
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потврди дека неговиот француски колега Емануел Макрон ќе пристигне во Вашингтон, „можеби во понеделник“, поради несогласувањата околу решавањето на конфликтот во Украина. Запрашан во претседателскиот авион за распоредот за средбата со Макрон, Доналд Трамп одговори: „Многу наскоро, можеби во понеделник“. Непосредно пред тоа, американски функционер изјави дека шефот на француската држава се очекува во ...
Три лица, меѓу кои и 13-годишни близнаци, се повредени во руски воздушен напад врз висококатница во Херсон, Украина, во текот на ноќта, а една жена е повредена во напад на руско беспилотно летало врз Одеса, соопштија официјални лица. #Odesa #Ukraine️ is under heavy #Russian drone attack after #Trump claims. Thank you #POTU pic.twitter.com/36GQ3Gqx58 — Sergey Panashchuk (@SergePanashchuk) February 19, 2025 Шефот на регионот Херсон, Александар ...
Папата Франциско, кој е седми ден во болница, помина мирна ноќ и појадуваше, објави Ватикан во новото соопштение за здравјето на Светиот Отец. „Ноќта помина мирно, папата стана и појадуваше“, соопшти Ватикан. Папата Франциско има билатерална пневмонија, објави во вторникот Ватикан, што го комплицира лекувањето на 88-годишниот папа и покажува дополнително влошување на неговата кревка здравствена состојба. Ватикан вчера објави дека папата ...
„Последната одлука на Владата да се ограничат маржите е задоцнета, половична и со суштински недостатоци поради кои граѓаните нема да почувствуваат ефекти. Замрзнувањето со ниво на цени од 1 февруари не е решение за скапотијата, затоа што податоците на Државниот завод за статистика укажуваат дека веќе во јануари има пораст на цените. Тоа значи дека Владата ги замрзна цените откако се покачија, што претставува нова манипулација“, велат од СДСМ. ...
„Срамно е СДС да зборува за пациентите за кои не само што ништо не презема, туку ги лечеше со вода и остави листи на пациенти кои со години чекаат токму за ПЕТ скен. За разлика од нивното невнимание и негрижа денес овие листи се двојно намалени од раководството на ПЕТ центарот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Сакајќи да направат хистерија и недоверба во јавното здравство, зачудува фактот што СДС не знае основни процедури поврзани со овој апарат. Станува ...
„Со месеци сведочиме на невиден хаос во македонското јавно здравство, предизвикан од неспособноста на Арбен Таравари и Владата на ДПМНЕ. Меѓу најпогодените од овој катастрофален менаџмент се онколошките пациенти, чии животи се директно загрозени“, велат од СДСМ. „Неодостаток на лекови, катастрофалните услови, долгите чекања, недостатокот на медицински кадар – голготата на онколошките пациенти не запира! Немаше лекови за биолошка терапија на ...
Времето утрово ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени. Во Скопје утрото претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека смета на единството и храброста на своите сонародници, како и на прагматизмот и „конструктивниот“ пристап во односите со САД. „Ние стоиме цврсто на сопствените нозе. Сметам на украинското единство, нашата храброст… на единството на Европа и прагматизмот на Америка“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање. „Затоа што на Америка и треба успех исто како и нас“. Тој рече дека во четврток ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Русија „ја држи картата“ во какви било мировни преговори за ставање крај на војната во Украина бидејќи „зазела многу територија“. „Мислам дека Русите сакаат да го видат крајот на војната, јас навистина сакам. Мислам дека ги имаат картите, бидејќи зазедоа многу територија. Тие ги имаат картите“, изјави Трамп за Би-би-си додека се враќаше во Вашингтон по говорот на инвестицискиот самит ...
Најмалку две лица загинаа синоќа кога два мали авиони се судрија во воздух над регионалниот аеродром Марана во американската сојузна држава Аризона, соопштија властите. Полициската управа во Марана ја потврди смртта на две лица и рече дека двата авиони биле авиони со еднопропелер и фиксни крила. BREAKING: Another American Plane Crash under the Trump administration today in Arizona. What’s going on? We’ve had at least 9 plane crashes since Trump ...
Утрово најстудено било во Берово каде што биле измерени -14 степени, -13 било на Попова Шапка и Маврови Анови, -12 во Крушево и Крива Паланка, -10 во Скопје-Петровец, Претор, Прилеп, Штип и Куманово, -9 во Велес, Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Демир Капија, -8 во Струмица, Виница, Претор и Кавадарци, -6 во Охрид, -4 во Гевгелија. Висината на снежната покривка утрово во 7 часот била 32 сантиметри на Попова Шапка, 8 во Маврови Анови и 1 во Крушево. ...
Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан денеска изјави дека Прага соработува со Полска за одлуката за статусот на Украинците кои во моментов уживаат привремена заштита по крајот на војната. „Чешка се подготвува за сценарија доколку во Украина биде прогласен прекин на огнот или каков било крај на војната. За тоа подготвуваме документи заедно со Полска, која претседава со Советот на Европската унија. Сакаме тоа да биде завршено во ...
Голем гаф на обвинителот. Со изјавата дека ќе се повлече само ако се докаже тешка дисциплинска грешка Коцевски кажува дека доколку е лесна грешка или пропуст, ама да не е тежок тој ќе остане. Кој тоа ќе кажува и суди што е тежок и што е лесен пропуст, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Јавен обвинител, додаваат од партијата, не смее да има никаков пропуст ако сака и другите во државава кои треба да ги истражува да немаат никаков пропуст. „Зошто тогаш тие ...
Со месеци трае хаосот во македонското здравство поради неспособноста на Таравари и ДПМНЕ. Најпогодени се онколошките пациенти, чии животи се загрозени поради катастрофалниот менаџмент, вели Симона Цветановски, членка на извршниот одбор на СДСМ. „Катастрофални услови, неизвесност, чекање, недостиг на кадар, голготата што ги засега пациентите од целата држава продолжува. Веќе со недели недостига биолошката терапија на Клиниката за онкологија, а ...
Австриските власти уапсија четиринаесетгодишник под сомнение дека планирал напад на железничката станица Вестбанхоф во Виена, објави денеска австриската агенција АПА. Тинејџерот беше уапсен, а во неговата куќа беа пронајдени предмети кои сугерираат дека ја поддржува Исламската држава. Извештајот следи по нападот со нож во јужниот град Филах во саботата, во кој 23-годишен бегалец од Сирија е осомничен дека убил тинејџер и ранил пет лица, јавува ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи Александар Јанев денеска во Дојран присуствуваше на средбата по повод вчера одржаната симулациска вежба за прекугранична контролирана испорака, што во организација на мисијата на ОБСЕ во нашата земја беше реализирана од страна на македонските и на грчките полициски служби. Симулациската вежба, во која што од македонска страна учествуваа полициски службеници од повеќе ...
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во тек е акцијата за собирање кабаст отпад на територија на Општина Центар. На три локации, на улиците „Загребска”, „Костурски херои” и „Пролет”, поставени се контејнери за одлагање кабаст отпад. Дополнително, секој жител на Општина Центар може да пријави дива депонија на телефонските броеви: 02/3203-693 и 076/350-767. „Со оваа акција, продолжуваме да се грижиме за чистотата на нашата општина, ги ...
Воскресија Вихрова ја постави „Соѕвездија“ од Ник Пејн. Во премиерната изведба настапуваат Антоанета Петрова и Цветомир Лазаров. Сценографијата е на Жарко Узунов, композитор – Емилијан Гацов (Елби). Ник Пејн е фасциниран од различни теории, како што е квантната механика, и се обидува да ги всади во својата игра. Ова беше огромен предизвик за Вихрова. Со текот на годините, Петрова многупати соработувала со Вихрова, почнувајќи од 2005 година. ...
Се случува процес на партизација и политички упад во правосудниот систем на државата од страна на власта, оценува Александар Алексовски, од правната комисија на СДСМ. „Без разлика дали се согласуваме или не, со работата на Републичкиот јавен обвинител, јасно е дека делувањето на ВМРО-ДПМНЕ е со единствена цел: да изврши упад во независноста на правосудната власт и да инсталира обвинител кој ќе биде послушник на власта. Ова значи газење на ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани и директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ), Симонида Кацарска денеска во Министерството за европски прашања (МЕП) на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка, со што ја официјализираа заедничката заложба на МЕП и ЕПИ за успешно реализирање на проектот „Следење на реформи и раст во ЗБ“ (WB Reform and Growth Monitor). Проектот кој е финансиран од Европската Унија, ...
САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер. Таа нагласи дека она што сакаат да го видат е дека во сите процеси се почитува законот. Агелер нема коментар за владиниот предлог за разрешување на Коцевски, кажа дека процесот се следи одблизу. „Немам коментар, запознаена сум и го следиме процесот, според моите сознанија во тек е процесот согласно законските процедури и одблиску го ...
За првпат Македонија надмина над 1 милијарда евра директни странски инвестиции и очекувам овој тренд на зголемување да продолжи и оваа година, истакна вицепремиерот Александар Николоски денеска од Охрид. “Можам со гордост да кажам од она што ги имаме како бројки од Заводот за статистика, минатата година ќе биде рекордна година по привлекување на странски инветстиции во смисла на вредност на истите. Ќе надминеме за првпат во историјата на ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими, денеска ја посетија скопската Општина Ѓорче Петров, како дел од теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“. Одржаа работна средба со градоначалникот Александар Стојкоски и членовите на општинскиот Совет, на која разменија мислења за актуелните измени на Законот за локална самоуправа, зборуваа за предизвиците со кои се соочува Општината, ...
Кејт Келог, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, денеска пристигна во Киев за да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Посетата на Келог дојде еден ден по разговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Русија во Ријад, чија цел беше да се стави крај на војната, а во кои Украина не беше вклучена. „Ова ќе ни даде можност да водиме добри, суштински разговори“, рече Келог. Тој додаде дека ...
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека предлогот на САД за клучниот договор за минерали е неправеден бидејќи не вклучува безбедносни гаранции и дека не сака Украина да стане центар за суровини, ја цитираат турските медиуми. Минатата недела Киев му испрати на Вашингтон ревидиран нацрт-договор кој би можел да ги отвори своите огромни ресурси на клучни минерали за американски инвестиции за да помогне да се добие американската поддршка, поради ...
„Македонија мора да функционира како правна држава, а за тоа неопходни се коренити реформи во правосудството. Неопходно е независно судство и неопходно е судство да е растоварено од политички влијанија. Функционирањето на Кацарска и Трпков судството во сојузништво со партиските послушници на СДС и ДУИ обвинителите, Коцевски и Рускоска е поразително за Македонија. Кацарска, Трпков, Коцевски, Рускоска и останатите кои не постапувале по предметите, ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска го поздрави договорот за 16-тиот пакет санкции на Европската унија против Русија и рече дека ЕУ е посветена да продолжи да врши притисок врз Кремљ. „ЕУ уште пожестоко се бори со заобиколувањето со таргетирање на повеќе бродови од флотата во сенка на Путин и воведување нови забрани за увоз и извоз. Ние сме посветени да го задржиме притисокот врз Кремљ“, рече фон дер Лајен на ...
Основното јавно обвинителство Скопје ја прими и веќе постапува по пријавата на Финансиската полиција против Перпарим Бајрами, известуваат од ОЈО Скопје. „Со оглед дека осомничениот се уште е недостапен на органите на прогонот и по него се трага со национална и меѓународна потерница, ќе се преземат други дејствија за испитување и прибирање докази“, соопштуваат од ОЈО Скопје. Денеска Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство ...
Амбасадорите на земјите-членки се договорија за 16-тиот пакет санкции против Русија поради нејзината агресија врз Украина, кој ќе биде усвоен следниот понеделник, на 3-годишнината од руската инвазија. Новиот пакет, кој се очекува официјално да биде усвоен од министрите за надворешни работи на земјите-членки во понеделник, точно на третата годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, меѓу другото, вклучува забрана за увоз на руски ...
Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. „Ја поздравувам најголемата донација во земјата од страна на македонската компанија ЕКОТИП во вредност од 1 милион евра. Оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител Mann+Hummel ...