Челси, актуелниот светски клупски првак, не успеа да го победи Кристал Палас во првиот меч во новата сезона. За разлика од Челзи, Нотингем Форест запиша рутинска победа над Брентфорд (3:1). Кристал Палас, освојувачот на англискиот ФА куп и Суперкуп, на „Стенфорд Бриџ“ дојде да освои бод и нез многу мака успеа во намерата. Не делуваше добро Челзи на премиерата, се мачеа избраниците на Енцо Мареска особено во организацијата на играта, против ...

Марк Маркез незапирливо вози кон шампионската титула во „кралската класа“ во Мото ГП шампионатот. Шпанецот на Дукати ја забележа шестата последовна победа во сезоната, 97.во кариерата. Маркез ја освои Големата награда на Австрија, откако 19 кугови се возеше зад Марко Бецеки на Априлија, кој стартуваше од пол-позиција. На крајот Италијанецот не успеа ниту да се одбрани од Фермин Алдегер, возач на Гресини Дукати. Дебитантот го забележа ...

Шампионот на Кипар, Пафос, ривали на Црвена звезда во плејофот за Лигата на шампионите, испратил понуда до Единсон Кавани. Според медиумите од Кипар, челниците на Пафос се во сериозни преговори со Единсон Кавани. Кипарците тврдат дека Пафос испратил конкретна понуда до Уругваецот, кој игра за Бока Јуниорс. Се додава дека 38-годишниот напаѓач наскоро би можел да испрати одговор. Теоретски, доколку Кавани го потпише договорот до 24 часа пред ...

Голманот на Флуминензе, Фабио (44), го израмни рекордот на Англичанецот Питер Шилтон по број на официјални натпревари во машкиот фудбал. Во саботата, во победата на неговиот тим против Форталеза со резултат 2:1, тој го одигра 1.390 натпревар во кариерата. . Оваа бројка, објавена од Флуминензе, ја потврди и бразилскиот медиум „Глобо Еспорте“. „Бог ми го даде овој дар“, изјави Фабио за „Глобо“. „Морам да им се заблагодарам на сите што беа дел од ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти Лајпциг. Елмас, вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Торино. Лајпциг за неговите услуги бара околу 20 милиони евра. Најреално во овој момент е Елмас да се врати во Италија. Торино сака да го откупи од Лајпциг, но не и да плати 20 милиони. Проблем со финансиите нема поранешниот клуб на макеоднскиот репрезентативец, Наполи. Засега актуелниот италијански ...

Манчестер јунајтед се согласи да го продаде Џејдон Санчо во Рома за 23 милиони евра, но англискиот репрезентативец сè уште не ги договорил финансиските услови, ќе мора да прифати намалување на платата. Италијанските медиуми објавија дека клубовите постигнале договор за позајмица со обврска за откуп на договорот од 23 милиони евра. Јунајтед е заинтересиран да го продаде Санчо, чиј договор истекува следното лето, но големиот проблем е платата на ...

Лерон Марфи го победи Арон Пик со спектакуларен нокаут на УФЦ 319 настанот во Чикаго. Потегот за кој се зборува на социјалните мрежи, нокаутот за кој зборува целиот свет – ударот со лактот од вртење (spinning elbow) на Марфи го остави Арон Пик во несвест. Борбата во перолесна категорија беше најавена како потенцијален елиминационен дуел за предизвикувачот против Александар Волкановски. Марфи можеби го зацврсти тоа место со нокаут на 3:21 од ...

Нотингем Форест со два трансфери ќе го затвори преодниот рок. Сезоната „шумарите“ ќе се натпреваруваат во Лига Европа. Горест досега го напуштија Еланга, Данило, Соса; Тарнер и Омобамиделе, а во клубот пристигнаа Хачисон од Ипсвич, Ендоје од Болоња, Хесус и Куња од Ботафого и Ган од Норич. Клубот доцна синоќа го потврди трансферот на Џејмс МекАти. Англискиот играч за врска доаѓа од Манчестер сити во трансфер вреден 35,4 милиони евра. Сити ...

Фудбалерите на Барселона триумфираа на Мајорка (3:0), во натпревар за кој ќе се зборува поради судиските одлуки на Хозе Луис Мунуера. Домашниот тим играше со двајца играчи помалку од 39-та минута. Ведат Муриќ доби директен црвен картон, само шест минути по вториот жолт картон што го заработи Ману Морланес. Во ситуација „11 на 11“, Барселона покажа класа, постигнувајќи два гола за околу дваесет минути. Прво, Рафиња го совлада Лео Роман во ...

Словенечката кошаркарска репрезентација загуби од Латвија со 100:88 во подготвителен натпревар пред Евробаскетот. Освен поразот, Словенија може да биде загрижена и за статусот на Лука Дончиќ, кој се повреди во третиот период. За разлика од натпреварот против Литванија, овој пат Словенците играа со Лука Дончиќ, кој веќе во првото полувреме покажа каква движечка сила е за тимот на Александар Секулиќ. Во првото полувреме, кошаркарот на Лос ...

Фудбалерите на Манчестер сити убедливо славеа на гостински терен кај Вулверхемптон (4:0), на почетокот од сезоната во Премиер лигата. Ерлинг Халанд ја започна сезоната со два гола, а со по гол на официјален натпревар дебитираа Тижани Рејдерс и Рајан Шерки. Сити ќе го пречека Тотенхем следната недела, додека Вулверхемптон ќе биде домаќин на Борнмут. Премиер лига, 1. коло: Сабота Брајтон – Фулам 1:1 (0:0) (О’Рајли 55п – Мунис 90+7) Сандерленд – ...

Фудбалерите на Олимпик Марсеј вербално се судрија во соблекувалната по вчерашниот пораз од Рен (1:0) во 1. коло од Лига 1. Ветувачко лето, доаѓање на нови засилувања кои се доста гласни и преоден рок кој е повеќе или помалку по вкус на Роберт де Зерби. А потоа, со уште еден играч повеќе, губење на судиското продолжение на „Роасон Парк“ против Рен во првиот натпревар од Лига 1. Нешто што никогаш не го очекуваа во Марсеј. Тоа доведе до тепачка ...

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот. Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем. Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе. Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите. Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата. Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите. Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, ...

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, ја освои пол-позицијата на Големата награда на Австрија. Ова е првата пол-позиција на Италијанецот од 2023 година иа Големата награда на Индија, а пол-позицијата ја освои со најбрзиот круг 1:28.060. Бецеки на тој начин ја донесе пол-позицијата на Априлија по малку повеќе од година и пол. Имаше и други изненадувања, Алекс Маркез го освои второто место, а Франческо Бањаја трето. Меѓу првите 10 беа и Марк ...

Поранешниот играч на Баерн Минхен, Кингсли Коман, е нов играч на Ал Наср, објави клубот од Саудиска Арабија. Коман (29) потпиша тригодишен договор со Ал Наср, а клубот не ја наведе вредноста на трансферот. Францускиот крилен напаѓач пристигна во Баерн во август 2015 година, а оттогаш одигра вкупно 339 натпревари и постигна 72 гола за германскиот клуб. Тој освои вкупно 20 трофеи со Баерн, вклучувајќи еден во Лигата на шампионите, а претходно во ...

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за шансите на неговиот тим да ја освои титулата пред почетокот на новата сезона. Лондонските „топџии“ завршија на табелата, три пати во претходните три сезони. Прво, двапати беа зад Манчестер сити, а минатата сезона зад Ливерпул. „Ако веруваш во она што го работиш, еден ден ќе ја постигнеш својата цел. Може да биде и фигуративно: Ако продолжиш да копаш и си упорен, еден ден ќе стигнеш до златото. ...

Мохамед Салах не можеше да ги скрие своите емоции по победата на Ливерпул над Борнмут (4:2) во првото коло од новата сезона во англиската Премиер лига. Натпреварот помеѓу Ливерпул и Борнмут беше полн со емоции од првата до последната минута, сè беше посветено на Диого Жота, кој почина во сообраќајна несреќа. Неговиот голем пријател и долгогодишен соиграч во Ливерпул, Салах не можеше лесно да се избори со своите емоции. Тоа можеше да се види во ...

Галатасарај оствари уште една победа оваа сезона, но она што најмногу ги израдува навивачите беше враќањето на теренот на Мауро Икарди. Aргентинскиot напаѓач не играше од 7 ноември минатата година поради повреда на лигаментите. Конечно ги доби своите пет минути, но буквално. Тој влезе во игра во 81-та минута и постигна гол по само шест минути. Со тој гол, Галатасарај победи против Карагумрук со 3:0. Икарди го постигна првиот гол од 23 октомври ...

Фудбалерот на Барселона, Жил Кунде го продолжи договорот со шпанскиот клуб до 2030 година. „Французинот стана заштитен знак на позицијата десен бек и е исклучително важен за Ханси Флик со својата неограничена енергија и пенетрација по десното крило. Солиден во одбраната и добар во напаѓачките комбинации, Кунде беше херој на победата во Купот на Кралот против Реал Мадрид минатата сезона“, се вели во соопштението на Барселона. Кунде (26) ...

По повод почетокот на новата сезона, англиските медиуми објавија листа на Топ 10 најплатени фудбалери во Премиер лигата. Ерлинг Халанд од Манчестер сити има највисока плата во Премиер лигата. Норвежанецот добива 525.000 фунти (610.000 евра) на својата сметка секоја недела. На месечно ниво, тоа е околу 2,44 милиони евра! На второто и третото место најплатени е тандемот на Ливерпул, најдобриот стрелец на тимот Мо Салах и капитенот Вирџил ван ...

Новата сезона во Премиер лигата започна со натпреварот помеѓу шампионот Ливерпул и Борнмут. По голема борба, „црвените“ победија на „Енфилд“ со резултат од 4:2. Првото полувреме беше резервирано за Уго Екитике, Французин чии способности беа доведени во прашање поради парите што беа издвоени за него. Напаѓачот на домашниот тим беше сеприсутен. Веќе по 10 минути од играта, тој беше во крупен план откако Сенеси играше со рака и со тоа го спречи ...

Рајо Ваљекано со победа во Џирона ја отвори 95. сезона во шпанската Ла Лига. „Пчелките“ славеа убедлива победа со 3:1. Иако можеби не беше очекувано, првиот меч во сезоната донсе голем број голови, а победникот беше познат по првите 45.минути. Рајо Ваљекано постигнаа два гола во рок од три минути. Прво, во 18-та минута, Хорхе Де Фрутос постигна гол, а во 21-та минута, му асистираше на Алваро Гарсија за 2:0. Во 43-та минута, домашниот голман ...

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса, беше опериран во Минхен поради повреда на абдоминалниот ѕид, и неизвесно е дали ќе биде подготвен за Европското првенство, кое започнува за 12 дена. ПР тимот на новиот кошаркар од Дубаи објави дека Муса имал проблеми со повреда, поради што пропуштил бројни тренинзи, и многу е можно да не биде дел од националниот тим на Евробаскет. Босна и Херцеговина е во групата Ц со домаќините Кипар, ...

Седум лица се соочуваат со кривични пријави поради местење на натпреварот помеѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, одигран на 6 мај годинава во Гевгелија. Според МВР, едно од нив е приведено. Меѓу пријавените се претседателот на ФК „Башкими“ Б.Х., спортскиот директор на ФК „Кожуф“ П.Ѓ., тренерот С.Г., тројца фудбалери од „Кожуф“ и еден играч од „Башкими“. Според истрагата, претседателот на „Башкими“ наводно му дал 10.000 евра на спортскиот директор ...

Џанлуиџи Донарума е се поблиску до договор кариерата да ја продолжи во Манчестер сити. Еден од најдобрите голмани на денешницата беше отпишан од ПСЖ откако не се согласи со клубот за продолжување на договорот, а неговото заминување го потврди и тренерот Луис Енрике. Во последните денови се шпекулираше дека Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговите услуги. Сепак, најновите информации сугерираат дека Јунајтед се повлекол ...

Вечерва во 20:45 часот, Србија ќе игра против Чешка на подготвителниот кошаркарски турнир Суперкуп во Минхен. Ден потоа, српската репрезентација ќе игра против победникот или поразениот од натпреварот помеѓу Германија и Турција. „Германија го освои првенството тука во 1993 година. Јас живеам во Минхен, во близина на новата, прекрасна сала, можеби најдобрата во Европа. Минхен е, можам да кажам, мојот град. Сега сум повеќе во Србија од познати ...

Бразилскиот фудбалер Ромуло потпиша петгодишен договор со Лајпциг. Магазинот „Кикер“ објави дека Лајпциг ќе плати до 25 милиони евра за трансферот на 23-годишниот напаѓач, од кои 20 милиони се фиксни, а 5 милиони преку потенцијални бонуси. Ромуло играше како позајмен играч за Гезтепе минатата сезона и постигна 17 гола во турското првенство и Купот. Својата кариера ја започна во Атлетико Паранаенсе. Лајпциг го донесе како замена за Бенјамин ...

Баерн Минхен тргна по Кристофер Нкунку, а од Челзи е отворени за преговори. Откако Штутгарт ги отфрли сите понуди за Нико Волтемаде, Баерн Минхен беше принуден да се сврти кон други цели, сега главна е Кристофер Енкунку. Французинот долго време се поврзуваше со Баерн, но до денес немаше конкретни преговори. Челзи сака да го продаде, Баерн се обидува да го заврши договорот како позајмица со право на откуп. Сепак, продажбата не е невозможна, ...

На престижната аукција на „Сотбис“ во Монтереј овој викенд, ќе биде понуден „Дукати Десмоседичи ГП8“ од 2008 година, во специјална ливреја со мотиви од знамето на Соединетите Американски Држави, управуван од легендарниот Ники Хејден. Моторот, кој моментално е во „шоу мотор“ состојба би можел да се врати на патеката со соодветните делови. Тоа е уникатен примерок од инвентарот на моделите ГП7 и ГП8, со компоненти набавени директно од фабричкиот ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
86%
1030
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1026
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.0
66%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.75
81%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
1.34
82%
1028
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
76%
1029
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
87%
1029
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Кобалт

58.42

Калај

41.29

Алуминиум

2.88

Сребро

2049.55

Цинк

3.03

Паладиум

50830.33

Родиум

255598.44

Платина

59937.34

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Бакар

10.76

Злато

138322.05