Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. Законот овозможува примена на технички средства и уреди за снимање при утврдување прекршоци, со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот ...

На игралиште во центарот на Скопје, тројца напаѓачи ограбиле малолетник кој бил во друштво со двајца другари. Едниот од сторителите, според пријавата, се заканувал со остар предмет. Инцидентот го пријавил таткото на оштетениот, а според неговата пријава, од син му со закани биле одземени пари. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. На игралиште во центарот на Скопје, тројца напаѓачи ограбиле малолетник кој ...

Во СВР Скопје вчера во 10:00 часот, М.С. од Турција пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.650 евра. Според пријавеното, тој во месец октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето, кое наводно посредувало за добивање документи за работа и престој во државата, по што во неколку наврати лично и преку трансакциска сметка му ги исплатил паричните средства, а исто така платил и за договор за закуп на стан, кој ...

Полицијата поднесе кривична пријава против шест лица од Тетово, по инцидент што се случи на 5 ноември 2025 година во селото Желино. Пријавени се: Б.И. (34), Б.И. (30), В.И. (29), Ј.Б. (37), Џ.Б. (30) и Ј.Џ. (63), за кои постојат основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Според полицискиот билтен, инцидентот започнал со претходна расправија помеѓу Ј.Џ. (63) и Б.И. (34). ...

Бугарската народна банка (БНБ) пушта во оптек сребрена колекционерска монета на тема „125 години електричен трамвај во Бугарија“. Продажната цена при пуштање во оптек е 144 евра. Монетата ќе се продава од понеделник, 26 јануари, на четири шалтери во централната зграда на БНБ во Софија и на уште четири шалтери во касовниот центар на улица „Михаил Тенев“ бр. 10. Колекционерската монета е законско платежно средство само на територијата на ...

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за правда кон утврдување на фактичката состојба на терен и преземањето конкретни мерки. ,,Во изминатиот период, јавноста беше сведок на настани и случаи кои дополнително ја засилија загриженоста околу интегритетот, одговорноста и функционирањето на судството и обвинителството. Таквите појави не смеат ...

Демократската унија за интеграција реагира на како што велат, крајно погрешната и штетна патека по која се движи Република Северна Македонија, стратешките отстапувања и честото менување насока, која, според оваа партија, земјата ја доведе во длабока меѓународна изолација, каква што државата не памети во поновата историја. „Резултат на оваа промашена политика е дебаклот што премиерот и владината делегација го доживеаја на Светскиот економски ...

Последниот закон потребен за од први февруари да започне официјалното функционирање на системот „Безбеден град“ денеска е пред пратениците. Станува збор за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците со кој се предвидува можност за примена на технологиите како систем за детектирање преку технички средства и уреди за снимање кои можат да бидат добра алатка за брзо и ефикасно детектирање на сообраќајните прекршоци и ...

Продолжува соработката меѓу Општина Кисела Вода, осумте општински основни училишта и општествено одговорни правни субјекти, која има за цел да им обезбеди поддршка на децата од семејства во социјален ризик. Оваа соработка се реализира во рамки на проектот „Грижа и сигурност за секое дете“, кој Општина Кисела Вода континуирано ќе го спроведува и во текот на учебната 2025/2026 година. Во рамки на проектот, децата од социјален ризик имаат ...

Уставниот суд на Бугарија едногласно ја прифати оставката на Румен Радев како претседател на земјата, јавува БГНЕС. Седницата по уставното дело се одржа денес и беше реферирана од судијката Павлина Панова. Уставниот суд одлучи дека овластувањата на претседателот на Република Бугарија, Румен Георгиев Радев, престануваат предвремено со утврдувањето од страна на Уставниот суд на поднесената од него оставка. Одлуката стапува во сила од денес, 23 ...

ВМРО-ДПМНЕ реагира на најавените амандмани на СДСМ за измена на Кривичниот законик, обвинувајќи ја опозициската партија за лицемерие и политичко глумење. „Монти Пајтон на СДС. Кривичниот законик што го укинаа во 2023 година и со којшто се амнестираа нивни функционери, сега поднесуваат амандмани да го вратат“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата обвинуваат дека СДСМ ја поминала границата на, како што велат, лицемерие и играње со ...

Алијанса за Албанците (крилото на Арбен Таравари) упати критики за проектот „Безбеден град“ и неговата примена во рамки на Законот за прекршоци, оценувајќи дека истиот отвора сериозни правни, социјални и уставни загрижености. Од партијата посочуваат три главни проблеми. Прво, како што велат, не се спроведува Законот за употреба на јазиците, особено во службената комуникација со граѓаните, вклучително и при издавање известувања и санкции ...

Министерот за здравство, утрово присуствуваше на стручен симпозиум, во организација на „Клиниката Жан Митрев“, кој претставува платформа за поврзување на меѓународните препораки со реалната клиничка практика. -Особена вредност на овој симпозиум е интерактивниот формат, кој овозможува размена на искуства, унапредување на клиничкото одлучување и јакнење на соработката меѓу различни специјалности, со цел подобра, побезбедна и персонализирана ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати обвинувања до претседателот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, дека во време на владеењето на СДСМ државниот апарат бил користен за остварување приватни интереси, а посебно, како што рече, за притисоци врз доктор Жан Митрев со цел клиниката да му се отуѓи по „багателна цена“. „Наместо да се грижи за здравјето на граѓаните, Венко гледал како да дојде до приватна ...

Вработените во Македонска пошта од целата држава денес излегоа на протест преку кој побараа да им се исплати платата која им доцни повеќе од 45 дена. Ќе продолжат да протестираат се додека не им биде исплатена платата, па оние кои сакаат да земат пратки од Пошта или бараат друга услуга, нема да ја добијат. Вкупно 1700 вработени и околу 300 поштари со договор на дело се уште ја чекаат декемвриската плата за чија исплата законскиот рок е 15 во ...

СДС е против „Безбеден град“ и покрај бројките и јасните резултати, помалку жртви, помалку повредени, а повеќе безбедност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и Филипче се против безбеден град, против заштита на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, против намалувањето на повредени и човечки жртви во сообраќајот. СДС се против и покрај фактите и бројките за помалку жртви и помалку повредени, СДС се против се што е добро ако не е од нив. СДС додека ...

Вчера покажавме како изгледаат фабрикуваните лаги, токсичните наслови и погрдните текстови од кујните на ВМРО со илјада примери. Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои седејдневно се соочуваат граѓаните. Секојдневните скандали и катастрофалната економска состојба ги покрива со постојан дефокус и пренасочување на вниманието на граѓаните, кажа на прес-конференција Богданка Кузеска- портпаролка на СДСМ. Како ...

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Како што соопштуваат од партијата, при подготовката на амандманите биле земени предвид аргументите на експертите и на невладините организации изнесени на јавната расправа, како и заложбите на СДСМ за прецизни законски решенија што ќе обезбедат услови за борба против криминалот и корупцијата. Со амандманите, СДСМ бара измена на ...

Скопје осамна со билборди на кои на српски јазик е испишано „Денот на Свети Сава во Македонија“ – уште еден показател за засиленото српско влијание во земјата, во услови на самоблокада на европскиот пат, јавува репортер на БГНЕС. Белград сè поотворено и подемонстративно ги наметнува своите историски и политички наративи на македонска територија, вклучително и преку Свети Сава, кој се перципира како заштитник на српската државност. Српски ...

На 17 јануари 2026 година, во Културниот центар „Булгарика“ во Чикаго, се одржа настан посветен на историјата и културното значење на бугарскoто кисело млеко во Северна Америка. Настанот беше организиран од Македонската патриотска организација (МПО) „Пирин“ и собра претставници на бугарската заедница, љубители на традиционалната кујна, историчари и гости заинтересирани за бугарското културно наследство на македонските Бугари. Главниот фокус ...

Изложбата „Национално/локално“ на уметничката галерија во Казанл’к беше отворена синоќа во галеријата на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, јавува БТА. Симболиката на изложбата, која љубителите на уметноста во главниот град на Северна Македонија ќе можат да ја посетат до крајот на април, е и во тоа што со неа Ликовната галерија – Казанлак ја одбележува својата 125-та годишнина. „Колекцијата на Уметничката галерија во Казанл’к ...

Од администрацијата на „Дондуков“ 2 соопштија дека бугарскиот претседател во оставка Румен Радев ќе ја напушти претседателската институција денеска во 16.00 часот, пренесува БГНЕС. На 19 јануари тој го одржа своето последно обраќање до бугарскиот народ, во кое објави дека поднесува оставка од функцијата. Румен Радев ќе биде испратен од парадниот влез на институцијата од потпретседателката Илијана Јотова, која по изјаснувањето на Уставниот суд ...

Претседателот на Украина остро ги критикуваше постапките на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Давос, обвинувајќи го дека ги предава европските интереси во корист на Русија, пишува Фактор. „Секој Виктор што живее од европските пари, а истовремено ги продава европските интереси, заслужува тупаница по тилот“, изјави Зеленски, без директно да го спомене презимето на Орбан. Тој додаде дека ако Орбан се чувствува комотно во Москва, тоа „не значи ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изрази разочарување од недостигот на „политичка волја“ во Европската унија за решителни чекори против рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека колебливиот пристап на Брисел го ослабува притисокот врз Москва во клучен момент за европската безбедност. Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски нагласи дека за спречување на нова руска агресија на Украина ѝ се потребни цврсти ...

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев реагираше на критиките поврзани со одлуката за учество во т.н. „Совет на мирот“, наведувајќи дека станува збор за дипломатска иницијатива без финансиски обврски за Бугарија и без заобиколување на демократските процедури. Во објава на социјалните мрежи, Ковачев посочува дека „нема финансиски ангажман за Бугарија“, нагласувајќи дека јавните коментари по темата бараат поголема прецизност. Тој додава дека ...

Првите трилатерални мировни преговори меѓу Соединетите Американски Држави, Украина и Русија ќе се одржат денес во Абу Даби, потврди Кремљ. Средбата следи по разговорите меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Давос и средбата на американската делегација со Владимир Путин во Москва, пишува Скај њуз. Потврдата за руското присуство дојде откако Владимир Путин се сретна со мировниот претставник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред ...

Намалена видливост и појава на магла утрово има во околината на Смојмирово и Буково до 50 метри, Ѓавато до 80метри, Струмица до 100м., Тетово до 40м., Петровец до 150м. и Делчево до 50м. АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. „Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната ...

Бројот на жртви во железничката несреќа во јужна Шпанија се искачи на 45 откако телата на уште двајца мажи беа пронајдени во остатоците, објави регионалната влада на Андалузија. Се верува дека мажите се две лица кои се водеа како исчезнати по несреќата што се случи кога два брзи возови се судрија во близина на Адамуз во неделата вечерта. Телата сè уште не се официјално идентификувани од Институтот за судска медицина во Кордоба. Местото на ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека мировниот план за завршување на војната со Русија е речиси готов. Во својот говор на Светскиот економски форум во Давос, тој рече дека документите насочени кон завршување на војната се речиси готови, дека тоа е навистина важно. „Украина работи со целосна искреност и решителност и носи резултати. Русија мора да биде подготвена да ја заврши оваа војна, да ја запре оваа агресија“, ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој ја предводи македонската делегација во работна посета во Кралството Шпанија, денеска во Мадрид присуствуваше на свеченото отвoрање на 46. издание на Меѓународниот саем за туризам „ФИТУР 2026“. Саемот, кој ќе трае до 25 јануари, го отворија шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција. На отворањето присустваа и координаторот за туризам во Владата на РМ, Акан Махмут и македонскиот амбасадор во ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
62%
1012
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
51%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
52%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
57%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.8
92%
1018
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
58%
1017
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.66
64%
1012
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
71%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
47%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.68
68%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
45%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Калај

43.90

Иридиум

258288.78

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.18

Родиум

350443.14

Цинк

3.07

Злато

166450.52

Кобалт

66.14

Паладиум

45911.27

Платина

60154.05

Бакар

10.68

Рутениум

56199.51