Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Ракометарите на македонскиот преставник во ЕХФ Европскиот Куп ГРК Охрид со максимален учинок стигнаа до полуфиналето на европското натпреварување. Охриѓани на осумте дуели постигнаа осум победи. Но ривалот во полуфиналето е име за респект поранешен европски шампион Цеље Пивоварна Лашко. – Се истрошувме во Купот и во финалето против Вардар, но немавме многу време за тага. Мора да мислиме на следниот ривал и дуелот со Цеље на гостински терен. ...
Се појавија нови детали за убиството на Игор Комаров, синот на украинскиот „крал на подземјето“, кој бил киднапиран, мачен, а потоа убиен на Бали. Во февруари, Комаров заминал на одмор со својата девојка, инфлуенсерката Јева Мишалова, и еден пријател. Според извештаите, тој прво бил киднапиран додека возел мотор, но успеал да избега од напаѓачите. Тој го пријавил инцидентот во полиција, но набрзо повторно бил киднапиран. Веќе ми отсекоа некои ...
– Норвешката влада денеска соопшти дека ќе предложи забрана за користење на социјалните мрежи за деца помлади од 16 години и дека технолошките компании ќе бидат одговорни за проверка на возраста на младите корисници. – Го воведуваме овој закон затоа што сакаме детство во кое децата можат да бидат деца. Игрите, пријателствата и секојдневниот живот не смеат да бидат преземени од алгоритмите и екраните – изјави норвешкиот премиер Јонас Гар ...
–Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Телевизија говорејќи за нафтената криза истакна дека ќе има нови мерки при што посочи дека Владата се бори напорно за подобар живот на граѓаните, но во исто време се бори и со хаосот кој е наследен и долговите наследени од претходната влада. Премиерот Мицкоски во однос на тоа како тоа оваа влада и претходната се справувале со кризите, ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека земјата е подготвена повторно да ја отвори воената операција против Иран, но дека за напад врз нови цели, вклучително и чувствителна инфраструктура и врвот на режимот, се чека одобрување од САД. Изјавата доаѓа во момент на нов раст на тензиите околу Ормускиот Теснец и застој на мировните напори. Израел е подготвен да ја продолжи воената кампања против Иран, но за следниот чекор чека ...
Министерот за здравство Азир Алиу, денеска, на состанокот на Економско-социјалниот совет во Владата, ги презентира новините во предлог-законот за заштита од пушење. – Постојниот закон е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност, особено со појавата на нови производи, како што се електронските цигари и несогорливите тутунски производи, нејасните правила за угостителските објекти и слабата заштита на младите. Овој закон е дел и ...
Сонцето во конјункција со Јупитер се смета за еден од најсреќните и најпозитивните астролошки аспекти, често нарекуван и „кралски“ бидејќи носи оптимизам, успех и личен раст, но и нова енергија која дава можност со поголема самодоверба да гледаме во иднината. Промените ќе ги почувствува целиот хороскоп, а овие три знаци конечно ќе влезат во значително посветла и видливо попозитивна фаза од животот. Конјункцијата во астрологијата претставува ...
– Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска ги посетил младите македонски ракометари и ракометарки кои настапуваат на Светското училишно првенство во ракомет, што се одржува до 29 април во Скопје, во организација на Министерството за спорт и Федерацијата за училишен спорт на Македонија. Како што информираат од Министерството за спорт, Ристовски им упатил честитки за одличниот старт и им посакал да продолжат во ист ритам и со уште поголема ...
Земјите-членки на Европска Унија денеска и формално го одобрија заемот за Украина од 90 милијарди евра и 20-иот пакет санкции против Русија, соопшти кипарското претседателство. И двете одлуки на ЕУ досега беа блокирани од унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, оправдувајќи го своето вето со наводното доцнење на Украина во поправката на нафтоводот „Дружба“, кој ја снабдува Унгарија со руска нафта. „Дружба“ беше оштетен кон крајот на ...
Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, ќе отсуствува од теренот до крајот на сезоната поради повреда на тетивата, објави денеска шпанскиот клуб. Јамал ја повреди тетивата на натпреварот против Селта во средата, а Барселона соопшти дека 18-годишниот шпански крилен напаѓач би требало да биде подготвен за Светското првенство оваа година. Оваа сезона, Јамал одигра вкупно 45 натпревари и постигна 24 голови за Барселона, која, на шест кола до крајот ...
На вчерашен ден 1915 година, убиен е пиринскиот цар, Јане Сандански. Тој бил личност за која се интересирал и странскиот печат, меѓу другите и англискиот. Особено во времето на неговото погибие, па натаму. Така еден британски автор пишува за илјадниците врвулици народ, кого го испраќале при неговиот погреб во Роженскиот манастир, бидејќи биле „длабоко нажалени од загубата на оној што работеше за сиромасите и за потиснатите“, во оригиналот, ...
Тренер на Бенфика, Жозе Мурињо, би го поздравил втор престој во Реал Мадрид, 13 години по неговото заминување во летото 2013 година, објави „Diario AS“. Според шпанскиот медиум, агентот на 63-годишниот Португалец, Жорге Мендеш, го пријавил ова на службениците на Реал Мадрид, кои исто така биле информирани за клаузулата за ослободување во неговиот тековен договор со Бенфика. Мурињо би можел да го раскине договорот со Бенфика на крајот од ...
Словачка од изутринава повторно почна да добива сирова нафта преку нафтоводот „Дружба“, соопшти Министерството за економија во Братислава. „Министерството за економија информира дека во 2:00 часот утрово повторно е воспоставен дотокот нафта во Словачка преку нафтоводот ‘Дружба’“, се наведува во соопштението. Нафтоводот „Дружба“ стана една од инфраструктурните постројки во Европа со силно политичко значење, откако во јануари беа запрени ...
Два воза директно се судриле на железнички премин северозападно од Копенхаген, при што четворица се критично повредени, а уште 13 луѓе завршиле во болница, објави „Би-би-си“. Возовите сообраќале на линија што ги поврзува градовите Хилерод и Кагеруп во регионот Северен Зеланд во североисточна Данска. Противпожарната служба не може да каже што ја предизвикало несреќата, но изјави за данската телевизија дека сите повредени биле пренесени во ...
Пржинската влада мора да остане, во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот законик, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче на прес-конференција во Собранието нагласи дека со целосно автократскиот манир на владеење на актуелната власт, пржинската влада е единствен контролен механизам што гарантира фер и слободни избори. Овој целосно автократски манир на владеење на оваа власт што го гледаме е ...
Турскиот парламент усвои закон со кој им се забранува пристап до социјални медиуми на деца помлади од 15 години, во обид да се засили заштитата на малолетниците во дигиталниот простор. Согласно новите законски одредби, децата под 15-годишна возраст нема да можат да отвораат профили на социјалните мрежи, додека дигиталните платформи ќе бидат обврзани да воведат ефикасни системи за проверка на возраста на корисниците. Платформите ќе бидат ...
Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (EES) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година. Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјава, кој предупредува дека евентуалната примена на ...
Македонците со своите платежни картички во странство потрошиле 427,8 милиони евра на онлајн трансакции и направиле 12,4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги најчесто поврзани со патувања (авиобилети и резервации на хотели), соопшти Асоцијацијата за е-трговија која ги анализираше објавените податоци од Народната банка за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот (географска поделба по земји) во 2025 година. Во ...
Опозициската СДСМ денес на прес конференција обвини дека зад проектот за изградба на рудник за антимон кај Крива Паланка стојат донатори на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и се кријат бизнис интереси. „Она што Христијан Мицкоски се обиде да му го продаде на народот како наводен ‘државен интерес’ и стратешки дијалог со САД, всушност е само уште еден бизнис план. Профит, пред здравје, бизнис пред народ“, изјави на прес конференција Богданка Кузеска – ...
Меѓународната референтна цена на суровата нафта од типот „Брент“ денес се искачи над 103 долари за барел. Порастот доаѓа по медиумските извештаи дека САД пресретнале најмалку три ирански танкери во азиските води, што дополнително ја зголеми неизвесноста на пазарите и стравувањата дека конфликтот на Блискиот Исток нема да заврши наскоро. Според податоците од берзите во 9:30 часот, цената на суровата нафта пораснала за 1,31 отсто на 94,213 ...
Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за 10-ина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач, со што во текот на летото ќе почнат работите на терен – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје. ...
Уапсен е Мухамед Мети Сејдини, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Првичните информации до кои дојде Нетпрес велат дека се сомничи за проневера на околу 700.000 евра, пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина на стадионот во Охрид. Акцијата ја спроведува МВР во соработка со Јавното Обвинителство. Неофицијално, со доаѓање на новото ракивидство на ФФМ, увидени се злоупотреби и истите се ...
Русија од мај повеќе нема да транспортира нафта од Казахстан до Германија преку нафтоводот „Дружба“, соопшти рускиот вицепремиер Александар Новак. Новак, кој е задолжен за енергетиката, изјави дека испораките на казахстанска нафта за Германија преку „Дружба“, која повеќепати е цел на напади за време на конфликтот во Украина, од 1 мај ќе бидат пренасочени поради „актуелните технички можности“. Тој додаде дека за ова ја информирал ...
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската Унија да бидат подготвени и координирано да дејствуваат за да се избегне недостиг на керозин во текот на претстојната летна сезона. Причината е зголемената ранливост на европскиот пазар на авионско гориво поради кризата на Блискиот Исток и неизвесноста околу Ормускиот Теснец. Според препораките на Комисијата, достапноста и оперативниот капацитет на европскиот сектор за рафинирање на ...
Милијардерот Ринат Ахметов, најбогатиот човек во Украина и газда на Шахтјот купи огромен, петкатен луксузен стан во најпрестижниот нов комплекс во Монако за неверојатни 471 милион евра (554 милиони долари), што го прави едно од најголемите поединечни купувања на имот во историјата. Први соседи му се Лепа Брена и Мадона. Имотот со 21 соба и поглед на море, купен од неговата холдинг компанија, се наоѓа во областа Маретера на кнежевството. ...
Во најновиот извештај на германскиот Федерален завод за статистика се наведува дека неколку години по завршувањето на пандемијата Ковид-19 една четвртина од вработените сè уште делумно или целосно работат дома. Пред пандемијата 13 отсто од вработените делумно работеле од дома. Најголем процент на вработени кои работата од далечина се во ИТ секторот, а најмалку се во угостителството и градежништвото. Исто така е забележано дека колку што е ...
Иран соопшти дека денеска запленил два контејнерски брода кои се обидувале да излезат од Персискиот Залив преку Ормуската Теснина, откако врз нив и врз уште едно пловило бил отворен оган. Ова се први заплени од почетокот на војната со САД и Израел во февруари. Иранската новинска агенција Тасним, блиска до Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), извести за заплените и пренесе предупредување од морнарицата дека секое нарушување на ...
Швајцарската влада денеска соопшти дека поддржува вонсудско решавање на случајот со пожарот во бар во ски-центарот Кран-Монтана, во кој загинаа десетици лица, претежно млади. Владата во Берн го назначи економистот и поранешен кантонален политичар Лоран Курт за претседател на тркалезна маса која треба да ги обедини жртвите, нивните семејства, осигурителните компании, потенцијално одговорните лица и институциите. „Курт има богато искуство во ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој е дел од владината делегација што ја предводи премиерот Христијан Мицкоски во Виена, на денешната средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер ги истакнал регионалните развојни проекти, со фокус на коридорите како инвестиции со најголем економски потенцијал. Николоски, како што информира преку својот фејсбук профил, се осврнал и на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10. ...
Имаме чувство дека процесот се билатерализира, а ние сме жртва на булинг што го прави земја-членка на ЕУ по принципот – „ние сме внатре, вие сте надвор, ако сакате да бидете внатре, мора да ги прифатите нашите услови, во спротивно ќе останете надвор“. А тие услови немаат ништо заедничко со Копенхагеншките критериуми, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашање, што планира да направи Македонската влада за ...