Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Украина изврши напади со беспилотни летала во текот на ноќта врз неколку руски енергетски објекти, вклучувајќи ја нуклеарната централа Курск и нафтениот терминал во пристаништето Уст Луга во Ленинградската област, потврдија руските власти. Во нападот врз нуклеарната централа во Курск, недалеку од границата со Украина, помошниот трансформатор беше оштетен, што доведе до намалување на оперативниот капацитет за 50 проценти, според официјални лица. ...
Фудбалерите на Кремонезе направија големо изненадување на стартот на сезоната во Серија А. Кремонезе на Сан Сиро со 2:1 го победи Милан. Во истиот термин Рома со минимален резултат ја победи Болоња. Повратникот во Серија А, Кремонезе му го расипа дебито на Лука Модриќ во Серија А, прв пат во историјата успеа да го победи Милан на „Сан Сиро“. Во 28-та минута, стоперот Федерико Баскирото им донесе предност на гостите со удар со глава, а во првата ...
Сопственичка на италијанска пицерија стана херој на социјалните мрежи откако лично ги пронајде и им наплати на двете туристки кои се обидоа да избегаат без да платат. Микела Малатини, сопственичка на пицеријата Ai Due Re, користеше снимки од безбедносни камери и моќта на социјалните мрежи за да им предаде сметка од 44 евра на две Французинки, пишува The Guardian. Двете Французинки вечерале во ресторанот во Чивитанова Марке, град на јадранскиот ...
Порталот дознава дека службениот и-мејл и телефонот на извесниот Мемет Жаку, вработен во Министерството за надворешни работи, е употребен за спонзорирање на објава на Фејсбук во полза на Бујар Османи. Во објава спонзорирана завчера, јасно е напишан мејлот на господинот Жаку и неговиот телефонски број, пишува „Плусинфо“ кој објавува и фотографија од објавата. За Мемет Жаку велат дека е шеф на кампањата на Бујар Османи, во трката за клучната ...
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, вчера изјави дека доаѓањето на работници од странство ја стимулирало економијата во еврозоната во текот на изминатите години и дека тие помогнале да се надоместат скратеното работно време и намалените реални плати. На годишниот симпозиум на американските Федерални резерви (ФЕД), што се одржува во Џексон Хол, во американската сојузна држава Вајоминг, таа укажа дека миграцијата ...
Во Кочани повторно се одржа марш на родителите, роднините и пријателите на младите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“. Болни сцени, солзи и тишина ја обележаа поворката, при која родителите носеа фотографии од своите деца. „Корумпираната држава ни ги украде децата. Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата. Ни го украдоа сонот, ни ја скратија иднината, а болката ја претворија во наша ...
Кардиналот Матео Зупи во италијанскиот град Болоња предводеше трогателно седумчасовно молитвено бдение за сите деца загинати во конфликтот меѓу Израел и Хамас од почетокот на војната пред две години. На бдението, кое се одржа во паркот Монте Соле ди Марцабото, беа прочитани имињата и возрастите на вкупно 12.227 деца жртви – 16 израелски и 12.211 палестински, врз основа на официјални податоци од двете страни. Кардиналот Зупи ги повика присутните ...
Фудбалерите на Барселона ја совладаа екипата на Леванте со 2:3 во синоќешниот натпревар од шпанската Ла Лига. Вреди да се напомене дека Леванте водеше со 2:0 на полувреме, но во вториот дел Барса додаде гас и успеа да го сврти резултатот во своја полза. Домаќините одлично започнаа и со голот на Ромеро поведоа во 15 минута. Се играа последните моменти од првиот дел, кога Леванте направи контра напад и домаќините добија пенал. Искусниот 38-годишен ...
Силна и ненадејна бура со ветер и град го погоди брегот на италијанскиот регион Ромања рано утрово. Бурата прво ја погоди областа Равена и Червија, а потоа со голема сила ја погоди и покраината Римини, предизвикувајќи поплави, јавува агенцијата ANSA. Според италијанските медиуми, дрвја паѓале, а улиците се претвориле во поројни потоци во некои области, што предизвикало и тешкотии во сообраќајот. Надлежните служби во Италија во моментов ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат праксата на приватните болници и ќе утврдуваат дали се извршувале непотребни операции кај пациенти. Еден експерт ќе биде од Словенија, вториот е од Италија, а за третиот се разгледуваат кандидати од Австрија и Германија“, изјави Алиу за ТВ 24. Министерот нагласи дека ангажирањето на странски експерти е направено ...
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ, го објави конечниот список од 12 кошаркари кои ќе го бранат националниот дрес на претстојното ЕП. На списокот се најдоа проверени имиња и носители на играта, меѓу кои Алекса Аврамовиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ, Никола Јовиќ, Филип Петрушев, Никола Јокиќ, Никола Милутинов и Тристан Вукчевиќ. Овој состав ...
Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески кој беше дел од настанот Саем- отчет, 4 години работа за тебе стави акцент на новиот Оперативен план за вработување. Според Ристески ова е најобемниот Оперативен план. „Ова е најголемиот Оперативен план за вработување. За истиот се предводени околу 40 милиони евра. Или тоа се 7 милиони евра повеќе од претходниот оперативен план“, информира Ристески. Ристески укажа дека целта на планот е да ...
Френк Каприо, американскиот судија од Род Ајленд кој со својата добрина и човечност ги освои срцата на милиони луѓе ширум светот, почина на 88-годишна возраст по долга борба со рак на панкреасот. Веста за неговата смрт беше соопштена на неговиот официјален Инстаграм-профил, каде што беше истакнато дека „сочувството, скромноста и вербата во добрината на луѓето“ остануваат како негово најголемо наследство. „Ќе биде запаметен не само како почитуван ...
Поминаа три години откако Роџер Федерер ја заврши својата кариера, но и покрај тоа популарноста на швајцарскиот тенисер не опаѓа. Всушност, како што проценува „Форбс“, 44-годишникот од Базел сега има богатство од 1,1 милијарда долари. Неговото богатство се зголеми благодарение на добриот бизнис на брендот „Он“, кој продава патики. Федерер, чии родители работеле во фармацевтската индустрија, зад себе има импресивни тениски достигнувања, а во ...
На фејсбук-страницата „Станови за изнајмување во Дубровник“ овие денови се појави објава што ги насмеа оние што ја видоа. Имено, на страницата Андреа Оберан и нејзиното момче објавија необичен оглас во кој бараат стан за долгорочен наем – и тоа во стил што ретко се гледа во морето од сувопарни огласи. Огласот почна со духовит вовед: „Бараме стан затоа што двајцата го сакаме Дубровник повеќе од нашите бубрези (и можеби ќе треба да продадеме еден ...
Франција го повика италијанскиот амбасадор во Париз на разговори откако италијанскиот вицепремиер Матео Салвини го критикуваше францускиот претседател околу неговото инситирање за испраќање европски трупи во Украина, јавува Еуроњуз На прашањето дали би ги коментирал повиците на Емануел Макрон да испрати војници од европските земји во Украина доколку се постигне договор со Русија, Салвини претходно оваа недела му рече: „Оди ако сакаш. Стави го ...
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска одбележува 24 години од своето формирање, а припадниците на оваа единица потсетија дека не ги забораваат своите колеги кои го дале животот за безбедноста и мирот на Македонија. „Додека денес го одбележуваме Денот на Единицата за брзо распоредување и им оддаваме почит на храброста, посветеноста и професионализмот на припадниците на оваа единица, не смееме да ги заборавиме сите оние кои го дадоа својот ...
Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, заедно со кандидатката за градоначалничка на Општина Карпош, Маја Мојсова, одржаа средба со жителите на скопската населба Карпош, на која што се разговараше за нивните предлози за подобрување на условите за живот во оваа општина, а воедно и за кејот на Вардар во делот на општината Карпош, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое што МИА го пренесува интегрално. ...
Златко Перински, министер за локална самоуправа на настанот Саем-Отчет, 4 години работа за тебе информираше дека оваа Влада финансираше околу 1200 проекти од различни области во сите општини ширум Македонија. „На првиот повик од минатата година се пријавија општините за 288 проекти, од кои 137 се завршени. На вториот повик имаше 887 апликации, а беа прифатени точно 828 проекти. Кумулативно тоа се околу 1200 проекти кои се реализираат со помош на ...
Корисниците на банкомати никогаш не знаат колку провизија им наплаќаат машините на „странските“ банки, а најголемата опасност е ако подигнат готовина во странство! За трансакции со подигање готовина и плаќања со картички, секоја банка наплаќа провизија во согласност со својата деловна политика. Банките наплаќаат до четири проценти од подигнатиот износ или три до четири евра по трансакција за подигање готовина на банкомати, во зависност од ...
Куманово веќе со години наназад функционира како личен, криминален вилает на Максим Димитриевски,се наведува во соопштението од СДСМ од прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Куманово Мартин Костовски. Куманово стана алатка за задоволување лични и бизнис интереси. Наместо развој, проекти, резултати, граѓаните добија лаги. Бројните скандали во изминатиот период го потврдуваат тоа: -Кумовски шеми со парцели. Земјиште од семејството ...
Буркина Фасо стави крај на активностите на невладината организација „Target Malaria“, финансирана од Бил Гејтс и Европската комисија, која ослободувала генетски модифицирани комарци со цел борба против маларија. Министерството за истражување на земјата соопшти дека проектот е официјално завршен, а оградените простори каде што се одгледувале модифицираните комарци се запечатени. Мажјаците на овие инсекти, кои биле пуштени во провинцијата Ует, во ...
Моника Селеш, една од најдобрите тенисерки во историјата, која во свое време беше непобедлива, најверојатно ќе му биде тренер на најдобриот тенисер на сите времиња, на Новак Ѓоковиќ.Познато е дека Селеш е родена во Нови Сад во 1973 година, но со децении живее во САД. На прашањето дали ова е вистина, Новак на пресот имаше свој одговор: „Како да ми ги читате мислите… Но, не можам да кажам ништо повеќе. Зборував за такво нешто, ајде да видиме. Ќе ...
На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кој истакна дека пред четири години општина Аеродром била општина со 0 транспарентност, максимална затвореност, тешка пристапност од страна на граѓаните и општина која не работела во интерес на граѓаните. „Ние пред 4 години наследивме една општина којашто имаше 0 транспарентност, општина којашто не работеше во интерес на ...
Фер конкурентност на економијата преку откривање царински измами со храна, зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и координиран пристап на Царинската управа и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и олеснување и забрзување на легалната трговија преку усогласување на смените на двете институции. Ова се конкретните резултати од мерките на институциите, а коишто беа дефинирани од директорот на Царинска ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе рече дека на овие избори на површина ќе излезат се уште живите непринципиелни коалиции на криминалот, корупцијата и личните интереси. Еден човек ми вели го готвите ДУИ да ви биде партнер во владата. Мојот директен одговор е ДУИ уште долго ќе биде во опозиција, затоа што досега не научи ниту една лекција. Не ги ставивме во опозиција за ...
Според британските и шпанските медиуми, Тотенхем е блиску до договор со Реал Мадрид за позајмицата на Родриго. На „Сантијаго Бернабеу“ го прифатиле моделот на позајмица со можност за откуп, а останува да се договори кој колку од платата ќе покрие и согласноста на играчот. Клубовите се во постојан контакт за позајмица со опција за откуп, а Арсенал, Ливерпул и Манчестер сити претходно покажаа интерес за Бразилецот. Родриго е во втор план кај ...
Експертите ширум светот постојано советуваат што да се јаде и пие, а нивните препораки често вклучуваат листа на најнездрави намирници. Порталот EatThis објави листа на 100-те најнездрави производи, а на самиот врв е – чипсот. Чипсот, како што се покажа, е еден од најлошите избори за исхрана. Содржи големи количини сол, вештачки бои и адитиви, додека речиси и да нема влакна или хранливи материи. Накратко, во чипсот нема ништо корисно за ...
Една третина од жителите на Германија се загрижени дека ќе ја изгубат работата поради експанзијата на вештачката интелигенција (ВИ), покажаа резултатите од анкетата нарачана од агенцијата ДПА. Спроведена од институтот за анкети YouGov, анкетата врз 2.175 лица покажа дека 34% од испитаниците се загрижени за нивниот работен статус поради ВИ, додека 62% не се чувствуваат загрозени. Иако не се забележани значајни разлики меѓу поддржувачите на ...
Министерството за здравство воведе нов електронски модул за транспарентен преглед на донациите во здравството, со кој јавноста ќе може во секое време да има увид во видот, вредноста и донаторите на пристигнатата помош. Модулот е достапен на веб-страницата donacii.zdravstvo.gov.mk и овозможува детални информации за секоја донација примена од Министерството или јавните здравствени установи. Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека досега ...