Владата на вчерашната седница ги отпочна првите чекори за реализација на Договорот со Велика Британија и веќе е формирано Координативно тело кое ќе ја следи реализацијата на Договорот помеѓу Македонија и Велика Британија, информираше денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. Членови на координативното тело покрај мене се: Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Министерката за ...

На свечена церемонија што која се одржа во Владата на Република Македонија, премиерот Христијан Мицкоски се обрати пред присутните по повод доделување Национално признание на најуспешните македонски спортисти за врвни достигнувања во спортот. -Денеска не зборуваме само за спорт денеска зборуваме за пожртвуваност, за истрајност, за достоинство, за љубов кон татковината. Денес овде ја исправуваме државава пред нејзините најгорди амбасадори – ...

Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите оштетени учебници. Министерката Весна Јаневска денеска апелираше училиштата да се обратат доколку имаат потреба за нов тираж учебници за учениците да бидат мотивирани да учат од неоштетени учебници. На прес-конференција таа рече дека деновиве прима многу поплаки од родители кои се пожалиле дека на нивните деца им биле ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа што денеска се одржува во Одеса, потврдија од неговиот кабинет. Српските медиуми потсетуваат дека на минатогодишниот Самит во Дубровник имаше несогласувања околу текстот на заедничката декларација за украинската криза, поради што и овој пат се очекуваат тешки разговори и дипломатски судири. Премиерите на Грција и Хрватска го потврдија своето присуство ...

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје и на улиците низ македонските автопатишта, односно безобѕирно ќе управуваат моторно возило, трајно ќе се одзема возилото и од утредента ќе биде ставено во функција на Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјала, детска градинка Цветче итн., изјави вечерва министерот за внатрешни работи ...

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, воведе полициски час во центарот на градот поради ескалација на протестите против заострувањето на имиграционите мерки од страна на претседателот Доналд Трамп. На прес-конференција, таа соопшти дека е прогласена локална вонредна состојба и дека забраната за движење ќе важи од вторник во 20:00 до среда во 06:00 часот по локално време. „Достигнавме критична точка“, изјави Бас, додавајќи дека 23 ...

Матурантите денеска ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е по нивни избор. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), најголем број пријавени има за тестот по англиски јазик (13 457 ученици). За тестот по математика се пријавиле 1246 ученици, 73 ќе полагаат германски јазик, 24 – француски јазик, 62 – естетика. За тестот по филозофија има седум кандидати, четворица за руски јазик и тројца за италијански јазик. ...

Одморалиштето Пониква станува рехабилитациски центар за сите повредени граѓани од трагедијата во Кочани. Тим на лекари ќе се грижат и ќе обезбедат здравствена нега и ќе им пружат психолошка поддршка на пациентите. Владата на вчерашната седница донела одлука и го задолжила Министерството за внатрешни работи да го стави одморалиштето Пониква, кое има 27 соби и 56 легна на располагање на Министерството за здравство за лекување на пациентите кои ...

Небојша Медојевиќ, опозициски политичар од Црна Гора тврди дека со поддршка на актуелната власт , 50 плажи на црногорското приморје летово ќе бидат преземени од Шкаљарскиот клан. ŠKALJARSKI KLAN PREUZIMA PLAZE UZ PODRSKU SPAJICA Uz podrsku Vlade visokorangirene vodje Skaljarskog narko klana preuzimaju preko 50 plaza na CG primorju!! Ja se nijesam za ovo borio!!! pic.twitter.com/HNDuFrYs7y — Nebojsa Medojevic (@NebojsaMedojevi) June 6, 2025 ...

Царинската управа во мај наплати приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3 проценти или 12,1 милиони евра повеќе од лани истиот период. Притоа раст на приходите има по секој основ. Приходите од данок на моторни возила бележи раст од 16,7 проценти, од царина за 22,7 проценти и од акциза за 5,2 проценти. Растот на приходите се должи на зголемен пријавен увоз на тутунски производи – или за 31 процент повисоки приходи од лани и на ...

Четириесет и петгодишен државјанин на Македонија во неделата околу 6 часот утрото предизвикал сообраќајна несреќа на улицата Радничка во Загреб, објави Индекс.хр. Тој управувајќи возило „фолксваген пасат“ со загрепски регистарски таблички на паркинг простор со предниот лев дел од неговиот автомобил удрил во задниот дел од „рено клио“ со загрепски регистарски таблички, сопственост на 40-годишна жена, кое било паркирано. Со истрагата и направен ...

Важно за Договорот од Преспа е што е прв договор во последните декади постигнат меѓу две земји, а во минатото овие видови на проблеми беа решавани од други моќни сили, од други моќни земји и на други начини. Тоа е добар пример кога две соседни земји ќе можат да седнат заедно и ќе решат многу прашања, посочи претседателот на СДСМ Венко Филипче за време на неговото учество на Втората меѓународна конференција во Атина во организација на Институтот ...

Гасоводот со Грција е отпочнат да се гради, откако бил закочен, поради тоа што претходната Влада на СДСМ и ДУИ креирале спецификација, која не одговара на критериумите, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање за дали се гради гасоводот со Грција и какво значење ќе има за нашата држава. Како Влада затекнавме еден проект, којшто седум години не беше поместен од место и кога беше извршена некаква евалуација, ...

Баталјон маринци веќе е распореден во Лос Анџелес. Командантот на Маринскиот корпус, генерал Ерик Смит изјави дека маринците се подготвени да ги следат наредбите на Северната команда на САД, но оти сè уште не се повикани да интервенираат. Смит на дебатата за буџетот во Сенатот наведе дека маринците се обучени за контрола на толпата и дека нивната опрема ќе вклучува штитови и палки. Тој нагласи дека тие немаат овластување да вршат апсења и оти во ...

Северна Индија е погодена од екстремен топлотен бран со температури значително над вообичаените за сезоната, што го нарушува секојдневниот живот на луѓето. Жегата предизвикува сериозни здравствени ризици. Во пустинскиот град Шри Ганганагар во северозападната држава Раџастан вчера беа измерени 47,3 степени Целзиусови, соопшти Индиската метеоролошка служба. Највисоката температура забележана во земјата останува 51 степен, измерена во мај 2016 ...

Во општина Ѓорче Петров нема да се градат хемиски фабрики! Вака, Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, ги демантираше изјавите на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која обвини дека ваков тип на фабрики ќе се гради на територијата на Општината. Стојковски смета дека ова е обид на Арсовска да создаде хаос меѓу граѓаните. -Со тоа што се повикува на изградба на некакви си хемиски фабрики сака да создаде чувство на ...

Цела Австрија е во шок поради масакрот во училиштето во Грац што се случи денес во утринските часови. Поранешен ученик (21) од ова училиште убил девет лица, на крајот извршил самоубиство, а според порталот „Хојте“, истражителите пронашле проштално писмо од масовниот убиец. Полицијата ја претресла куќата на убиецот и пронашла проштално писмо во неговата соба. Сè уште не е познато што има во писмото. Исто така, откриено е дека злосторството е ...

По барање на повредени пациенти од трагедијата во Кочани, доктор Катерина Паниќ – Мирчовска е нов в.д. директор на кочанската општа болница, потврди попладнево за МИА, заменик министерот за здравство Јовица Андовски. Тој рече дека пациенти барале таа да биде таму, во текот на нивната рехабилитација. – Вчера го потпишав решението. Таа е ставена како в.д. директор на оваа установа, бидејќи беше барана од пациентите за да присуствува на нивната ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска присуствуваше на показната вежба во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ на полициските службеници за прием во ЕБР кои успешно ја завршија шестмесечната обука. На вежбата беа презентирани тактики и техники од доменот на јавниот ред и мир и полициски операции во урбана средина, воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, како и напад на возило и апсење на вооружени и ...

На денешната 82 редовна седница на Владата и официјално се усвои информација за потреба од обезбедување на рехабилитација во Пониква, за потребите на пациенти. Со оглед на природата на повредите, особено кај пациенти кои претрпеле сериозни изгореници, неопходна е долгорочна и специјализирана нега, физиотерапија, психолошка поддршка и континуиран медицински надзор. Туристичкиот центар во Пониква, со своите природни и технички услови, е соодветна ...

МВР, УЈП и Финансиската полиција се должни да го заштитат колективниот интересот на граѓаните и оние кои се обидуваат на сметка на другите граѓани да не ги завршат своите обврски кон државата очекувам да бидат санкционирани и соодветно казнети, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. -Се надевам дека тековно ги завршува своите обврски и дека најголемиот дел од граѓаните со исклучок на малкумина кои што беа предмет на вчерашната ...

Во текот на изминатите неколку дена, Италијанците гласаа дали да се намали условот за престој за државјанство за имигранти кои не се од ЕУ од 10 години на пет. Италијанскиот министер за инфраструктура и транспорт, Матео Салвини, тврдеше дека Италија е европската земја која одобрува најмногу барања за државјанств Сепак, не е вистина дека Италија одобрува најмногу барања за државјанство година по година, а тоа можеме да го потврдиме со гледање на ...

Оние кои бараат внимание не се ни најгласните во општеството, но кога ветуваат нешто, го исполнуваат. Не ви е потребен писмен договор со нив, нивниот збор е валиден. Јарецот ги држи своите ветувања и искреност. Можеби не кажува многу, но кога презема одговорност, не се повлекува. Бикот не сака големи промени, но кога му верува на некого, тој е таму засекогаш. Девицата може да биде критична, но и исклучително сигурна, сè што прави, го прави со ...

Со парите од Велика Британија, Владата на Република Македонија планира да го заврши проектот за Клиничката болница во Штип, како и да отпочне со реализација на неколку клучни инфраструктурни зафати во здравствениот сектор. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека средствата ќе бидат насочени кон обновување и изградба на болници, студентски домови и универзитетски капацитети, кои според него биле ветени, но никогаш ...

Донесено е Решение за забрана на увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип, потврди денеска директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов. Решението, како што истакна, е веќе во сила. Миланов потсети и дека пред пет дена, за спречување на можноста од ширење чума кај малите преживари (PPR), АХВ донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во однос на новинарското прашање за најавата на Владата за помош на студентите за набавка на електронски уреди, изјави дека во Буџетот се предвидени по 250 евра за електронски уреди 250 евра за електронски уреди. Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот ...

Најмалку осум лица се убиени во пукотница во училиште во австрискиот град Грац. Тамошните медиуми јавуваат дека бројни полициски единици, вклучувајќи ја и специјалната единица „Кобра“, биле распоредени на местото на пукотницата, која започнала околу 10 часот наутро. Телото на напаѓачот е пронајдено во тоалетот. Ранетите се евакуираат со полициски хеликоптери. Една наставничка се забарикадирала со своите ученици во училницата за да ги спаси, ...

По осумгодишен застој во обновувањето на службената опрема, Министерството за внатрешни работи најави дека до крајот на годината поголемиот дел од униформираните полициски службеници во државата ќе добијат нови униформи. Веста ја соопшти министерот Панче Тошковски, кој нагласи дека институцијата конечно го адресирала долгогодишниот проблем со снабдувањето на полицијата со основна работна опрема. – Во јавноста имаше обид да се девалвира процесот ...

По измената на коефициентот за пресметка на плата, одлука објавена во Службен весник, се зголемува и платата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Синдикалните претставници коментирајќи ја ваквата одлука реагираат дека секој заслужува зголемување на плата но работниците заслужуваат повеќе од функционерите. Верувале или не, платите растат, само не на работниците“, реагира претседателот на ССМ Слободан ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека најголем дел од европратениците, пред се, оние кои се залагаат за вистинските европски вредности, му дале шанса на Предлог-извештајот за земјава, чие гласање Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) на 4 јуни беше одложени за 24-ти овој месец. Доколку не биде изгласан и тогаш, нагласи Мицкоски, тогаш македонските граѓани треба да бидат свесни дека не станува збор за внесување ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
31%
1016
weather icon

Белград

33ᴼ / 31ᴼ
3.6
39%
1017
weather icon

Загреб

33ᴼ / 30ᴼ
0.51
29%
1018
weather icon

Софија

34ᴼ / 29ᴼ
3.6
30%
1019
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
6.0
26%
1019
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
1.03
49%
1019
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
5.81
29%
1014
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
2.06
18%
1013
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
2.57
25%
1013
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 29ᴼ
4.63
32%
1020
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 30ᴼ
3.09
27%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
10.8
54%
1017
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.3354

Currency

34.6232

Currency

38.5115

Currency

65.6625

Currency

7.38423

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505