Израел ги интензивираше нападите врз Газа и покрај најавата дека е постигнат договор за прекин на огнот со Хамас и ослободување на заложниците, што треба да стапи на сила во недела. Израелските напади продолжија во текот на ноќта и рано утринава, при што загинаа најмалку 46 Палестинци, соопштија здравствените власти во Газа, пренесе Ројтерс. Хамас утринава истрела ракета кон Израел, соопшти израелската војска, наведувајќи дека во нападот нема ...

СДС и Филипче месец дена се препелкаат во сопствените лаги за криминалот на Груби и ДУИ во нивен мандат. СДС месец дена не се извинува и се обидува да го штити Груби. СДС и Филипче ги манипулираат граѓаните и дефокусираат, иако целата јавност знае дека тие се оние кои му овозможија на Груби да го спроведува својот криминален поход врз државните ресурси, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС, не само што знаеја за криминалот на Груби, туку свесно го ...

„И новогодишната кошничка се покажа целосно промашена. Политиката на власта со кошнички доживеа тотален дебакл. Наместо да се намалат цените се зголемија, затоа што власта им остави време и простор на големите трговци да ги покачат цените на производите пред да стапи мерката во сила“, соопшти СДСМ. „Зејтинот, јајцата, шеќерот, млечните производи, грашокот, гравот и леќата, се е поскапено, а тоа граѓаните го чувствуваат секој ден и го гледаат во ...

Две лица се уапсени во Лос Анџелес. Во еден случај, жител на Лос Анџелес изгаснал пожар на дрво и го фатил осомничениот, кој признал дека го подметнал пожарот бидејќи „му се допаѓа мирисот на запалените лисја“, пишува ABC News. Вториот осомничен признал дека го подметнал пожарот за да предизвика „хаос и уништување“. Во градот Сан Бернардино, полицијата уапсила маж кој подметнал мал пожар кој изгорел околу 34 хектари, но нема повредени или ...

Лансирањето на ракетата „Њу Глен“ од компанијата Blue Origin на американскиот милијардер Џеф Безос беше откажано пред неколку дена во последен момент поради технички проблеми. Но, околу триесет ката висока и дизајнирана за повеќекратна употреба, ракетата „Њу Глен“ беше лансирана рано утринава од Кејп Канаверал, Флорида. Овој беспилотен тест лет е предвиден да ја демонстрира технологијата во вселената за потребите на Blue Origin. Главната цел на ...

Индонезиските власти почнаа да евакуираат околу 3.000 жители во близина на вулканот Ибу на островот Халмахера, откако вулканот еруптираше и исфрли пепел во висина од четири километри, соопшти тамошната агенција за катастрофи. Ерупцијата на вулканот Ибу се случи вчера наутро и траеше околу две минути, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво во околните области, објави Ројтерс. „Ситуацијата на теренот во моментов е ...

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич упати „суптилна“ закана дека ќе поднесе оставка доколку биде принуден да ги прифати условите од договорот за прекин на огнот со Хамас во замена за заложници, јавува Си-Ен-Ен. „Договорот што ќе и биде претставен на владата е лош и опасен за националната безбедност на Државата Израел. Ние се спротивставуваме на договорот со сите сили“, рече екстремно десничарскиот политичар, кој изјавата ја даде во ...

Утрово најстудено било на Попова Шапка и Маврови Анови каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крушево, -4 во Крива Паланка, -3 во Берово, Дебар и Виница, -2 во Тетово, Битола, Прилеп, -1 во Охрид, Претор, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 0 во Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Демир Капија, 2 во Гевгелија. Висината на снежната покривка во 7 часот била 57 сантиметри на Попова Шапка, 50 Маврови Анови, 33 Крушево, 25 Битола, 24 Тетово, 17 ...

Мел Гибсон ја обиколи изгорената локација што некогаш беше негов дом во Калифорнија. Сепак, се чини дека му било многу поважно да се погрижи членовите на службата за итни случаи да знаат колку тој ги цени нивните напори. Актерот е снимен како се враќа во својот имот во Малибу за прв пат во средата, а на снимката се гледа како се ракува со пожарникарите и ја испитува штетата што ја остави смртоносниот пожар во Палисадес. Иако сите жители сè уште ...

Јужнокорејското Министерство за одбрана објави дека оваа година ќе лансира уште два воени шпионски сателити, со што ќе заврши планираното распоредување на пет сателити, чија цел е да се подобри надзорот на заканите од Северна Кореја. Министерството го претстави планот како дел од своите цели за 2025 година, откако Јужна Кореја минатиот месец успешно го лансираше својот трет шпионски сателит како дел од програмата за ставање пет воени сателити во ...

Го поздравувам постигнатиот договор за прекин на огнот во Газа и ослободувањето на заложниците. Ова го напиша идниот министер за надворешни работи на Бугарија во кабинетот на Росен Желјазков Георг Георгиев, јавува БГНЕС. „Ова е одлучувачки позитивен пробив во односите меѓу завојуваните земји на Блискиот Исток и чекор кон нормализирање на ситуацијата во регионот. Бугарија отсекогаш стоела и ќе продолжи да се залага за мирот и слободата на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими специјалниот претставник за Западен Балкан на Кралството Норвешка, Еирик Матисен. На средбата, министерот Муцунски ја истакна активната улога на Норвешка на Западниот Балкан, чија поддршка за интеграцијата на земјите во европските и евро-атлантските структури овозможува долгорочен и одржлив развој на регионот. Тој упати благодарност за важната ...

Ве известуваме дека е креиран лажен профил на Фејсбук со злоупотреба на името, податоци и фотографии на претседателот на СДСМ, д.р Венко Филипче. Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување а граѓаните се насочуваат на приватни пораки, велат од СДСМ. „Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци кои можат да ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпишаа Договор за соработка и размена на податоци во електронска форма меѓу двете институции. Со Договорот се воспоставува меѓуинституционална размена на податоците во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност, при што се уредува формата на поединечните барања врз основа на кои ќе се врши ...

„Експресен пат за Прилеп, делница Градско-Дреново. Инвестиција вредна 37.500.000 евра. Три клучки, четири вијадукти, четири надвозници, три подвозници. Ги поздравуваме и им се заблагодаруваме на работниците затоа што тие го направија ова да изгледа импозантно. Заедно да продолжиме да ја градиме Македонија!“ напиша на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски. Експресниот пат Градско – Дреново во должина од 15,5 километри вчера беше пуштен во ...

Во периодот јануари-декември 2024 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани вкупно 22194 кубни метри отпад од голем број диви депонии лоцирани во сите скопски општини. „Дивите депонии се создаваат како резултат на несовесното и непрописно одлагање отпад на јавни или сообраќајни површини, со што директно се загадува животната околина и се загрозува јавното здравје. Најмногу диви депонии во текот на 2024 година се расчистени во општините Чаир, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на нашите дежурни екипи, информира АМСМ. Забрани за тешки товарни возила од превентивни причини има на следниве патни правци, крак Маврово-Дебар, и Струмица – Берово. Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска ...

Неспособноста на општинската власт предводена од ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, го претворија Прилеп во град на хаосот и безредието, реагираат од СДСМ Прилеп. „Замрзнатите улици, тротоари и јавни површини, од Прилеп направија лизгалиште на отворено. Движењето на пешаците и учесниците во сообраќајот стана пресметан ризик опасен по здравјето и безбедноста на граѓаните. Зголемениот број пријави на скршеници на екстремитети и други телесни ...

Одговорноста е кај претседателот на Собранието, Африм Гаши, и за Даути и за незакажувањето седница на Комисија. Иако и беше изгласана недоверба на претседателката на Комисија за социјална политика, Илирие Даути, претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека тоа не е обврска за нејзино разрешување и дека нема правно дејство, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „СДСМ нема да навлегува во фарсата којшто во македонското Собрание ја ...

Повеќе од 1.000 затвореници и 127 вработени во затворскиот систем во Калифорнија работеле во текот на ноќта за да го изгаснат пожарот, соопшти Калифорниското одделение за поправки и рехабилитација. Затворениците се приклучија на доброволна програма за заштита од пожар и сузбивање, која работи со Калифорниската противпожарна служба, пренесува NBC News. Пожарите предизвикаа голема штета во Јужна Калифорнија, оставајќи повеќе од 70.000 енергетски ...

Секогаш кога ВМРО- ДПМНЕ во координација со олигархијата вриштат: „ДУИ е криминална”, тоа е јасен сигнал – нова прекршување на правата на Албанците се спрема, велат од ДУИ. „Ова е нивната стара шема: секогаш кога се загрозуваат правата на Албанците, секогаш кога се обидуваат да сокријат етничка неправда, тие ја користат истата тактика – неосновани обвинувања за криминал, за да го одвлечат вниманието од нивните вистински постапки. Како што е ...

Албанскиот премиер Еди Рама денеска и подари шал на својата италијанска колешка Џорџа Мелони и и пееше роденденска песна за да го прослави нејзиниот 48-ми роденден. Edi Rama – Giorgia Meloni – Abu Dhabi – Birthday gift pic.twitter.com/GvGktJu1c9 — News video (@Newsvideo13) January 15, 2025 Рама, кој е многу повисок од Мелони, клекна на колена за да и даде подарок и да и отпее „танти аугури“ (среќен роденден) додека двајцата лидери присуствуваат ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика сите земји да ги „држат рацете подалеку“ од Сирија, бидејќи Турција има капацитет и способност да ги уништи сите терористички организации во земјата, вклучително и курдската милитантна група и Исламската држава. За време на говорот во парламентот, Ердоган рече дека курдската милитантна група ЈПГ е најголемиот проблем во Сирија по соборувањето на поранешниот претседател Башар ал Асад, пренесе ...

Уште една успешна трансплантација со коска од починат донор, втора во изминатово деноноќие. Трансплантацијата е извршена на 19 годишен пациент за корекција на деформитет на стапало како резултат на церебрална парализа. „Во минатото корекција на деформитет се правела со користење на дел од надворешната коска на потколеницата која се земала од пациентот. Притоа се појавувал дефект кој тешко се корегирал. Со користењето на коска од кадавер, ...

Бразил може да одигра важна улога во враќањето на стабилен и праведен мир за Украина и враќањето на украинските деца депортирани во Русија, изјави Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, за време на онлајн разговор со претставници на бразилските медиуми. Тој нагласи дека руската војна против Украина им донесе страдање на милиони Украинци, а нејзините последици го погодуваат целиот свет, бидејќи сојузот меѓу Русија, Северна ...

Според ВМРО-ДПМНЕ, мерките на владата даваат резултати. Над 1000 производи, како што велат се продаваа со намалена цена. „Помина времето како до сега, кога наместо за граѓаните, СДС единствено се грижеше за богатење на нивната елита. Болката на СДС не е грижата за граѓаните, нивната грижа единствено е што не можат, како до сега, да крадат. СДС се тие кои што го зголемија ДДВ на храната, што доведе и до зголемување на цените на производите“. Како ...

Папата Франциско денеска изјави дека злоупотребата на деца е страшно злосторство. „Злоупотребата на малолетници, без оглед на нејзината природа, е одвратен, страшен чин. Тоа не е само зло на општеството, туку и злосторство“, нагласи папата, пренесе Анса. Тој исто така истакна дека тоа е „сериозно кршење на Божјите заповеди“. Папата додаде дека ниту едно дете не треба да трпи злоставување и повика на будење на совеста, блискост и солидарност кон ...

На 15 јануари 1992 г. само неколку месеци по 8 септември 1991 г, Бугарија стана првата земја во светот што ја призна независноста на Република Македонија. Официјалното признавање на тогаш Република Македонија од страна на Бугарија се случи по гласање на декларација од Народното собрание на земјата. Со посредништвото на тогашниот бугарски претседател Жељу Желев, РС Македонија беше призната за независна држава и од страна на Руската федерација. ...

Уметникот Спас Јорданов, магистер по „Керамика“ на Нов бугарски универзитет и еден од најамблематичните студенти на студиото за Керамика при НБУ, ќе ја прикаже својата изложба „Змејови и дракотаври“. Се отвора на 14 јануари и ќе продолжи до 30 јануари во галеријата „Аросита“ во Софија. Изложбата претставува две концептуални линии: едната е инспирирана од митските приказни за змејовите, другата од приказната за кентаурот, низ призмата на змејот. ...

Претседателката на Собранието Наталија Киселова ги пречека децата од Основното училиште (ОУ) „Св. Кирил и Методиј“ во Николаево по повод Василица. Децата изведоа фолклорно оро, како и песните „О, Василиј, да е“ и „Коледари“, се наведува на веб-страницата на Народното собрание. Наталија Киселова на младите им посака здравје и многу петки. Таа им се заблагодари за убавите зборови и изрази надеж дека 2025 година ќе биде добра година за сите. ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
84%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.82
89%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.54
73%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
83%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 11ᴼ
1.34
75%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52