
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Какви цени ве очекуваат во Грција откако ќе ги истрошите познатите и традиционални „резерви“ домкнати од Македонија? Лебот чини од 1.5 до 2,98 евра, а сендвичите се движат од 4,5 до 9 евра. Цените на праските, јагодите, црешите и јаболката се од 2 до 9 евра. Повисоки се цените на чоколадните производи, кафето, дел од производите за хигиена, пишува Порталб.мк. Атрактивните места во Грција кои се најпосетувани од македонските граѓани веќе се ...
Лековите за слабеење и дијабетес што содржат семаглутид, вклучувајќи го и добро познатиот Оземпик, се поврзани со зголемен ризик од развој на ретко очно нарушување што може да доведе до трајно губење на видот, објави денес Европската агенција за лекови (EMA). EMA ја завршува истрагата за несаканите ефекти Информацијата доаѓа откако Комитетот за безбедност на лекови (PRAC) на EMA заврши со повеќемесечна истрага за можна врска помеѓу семаглутид и ...
Бугарката Силва Капитанова наводно е новата девојка на Бастијан Швајнштајгер, според светските медиуми. Пред неколку дена, германскиот „Билд“ го шокираше светот со информацијата дека Бастијан има нова девојка, извесна Силва, со која ја изневерил Ана Ивановиќ, а објавија и видео од нив како се бакнуваат на плажа. Сега се појавија фотографии од мистериозната русокоса, како и нејзиниот идентитет. Порталот womenstennisblog пишува дека станува збор ...
По неколку месеци релативна ценовна стабилност, инфлацијата во Македонија повторно забрзува. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во мај 2025 година годишната инфлација изнесува 3,3 проценти, што е значително зголемување во однос на април, кога беше на ниво од 2,6 проценти. Најголемиот удар врз џебот на граѓаните го задаваат ресторани и хотели, каде цените се зголемени за 7,8 проценти во однос на истиот месец лани. Веднаш ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денека присуствуваше на пуштање во употреба на целосно реконструираното Одделение за управни работи – Скопје во зградата на МРТВ. Најпривин благодарност до сите тука што имавме можност да го прошетаме овој објект и да се потсетиме што се изгубивме изминатите 7 години додека СДСМ и ДУИ ја разграбуваа државата и ја уништиваа, а како можело да биде ...
Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Комисија за хартии од вредност на Република Македонија што ја направил Државниот завод за ревизија. ДРЗ контатирал дека било извршено бришење од сметководствената евиденцијата на расходуваните движни ствари по попис, без одлука на Владата и без спроведување на постапка за нивно отстранување, како и оти исплата на плата на дел од ...
Група активисти, меѓу кои и шведската климатска активистка Грета Тунберг, ќе бидат депортирани од Израел откако беа уапсени на хуманитарен брод кој се обидуваше да стигне до Газа, објавија израелските власти. Едрилицата „Мадлин“, која превезуваше 12 лица и носеше симболична хуманитарна помош за жителите на Газа, беше пресретната од израелските сили во раните утрински часови во понеделникот и одвлечена до пристаништето Ашдод. Израел го опиша ...
Марк Андре тер-Штеген и Барселона полека, но сигурно влегуваат во „војната“. Германецот нема намера да ја напушти Каталонија, а и доколку го стори тоа ќе се обиде добро да го наплати. Каталонските медуми, тврдат дека единствениот начин да се согласи на раскинување на договорот е Барселона да му ја исплати целата плата според договорот до 2028 година, што е дури 42 милиони евра. Јасно е дека Барселона нема да прифати ваков вид уцена, а ...
Незгодниот момент на Кијану Ривс (60) стана вирален откако скокна на сцената од бродвејска ѕвезда за време на неговиот настап на доделувањето на наградите Тони. Имено, Ривс седеше несвесен што го чека во музичката сала „Радио Сити“ во Њујорк на доделување на наградата „Тони“, додека Џонатан Гроф изведе енергична верзија на песната „Мек нож“ од мјузиклот „Just In Time“ за Боби Дарин. Тој скокна на својот стол Гроф, кој глумеше заедно со Кијану ...
Од 1700 до над 2500 евра за метар квадратен треба да издвојат граѓаните за сопствен стан во Скопје , за изнајмување ретко каде се наоѓа под 300 евра месечно. Трендот на раст на цените на недвижнини во изминатите години во цела држава не стивнува, па така веќе има огласи каде квадратот е и 2700 евра, пишува ТВ Алфа. Веројатно високите цени ја намалија побарувачката, но сепак не доволно за да падне цената за квадрат во Македонија. Спооред ...
Додека Македонија била во енергетска криза, а народот плаќал повисоки сметки за струја милионски суми од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми на Заев а кои се во тесна врска и со Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Фирмата Зобек мининг група која му го купила аудио на Филипче продавала јаглен на ЕСМ по цена од 82 евра, а го купувала за 30. Разликата во цена никогаш не влегла во Македонија, туку завршила на сметки на фирми на ...
Околу 700 маринци привремено ќе распореди американската војска во Лос Анџелес додека пристигнат дополнителни војници на Националната гарда, изјави функционер на американската администрација. Околу 300 војници на калифорниската Национална гарда беа распоредени на улиците на Лос Анџелес во неделата за да помогнат во смирувањето на третиот ден од протестите против имиграциските мерки на претседателот Доналд Трамп, потег што демократскиот гувернер ...
Претседателот на Градската изборна комисија на Заечар, Ненад Динуловиќ, ги објави доцна синоќа прелиминарните резултати од локалните избори одржани на 8 јуни во тој град и нагласи дека листата на Српската напредна странка „Не ја даваме Србија – Александар Вучиќ“ освоила најмногу гласови, односно 47,13 проценти од гласовите. Динуловиќ, исто така, нагласи дека нема да има повторување на изборите на ниту едно избирачко место бидејќи нема ниту една ...
Трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 млади лица е од невидени размери, велат од Владата и посочуваат дека како Влада имаат обврска покрај целосна истрага и расветлување на случајот, носење на сите инволвирани лица пред правдата, да обезбеди соодветна здравствена заштита и медицинска помош на сите повредени и нивни семејства. -До сега како Влада обезбедивме 30 милиони денари за транспортот и сместувањето на придружбата односно за ...
Русија изврши силен напад со беспилотни летала врз украинскиот главен град, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Во Одеса, погодена е и породилната болница. Според гувернерот Олег Кипер, нападот со беспилотни летала во Одеса погодил медицински установи и станбени згради, при што загинал 59-годишен маж, а четворица други биле повредени. Тој го објавил ова на Телеграм, објавува Би-Би-Си. Kyiv is on fire. The sky is filled with black ...
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го дочека септемвриското продолжение на квалификациите за Светското првенство 2006 како лидер во групата Ј благодарејќи на победата на Белгија од 4:3 против Велс во Брисел. На половина од квалификациите избраниците на селекторот Благоја Милевски се на врвот на табелата со 8 бода, еден повеќе од Велс, Белгија има 4 од два натпревара, Казахстан 3 од три меча, а Лихтенштајн е без бодови од три средби. На ...
За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2024/2025 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, над 15 000 матуранти го полагаа на 31 мај. Полуматурантите, пак, овој месец треба да се запишуваат во прва година средно образование. ...
Преку циркуларно писмо од 15 мај, испратено до сите манастири, Светата заедница, информирала дека од 14 јуни на Света Гора ќе се воведат нови правила, според кои месечно се дозволени до 300 претстои на странски поклоници, а исклучок се верниците од Грција и Кипар, објавија грчките црковни медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според циркуларното писмо, новите ограничувања нема да важат за српските поклоници во манастирот Хиландар, за ...
„Супорт Кочани“ не се препознава во коментарот на премиерот. Сигурно мисли за некое друго здружение, ова е дел од одговорот на волонтерите на „Сапорт Кочани“, што го лиферуваат до медиумите по вчерашниот говор на премиерот Христијан Мицкоски на прославата на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Велес“, велат од здружението. Премиерот во својот говор рече дека граѓанско движење за помош на Кочани полека преминува во политичко движење. Доколку ...
Седумдесет и осумгодишниот активен планинар, Стојанче Костовски од Крива Паланка, долгогодишен планинарски водич, викендов се искачи на врвот Митикас, на надморска височина од 2917 метри, на „планината на боговите” Олимп. Искачувањето се реализирше во соработка со планинарскиот клуб „Хајкинг” од Скопје, заедно со 36-члена екипа планинари. Задоволен сум што со успех го искачивме врвот Митикас, поминувајќи 21километар од стартот до врвот. Ѝ ...
Во текот на следната недела СДСМ ќе објави дел од имињата на кандидатите за градоначалници од оваа партија за локалните избори кои ќе се одржат во вторта половина на 2025 година, информираше претседателот на СДСМ Венко Филипче при посета на Делчево. Тој најави дека до крајот на јуни СДСМ ќе ги соопшти имињата на сите кандидати за градоначалници. Во текот на следната недела, следната недела значи неделата после 16 јуни ќе објавиме една група на ...
Трет ден по ред, Лос Анџелес е место на протести против репресијата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп против мигрантите. Одлуката на администрацијата да ја распореди Националната гарда го продлабочи јазот меѓу републиканците и демократите, вклучително и раководството на Калифорнија. А сега администрацијата на Трамп навести дека може да испрати маринци за да помогнат во смирувањето на протестите. Кои се најновите ...
Дали министерот Трипуновски, ќе биде дел од најавената реконструкција на Владата? Ќе биде ли сменет министерот за земјоделство, кој во изминатава година не покажа некакви резултати во овој исклучително важен сектор за државата. Освен отсуството на некои значајни резултати и Независниот синдикат на полицијата, пред извесно време поднесе барање за разрешување на Трипуновски. „Како Грански независен синдикат на полицијата кој брои над 4.000 ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, не го криеше задоволството од освоените три бода во Астана од квалификацискиот натпревар со Казахстан за пласман на СП 2026, иако, како истакна по мечот, сите во националниот тим беа свесни дека не чека тежок натпревар. „Знаевме дека денес ќе имаме тежок натпревар против добар тим. Нашиот план беше само да дојдеме и да освоиме три бода. Тоа беше најважното нешто за нас. Се држевме до планот, ...
Комисија составена од кардиолози, ендокринолози и специјалисти од оддел за интензивна нега и терапија ќе го истражуваат случајот со тригодишното дете од Кавадарци кое минатата недела почина на пат до скопските клиники. Заменик министерот за здравство Јовица Андовски потврди дека докторите кои ќе го истражуваат случајот се повикани веднаш да почнат со работа. Комисијата ќе треба да утврди дали имало лекарски пропуст во лекувањето на детето. ...
Денеска (09.06.2025) полициски службеници од Хеликоптерската единица при МВР, а по претходно добиено барање за преземање на активности во врска со спасување на повредено лице на падините на планината Јабланица, струшко, заедно со тим од САЕ „Тигар“, со хеликоптер се упатија на одредената локација за спасување на лицето. По пристигнување на посочениот терен и прецизно лоцирање на повреденото лице истото беше безбедно евакуирано од страна на ...
Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон кој е домаќин на глобален настан којшто треба да создаде основа за превенирање на далекусежни последици по иднината на светот, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. -Заедно со голем број светски лидери, меѓу кои и претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта, разговаравме за ...
Македонската репрезентација го преживеа тешкото гостување во Казахстан и победи со 0-1. Нашата репрезентација играше добро на овој меч.Ја имаvme контролата во играта, но Казахстанците се покажаа како квалитететен, борбен тим. Кога сите очекувавме дека на полувреме ќе се замине без голови нѐ израдува Александар Трајковски. Во вториот дел доминација на домаќините и најсериозната шанса беше стативата на голот на Димитриевски. За среќа нашата ...
Во духот на заедничката определба за поттикнување на економскиот развој и за зајакнување на институционалната соработка, во Народната банка денес се одржа средба меѓу гувернерот Трајко Славески и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. На средбата беше нагласена важноста на постојаниот дијалог помеѓу носителите на економската политика и бизнис-заедницата, особено во контекст на актуелните светски и регионални економски ...
Со 65 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан, Собранието попладнево го изгласа Азир Алиу за нов министер за здравство на местото на Арберн Таравари кој неодамна даде оставка од министерската функција. Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето со здравствениот систем. -Доктор Алиу е доктор по информатички науки. ...