Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Натпреварот од 17-то коло од шпанската Ла Лига помеѓу Виљареал и Барселона треба да се игра на 20 декември во Мајами, беше објавено на официјалната веб-страница на натпреварувањето. „Одборот на директори на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) денес го одобри барањето на Виљареал и Барселона натпреварот од 17-то коло од Ла Лига да се игра во Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението. Формален домаќин на овој дуел ќе биде ...
Францускиот тенисер Артур Риндеркнехт беше принуден да го предаде мечот од третото коло во Синсинати. Моментално 70-ти на АТП листата, поради жештината и тешките услови, тој го предаде мечот при резултат 6:7, 2:4 против Феликс Оже-Алијасим. Тенисерите во тој момент беа на теренот два часа. Во еден момент, Французинот падна на теренот, се покри со крпа и тешко дишеше. Судијата реагираше, пристигна докторот, по што беше одлучено да се повлече од ...
Кристијано Роналдо наскоро ќе застане пред олтарот, објавуваат сите влијателни медиуми во Шпанија и Португалија. По толку години „бегање“ од брак, суперѕвездата конечно ќе се ожени со својата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез. Токму таа се пофали со големиот прстен што го добила од него на социјалните мрежи и така информацијата стигна до јавноста. Џорџина, која е по потекло од Аргентина, го запознала Роналдо додека работела во бутикот ...
Иднината на Џанлуиџи Донарума во Пари Сен Жермен е под голем знак прашалник. Италијанскиот голман не е вклучен во составот на „Светците“ за натпреварот во среда против Тотенхем во Европскиот Суперкуп. Донарума имаше една од клучните улоги во освојувањето на Лигата на шампионите, но Луис Енрике и клупските челници решија да го отстранат откако тој одби да го продолжи договорот. Договорот на Донарума со ПСЖ истекува наредното лето. За 40 милиони ...
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина влегува во завршницата на подготовките за Евробаскетот во лоша форма, со серија убедливи порази и сериозни проблеми во играта, а селекторот Адис Беќирагиќ отворено предупредува дека без агресивна одбрана нема да можат да го избегнат фијаското. За време на подготовките БиХ забележа неколку тешки порази, а против Србија и Црна Гора прими вкупно 228 поени – 126:89 зад затворени врати против Србија и 102:90 ...
Судот за спортска арбитража (CAS) ја отфрли жалбата на фудбалскиот клуб Кристал Палас против одлуката на Европската фудбалска унија (УЕФА) да го префрли од Лига Европа во Конференциската лига поради прекршувања на сопственичките правила. Со оваа одлука на CAS, потврдени се местата на Нотингем Форест и Олимпик Лион во групната фаза од Лига Европа оваа сезона. Со освојувањето на титулата во ФА Купот, Кристал Палас се квалификуваше директно за ...
Фудбалерките Миа Зуазуа (26) и Нативидад Мартинез (24) ја одбележаа средбата помеѓу Хуарез и Ксолос во петтото коло од Мексиканската женска лига, во која Хуарез победи со 2:0. Зуазуа и Мартинез се степаа во 22-та минута на средината на теренот по еден дуел. Тие се туркаа, влечеа и удираа додека нивните колешки се обидуваа да ги разделат. Двете добија директен црвен картон и беа исклучени од играта. Terrible lo que acaba de pasar entre Miah ...
Манчестер сити работи напорно пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата. Пеп Гвардиола е на патот да донесе скапо заилување. Пеп Гвардиола веќе му кажа на Џек Грилиш дека повеќе не смета на него, а сега Савињо е слободен да бара нов клуб, по само една сезона помината во синиот дрес. Замената е подготвена и воопшто не е евтина. Станува збор за крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго. „Кралскиот клуб“ е подготвен да преговара, но бара ...
Тотенхем експресно најде замена за Сон. Клупската легенда по 10 години го напушти клубот и се пресели во Лос Анџелес. Замената за Сон треба да биде крилниот напаѓач на Манчестер сити, Савињо. Бразилецот дојде во Сити минатата сезона. Во 48 натпревари постигна само еден гол, но запиша 13 асистенции. Тотенхем ја испрати првата понуда. Таа изнесува 50 милиони евра, двојно повеќе од сумата што „граѓаните“ му ја платија на Троа минатото лето. Сити ...
Евертон напредува во преговорите за потписот на Џек Грилиш. „Карамелите“ имаат намера да го позајмат оваа сезона од Манчестер сити. 29-годишниот англиски репрезентативец, кој беше отстранет од првиот тим на Сити и не беше во составот за последниот натпревар од Премиер лигата против Фулам, како и за Светското клупско првенство во САД. Извори потврдија за Би-би-си, дека договорот за Грилиш, кој наводно заработува 354.000 евра неделно во Сити, сè ...
Само неколку часа откако беше еден од хероите во победата на Кристал Палас против Ливерпул во англискиот Суперкуп, голманот Дин Хендерсон повторно ги воодушеви навивачите. По натпреварот, Хендерсон влегол во локален паб каде што се собираат навивачите на Кристал Палас и ги почестил сите присутни. Тој влегол во пабот со победничкиот медал околу вратот и, според англиските медиуми, оставил 1.000 фунти кај келнерите за да ги плати пијалоците на ...
Фудбалерот на Бетис, Иско, ја скрши фибулата на левата нога, објави шпанскиот клуб. Иско се повредил на пријателски натпревар против Малага, а Бетис изјави дека шпанскиот играч од средниот ред „ќе биде подложен на конзервативен третман во наредните недели“ и дека „неговото враќање ќе зависи од напредокот на повредата“. Сепак, шпанските медиуми објавија дека Иско ќе отсуствува околу три месеци. „Ова е нова трауматска повреда која не е поврзана ...
Кошаркарскот репрезентативец на Полска, Џереми Сочан ќе го пропушти овогодинешното Европско првенство поради повреда на листот. Иако не се смета за сериозна, повредата бара одмор и рехабилитација, што го исклучува Сочан од учеството за полската репрезентација на помалку од три недели до турнирот, објави официјалната веб-страница на Европското првенство. „Многу ни е жал што летото на Џереми со репрезентацијата завршува толку брзо. Тој е ценет ...
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го одигра својот прв натпревар за Милан откако пристигна како слободен агент. „Росонерите“ дожевеаја дебакл на „Стемфорд Бриџ“, на генералната проба пред почетокот на новата сезона. „Сините“ ги декласираа со резултат од 4:1, а Модриќ го одигра целото второ полувреме за гостите од Милано. Во моментот на влегување во играта, Челзи водеше со автогол на Андреј Кубиш во петтата минута, и голот на Жоао Педро во осмата ...
Фудбалерите на Кристал Палас го освоија првиот трофеј во сезоната, откако го победија Ливерпул во популарниот Комјунити Шилд на „Вембли“ по подобро изведување на пенали. Во регуларниот дел од натпреварот, резултатот беше 2:2. Ливерпул двапати поведе во текот на натпреварот, но двата пати освојувачите на ФА Купот успеаја да се вратат во живот и да победат на пенали. Нови играчите од Бундеслигата доминираа, Флоријан Вирц му асистираше на Уго ...
Челзи не го затвори летниот преоден рок, а познато е дека Енцо Мареска сака да ја засили конкуренцијата и дека Чави Симонс е следната цел. Денес пристигнуваат нови информации дека Симонс одамна се договорил со Челзи и дека сега чека да биде постигнат договор меѓу клубовите клубовите. Моментално 10.000.000 евра ги делиат РБ Лајпциг и Челзи. Наводно, РБ Лајпциг сè уште бара 70.000.000 евра, Челзи досега понуди максимум 57.000.000, но се верува ...
Трансфер сагата број 1 во овој преоден рок е онаа околу Александар Исак. Најдобриот стрелец на Њукасл е на мета на Ливерпул, тој сака да се пресели на „Енфилд“, но Њукасл сака да го задржи. Првата понуда од близу 130 милиони евра од Ливерпул беше одбиена. Од друга страна, Исак јасно и гласно им порача на челниците на Њукасл дека сака да го напушти клубот. На „Сент Џејмс Парк“ веројатно би ја прифатиле понудата од Ливерпул доколку би имале ...
Претставници на Манчестер јунајтед вчера се сретнале со менаџерот на фудбалерот на Брајтон, Карлос Балеба. „Тие разговараа за времетраењето на договорот и платата и сакаат сè да биде договорено пред да ја испратат понудата до Брајтон“, пишува Фабрицио Романо. Младиот 21-годишен универзалец од средниот ред, пристигна во Брајтон пред две години за 27 милиони евра од Лил. Медиумите на островот пишуваат дека Брајтон е подготвен да го продаде само ...
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откри кои се неговите омилени НБА играчи откако Мајкл Џордан се пензионираше. Пеп Гвардиола е фудбалска икона, но дефинитивно не е ограничен само на еден спорт. Како што честопати споменуваше во минатото, обожава да гледа кошарка. На прес-конференција во Палермо, Шпанецот рече дека кошарката е „огромен дел од неговиот живот“. Гвардиола му честиташе на Џо Мазула, неговиот пријател, за продолжувањето на ...
Натпреварот меѓу шампионот и освојувачот на ФА купот, традиционално ја отвора сезоната во англиската Премиер лига. За трофејот во Суперкупот ќе се борат Ливерпул и Кристал Палас. Во пресрет на натпреварот, англиските медиуми тврдат дека челниците на Ливерпул ќе се обидат да го реалиизраат трансферот на капитенот на Кристал Палас, Марк Гуеи. Челзи се откажа од потписот на Гуеи, па сега Ливерпул има отворен пат кон англискиот репрезентативец. ...
Поранешниот играч на Ливерпул, Дарвин Нуњез, потпиша тригодишен договор со саудискиот тим Ал Хилал. – Сите во клубот сакаат да му се заблагодарат на Дарвин за неговиот придонес и му посакуваат нему и на неговото семејство се најдобро во иднина – се вели во соопштението на Ливерпул. Обесштетувањето за трансфер на 26-годишниот уругвајски напаѓач првично е 53 милиони евра, а бонусите се зголемуваат на 65 милиони евра. Тој се приклучи на Ливерпул ...
Шпанскиот фудбалер Ињиго Мартинез потпиша договор со Ал Наср до 2026 година, објави клубот од Ријад утрово. Мартинез (34) го раскина договорот со Барселона во саботата. Тој беше член на каталонскиот клуб од 2023 година, а пред тоа играше за Атлетик Билбао и Реал Сосиедад. Мартинез одигра вкупно 71 натпревар за Барселона, постигна три гола. Од 2013 до 2023 година одигра 21 натпревар за шпанската репрезентација. Фудбалерите на Ал Наср ќе го ...
Мадс Хермансен се пресели од Лестер во Вест Хем. Данскиот голман потпиша петгодишен договор со „Чеканите“, кои платија 23 милиони евра за него, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. „Навивачите можат да очекуваат од мене да донесам добра енергија за да му помогнам на тимот на најдобар можен начин. Среќен сум што се приклучив на Вест Хем, одлуката да дојдам тука беше многу лесна. Слушнав многу добри работи за клубот, ...
Радамел Фалкао, некогаш еден од најдобрите напаѓачи во светот, нема намера да се пензионира. Брилијантниот централен напаѓач е слободен агент откако се раздели со Милионарис, клубот од неговата татковина. Колумбискиот напаѓач добил интерсна понуда од третата дивизија на Шпанија. Интерес за него покажа Мурсија. На Фалкао му беше претставен амбициозен проект, а планот е клубот веднаш да стигне до втората лига, а главната улога би ја играл ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде еден од инвеститорите во фудбалскиот клуб Ле Ман. Претставници на клубот одржаа конференција во петокот за да ги претстават новите финансиски партнери. Станува збор за бразилскиот инвестициски фонд „Аутфилд“, кој ќе има малцински удел, а во проектот се вклучени, меѓу другите, Новак Ѓоковиќ, како и возачите на Формула 1 Кевин Магнусен и Фелипе Маса. Тука е и Џорџ Франгулис, момчето на Арина Сабаленка, кој ...
Полските одбојкари ја освоија Лигата на нации на FIVB по втор пат во историјата. Овој пат тоа го направија на завршниот турнир во Нингбо, Кина. Избраниците на Никола Грбиќ убедливо ја победија Италија во големото финале со 3-0 во сетови – 25:22, 25:19, 25:14. Најдобар играч за Полска на овој натпревар беше Вилфредо Леон со 16 поени. По него следуваа Камил Семењук со 13, а капитенот Јакуб Кочановски со седум поени. За Италија, Даниеле Лавија ...
Самер Макинтош во женска конкуренција и Леон Маршан во машка конкуренција се најдобри учесници на Светското првенство во пливање во Сингапур. Признанијата беа доделени врз основа на достигнувањата во поединечни трки, не се броеја резултатите од штафетните трки. Канаѓанката освои четири злата и една бронза во Сингапур. Таа победи на 200 и 400 метри мешано, 200 метри градно и 400 метри слободно, додека беше трета на 800 метри слободно. Во 200 ...
„Ливерпул Ехо“, медиум кој е апсолутно наклонет кон клубовите од нивниот град и за тоа е награден со ексклузивни информации и од црвениот и од синиот табор, објави оваа сабота дека трансферот на Александар Исак ова лето нема да се случи. „Њукасл јунајтед е решен да го држи Александар Исак колку што е потребно пред да се согласи на трансфер во Ливерпул ова лето“, објави Ехо. Незадоволниот Швеѓанец се труди да изнуди преселба од „Сент Џејмс ...
Словенецот Бенјамин Шешко е нов играч на Манчестер јунајтед, објави англискиот клуб. Шешко (22) потпиша договор со Јунајтед до јуни 2030 година. Тој дојде во Манчестер за 76,5 милиони евра, плус уште 8,5 милиони преку бонуси, објавува Би-Би-Си. „Историјата на Манчестер јунајтед е многу посебна, но она што навистина ме возбудува е иднината. Кога разговаравме за проектот, беше јасно дека сè е подготвено овој тим да продолжи да расте и наскоро ...
Фудбалскиот клуб Челзи им соопштил на шестмина фудбалери дека менаџерот Енцо Мареска нема да ги користи во новата сезона. заврши со шест играчи, според англиските медиуми. „Стенфорд Бриџ“ ќе го напуштата: Николас Џексон, Кристофер Нкунку, Бен Чилвел, Рахим Стерлинг, Аксел Дисаси и Ренато Веига. Засега нема информации каде овие фудбалери ќе ги продолжат своите кариери, но наводно повеќето од нив веќе се во преговори со дригу клубови. Челзи со ...