Барселона го доби она што го сакаше од Марк-Андре тер Штеген и веднаш објави дека Германецот ќе остане капитен. Ханси Флик му стави до знаење на Тер Штеген дека не е во плановите за претстојната сезона, Тер Штеген одлучи да оди на операција на грбот. Беше објавено дека нема да може да игра три месеци, а клубот тврди дека паузата ќе трае најмалку четири. Затоа во Барселона сакаа да се повикаат на посебно правило и на тој начин да го ...

Лука Модриќ, најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, се пресели во Милан. Најголемите успеси во 13-годишната кариера во Реал ги постигна со „десетката“ на грбот. Во Милан ќе го носи бројот 14. Долгогодишниот капитен на хрватската репрезентација во интервју за „ДАЗН“, пред натпреварот помеѓу Милан и Лидс во Даблин, откри зошто го избрал бројот 14. Инаку, овој број го просалави легендарниот Холанѓанец Јохан Кројф. „Прв број на ...

На натпреварот помеѓу боливиските клубови Стронгест и Блуминг, кој се играше во Ла Паз, се случи сериозен инцидент кога навивачите на домашниот клуб фрлија пиротехнички средства на теренот. Инцидентот се случи во судиското надополнување на времето, а еден факел директно го погоди фудбалерот на домашниот тим Стронгест. Станува збор за парагвајскиот интернационалец, 32-годишниот Хуан Годој. Тој се здобил со сериозни повреди, изгореници од прв ...

Младиот шпански фудбалер Гонзало Гарсија (21), кој се истакна на Светското клупско првенство ова лето, го продолжи договорот со Реал Мадрид до јуни 2030 година, објави клубот. Гарсија, кој пристигна во Реал во 2014 година на десетгодишна возраст, ги мина сите возрасни категории во клупската академија. Неговиот договор првично траеше до јуни 2027 година, а дебитираше за првиот тим во ноември 2023 година. За време на летното клупско Светско ...

Враќањето на еден од најдобрите фудбалери во светот во целосна натпреварувачка форма по теѓката повреда на предниот лигамент минатиот септември не оди според планот. Повредата на препоните на Родри е посериозна отколку што се мислеше претходно и тој нема да се опорави пред репрезентативмата пауза во септември, откри менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола. Шпанецот ги одигра своите први минути на теренот по 236 дена отсуство и 47 пропуштени ...

Витезе дефинитивно остана без професионална лиценца, одлуката ја потврди судот во Утрехт. Со тој чин, вториот најстар клуб во Холандија исчезнува од професионалната фудбалска сцена по 133 години. Во Холандија, само Спарта од Ротердам е постара од Витезе. Фудбалската асоцијација на Холандија и Комисијата за лиценцирање донесоа одлука да не му доделат лиценца на Витезе. Клубот поднесе жалба до судот, кој во својата одлука потврди дека ...

УЕФА донесе одлуки да казни неколку членови на Барселона за инциденти што се случија за време и по полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Интер во Милано. Ламине Јамал и Роберт Левандовски се казнети со по 5.000 евра за прекршување на антидопинг прописите, додека главниот тренер Ханси Флик доби суспензија од еден натпревар и парична казна од 20.000 евра. Јамал и Левандовски ги прекршија одредбите од членовите 21.8 и 21.10 од ...

Фудбалерите на Шкендија надмоќно ја почнаа одбраната на титулата во Првата македонска фудбалска лига. Во првиот натпревар за сезоната 2025/2026, Шкендија со 5:1 го победи Шкупи. Убедливата победа на Шкендија, на стартото од сезоната, не треба да претставува некое големо изненадување, бидејќи Шкупи во Тетово настапи со седум младинци во стартниот состав. Ќе остане забележано дека првиот гол во новата сезона го постигна Рамадани во осмата ...

Вести во Премиер лигата на Англија – капитените на тимовите повеќе нема да носат ленти во боите на виножитото на натпреварите. Ова ќе биде крај на традицијата што трае веќе осум години. Имено, британските медиуми објавија дека Премиер лигата го прекинала партнерството со ЛГБТ+ добротворната организација „Стоунвол“ пред новата сезона. Како резултат на тоа, виножитната капитенска лента ќе биде прекината како задолжителна опрема на натпреварите ...

Соиграчот на Бојан Миовски во Џирона, Мигел Гутиерез наскоро ќе стане нов играч на Наполи Како што објави „Скај Спорт“, преговорите се завршени и сè што останува е да се договорат последните детали со играчот, кој веќе дал согласност да се пресели во Наполи во трансфер вреден околу 20 милиони евра. Гутиерез се пресели во Џирона од Реал Мадрид во 2022 година, а „кралскиот клуб“ задржа процент од клаузулата за идна продажба, што значи дека ќе ...

Роберт Левандовски го повреди мускулот на левата нога и е под знак прашалник за почетокот на сезоната, објави Барселона на својата веб-страница. „Роберт Левандовски страда од болка во феморисниот мускул на левата нога“, објави Барса, без да прецизира колку долго ќе отсуствува полскиот напаѓач. 36-годишниот напаѓач ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Комо во недела и е под знак прашалник за првиот натпревар од Ла Лига. Барселона ...

Ал Наср започна преговори со Баерн за трансфер на Кингсли Коман (29), објави фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо. Францускиот крилен напаѓач стана главна желба на саудискиот клуб, кој го договори доаѓањето на стоперот Иниго Мартинез (34) од Барселона и напаѓачот Жоао Феликс (25) од Челзи ова лето. Ал Наср веќе има ѕвезди како Кристијано Роналдо (40), Садио Мане (33) и Марсело Брозовиќ (32) во својот тим, а сега ќе им се придружат уште неколку ...

Манчестер јунајтед се согласи да го позајми Расмус Хојлунд на Милан, но договорот сè уште не е дефинитивно склучен. Данскиот напаѓач стана вишок на „Олд Трафорд“, откако во клубот дојдоа Матеуш Куња и Бенјамин Шешко. Милан веднаш покажа сериозен интерес за Хојлунд. Според „Газета дело Спорт“, се очекува челниците на Јунајтед да му соопштат на официјален состанок, на Хојлунд, дека е вишок во тимот, а потоа треба да се пресели на „Сан Сиро“. ...

Дефанзивецот на Челзи, Ливај Колвил, претрпе повреда на предните вкрстени лигаменти, потврди клубот од „Стенфорд Бриџ“. Човекот кој минатата сезона се етаблираше како најпостојан стопер на „сините“ и столб во походот кон трофејот во Конференциската лига, сега ќе мора да направи долга пауза. Колвил се повредил на првиот тренинг во понеделникот, а вчера бил опериран. Предвидувањата велат дека тој би можел да биде надвор од терените помеѓу шест и ...

По Јувентус и Милан, Алваро Мората ќе игра во Серија А и за Комо. Галатасарај попушти и се согласи да ја раскине позајмицата на искусниот напаѓач, кој минатата зима пристигна од Милан на една година. Според информациите што доаѓаат од Италија и Шпанија, Турците ќе добијат 5.000.000 евра од Комо, додека Милан ќе добие 1.000.000 за позајмицата. Милан наредното лето ќе заработи уште 9.000.000 евра, бидејќи Комо ќе мора да го откупи договорот на ...

Американскиот репрезентативец Тимоти Веа изјави дека неговиот сон се остварил со тоа што се приклучил на Олимпик Марсеј, клубот каде што кратко играл и неговиот татко Жорж Веа. „Ова е мојот дом сега, многу сум горд што сум тука. Сите ја знаат историјата на клубот, навивачите, стадионот. За мене е сон да бидам тука“, рече 25-годишниот Веа на официјалната презентација. Веа пристигнува во Марсеј како позајмен играч од Јувентус, каде што игра од ...

Лука Дончиќ, неодамна го продолжи договорот со ЛА Лејкерс, за три сезони ќе добие 165 милиони долари, а потоа и се приклучи на репрезентацијата, на подготовките за Европското првенство кое ќе започне на 27 август. Дончиќ бил забележан во центарот на Љубљана зад воланот на електричниот хиперавтомобил „Rimac Nevera“. Познато е дека кошаркарот на ЛА Лејкерс и ѕвезда на НБА лигата е голем љубител на автомобили, а во неговата гаража се кријат ...

Алехандро Гарначо до крајот на преодниот рок ќе го напушти Манчестер јунајтед. Аргентинецот, по завршувањето на сезоната доби известување од менаџерот Рубен Аморим дека во клубот за него повеќе нема место. Гарначо постигнал договор со Челзи, ги прифатил условите што му биле понудени од „Стенфорд Бриџ“ и сега чека да се договорат клубовите. Според англиските медиуми, Челзи за Гарначо ќе треба да ја плати приближно истата сума која ја заработи ...

Вест Хем одлучи да не го обнови договорот со Мајкл Антонио, кој преживеа тешка сообраќајна несреќа пред осум месеци. Ова сценарио го најави тренерот Греам Потер, кој во Атланта изјави дека Антонио не е во неговите планови. Сепак, клубот сè уште преговара со 35-годишниот јамајкански репрезентативец за добивање на некоја друга улога во клубот. За 10 години поминати во клубот, Антонио постигна 83 гола во 323 натпревари. Тој беше еден од ...

Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли, кариерата ќе ја продолжи во Литванија. Вајли постигнал договор со вице првакот на Литванија, Лијетувас Ритас. Американецот со литванскиот клуб договори едногодишна соработка. Вајли има значително искуство играјќи во Европа, како и во НБА. Минатата сезона ја мина во шпанска Гранада и тимот Гигантес де Каролина од Порторико. Jacob Wiley, a former NBA and Panathinaikos big man, is finalizing an ...

Американецот Бен Шелтон, четвртиот носител, ја освои својата прва титула на АТП Мастерс 1000 во Торонто. Шелтон в финалето го победи 11-от носител, Карен Хачанов, со 6-7(5), 6-4, 7-6(3). „Ова е надреално чувство. Беше долга недела и не беше лесен пат до финалето. Го покажав мојот најдобар тенис кога беше најважно. Бев жилав, бев упорен, бев отпорен. Сето ова се квалитети што сакам да ги видам кај себе“, рече Шелтон по победата. За 20-годишниот ...

Канадската тинејџерка Викторија Мбоко ја освои својата прва ВТА титула откако изненадувачки ја победи четирикратната Гренд слем шампионкса, Наоми Осака. Во финалето на Мастерсот во Монтреал, тинејџерката славеше над Осака со 2-6, 6-4, 6-1. 18-годишната тенисерка, која дојде на турнирот со „вајлд карта“, се опорави откако го загуби првиот сет во кој поранешната тенисерка број еден во светот експресно повреде со 3:0. Во вториот сет, Мбоко ...

Барселона вчера објави дека му ја одзема капитенската лента на голманот Марк-Андре тер Штеген поради дисциплинска постапка што клубот ја покрена против него два дена претходно. Тер Штеген зад себе има две тешки сезони, обележани со повреди. Клубот поради тоа започна да врши притисок врз него да си замине од „Ноу Камп“. 33-годишниот голман, кој неодамна имаше операција на грбот, влезе во конфликт со клупските челници откако одби да ѝ дозволи на ...

Томас Парти и официјално е фудбалер на Виљареал. 32-годишниот интернационалец од Гана не го обнови договорот со Арсенал ова лето, а само четири дена по истекот на договорот, доби тужба за пет силувања поднесени од две жени и тужба за сексуален напад поднесена од трета девојка. Парти ги негира сите обвинувања, а во средата беше сослушан на суд и доби условна кауција, му беше дадена и дозвола да ја напушти земјата, што му овозможи да потпише ...

Дефанзивецот на Барселона Иниго Мартинез кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. Повремениот репрезентативец на Шпанија постигнал договор со Ал Наср. Барселона нема да добие ниту цент од трансферот, тврди новинарот Фабрицио Романо. Искусниот стопер активирал посебна клаузула во договорот за да го напушти клубот. Сепак, Барса ќе заштеди на неговата плата и ќе добие простор за маневрирање за понатамошна регистрација на фудбалери. Клубот ...

Магазинот „Франс фудбал“ денес ја објави листата од 30 фудбалери номинирани за Златната топка (Ballon d’Or), која се доделува на најдобриот играч во светот. На листата, која беше објавена на социјалната мрежа „“, се наоѓаат девет фудбалери на Пари Сен Жермен:: Усман Дембеле, Витиња, Џанлуиџи Донарума, Нуно Мендеш, Дезире Дуе, Хвича Кварацкелија, Ашраф Хакими, Жоао Невес и Фабијан Руиз. Фудбалерите на ПСЖ ја освоија Лигата на шампионите ...

Бенјамин Шешко (22) наскоро ќе стане нов играч на Манчестер јунајтед, објави попладнево Фабрицио Романо. Најпознатиот светски експерт за трансфери на фудбалери ги објави деталите за трансферот. Јунајтед ќе плати 76,5 милиони евра фиксна отштета на германскиот РБ Лајпциг за словенечкиот напаѓач, со 8,5 милиони потенцијални бонуси. Вечерва, Шешко ќе отпатува за Англија во друштво на своите менаџери, каде што треба да ги мине лекарски прегледи и ...

Нов играч на кошаркарскиот клуб Басконија е Хамиду Диало (27), победникот на натпреварот во забивање на Ол-стар викендот, во 2019 година. Диало е уште еден во низата кошаркари со солидна НБА репутација кои ова лето решија да се натреваруваат во Евролигата. „Басконија додаде атлетизам во својот состав со тоа што го потпиша крилниот играч Хамиду Диал на две години“, објави клубот од Виторија. Родениот во Квинс пристигнува по сезона со Шанкси ...

Луис Енрике успеа во намерите да го донесе дефанзивецот Илија Забарњи во редовите на Пари Сен Жермен. Од почетокот на летото се знаеше дека нема да има место за Бералдо во Пари Сен Жермен, па Луис Енрике го означи Украинецот како уште еден играч во ротацијата. Забарњи има одлична сезона зад себе во која играше во тандем со Дин Хујсен. Исто како и младиот Шпанец, Украинецот ќе ја полни касата на Борнмут, бидејќи ПСЖ ќе плати 63.000.000 евра ...

На почетокот на јули како гром од ведро небо одекна веста дека Ред Бул реши да го отпушти шефот на тимот, Кристијан Хорнер. Хорнер две децении беше на чело на тимот, со Себастијан Фетел и Макс Ферстапен учествуваше во освојувањето на шампионките титули. По заминувањето на Хорнер, Ред Бул го презеде Лоран Меки, кој долго време работеше во сестринскиот тим Торо Росо, од оваа сезона тимот го носи името Рејсинг булс. Заминувањето на Хорнер, стави ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1031
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1027
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
94%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.57
66%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.75
80%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
84%
1029
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
70%
1029
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
87%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
95%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1029
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Цинк

3.03

Паладиум

52470.02

Родиум

258009.74

Бакар

10.93

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Платина

61733.50

Калај

42.35

Алуминиум

2.90

Сребро

2128.87

Злато

139470.53

Иридиум

145787.60