Загреб

1ᴼ / -3ᴼ
1.03
78%
1026
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
86%
1026
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.47
96%
1027
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
92%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
79%
1024
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.13
84%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
3.09
76%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
81%
1027
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71