Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Почина Жорге Кошта (53), поранешен португалски фудбалер и легендарен капитен на Порто. Во сино-белиот дрес, тој освои осум титули во лигата, Лигата на шампионите и Интерконтиненталниот куп, а со репрезентацијата беше светски шампион до 20 години. Информацијата за смртта ја потврди болнички извор, јавува португалското радио „Ренасенса“. Според болницата „Сао Жоао“, Коста „доживеал кардиореспираторен застој во одделот за итни случаи и бил ...
Душан Тадиќ нема да ја засили Црвена звезда, кариерата ќе ја продолжи во странство. Според сознанијата на „Спорт Клуб“, Тадиќ уште еднаш ѝ се заблагодарил на Црвена звезда за поканата и приказната тука завршува. Тадиќ имал малку поопуштен став, оставил простор евентуално да дојде во Звезда, но сепак останал доследен на чувството дека концептуално не се вклопува во тој клуб. Исто така и челниците на српскиот шампион го загубиле трпението, ...
Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ потпиша договор со АЕК Атина, објави клубот. Финансиските детали и времетраењето на договорот не беа откриени, но грчките медиуми тврдат дека Јовиќ се согласил на двегодишен договор, при што српскиот фудбалер треба да заработи вкупно шест милиони евра. Својата кариера ја започна во Црвена звезда, а потоа играше за Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид и Фиорентина. Последните две сезони ги помина во ...
Поранешниот фудбалер на Арсенал, Томас Парти, претпладнево се појави во Судот за прекршоци во Вестминстер во Лондон откако беше обвинет за силување. Тој е обвинет за пет обвиненија за силување и едно обвинение за сексуален напад. Сите наводни кривични дела се случиле помеѓу април 2021 и јуни 2022 година. Облечен во црн џемпер и држејќи јакна во рака, тој брзо помина покрај новинарите и фотографите во судницата. Неговата адвокатка, Џени ...
Берни Еклстоун (94) му порача на Луис Хамилтон веднаш да се повлече од Формула 1 и да побара исплата на целиот договор со Ферари пред „нешто лошо да му се случи“, пишува „Дејли Мејл“. Остриот совет доаѓа во време кога иднината на Хамилтон е неизвесна по катастрофалната трка за Големата награда на Унгарија минатиот викенд. Откако се квалификуваше на скромното 12-то место, додека колегата од Ферари, Шарл Леклер, ја освои пол-позицијата, ...
Манчестер сити му понуди нов договор на Родри. Освојувачот на Златната топка ја пропушти сезоната поради тешката повреда на лигаментите. Отсуството на Родри се рефлектираше врз резултатите на тимот. Сити не освои ниту еден трофеј и се до три кола пред крајот му висеше пласманот во Лигатана шампионите. Иако деталите не се познати, а со тоа и точната бројка, речиси е сигурно дека тој би стнал вториот најплатен играч во тимот, веднаш по Ерлинг ...
По 4-ти пат Пинг понгарската федерација го организира светскиот натпревар од серијата World Table Tennis (WTT) и тоа од групата на ѕвездите, односно т.н. Star Contender, што ќе се одржи од 5 до 7 Септември. Првичните пријави најавуваат многу возбудливи натпревари и дополнително подигнување на нивото на натпреварот на светско ниво. Во машка конкуренција веќе е пријавен 4-от најдобар на светската ранг листа Ли Сјунгсо од Кореа, додека кај жените ...
Манчестер сити со големи амбиции ќе влезе во новата сезона, откако претходната се претвори во катастрофа. Пеп Гвардиола и неговиот тим не освоија ниту еден трофеј. Во пресрет на новата сезона, Сити се засили со Рајан Шерки, Тијани Рејндерс, Рајан Аит-Нури, Маркус Бетинели, Свере Нипано и Џејмс Трафорд. Гвардиола, до крајот на преодниот рок сака дополнително да ја зајакне својата крилна напаѓачка линија. Клубот бара напаѓач кој ќе комбинира ...
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген одби да потпише согласност Барселона да достави извештај за неговата повреда и операција до раководството на Ла Лига. Според „Мундо Депортиво“, Барселона покрена дисциплинска постапка против него. Случајот го презеде правниот тим на каталонскиот клуб, а 33-годишниот германски голман речиси сигурно ќе се соочи со казна. Постапката на Тер Штеген има директни последици за клубот. Доколку се докаже дека ...
Челниците на шпанската Ла Лига го одбиле барањето на Реал Мадрид за одложување на првенствениот натпревар против Осасуна на 19 август. Од „кралскиот клуб“ наведоа дека дека им е потребно одложување бидејќи играчите се уште се уморни од минатата сезона, во која најдобрите играчи одиграа повеќе од 60 натпревари. На „Сантијаго Бернабеу“ се бесни на одлуката и испратија остра порака до челниците на лигата преку клупската телевизија. Патем, Реал ...
Кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Диерон Фокс, потпиша нов, максимален договор со НБА франшизата од Тексас. За четири години ќе заработи 229 милиони долари. Фокс ќе заработува 57,5 милиони долари годишно во следните четири години. За споредба, Лука Дончиќ потпиша тригодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс, според кој ќе заработува 165 милиони долари во текот на три години, или 55 милиони долари годишно. Фокс беше разменет во февруари 2025 ...
Англискиот фудбалски клуб Њукасл испрати втора, подобрена понуда за напаѓачот на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко. Германски „Скај Спортс“ тврди дека Њукасл нуди 69,7 милиони фунти (80 милиони евра) фиксна компензација, со дополнителни бонуси. „Страчките“ првично понудија 65,3 милиони фунти плус 4,36 милиони фунти (75 милиони евра + 5 милиони евра) бонуси. На Њукасл очајно му се потребни засилувања во нападот. Тренерот Еди Хау ги има на располагање ...
Кристијано Роналдо продолжува да го обликува тимот според своите желби, а сега е пронајдено ново име кое би сакал да го види во тимот. Според „Марка“, португалскиот фудбалер побарал од раководството на клубот да го доведе Мејсон Гринвуд. Англискиот офанзивен играч се прероди и е најдобриот играч на Марсеј. Тој веќе имаше покани од Саудиска Арабија минатата сезона, но тогаш не сакаше да го промени средниот ред. Не е лесно да останеш имун кога ...
Францускиот фудбалер од редот за врска, Енцо Мило, долго време се поврзуваше со Атлетико Мадрид, но тој кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. Енцо Мило беше виден на стадионот „Метрополитано“, иако неговото пристигнување беше одложено поради Штутгарт, кој одолговлекуваше со условите за плаќање. Се испостави дека „Швабите“, намерно ги одолжиле преговорите со шпанскиот клуб, чекале сигнал од Саудиска Арабија. Мило беше поврзуван и со ...
Баер Леверкузен ја продолжи соработката со 29-годишниот централен напаѓач и чешки репрезентативец Патрик Шик, а голгетерот висок 191 см се обврза да остане во редовите на популарните „фармацевти“ до 2030 година. Шик помина пет сезони во овој тим и значително придонесе пред две сезони, кога Баер ја освои Бундеслигата и ја прекина децениската апсолутна доминација на Баерн во германскиот фудбал. Вкупно, Шик одигра 121 натпревар во Бундеслигата и ...
Реал Мадрид имаше неуспешна сезона во која не освои ниту еден трофеј. Шпанските медиуми наведуваат дека една од причините е тоа што голем број играчи се повредиле во последната сезона под водство на Карло Анчелоти. За да се спречи ова повторно да се случи, новиот тренер Чаби Алонсо заедно со раководството одлучи да го отпушти целиот медицински тим. Како што пишуваат шпанските медиуми, имало лоши односи во тимот задолжен за здравјето на ...
Барселона сè уште има проблеми со финансискиот фер-плеј, што дополнително ја комплицира ситуацијата. Каталонците ставија неколку играчи на трансфер листата, но додека чекаат нивна продажба, се соочуваат со истата ситуација како и минатата сезона. Станува збор за регистрација на играчи за новата сезона. Како што пишува „Мундо Депортиво“, засега Барселона не може да смета на Рашфорд, Жоан Гарсија, Жерар Мартин и Руни Барги. Дури ни на Војчех ...
Премиерот, Христијан Мицкоски денес остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на неколкумина присутни во салата, и посочи дека навивачките групи треба да ги бодрат своите тимови, без навредливи и ксенофобични пораки. „Во текот на вчерашниот ден домаќинот а тоа беше кошаркарската федерација исто така и Општина Куманово го осудија скандирањето и ксенофобичните испади на неколкумина во салата, искрен да ...
Македонскиот шампион Шкендија знае против кого ќе игра во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите, доколку во третото коло го елиминира Карабаг. Лудогорец или Ференцварош ќе и биде противник на Шкендија, под услов клубот од тетово да го мина Карабаг. Плеј-офот ќе се игра на 19/20, односно 26/27 август. Плеј-оф двојки за пласман во Лигата нашампиони: Лудогорец/Ференцварош – Шкендија/Карабах Лех Познањ/Црвена Звезда – Динамо Киев/Пафос ...
Фудбалскиот клуб Интер Мајами на својата официјална веб-страница објави дека повредата на Лионел Меси, која Аргентинецот ја заработи на натпреварот против мексиканската Некакса, не е од сериозна природа. Сепак, сè уште не е познато кога ќе се врати на теренот и дека неговото закрепнување, како и влегувањето во тренинг, ќе бидат под посебен надзор. Пред две ноќи, Меси го напушти теренот по само 10 минути. Почувствува болка во мускулот на ...
Еден од најдобрите германски голмани на сите времиња, Оливер Кан (56), изјави дека Бундеслигата станала предвидлива и здодевна, истакнувајќи дека Баерн бил национален шампион 12 пати во последните 13 сезони, објавија германските медиуми. Кан беше претседател на одборот на Баерн од 2021 до 2023 година. „За време на мојата фудбалска кариера, Бундеслигата беше понеизвесна, имаше повеќе тимови кои се натпреваруваа за титулата. Како може клуб со ...
По историската сезона и првата тројна круна во историјата на клубот, Фенербахче формира тим за следната сезона. Европскиот првак се договори со Брендон Бостон. Станува збор за 23-годишен крилен играч со искуство во НБА. Бостон играше за Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс Пеликанс, а ова ќе му биде прво меѓународно искуство. Одигра вкупно 147 натпревари во НБА и имаше просек од 7,5 поени, 2,2 скока и 1,2 асистенции. Шутираше со 41% од поле и 33% ...
Лука Јовиќ (27) го напушти Милан откако му истече договорот и по долго размислување реши каде ќе ја продолжи кариерата. Србинот водеше интензивни разговори со актуелниот шампион на Северна Америка, мексиканскиот Круз Азул. Откако ги одби мексиканците, доби повик од својот поранешен тренер Вељко Пауновиќ да му се приклучи во Овиедо. И кога се чинеше дека Јовиќ ќе го предводи нападот на повратникот во Примера, се случи пресврт. Ја прифати ...
Голден Стејт Вориорс имаат усмен договор со ветеранот Ал Хорфорд за следната сезона. Според аналитичарот на НБА, Џејк Вајнбах, Вориорс постигнале договор со поранешниот Ол-стар, кој има титула со Бостон Селтикс. Се очекува Вориорс повторно да потпишат со Гари Пејтон и Дионтони Мелтон. Вајнбах наведува дека овие три потписи нема да бидат официјализирани сè додека не се реши ситуацијата со Џонатан Каминга, кој би можел да ги напушти Вориорс. ...
Барселона мора да продава за да може да регистрира повеќе играчи во првиот тим, вклучувајќи ги Џоан Гарсија, Војчех Шчесни и Маркус Рашфорд. Марк-Андре тер Штеген и Андреас Кристенсен се сметаат за главни кандидати за заминување, но засега ништо не се случува во таа насока. Двајцата гласно и јасно кажаа дека нема намера да го напуштата клубот. Наместо тоа, меѓу потенцијалните заминувања се појавија нови имиња, а еден од нив е Марк Касадо. ...
Сагата околу Адемола Лукман (27) и неговото заминување од Аталанта доби нов заплет. Нигерискиот напаѓач ги потврди медиумските извештаи и објави дека поднел официјално барање за трансфер, обвинувајќи го клубот дека го блокирал неговиот трансфер во Интер и покрај, како што тврди, задоволителната понуда од 45 милиони евра. Тој ја сподели својата верзија на приказната во објава на Инстаграм. „Во текот на изминатите три години во Аталанта, дадов ...
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изненади со освојувањето на пол-позицијата за Големата награда на Унгарија во саботата, а еден ден подоцна мораше да се задоволи со четвртото место на трката. Леклер го презеде водството од самиот почеток и брилијантно се држеше до втората промена на гумите, кога падна во редоследот зад двајцата возачи на Мекларен, и беше престигнат од Џорџ Расел во Мерцедес. Дури и пред Британецот да успее да го загрози, Леклер ...
Хјонг-Мин Сон го одигра последниот натпревар за Тотенхем. Кореецот, по десет години, 173 гола, се збогува со клубот. Сон кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес. И тоа е она што ќе се памети од пријателскиот натпревар меѓу Њукасл и Тотенхем (1:1), одигран во Сеул. Џонсон му донесе водство на Тотенхем во 4-та минута од играта, а Барнс израмни во 38-та минута. Oh son heung min you’re so so loved😭🤍 pic.twitter.com/JhOUSjbWro — ☀️🌙 ...
Ландо Норис победи на трката за Големата награда на Унгарија пред тимскиот колега и лидер во генералниот пласман, Оскар Пјастри, односно Џорџ Расел од Мерцедес. Британецот во Мекларен ја забележа петата сезонаска победа, овој триумф е негов деветти во кариерата. Ландо Норис победи на Хунгароринг благодарение на тактиката. Ризикот со само едно влегување во боксот му се исплатеше, на крајот во последните три круга успеа да се одбрани од нападите ...
Александар Митровиќ би можел да се врати во Њукасл, тимот каде што ја започна својата кариера во Премиер лигата, пишуваат британските медиуми. Тренерот на Ал-Хилал, Симоне Инзаги, повеќе не смета на српскиот напаѓач, а сè повеќе знаци укажуваат дека најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација ќе заврши на Островот. И додека во претходните недели се пишуваше дека Манчестер јунајтед е сериозно заинтересиран за Србинот, најновите ...