
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Владата следната недела ќе донесе Одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му се отстапи на Министерството за здравство како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани. Како што соопшти владината портпаролка Марија Митева, одморалиштето има 27 соби и 56 легла, а е лоцирано во природна и мирна средина што го прави погодно за пациентите. Станува збор за пациенти кои се веќе стаблизирани, но за кои ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува јавен повик до општините ширум државата: да престанат со расфрлање на јавните средства за еднодневни настани и манифестации како што се питијади, ајваријади, скара фестови и слични пригоди. „Наместо тоа, ги повикуваме општинските власти да ги насочат парите кон проекти кои навистина значат подобар живот за граѓаните: повеќе јавни паркинг места, повеќе зеленило и паркови, подобри услови во градинките ...
На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за намалување на бројот на екипи од 12 на 10 во Првата лига за сезоната 2026/27. – Реформите кои ги најави раководството на Фудбалската федерација на Македонија се случуваат со конкретни одлуки и промени во натпреварувачкиот систем. Го менуваме системот одвнатре, поставувајќи темели за пофункционален, поквалитетен и стабилен развој на МФЛ, ...
Додека Заеви заработувале милиони, Филипче имал лично профит од 3 пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ. Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале а граѓаните плаќале повисоки ...
„Мортен Харкет има Паркинсонова болест“. Овој отрезнувачки наслов го видов на официјалната интернет страница на групата a-ha. Мортен Харкет – пејач, текстописец, активист, татко, дедо, партнер и многу повеќе – е дијагностициран со Паркинсонова болест. Болеста, според клиниката Мајо, „е нарушување на движењето на нервниот систем кое се влошува со текот на времето. Нервниот систем е мрежа од нервни клетки кои контролираат многу делови од телото, ...
Дубаи станува сигурна „лука“ за криминалците од регионот. Овој, речиси непознат град пред триесетина години стана нова дестинација за луѓето од подземјето, пишува „Блиц“ Високо рангираните криминалци кои се поврзани со шверц на кокаин најчесто одлучуваат да избегаат во странство бидејќи неговата цена никогаш не паѓа. За да преживеат во оваа намера, на криминалците им е потребна исклучително голема сума пари, затоа е потребно да продолжат да се ...
Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикс, пред квалификацискиот дуел со Албанија во Тирана, најавуваше победа на неговата репрезентација, на крајот беше и повеќе од задоволен со освоениот бод. Голманот на Челзи, кој минатата сезона бранеше на позајмица во Стразбур, Ѓорѓе Петровиќ, се претоври во апсолутен херој на Србија, откако на истекот на првиот дел го одбрани пеналот што го изведе Манај. Пикси на прес-конференцијата бурно реагираше на ...
Украинскиот напад со беспилотни летала насочени кон Москва предизвика затворање на двата клучни аеродроми што го опслужуваат главниот град, соопштија руските власти рано утрово. Руските единици за воздушна одбрана уништија девет украински беспилотни летала што се движеа кон Москва до 4 часот наутро, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин на апликацијата за пораки Телеграм. 🔥 Russia: Fuel & lubricants warehouse on fire after an explosion in ...
Tiktoker под корисничкото име @muscab_salad се одлучи за необичен потфат. Јадел пица, и кога сфатил дека ќе плати 19,99 фунти (околу 24 евра) за Маргарита со достава, реши да провери дали може да одлета до Италија за пица за исто или помалку пари. Патуваше до Трст за пица Најде лет до Трст за 9 фунти, се упати кон аеродромот и се качи во авионот. „Летот малку доцни, но штотуку слетав во Италија и морам да стигнам од аеродромот до центарот на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес и Калифорнија, поради жестоки судири меѓу демонстранти и имиграциски власти. Судирите следеа по протести против масовните апсења на илегални мигранти. „Претседателот потпиша меморандум со кој се осигурува безбедност од анархијата што други дозволија да се прошири“, соопшти портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит. Според ...
Инцидент за време на пренос во живо на вестите на „РЦН“ (RCN) во Колумбија стана вирален, истакнувајќи го неверојатниот професионализам на водителката. Новинарката Роси Лемос одеднаш остана без стол, но нејзината смиреност и способност да се однесува како сè уште да седи го привлекоа вниманието и пофалбите на илјадници корисници на социјалните мрежи. Лемос известуваше за дневните вести кога нејзината столица се лизна и се преврти наназад, ...
Цените во хрватските туристички центри се зголемуваат од година во година, а се чини дека оваа сезона трката за профит започна порано од кога било. Од кафе кое чини пет евра, лежалки кои се изнајмуваат поскапо од ноќевање во соба, до порции риба кои достигнуваат цени како и во луксузните ресторани во европските метрополи – сето ова веќе ги загрижува и домашните и странските гости на Јадранското Море, пишува Блиц. Едно е сигурно – сезоната сè ...
Со порастот на температурите ширум земјата, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денес објави низа препораки за заштита на населението од потенцијално опасните ефекти на топлотните бранови. Апелот е насочен кон сите граѓани, со особен фокус на најранливите категории – постари лица над 60 години, деца, бремени жени, хронично болни, лица со прекумерна тежина, оние со ментални нарушувања и граѓани кои се подложени на специфични терапии. ИЈЗ ...
Американската тенисерка Коко Гоф го освои Ролан Гарос, победувајќи ја Арина Сабаленкa во финалето. Гоф ја освои втората Гренд слем титула во кариерата по пресврт – 6:7 (5), 6:2, 6:4. Таа го имаше своето деби на Отвореното првенство на САД во 2023 година, кога го доби финалето над Белорусинката. Сега има скор од 6 победи и 5 порази. Гоф играше и во финалето на Ролан Гарос во 2022 година, но тогаш немаше шанси против Ига Швионтек, четирикратната ...
Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе се бори за својот живот во болница откако беше застрелан во Богота. 39-годишниот сенатор, кој се кандидира за претседателските избори во 2026 година, е член на опозициската конзервативна партија Демократски Центар, основана од поранешниот претседател Алваро Урибе. Двајцата не се во роднинска врска. Според соопштението на партијата, која го осуди нападот, сенаторот одржувал изборен настан во јавен ...
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Педестница итн. Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Духовден го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната од 30 до 38 степени. Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. -Од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со соработници го обвини милијардерот Илон Маск за зависност од дрога, пренесе „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори. Се додава дека Трамп го опишал поранешниот шеф на Одделението за ефикасност на владата како „голем зависник од дрога“, наведува „Пост“. Маск претходно призна дека користи кетамин, кој му бил препишан од лекар, а „Њујорк тајмс“ неодамна објави дека сопственикот на ...
Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои го прекинаа дуелот пет пати удирајќи ги играчите на Србија во главата со предмети. Верувале или не – судијата не ги испразни трибините, ниту пак ја прекина играта според апсолутно сите критериуми што важат во натпреварувањата на УЕФА. Потегот на натпреварот го ...
Еурофарм Пелистер е нов шампион откако вечева нагости го победи Вардар со 32-20 Натпреварот беше изедначен, ниту една екипа немаше повеќе од два гола предност. И голманите имаа свој ден, Едпиња кај вардарци и Митревски кај гостите. Стандардно добри и Кузмановски кај Пелстерци, Лазаревски и Георгиевски кај домашните. Ова беше дерби како што може да се посака, полна сала, Комити од една страна, Чкембарите од друга страна и она што е најважно без ...
Фудбалската опсерваторија CIES се смета за лидер во научната евалуација на трансферната вредност на професионалните фудбалери, а во новиот број на списанието „Weekly Post“ беше објавена нивната листа на 100 најскапи фудбалери во светот. На врвот на оваа листа е Англичанецот од Реал, Џуд Белингам, со 251 милион евра, по него Норвежанецот Ерлинг Халанд (221 милион евра) од Манчестер Сити и соиграчот на Белингам од Реал, Винисиус Жуниор, со 206 ...
Започнува сезоната на базени. Жештината и дружењето со семејството и пријателите го прават базенот идеално место за поминување на попладнето, па дури и целиот ден. Но, иако базените со морска вода стануваат сè почести, многумина сè уште користат хлор, хемикалија која ни стана позната по тоа што предизвикува црвенило на очите по долг престој во вода. Сепак, според офталмолозите, долготрајната изложеност на хлор може да има сериозни последици по ...
Речиси е невозможно да влезете во продавница на Хермес и да излезете со нова чанта Биркин. Но, ако сакате да добиете оригинална чанта Биркин – прототип направен специјално за актерката Џејн Биркин – наскоро ќе имате шанса (доколку вашиот буџет дозволува, се разбира). Чантата ќе биде понудена на 10 јули како дел од продажбата „Париски модни икони“ организирана од аукциската куќа „Сотбис“. Проценката за тоа колку би можела да достигне чантата на ...
Германскиот проект за литиум Цинвалд не се најде на листата на стратешки проекти на ЕУ, иако Европа е гладна за литиум. Наместо тоа, проектот Јадар во Србија беше стратешки избран. Директорот на Цинвалд Литиум изјави дека овој проект не е избран како стратешки бидејќи сè уште има многу непознати работи за рударството на литиум на границата со Чешка, пренесе „Н1 Србија“. Одлуката на Европската комисија да го класифицира проектот Јадар меѓу ...
Небојша Медојевиќ, опозициски политичар од Црна Гора тврди дека со поддршка на актуелната власт , 50 плажи на црногорското приморје летово ќе бидат преземени од Шкаљарскиот клан. ŠKALJARSKI KLAN PREUZIMA PLAZE UZ PODRSKU SPAJICA Uz podrsku Vlade visokorangirene vodje Skaljarskog narko klana preuzimaju preko 50 plaza na CG primorju!! Ja se nijesam za ovo borio!!! pic.twitter.com/HNDuFrYs7y — Nebojsa Medojevic (@NebojsaMedojevi) June 6, 2025 ...
Ова е аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира. Да одиме со ред, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Венко Филипче лично имал профит од препродажбата на трипати поскапиот јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година. Најскап договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон ...
Првата ѕвезда на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, изјави дека нема да се пензионира наскоро. – Живеам во сегашноста. Немам уште многу години фудбал, но уживам во моментот. Сè уште нема да се пензионирам. Среќен сум и сакам да продолжам да играм сè додека ми се допаѓа, го цитира Роналдо, новинарот Фабрицио Романо. Четириесетгодишниот Роналдо е петкратен победник на Лигата на шампионите, трикратен шампион на Англија, ...
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се предвидуваат казни до 5.500 евра (500.000 рубли) за продажба на енергетски пијалоци на деца. Законот утврдува казни за кршење на правилата за малопродажба на безалкохолни енергетски пијалоци на малолетници. Предвидена е казна до 5.500 евра за граѓаните и правните лица, а до 2.200 евра за службените лица. Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, претходно изјави дека тој ...
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост во врска со најновите извештаи за недоволната застапеност на Албанците на одлучувачки позиции во државните институции на Македонија. Според анализа објавена во неколку медиуми, Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции, вклучително и Претседателството, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за спорт, Народната банка, МЕПСО и Агенцијата за ...
Тоа што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда. Европската идеја не смее да се сведува на билатерални уцени, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервјуто за Независната балканска новинска агенција (ИБНА) и ја истакнува посветеноста на Владата на европските реформи на патот кон ЕУ, но и нагласува дека време е Европа да се соочи со прашањето: дали регионот навистина е дел од нејзината иднина и ако е ...