Зоолошката градина од утринава е затворена, а евакуирани биле и вработените, дознава Мета.мк од извори во ЗОО Скопје кои инсистираат на анонимност. Неофицијално, станува збор за опасен вирус кај гуските кој може да се прошири и кај луѓето. Во последниве денови угинале десетина гуски, а сега се усмртуваат и останатите.В.д. директорот на ЗОО Скопје Зоран Попов не одговори на нашите повици, а директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер ...

Вињалес го престигна Безеки за петтото место, но тој се удри во задниот дел од моторот на на Вињалес при првиот свиок со 230 км/ч. Двајцата возачи потоа излетаа од патеката на песокта по стравичниот судир. Коментаторите се исплашија од удирот и рекоа дека тоа е тешко за гледање, а Безеки беше однесен од патеката на носилки. Како што известија од Мото ГП, возачот немал скршеници, но бил однесен во болница за да може да биде целосно прегледан. На ...

Според најавите од Министерството за животна средина, крајниот рок за објавување на тендерот е до крајот на годинава, но може да се распише и порано, односно кога ќе заврши преведувањето на тендерската документација на јазиците на сите земји членки на Европската Унија. Освен централната постројка за управување со отпадот, која ќе биде лоцирана во селото Мечкуевци, фирмата што ќе се бара на тендерот ќе треба да изгради и шест претоварни станици ...

ЈСП „Скопје“ алармира за појава на лажни информации на социјалните мрежи, поврзани со електронската картичка „Скопска“. Според службеното соопштение, непозната група наречена „Карта за јавен превоз на Скопје“ неовластено го користела логото на „Скопска“ и пласирала лажни линкови на интернет. ЈСП истакнува дека овие линкови имаат цел да крадат лични и финансиски податоци од платежните картички на граѓаните. Компанијата предупредува сите корисници ...

Со проекција на филмот „Виорник од работ“, во режија на Игор Вртачник, Словенија, посветен на историјата на словенечкиот алпинизам, вчера вечер во Домот на АРМ во Скопје официјално беше отворено 15 – то издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024 година. „Треба да го почитуваме нашето минато, нашите предци… Доколку не ги почитуваме, нема самите да се почитуваме и нема да бидеме почитувани од другите. Треба да знаеш кој си и каде одиш. Во ...

Во Скопје, процесот на обнова и уредување на запуштените простори добива нова димензија, со проектот за претворање на некогаш непристапниот и обраснат терен во урбана зелена зона. Оваа иницијатива, дел од програмата „За модерно Скопје“, е насочена кон долгорочно унапредување и заштита на животната средина, со акцент на создавање на квалитетен простор за сите граѓани. Значајно е да се напомене дека во овој појас во минатото беше дислоциран шутот ...

Филмот „М“ на Вардан Тозија е прогласен за апсолутен победник на Интернационалниот филмски фестивал „Гримфест“ во Манчестер. Македонскиот филм, во продукција на Фокус Покус, ја имаше својата британска премиера на 16-тото издание на „Гримфест“, кој се вбројува во најзначајните жанровски компетитивни фестивали во Велика Британија. Одржан од 3-ти до 6-ти октомври во Odeon Great Northern, главната селекција на годинешниот фестивал вклучуваше 21 ...

На 24 октомври во Мала станица – Скопје, во 19:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Тука, но некаде другаде“ на уметниците: Невена Алексовски, Елена Чемерска и Ивана Мирчевска, Ана Чворовиќ, Андреа Кнезовиќ, Илија Прокопиев, Ленка Ѓоројевиќ. Кураторка е Јана Старделова. Изложбата „Тука, но некаде другаде“, ги истражува универзалните човечки искуства на мобилност, движење и припадност преку лични приказни. Прикажува дела на седум уметници чии ...

На 24 октомври во 19 часот во Дом на АРМ ќе биде отворена изложбата „Голем формат“ Организирање на традиционалната изложба „Голем формат“ ДЛУМ го поттикнува современиот ликовен израз кон постојана потрага по нови визуелни и концепциски изразни техники, нови медиуми и вокбулар за експресија. Големиот формат како инспирација се потврдува најмногу во уметноста наменета за екстериер каде остварува динамичен дијалог со светот кој постојано се менува ...

Настанот, симболично наречен „старовремска вечер“, беше обоен со костими од минатото, како рефлексија на она што Оливера Ќорвезироска, автор и уредник, го нарече „конзистентно модерниот дух на Влада Урошевиќ“. „Сите овде сме облечени во старовремска облека, освен професорот Урошевиќ, кој секогаш е, бил и ќе биде ултра модерен,“ истакна таа во своето отворање. Урошевиќ, пак, со својата препознатлива скромност и интелектуална длабочина, сподели ...

Издавачката куќа „Илика“ во соработка со Здружението за германско-македонска соработка и развој и Гете институт Скопје организираат промоција на монодрамата „Мачката Елеонора“ на германската авторка Карен Јес в петок 25.10. во 20 часот во просториите на Центар-Јадро. Низ разговорот со авторката ќе се обидеме да му се приближиме на овој современ драмски текст враќајќи се наназад кон процесот на неговото создавање, применетите драмски постапки, ...

Четириесет и третото издание на Скопски џез фестивал и годинава го претстави најдоброто од светот на џезот и импровизираната музика. Девет светски етаблирани состави од САД, Европа и Македонија ќе ја претстават својата музика во Националната опера и балет и во МКЦ. Програмата, распоредена во четири вечери, е исклучително силна, инспиративна и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната ...

Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ на 21 октомври ќе биде дел од Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“, БиХ. Според селекторот на фестивалот, Горан Дамјанац, кој во изминатиот период имал можност да изгледа повеќе претстави, но по изборот на продукциите, решава оваа година селекцијата да биде насочена кон поединечни, големи мајстори на театарската уметност. Тој вели дека театарот е колективна уметност, ...

На 25 октомври во 19 часот во Домот на културата Марко Цепенков во Прилеп, концерт ќе одржи виртуозот на изворни народни инструменти Стефче Стојковски. Љубовта кон народните инструменти ја добил од неговите дедо и татко, долгогодишни членови на традиционални фолклорни ансамбли. На седум години почнал да свири на кавал, а на девет ја имал првата аудио снимка. Во 1997 година формира свој ансамбл на народни инструменти и песни „Стефче Стојковски“. ...

Во вторник на 22 октомври од 21:00 часот, во Котур, концерт ќе одржи Симеон Ангеловски Квинтетет. Бендот е проект составен во 2023та. Се работи за мешан состав (Македонија и Србија) составен од пет члена, Филип Динев- Гитара, Дамјан Грујо – Тапани, Алекса Ранчиќ – Труба, Петар Питаревиќ- Клавијатури и Симеон Ангеловски- Бас. Репертоарот е составен од шест оригинални, авторски композиции чиј што автор е Симеон Ангеловски, но дополнет со изведби ...

Во рамките на селекцијата „Доку Балкан“ на Киненова Филм Фестивал, се одржа македонската премиера на документарниот филм „Последниот каубој“ на режисерот Tадеј Чатеј, во копродукција на Круг Филм од Скопје. „Кога Хари Џексон веќе ги правел овие филмови, добивме идеја да ги видиме. Каде се тие филмови? Моето прво патување беше во Бјелина, но таму ги нема филмовите. Само слушав повеќе приказни, потоа бев во Берлин кај неговата ќерка и таа ми ...

Квалитетите како доверба, емпатија и комуникациски вештини играат клучна улога во создавањето емоционална блискост и задоволство меѓу партнерите. Така, создавањето безбедна средина за отворена комуникација помага да се зајакне врската и да се поттикнат здрави интеракции. Карактеристиките кои поттикнуваат игра и забава, исто така, ја збогатуваат врската. Оваа динамика им помага на партнерите подобро да се поврзат и да уживаат во заедничките ...

Ниту еден од речиси трите милијарди корисници во светот не платил за услугата за користење или преземање на апликацијата WhatsApp. Па, како таа заработува? Корисниците на апликацијата за разговор „WhatsApp“ секојдневно разменуваат десетици, па дури и стотици пораки. Без разлика колку се возбудливи или здодевни разговорите што ги водиме со членовите на семејството, пријателите и колегите на таа платформа, комуникацијата е шифрирана. Нашите ...

Стефановски, кој годинава прослави 50 години кариера, ќе снима во познатото сстудио основано во 1931 година, каде што своите песни ги снимаа и легендарните Битлси. Својата кариера Влатко Стефановски ја почнал во групите ВИС „Јегуље“, „Ирис“ и „Брег“, а во 1976 година заедно со Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и Димитар Чочоровски ја формираат групата „Леб и сол“ со која се прославува. Преку работата со Леб и Соло, Стефановски стана препознатлив ...

Често се дискутира за придобивките од витаминските додатоци како важни чувари на здравјето. Сепак, истражувањата покажуваат дека витамините во форма на додатоци во исхраната не се секогаш ефикасни во спречување на болести, како што се срцеви заболувања или проблеми со циркулаторниот систем, и можат да направат повеќе штета отколку добро ако се консумираат без контрола. Многу лекари дури го споредуваат купувањето на такви додатоци со „трошење ...

Денес во Културниот центар Јадро беше отворена изложбата „Од уметност кон родова еднаквост“, на која се претставени 19 инспиративни дела од 19 авторки и автори, кои преку својата уметност испраќаат пораки за поубав и поеднаков свет. Оваа изложба е дел од кампањата Биди чудо од девојка, во рамки на проектот „Еднакви можности за девојките и младите жени во Северна Македонија“, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и ...

Во недостиг на други информациски канали, или од бес, градоначалничката на Скопје ги користи фејсбук страниците на неколку градски институции за своја промоција и за испраќање на политички пораки околу тековниот судир со Премиерот и владата на ВМРО ДПМНЕ воопшто. Надвор од интернет просторот, авантурата со поставување на Арсовска за градоначалничка досега предивика девастиран јавен сообраќај, Младински културен центар во кома, заглавена ...

Во споредба со 2022 година (27%), во 2024 година просекот на отвореност достигна 37% што е пораст за 10% во две години. Иако овој процент е видливо зголемен, сепак претставува индикација за ниско ниво на отвореност во работењето на локалната власт во Република Северна Македонија, со чест на исклучоци кои проактивно и темелно се посветуваат на отвореноста кон граѓаните. Во 2024 година, наодите од Индексот на отвореност покажаа дека најотворените ...

НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, заедно со Друштвото на писателите на Македонија и ПЕН центарот во Македонија, ќе одржат комеморација за писателот- великан Михаил Ренџов (1936-2024). Свеченото збогување ќе се одржи на 21 октомври (понеделник) во 12 часот во Центарот за култура и студии во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Се проштеваме од еден од нашите великани, поетот на светлината и малкузборноста. Михаил Ренџов за навек ги ...

Претставите ќе се изведат под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, a раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка. Во улогите на Маргарита и Арманд на 30 октомври ќе настапат првенците: Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз ...

Износот на минималната нето плата во Хрватска од 1 јануари следната година треба да се зголеми за 80 евра, од овогодинешните 670 на 750 евра или за 15 отсто. Новата минимална плата опфаќа 30.000 луѓе повеќе отколку пред две години, објави порталот Poslovni.hr. Дали „минималната плата“ е доволна за покривање само на комуналните услуги, е прашањето кое го поставуваат граѓаните деновиве во Хрватска. Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека во ...

„Наша гордост. Наша одговорност” е кампања која ја иницира Пивара Скопје и чија главна цел е заштита на животната средина, со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и заштита од загадување. Кампањата се фокусира на животната средина и на повисоката цел која „Скопско” како бренд ја има, а тоа е да ја поддржи заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направиме светот подобар. Заедно, велат од „Скопско“ ја ...

Со проекција на филмот „Виорник од работ“, во режија на Игор Вртачник, Словенија, во Домот на АРМ во Скопје денеска официјално ќе биде отворено 15 – то издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024 година. Фестивалот ќе трае од 18-25 октомври 2024, а следните седум денови ќе продолжи програмата во Кинотеката. Како што е најавено од организаторите, на отворањето на фестивалот обраќање ќе има и режисерот на филмот Игор Вртачник. Ова издание на ...

Во пространствата на големиот Сибир има многу помали области кои се тешко достапни дури и за локалното население. Тофаларијa е една од тие и се наоѓа во делот на планините Сајан западно од градот Иркутск во близина на границата со Монголија. Во областа Тофаларија има три населби: Верхњаја (Горња) Гутара, Алигџер и Њерја. Тоа е единствената населена област во Русија со Тофаларите, мал автохтон народ со население од се околу 700 (седумстотини). ...

Десет години од основањето на единствената македонска веб страна за архивирање и промоција на македонската архитектура пред пошироката јавност. По тој повод МАРХ упатува повик до сите компании, студија, здруженија, неформални групи и поединци што се занимаваат со дејност во областа на архитектура, дизајн, продукт дизајн, изработка на архи-сувенири, литература од областа на архитектурата или друга креативна и иновативна дејност , едноставно до ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1025
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / -3ᴼ
1.03
80%
1025
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.25
96%
1026
weather icon

Љубљана

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
92%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
3.13
80%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
82%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
81%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1027
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71