
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Граѓани на српскиот град Ниш и претставници на македонската заедница се собраа во центарот на градот да им оддадат почит на настраданите од пожарот во дискотека во Кочани. Здружението на граѓани на македонското национално малцинство „Вардар“ од Ниш, во соработка со Националниот совет на Македонците во Србија, организираше палење свеќи и потпишување во Книга на жалост. Претседателот на Здружението на Македонците „Вардар“ Ниш, Благе Петрушевски, ...
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) изминатите денови извршил 50 котроли во угостителски објекти – кабаре, ноќен клуб, диско клуб и диско клуб на отворен простор, по што утврдил дека 22 имале лиценци, а на 15 им биле истечени. Исто така биле откриени и угостителски објекти за кои воопшто немало податоци дека поседувале лиценца. Бидејќи угостителските објекти не работат поради деновите на жалост, ДПИ документите ги обезбедиле потребните документи ...
Граѓаните на Нови Сад ќе донираат 10 милиони динари, што е еквивалентно на околу 5 милиони денари, за да им помогнат на семејствата на загинатите во трагичниот пожар кој избувна во дискотеката во Кочани. Оваа важна хуманитарна акција беше најавена од градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин, кој истакна дека средствата ќе бидат издвоени од буџетот на Град Нови Сад. „Граѓаните на Нови Сад се солидарни со семејствата на жртвите и сакаат да пружат ...
Направивме навистина една навремена евакуација на настрадните, би рекол повеќето деца, и тие беа сместени во бугарски медицински установи пред да почне евакуацијата на другите повредени, изјави министерот за здравство на Бугарија, Силви Кирилов. Тој денеска заедно со македонскиот министер за здравство Арбен Таравари и министрите за надворешни работи на земјите Георг Георгиев и Тимчо Муцунски, ја посетија Универзитетската мултипрофилна болница за ...
Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк размислува да се пресели во клуб од МЛС и покрај понудата од Саудиска Арабија, пишува „Get French Football News“. Ливерпул го гледа 25-годишниот централен бек на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек како потенцијална замена за Ван Дајк. „Црвените“ планираат да за овој трансфер да потрошат околу 50 милиони евра. Претходно беше објавено дека Ал-Хилал упатил првична понуда до Ливерпул за Ван Дајк, чија ...
Францускиот институт во Скопје известува дека Неделата на франкофонски филм, предвидена да започне оваа недела, се одложува поради трагичниот настан во Кочани. За новите датуми на одржување на манифестацијата дополнително ќе информираат. „Францускиот институт во Скопје и целиот негов тим изразуваат длабока тага поради трагедијата што се слуќи ноќта помеѓу сабота и недела во Кочани. Во знак на почит, покрај Неделата на франкофонски филм, сите ...
Студентите од Универзитетот во Ниш ги повикаа граѓаните да се соберат на градскиот плоштад вечерва во 20 часот за да оддадат почит на 75-те лица кои загинаа во падот на бетонската настрешни во Нови Сад и пожарот во Кочани во неделата. Тој собир е во знак на поддршка и за студентите од Нови Сад кои, како што рекоа, синоќа врз нив била употребена физичка сила од полицијата при блокирањето на влезовите во Собранието на Нови Сад. Неформалната група ...
Студентите во знак на солидарност и жалост, со седумминутен молк, оддадоа почит на загинатите и на повредените кои се борат за живот. Присутни беа неколку стотини студенти од различни факултети, без присуство на полиција, но со засилено приватно обезбедување. „Ова не е партиски митинг, ова е собир за почит“ Некои од студентите споделија свои размислувања за вчерашниот собир, на кој имаше говори: „Сметам дека вчерашниот говор воопшто не требаше ...
Граѓанското движење ,,Кој е следен?”, вечерва на плоштадот Македонија организира собир, за како што велат, ,,заедништво и сочувство, за да се погрижиме едни за други во овие најтешки моменти”. Во нивната објава за собирот на социјалните мрежи дадени се и неколку насоки за граѓаните. Односно им се сугерира со себе да носат вода и нешто благо, во случај некому да му се слоши. Во објавата исто така објаснуваат дека вечерашниот собир наместо на ...
Сопственикот на дискoтеката ,,Пулс” во Кочани во која загинаа 59 лица, можел да биде виновен за уште поголема трагедија. Сопственикот на дискoтеката на околу 50 метри од објектот имал закопано цистерна со нафта, за која, според жителите, се претпоставува дека содржи околу 10 тони гориво. Тие за „Информер“ го покажале местото каде наводно е нелегално закопана нафтата, а како што велат, само по чиста среќа целиот град не бил кренат во воздух. ...
Настанот привлече неколку стотини студенти од различни факултети, кои мирно се собраа заедно во знак на солидарност и сеќавање. Иако немаше присуство на полиција, обезбедувањето околу кампусот беше засилено со приватни служби. На собирот беше присутен и претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС), Александар Николовски, но тој одби да даде изјава за медиумите. Студентите со овој собир уште еднаш ја покажаа својата поддршка кон ...
Михај Греча, еден од преживеаните од трагичниот пожар во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт, понуди помош и поддршка на повредените и нивните блиски по смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Северна Македонија. Греча објави отворено писмо на Фејсбук, изразувајќи солидарност со жртвите и давајќи практични совети за лекување на изгорениците. Во писмото, Греча посочува дека најкритичниот период за безбеден транспорт на лица со ...
Авион Extra EA-400 полетал од аеродромот во Самедан во Швајцарија на 17:20 часот по локално време. Тој пристигнал од Данска на 13-ти март и бил на пат назад кон Роскилде, близу Копенхаген. Авионскиот инцидент се случил две минути по полетувањето, на крајот на населеното место Ла Пунт Шамуш-ша и авионското возило изгори. Полицијата изјавила дека жртвите сѐ уште не се официјално идентификувани. Не се објавени детали за причината на несреќата. ...
Пет европски држави, вклучувајќи Хрватска, Грција и Романија, веднаш понудија поддршка преку системот за цивилна заштита на ЕУ, а неколку пациенти веќе се транспортирани во Унгарија и Литванија. Во тек е координацијата за дополнителни преноси, додека Европската комисија останува во редовен контакт со македонските власти и е подготвена да обезбеди дополнителна помош доколку се јави потреба. Комесарот за управување со кризи, Хаџа Лахбиб, изрази ...
По трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, здравствените установи во Скопје и Штип во моментов имаат вкупно 89 хоспитализирани пациенти. Од нив, некои се во стабилна состојба, додека други се со потешки изгореници и труење од токсични гасови, вклучувајќи и пет пожарникари. Во меѓувреме, до сабајлево, 76 пациенти биле испратени на лекување во странство, вклучувајќи и во Србија, Полска, Холандија и Австрија, додека неколку ...
Најголемите трагедии во Македонија Оваа трагедија ги потсети граѓаните на други големи несреќи кои го потресоа општеството: Потреба од системски промени Овие трагедии ја отвораат темата за безбедноста во јавните објекти и потребата од поефикасни заштитни мерки. Прашањето не е само како да се спречат вакви катастрофи, туку и како општеството да им помогне на преживеаните и на семејствата на загинатите. Во моменти како овие, солидарноста и ...
Од Основниот суд во Кочани потврдија дека доцна синоќа завршиле сите рочишта на кои била изречена оваа мерка, а Кривичниот совет одлучувал по поднесените жалби. „Основниот суд во Кочани продолжува да постапува по предлозите и барањата на Обвинителството“, изјавија од судот. Бектеши е приведен поради нелегалната лиценца за кабаре што ја имала фирмата „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани за клубот „Пулс“, која била издадена на 13 март 2024 година, во време ...
Додека целиот регион застанува во солидарност, додека низ светот се отвораат книги на жалост во македонските амбасади, додека знамињата се спуштени, овде, дома, младите се гушат во разочараност и бес. Системот кој требаше да ги заштити – повторно ги изневери. Тагата не е само за загубените животи, туку и за изгубената надеж. Тагата е за секој млад човек кој се чувствува небезбедно, оставен на милост и немилост на институции што каснат, молчат, ...
Израелската војска соопшти дека рано утрово ги гаѓала целите низ Газа, а палестинското министерство за здравство соопшти дека најмалку 320 лица загинале. Нападите се пријавени на повеќе локации, вклучувајќи ја северната Газа и градовите Газа, Деир ал-Балах, Кан Јунис и Рафах во централниот и јужниот појас на Газа, пренесуваше Вести.ba. Официјални лица од палестинското министерство за здравство велат дека многу од жртвите се деца. Израелската ...
Покрај тоа што обезбедуваат важни влакна и минерали, овие намирници играат клучна улога во јакнењето на имунитетот и одржувањето на општото здравје. Некои намирници имаат извонредни здравствени предности, а истовремено се лесно достапни и едноставни за припрема. Иако можеби не се прва опција кога станува збор за вкус, со правилна техника на готвење можат да станат многу вкусни и да ја нагласат својата нутритивна вредност. Една од таквите ...
Две лица од земјава, кои се повредени во пожар во ноќен клуб во Кочани, рано утринава по 4 часот пристигнале на лекување во Хрватска и тие се лекуваат на Клиниката за трауматологија на КБЦ Сестри милосрднициво Загреб, од каде подоцна ќе ја информираат јавноста за состојбата на пациентите- јавува Дневник на Нова ТВ. Предвидено е да се дефинира тежината на нивните повреди, степенот на изгорениците и повредите на другите телесни функции, со оглед ...
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека ФСС на Филозофскиот факултет при УКИМ изгласа недоверба на делегатите на УСС УКИМ. Овој модел на студентско претставување е истрошен, велат тие. Експериментот со УСС заврши, студентите на УКИМ ќе се самоорганизираат пленумски, стои во нивното соопштение. Тоа за кое пред деценија студентите се бореа, никогаш не го добија. „Наместо автентично претставување на студентскиот интерес го добивме ...
„Сите пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во Клиничкиот центар во Србија, имаат сериозни повреди, опасни по живот. Од осумте лица, тројца се на респиратор, што значи дека е потребна механичка вентилација. Површината на телото од изгореници се движи до 25%. Нагласувам дека имаат симптоми на интоксикација и изгореници на дишните патишта и затоа се опасни за живот. По примот се започнати дијагностички и терапевтски процедури. Од осуммина, ...
Еден од звучните „топови“ бил даден на Полицијската бригада на Баново брдо, задолжена за сузбивање немири, и кога стигнал, бил еден пат испробан на луѓе, тогап и никогаш повеќе, бидејќи полицајците биле онеспособен за работа, пренесува „Време“, повикувајќи се наизвор од МВР. Како што пренесува „Време“, властите не се одредиле јасно дали во безбедносните сили постои нелегално оружје кое по своите карактеристики одговара на она што се нарекува ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека .Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци ...
По најголемиот протест во историјата на Србија на 15. март во Белград, студентите во блокада продолжуваат со акциите додека нивните барања не бидат исполнети. Тие вчера се собрале пред Ургентниот центар, а потоа и пред Министерството за здравство. Студентите бараат информации за бројот на пациенти кои се јавиле со тегоби по инцидентот за време на саботниот протест, но и оставка од Златибор Лончар. Петицијата за истрага на ОН поради можна ...
Одлуката на администрацијата на Трамп да ја намали американската развојна помош ќе доведе до големи неуспеси во глобалната борба против смртоносните болести како маларијата и ХИВ, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). -Во текот на последните две децении, САД беа најголемиот билатерален донатор во борбата против маларијата, помагајќи да се спречат околу 2,2 милијарди случаи и 12,7 милиони смртни случаи“, рече шефот на СЗО, ...
Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите млади луѓе во несреќата што се случи во Кочани. Од таму информираат дека целосно се ставаат на располагање на семејствата на настраданите кои имаат потреба од добивање на правни совети и помош. За таа цел можат да ни се обратат на телефонскиот број +389 2 3119 073 „Во периодот што следува Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе ја следи истрагата и ...
Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство од Скопје во Атина ќе бидат пренесени тројца повредени во пожарот во Кочани, кои ќе се лекуваат во грчката престолнина, објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, транспортниот авион со медицински персонал на службата за итна помош вечерва ќе полета од атинскиот воен аеродром за Скопје и откако ќе ги преземе повредените веднаш ќе се врати во ...
Лекарите кои се грижат за здравјето на папата Франциск, кој повеќе од еден месец е хоспитализиран во римската болница Гемели поради билатерална пневмонија, постепено ја намалуваат неговата терапија со кислород, објави вечерва Ватикан. Тој сега за прв пат се префрла на намален проток и „за одреден период папата може да остане без дополнителен кислород“, соопшти прес-службата на Ватикан на вечерниот брифинг. Франциск, кој е папа од март 2013 ...