Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Во моментов цела Македонија е едно големо градилиште, само во општините имаме преку 1200 активни проекти кои што ги поддржува министерството за транспорт и Владата, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт на денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“. Николски ги наброја големите инфраструктурни проекти коишто во моментов се градат преку министерството и ЈПДП, како и оние проекти кои ...
Кандидатите за градоначалници и советници на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата. Соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Од вкупно пристигнатите 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени и електронски медиуми и интернет портали. ДИК одобри рекламирање на 33 телевизии, 42 радиостаници. Осум печатени медиуми и 246 интернет портали, на кои ќе се рекламираат кандидатите и ...
На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел дискусијата имаше градоначалникот на Кисела Вода и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој образложи што е направено изминатите 4 години за општината односно ги истакна клучните проекти кои се направени изминатиот период како вложувањето во патната инфраструктура, изградба на градинки, инвестирање во образованието со изградба на ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михаилис Рокас. Разговорот беше посветен на реформските процеси во енергетскиот сектор, со посебен осврт на ажурирањето на законодавната рамка и подготовката на нови стратешки документи. Министерството информираше за реализираните и планираните активности во рамки на Реформската агенда, ...
Почетокот на четиригодишниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се оцени како период на разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос и раст на трошоците за граѓаните, велат од СДСМ. „Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ се четири години разочарувања за граѓаните. Наместо развој и проекти, донесоа само тендерски скандали и партиски злоупотреби на народните пари“, истакнаа од СДСМ. Според партијата, низ општините предводени од ...
Ние ќе се менуваме и надоградуваме и усовршуваме врз основа на потребите и барањата на граѓаните. Тие што добро ме познаваат знаат дека ниту една функција не е загарантирана ниту вечна, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан, по повод отчет за четиригодишната работа на градоначалниците. Посочи дека токму затоа, веднаш после локалните избори ќе има промени во партијата, како и реконструкција и подобрување на ...
Република Македонија го потврди своето учество на специјализираниот саем „ЕКСПО 2027“ во Белград – објави истоимената компанија. Македоннија ќе биде една од 119-те земји кои ќе ја претстават својата визија за главната тема „Игра(и) за човештвото: Спорт и музика за сите“ во Белград од 15 мај до 15 август 2027 година. Според соопштението за медиумите на компанијата „ЕКСПО 2027“, Македонија е препознаена како едно од последните засолништа кои нудат ...
На настанот Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ кој започнува денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше свое обраќање. -Честта е одгромна да се присуствува на политичкиот саем кој е одговор на прашањето што работеа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во последните черити години. Тоа за нас претставува и одговорна одговорност, затоа што не бегаме од сите наши решенија, од целата наша работа и од проектите ...
На референдумот, кој е закажан да се одржи на 25 октомври, граѓаните на РС ќе гласаат и за одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ да му се одземе мандатот на Додик како претседател на тој босански ентитет. Одлуката за референдумот не е во согласност со Уставот на БиХ, кој не предвидува можност субјектите самостојно да распишуваат референдуми за одлуки на државните институции. Референдумското прашање гласи: „Дали ги прифаќате ...
На територијата на државата денеска до 09:00 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои нема ниту еден активен пожар, под контрола е еден пожарот во повеќенаменско подрачје Јасен, во Општина Македонски Брод, каде повеќе од десетина дена гореше мешана шума, а изгаснати се 17 пожари, информираат од ЦУК. Изгаснати се пожарот кај Брана Езеро Козјак, во Општина Сопиште каде гореше ниска вегетација и шума, како и пожарите во Општина ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го отпушти генералот чија прелиминарна разузнавачка проценка го налути претседателот Доналд Трамп со извештајот дека американскиот напад врз иранските нуклеарни постројки во јуни не предизвикал голема штета, објавија медиумите. Масовните отпуштања на Пентагон, потврдени за Ројтерс и Асошиејтед Прес (АП) од страна на американските претставници во петокот, вклучуваат и двајца други високи воени ...
Министерството за внатрешни работи наскоро ќе ја засили контролата на учесниците во сообраќајот со набавка на нова генерација брзи тестови за дрога преку плунка, дознава порталот 4NEWS.mk. Како што пренесува порталот, станува збор за брзи имунохроматографски тестови, специјално наменети за употреба од овластени службени лица без потреба од медицинско предзнаење. Тестовите се едноставни за употреба и овозможуваат земање примерок за помалку од ...
Туристички автобус излета од патот и се преврте во американската сојузна држава Њујорк, при што загинаа најмалку пет лица, а десетина се повредени, соопштија локалните власти. Меѓу загинатите е и едно дете, изјави портпаролот на државната полиција Џејмс О’Калаган. Повеќето од патниците биле од азиско потекло. Меѓу нив имало кинески, индиски и филипински државјани. Несреќата се случила на автопатот 90, околу 30 милји источно од Бафало, додека ...
Дури девет нови компании ќе заработат кривични пријави, под сомнеж за испраќање лажни фактури – една во сметководство, друга во ревизија, трета во Фондот за иновации и технолошки развој, дознава Фактор. Дел од овие фирми, според нашите информации, меѓусебно си наплаќале кирии, користеле исти софтвери и исти алатки, а предметите веќе се подготвени за пријава. Има и компании кои зеле државни пари преку ФИТР, а кои се под ревизија. Овие наводи го ...
Меѓу приказните што ги поврзуваат морето, верата и уметноста, малкумина се попознати од онаа на Христос од Бездната. Тоа е бронзена статуа што стои седум децении на дното на морето, во близина на Џенова, со раширени раце и лице свртено кон површината. Статуата е поставена во 1954 година во заливот Сан Фрутуозо, помеѓу Џенова и Портофино, и е висока 2,5 метри. Идејата ја дал нуркачот Дулио Марканте, во чест на неговиот пријател Дарио Гонзати, ...
Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена односно до 11 септември на полноќ. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври. Претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарско на вчерашната седница ги повика граѓаните од денеска до 11 септември на полноќ да се извршат увид во ...
Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Њујорк каде што се подготвува за поход кон својата 25. гренд слем титула во кариерата.Во разговор за српските медиуми, Ѓоковиќ зборуваше и за ситуацијата во Србија: „Состојбата во земјата генерално е таква што на луѓето најмалку им е до спорт… Се случуваат многу работи, голема е транзицијата и на народот и на државата… Без да навлегувам во политика, бидејќи веќе доволно сум зборувал на таа тема, се надевам ...
Обезбедувањето на рускиот претседател Владимир Путин секогаш е предмет на големо внимание на социјалните медиуми од различни причини. Сега, тие се повторно во центарот на вниманието, а причината е повеќе од невообичаена. Според медиумските извештаи, телохранителите на Путин наводно носеле куфери со измет на самитот во Алјаска со американскиот претседател Доналд Трамп, објавува „Економски тајмс“. Практиката, за која првпат објавија ветераните ...
Фудбалерите на Баерн беа повеќе од убедливи на отворањето на новата сезона во Бундеслигата. Актуелниот шампион на Германија го пречека тимот на Лајпциг и го декласира со 6:0. Традицијата продолжи, бранителот на титулата речиси никогаш не ги губи натпреварите што вообичаено ги игра на отворањето на новата сезона. Исто беше и сега, бидејќи Баерн не остави ниту една шанса за тимот од Лајпциг, за да можат да се вратат од Минхен со бодови. Од ...
Вест Хем доживеа тежок пораз на Олимпискиот стадион во Лондон од градскиот ривал Челси. Во првиот меч од втората рунда, Челси победи со 5:1. Натпреварот започна идеално за Вест Хем, а заврши кошмарно. Медиумите веќе шпекулираат дека менаџерот Грем Потер ќе добие отказ. Лукас Пакета постигна голшиште во шестата минута. Голот оди и на душа на голманот Санчез кој можеше подобро да реагира. Од 15.минута започна кошмарот за „чеканите“, кои повторно ...
Агенти на ФБИ во извршија претрес во домот на поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, Џон Болтон, во Мериленд, пренесува Си-Ен-Би-Си. Рацијата е дел од „истрага за национална безбедност во потрага по класифицирани записи“, изјави лице запознаено со ова прашање за NBC News. Службеник на ФБИ изјави: „ФБИ спроведува судски овластена активност во областа. Нема закана за јавната безбедност“, но одби да коментира ...
Климатските промени ги преполовуваат годишните приноси на мед. Пчеларите од охридскиот регион велат има пчеларници кои годинава имаат дури и 100 процентна загуба па се откажуваат од производство. Државата дава поддршка од 10 евра по пчелно семејство, но според пчеларите потребно е зголемување, воведување субвенциии во опрема за мотивација на нови пчелари, како и намалување на минималниот праг за аплицирање во ИПАРД програмите. Дополнителен ...
Австриското Министерство за социјална политика е сомничаво во однос на транспарентното прикажување на намалените цени на храната во синџирите супермаркети Billa, Spar, Hofer и Lidl. Тврдат дека овие синџири не ја исполнуваат својата обврска да ја прикажат најниската споредлива цена во последните 30 дена. Следствено, во многу случаи, на клиентите им е нејасно дали штедат пари со купување на артикл за кој е наведено дека е на распродажба. ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во државата, Н.Е. Михалис Рокас. Министерот Николоски го информираше евроамбасадорот за прогресот на актуелните проекти под надлежност на Министерството за транспорт, со акцент на проектите во патната и железничката инфраструктура како дел од Коридорите 8 и 10. Соговорниците разменија мислења и ставови за ...
„Туркиш ерлајнс“ во вторникот објави дека „Ер Европа“ ја прифатила нивната понуда од 300 милиони евра за стекнување на малцински удел во задолжениот шпански превозник. Реклама Во соопштение до регулаторот на Истанбулската берза (КАП), турскиот национален превозник изјави дека „Ер Европа“ ја прифатила доставената обврзувачка понуда“ и дека процедурите за заклучување на договорот се започнати. „Трансакцијата вклучува инвестиција од 300 милиони ...
Имам предложено три сета механизми. Под 1: „Чаир 48“ што подразбира оперативни механизми, за да станат граѓаните заштитници на јавниот интерес. На дневна основа ќе се објавуваат јавни табли, каде што сите активности на општината ќе бидат прикажани со рокови, за граѓаните да бидат информирани за секоја работа што ја извршува општината. Секое барање, секое прашање на граѓанинот ќе добие одговор во рок од 48 часа. Ова е еден од најголемите проблеми ...
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), Васе Анакиев, заедно со инспекторски тим, изврши контрола кај повеќе откупувачи на пиперка „куртова капија“ во Струмичкиот регион. Во контролата, како што соопштуваат од ДИЗ, беше проверено дали откупувачите имаат јавно истакнати цени и дали се почитуваат правилата за класификација на производот. Согласно со утврденото, моменталните откупни цени се: • Екстра класа – 50 денари/кг • I ...
Германската економија падна за 0,3 проценти во вториот квартал од 2025 година во споредба со претходниот квартал, со побрзо темпо од прелиминарната прогноза за пад од 0,1 процент, објави денес Федералниот завод за статистика (Дестатис). Германската економија претходно забележа квартален раст од 0,3 проценти во првиот квартал од 2025 година. Главната причина за падот во вториот квартал беше послабата инвестициска активност – инвестициите во ...
Македонската женска кошаркарска репрезентација до 16 години го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Б дивизијата, откако денеска во Истанбул загуби од Бугарија со 80:62 во рамки на групата Д. Македонските кошаркарки беа во негатива на полувремето (40-29), а предноста на Бугарија достигна највисоки плус 19 во финишот на третата четвртина. Со серија од 14-1, македонскиот состав се доближи на негативата од само шест поени (54-60) во ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е подготвен да излезе на предвремени парламентарни избори доколку таква можност се отвори по локалните избори во октомври, изјави потпретседателката на партијата Кристина Костова во интервју за емисијата „Вести плус“ на ТВ Канал 5. „За предвремени парламентарни избори зборуваме подолго време. Потребата за нив се наметнува природно поради лошите политики на актуелната владејачка коалиција предводена од ...