Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Фудбалерот на Риека, Јован Манев, ќе игра во Нови Пазар до крајот на сезоната како позајмен играч, соопштенја од редовите на третопласираниот клуб од српската Супер лига во сезоната 2024/25. По истекот на позајмицата, тимот на Нови Пазар ќе има право да го купи дефанзивецот, чиј договор со актуелниот хрватски шампион трае до летото 2027 година. Во текот на својата кариера, Манев (24) играше и за Адана Демирспор, Осиек, Брегалница и Осогово, ...
Лионел Меси има 38 години и ја „верификуваше“ својата трофејна кариера со освојувањето на Светското првенство со Аргентина, во Катар во 2022 година. Се подразбира дека тој ќе игра и на Светското првенство во Северна Америка наредната година, а аргентинските медиуми веќе зборуваат за последниот натпревар на веројатно најдобриот фудбалер во историјата пред домашната публика. „ДСпорт“, најавува дека тоа ќе се случи на 4 септември, кога е закажан ...
Организацијата „Правда за играчите“ ја тужи ФИФА, тврдејќи дека правилата за трансфери ги кршат работничките права на играчите и нивната слобода на движење. Во Холандија е поднесена тужба која би можела да ги промени правилата на играта. Организацијата „Правда за играчите“ ја тужи ФИФА, тврдејќи дека правилата за трансфер ги кршат работничките права на играчите и слободата на движење. Ова е борба што ги надминува границите на спортот, за ...
Поранешниот играч на Верона, Џексон Чачуа, е нов играч на Вулверхемптон Вондерерс, објави денес англискиот клуб. Чачуа (23) потпиша петгодишен договор со Вулверхемптон, со можност за продолжување за уште една година, а англискиот клуб не ја прецизираше вредноста на трансферот. Сепак, добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека станува збор за сума од 12,5 милиони евра. Камерунскиот десен бек пристигна во Верона во август 2023 година ...
Запреа преговорите во Мадрид околу новиот договор на Винисиус Жунир. Според „ЕСПН Бразил“, преговорите меѓу Реал Мадрид и Винисиус Жуниор се во ќорсокак. Менаџерите на фудбалерот, како што тврди овој извор, веруваат дека финансиските услови што ги нуди клубот не ги исполнуваат очекувањата. Тековниот договор на Винисиус важи до јуни 2027 година, а неговата годишна плата со бонуси е околу 17 милиони евра. Менаџерите на бразилскиот крилен напаѓач ...
Големата награда на Малезија на патеката во Сепанг се возеше од 1999 до 2017 година и беше една од омилените на многу фанови во караванот. Сега веќе долго време е отсутна од календарот, но постои иницијатива да се врати. Директорот на патеката, Азан Шафриман Ханиф, рече дека нема да биде лесно, Формула 1 да се врати во Малезија. „Не сакаме да ги повториме грешките од минатото. Дозволивме Формула 1 да си оди и сега е многу тешко да се вратиме. ...
Повредата на Ромелу Лукаку може да го реши статусот на Душан Влаховиќ во Јувентус. Белгискиот напаѓач, според прогнозите од Неапол нема да игра до крајот на годината. Влаховиќ сега се појави како опција во нападот за актуелниот италијански шампион. Трансфер пазарот во Италија влегува во својата последна фаза, се очекува дека неколку трансфери за кои се зборува во изминатиот период ќе добијат епилог. Интер дефинитивно се откажа од Адемоле ...
Арсенал го одбил предлогот на Реал за размена на фудбалери. Предлогот од Мадрид упатен до колегите во северен лондон бил Бразилскиот напаѓач Родриго (24) да се пресели во Арсенал, а во спротивна насока би заминал дефанзивецот Вилијам Салиба (24). Според информациите од шпанските медиуми, Арсенал ја отфрлил идејата на „кралскиот клуб“. Да ве потсетиме дека Реал веќе подолго време се обидува да го доведе Салиба, додека во исто време бара 100 ...
Прашање на денот е кога најдобриот играч на Кристал Палас, Еберечи Езе ќе се пресели во Тотенхем. Клубот од северен Лондон бара замена за Џејмс Медисон, кој ги повреди лигаментите пред две недели и според прогнозите веројатно нема да игра оваа сезона. Според медиумите на островот, англискиот репрезентативец постигнал договор со Тотенхем, сега чека истото да го направат клубовите. Работата е во завршна фаза, а вредноста на трансферот ќе биде ...
Карло Анчелоти, селекторот на Бразил, одлучи да се откаже од еден од своите најдобри фудбалери за септемврискиот циклус квалификации за пласман на СП. Винисиус Жуниор нема да биде во составот за натпреварите против Чиле и Боливија како дел од квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во 2026 година. Еден од најдобрите фудбалери на Бразил е суспендиран за натпреварот против Чиле, ...
Организаторите на трката во Формула 1 во Австралија објавија дека почнувајќи од следната сезона, една од трибините на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн ќе го носи името на возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој моментално е водечки во генералниот пласман во Формула 1. Трибината Пјастри ќе биде сместена на главниот правец, вклучувајќи ги и најексклузивните места, а воедно и најблиску до стартната линија. Патеката во Мелбурн веќе има неколку ...
Полската тенисерка Ига Швјонтек ја освои титулата на турнирот од серијата ВТА 1000 во Синсинати. Во финалето, тенисерката од Полска ја победи Италијанката Јасмин Паолини по два сета со 7:5, 6:4. Ова е нејзина прва титула на овој турнир, и ја врати на второто место на ВТА листата и на второто место за носител на претстојниот Ју-ес опен кој започнува во недела. Со победата над Паолини, Швионтек продолжи со неверојатната серија. Имено, Ига ...
Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати. Во финалето, Алкараз славеше по само дваесет минути игра против најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата Јаник Синер. Синер го предаде натпреварот при водство на Алкараз 5:0 во првиот сет. Се уште не е познато за каква повреда станува збор. Италијанецот се држеше во неколку наврати во пределот на стомакот, па може да станува збор и за вирус. Како и да е, тој донесе ...
Интер наводно повторно ја следи ситуацијата со својот поранешен голман Андреа Онана откако Манчестер јунајтед го изостави од составот за отворањето на сезоната во Премиер лигата. Според „Сан“, италијанскиот клуб внимателно го следи неговиот статус бидејќи има сè повеќе шпекулации за иднината на Камерунецот на „Олд Трафорд“. Се додава дека Интер е заинтересиран за враќање на 29-годишникот, кој замина во Јунајтед во 2023 година. Од неговото ...
Тежок удар за Наполи пред почетокот на сезоната во Серија А во која ја бранат титулата. Ромелу Лукаку се повреди и го очекува подолга пауза. Напаѓачот кој минатата сезона забележа дабл-дабл учинок од 14 гола и 11 асистенции го повреди квадрицепсниот мускул и ќе му биде потребна операција. Се очекува да отсуствува четири до пет месеци. Огромен проблем за Конте и Наполи. Бидејќи сега Наполи како класичен напаѓач го има само Лоренцо Лука ...
Арно Калимуендо, до неодамна играч на Рен, потпиша договор со Нотингем Форест. Францускиот клуб доби 30.000.000 евра обештетување, а двократниот европски шампион со овој трансфер најави големи амбиции во новата сезона, во која ќе се натпреварува и во Лига Европа. Калимуендо ја започна својата кариера во Пари Сен Жермен, но таму играше многу малку. Пред три години се пресели во Рен, каде што одигра одлични натпревари. Постигна 40 гола и имаше ...
Луис Хамилтон се пресели од Мерцедес во Ферари со големи амбиции, но првиот дел од сезоната за седумкратниот првак е вистински кошмар. Исклучок е спринт трката за Големата награда на Кина, каде победи Британецот. Особено разочарувачки беше неговиот настап во Унгарија, не успеа да влезе во последната квалификациска сесија, стартуваше 12-ти и на таа позиција ја заврши трката. Хамилтон е свесен дека има лоша сезона, дури во Унгарија изјави дека е ...
Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија. Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година. Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар. Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на ...
Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил. Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите. Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот ...
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Себастијан Але, ја напушти Борусија Дортмунд и денес потпиша договор со холандскиот клуб Утрехт. Кратко по пристигнувањето во Борусија во 2022 година, за време на тренинг му беше дијагностициран тумор на тестисите, што бараше две операции и хемотерапија. Тој се врати на теренот по само шест месеци. Во сезоната 2022/23, Але постигна девет гола во Бундеслигата. Минатата сезона беше позајмен во ...
Италијанскиот возач на Дукати во шампионатот на Мото ГП, Франческо Бањаја, испрати порака до лидерите на својот тим дека полека го „губи трпението“. Франческо Бањаја е двократен светски шампион во Мото ГП и прв возач по Кејси Стонер кој му го донесе шампионскиот трофеј на „црвениот“ италијански тим. Оваа сезона, Пеко вози многу послабо отколку во претходните години, додека неговиот тимски колега, Марк Маркез назапирливо ита кон шампионската ...
Трикратниот вицешампион на Гренд слем турнирите, Каспер Руд е убеден дека Новак Ѓоковиќ е најголемиот… не тенисер, туку и спортист на сите времиња. Руд и Ѓоковиќ се сретнаа во финалето на Ролан Гарос, кога Новак победи во три сета, а вкупниот резултат меѓу нив е 5-1. „Новак е најголемиот спортист во историјата. Не сакам да споредувам спортови, бидејќи е глупаво, но ако го споредите Новак со Том Брејди, на пример… Брејди е Г.О.А.Т, да не ме ...
Андреа Стела, шефот на Мекларен во Ф1, рече дека Макс Ферстапен бил во право кога зборувал за „папаја“ тимот. Оваа сезона, како што сите очекуваа, Мекларен е најдоминантниот тим со 11 победи во 14 одржани трки и тие имаат значителна предност и во битката за титулата кај возачите и конструкторите. Со десет трки што остануваат до крајот на сезоната, Мекларен се чини дека има сè во свои раце за двојна круна, а Ферстапен неодамна тврдеше дека ...
Манчестер јунајтед го отпиша Расмус Хојлунд (22), данскиот напаѓач кого го донесе од Аталанта пред две години за речиси 80 милиони евра. Данецот не беше во составот за вчерашниот натпревар против Арсенал во Премиер лигата. На овој начин менаџерот Рубен Аморим и клубот му испратија јасна порака дека за него нема место на „Олд Трафорд“. Јунајтед е отворен и за перманентен трансфер и за позајмица, а Хојлунд ќе ги разгледа достапните опции, ...
Синоќа, Сантос претрпе тежок пораз од Васко де Гама со 0:6 на домашен терен, 20-то коло од елитниот ранг на бразилското првенство. Резултатот влезе во историјата како највисока победа на Васко над Сантос и најголема гол-разлика во речиси сто години од натпреварите на овие клубови. Гостите од Рио де Жанеиро поведоа во 18-та минута со голот на Лукас Питон. Домашната одбрана потоа се распадна: Давид постигна гол во 52-та, Филипе Кутињо во 54-та и ...
Атлетик Билбао, во возбудлив натпревар, ја победи Севилја со 3:2. На отворањето на сезоната во Ла Лига, блескаше Нико Вилијамс со гол и две асистенции. Севилја се врати во мечот по водствто на Атлетик од 2:0, но не издржа. Дебитантот во дресот на баскискиот тим, Наваро погоди за победа. Нико Вилијамс, кој во последен момент реши да остане во Билбао, кога ја одби понудата од Барселона, во 36.минута избори пенал и го претвори во гол. Овој играч, ...
24-годишниот играч од средниот ред, Џејкоб Ремзи, е нов член на Њукасл јунајтед, со кого потпиша петгодишен договор, објави англиската Премиер лига во неделата. Ремзи им се придружи на „страчките“ од Астон Вила и стана четвртото засилување на Њукасл ова лето. Клубот не ги објави финансиските детали за овој трансфер, но англиските медиуми објавија дека е договорена компензација од 40 милиони фунти (околу 46 милиони евра). „Ова е голем потег за ...
Одбојкарската репрезентација на Македонија, како една од петте второпласирани селекции избори пласман на Европското првенство наредната година. Во последното коло, Македонија ја победи Грусија со 3:0 (25:13, 25:16, 25:17). Македонија мораше да ја победи Грузија во три сета и да не загуби повеќе од 68 поени. Поради тоа македонските одбојкари максимално сериозно му пристапија на натпреварот. Експресно го добија првиот сет, во ист ритам ...
Фудбалерите на Арсенал го победија Манчестер јунајтед со 1:0 во дербито од првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ беше нетипичен, „топџиите“ влегоа со епитетот големи фаворити, но тоа го оправдаа само со резултатот. Манчестер јунајтед доминираше, пропуштија играчите на Рубен Аморим неколку добри шанси, но не успеаја да го совладаат Раја. Решавачкиот момент се случи во 13.минута, кога погоди Рикардо ...
Фудбалерот на Баер Леверкузен, Амин Адли, ќе стане ново засилување на Борнмут. Адли има 25 години, игра како напаѓач и офанзивен играч од средниот ред. Тој е член на Баер Леверкузен од летото 2021 година, кога пристигна од родниот Тулуз. Мароканскиот репрезентативец беше стартер и одигра 45 минути во првиот натпревар од Купот на Германија против Гросбах. Адли му асистираше на Патрик Шик за првиот гол во победата од 4-0. По натпреварот, Адли со ...