Шампионот на Англија, Ливерпул се уште не го завршил преодниот рок. Клубот досега потроши 300.000.000 евра на засилувања, а до рајот на трансфер пазарот ќе се обидат да ја засили одбраната. На радарот на ливерпул е талентираниот дефанзивец на Парма, Џовани Леони. Трансфер инсајдерите, Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо, тврдат дека 18-годишниот играч на Парма веднаш ја прифатил понудата на „црвените“. Тимот од „Енфилд“ сега треба да ги ...

Голманска вртелешка се подготвува во финишот на летниот преоден рок. Бразилскиот голман Едерсон (31) е на прагот да се пресели во Галатасарај, што значи дека на неговото место ќе дојде Џиџи Донарума кој е пречкртан во ПСЖ: . Едерсон се договорил со актуелниот шампион на Турција. Ќе потпише договор до 2028 година, со плата од 7.000.000 евра годишно, со бонуси, тврди италијанскиот инсајдер Николо Скира, без да наведе колкава сума Сити ќе ...

Барселона би можела да остане без најдобриот напаѓач до крајот на преодниот рок. Имено, полскиот напаѓач Роберт Левандовски, ѕвездата на каталонскиот клуб, би можел да го напушти клубот ова лето откако добил понуда од Саудиска Арабија која вклучува неверојатни 50 милиони евра годишно. Левандовски, кој наполни 37 години на почетокот на месецот, има договор со Барселона до крајот на следната сезона. Тој дојде во клубот во 2022 година од Баерн. И ...

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека се противи на одлуката на ла Лига, натпреварот меѓу Виљареал и Барселона, закажан за 20 декември да биде одигран во Мајами, САД. Шпанската фудбалска федерација во понеделникот го одобри барањето натпреварот од лигата помеѓу Виљареал и Барселона да се игра на американска почва. Федерацијата ќе побара дозвола од Европската фудбалска унија (УЕФА) и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Виљареал им ...

Едноминутно молчење ќе биде одржано пред натпреварите од првото коло во Премиер лигата, во спомен на фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва, кои загинаа во сообраќајна несреќа. Раководството на Премиер лигата денес објави дека разговарало со претставници на Ливерпул за најсоодветниот начин да му се оддаде почит на Жота, кој загина со својот брат на 3 јули во сообраќајна несреќа во Шпанија. Освен едноминутното молчење, ...

Реал Мадрид ги заврши подготовките со убедлива победа од 4:0 против австрискиот прволигаш ВСГ Тирол. „Дефенса Централ“, пишува дека овој натпревар јасно ја покажал визијата на новиот тренер Чаби Алонсо, кој знае кои играчи ќе бидат клучни за тимот. „За време на бројните измени, Алонсо остави тројца играчи на теренот кои го започнаа натпреварот: стоперот Дин Хујсен (20), играчот од средниот ред Арда Гулер (20) и Килијан Мбапе (26). Со тоа, тој ...

Актуелниот победник на Лигата на шампионите, ПСЖ, и актуелниот победник на Лига Европа, Тотенхем, ќе се сретнат вечерва во 21 часот на стадионот „Блуенерџи“ во Удине во борбата за Суперкупот на УЕФА. Победникот на Лигата на шампионите сака да додаде трофеј што не го освоил ниту еден француски клуб, додека Тотенхем се надева дека ќе подигне уште еден трофеј по освојувањето на Лига Европа. Единствениот пат кога ПСЖ имаше шанса да го освои ...

Новото засилување на Евертон, Џек Грилиш, изјави дека сакал да оди само на едно место откако му се приклучи на клубот како позајмен играч од Манчестер сити. Грилиш се пресели од Сити како позајмен играч во Евертон до крајот на сезоната и е шестото засилување на клубот од Ливерпул во летниот преоден рок. Тој рече дека разговорите со менаџерот Дејвид Мојес биле одлучувачки да ја донесе одлуката за преселба на стадионот „Хил Дикинсон“. „Пресреќен ...

Џанлуиџи Донарума стави крај на својата епизода во ПСЖ. Голманот јавно објави и потврди дека ќе го напушти европскиот шампион до крајот на летниот преоден рок и дека потегот на Луис Енрике целосно го разочарал и му го скршил срцето. Во претходните четири години, Донарума беше прв голман на ПСЖ и еден од најзаслужните што овој тим конечно стигна до титулата во Лигата на шампионите минатата сезона. Сепак, на почетокот од подготовките за новата ...

Швеѓанецот Арман Мондо Дуплантис го собори сопствениот светски рекорд во скок со стап со скок од 6,29 метри на атлетскиот собир во Будимпешта. На 25-годишна возраст, Дуплантис го собори светскиот рекорд по 13-ти пат, трет пат во 2025 година по Клермон-Феран (6,27 м) во февруари и Стокхолм (6,28 м) во неговата татковина на 15 јуни. Од настапот во Стокхолм, тој на три последовни натпревари скокна преку шест местри и повеќе (6,13 м во Острава, ...

Актуениот македонски шампион Шкендија доживеа елиминација од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Шкендија ја очекува плеј-офот за место во Лига Европа, доколку и тука загуби ќе игра во фазата по групи во Конференциската лига. Шкендија по поразот во првиот меч на домашен терен (0:1) од Карабаг, вечерва доживеа дебакл во реваншот во Баку. Карабаг победи со 5:1. Почетокот на натпреварот ветуваше бидејќи Тамба во 10.минута и донесе ...

Марио Балотели (34), поранешен италијански репрезентативец, ја напушти Џенова откако му истече едногодишниот договор. Контроверзниот напаѓач одигра само шест натпревари во текот на минатата сезона. Денес е слободен играч кој бара нов клуб. „Мојот сон беше да играм за Реал Мадрид. Денес само барам клуб кој ќе верува во мене. Сакам да играм уште две или три години. Потоа ќе одам кај мојот брат Енок. Тој сега игра за Вадо. Тоа е аматерски тим. Му ...

Најдобриот стрелец во историјата на српската фудбалска репрезентација, Александар Митровиќ, го напушта Ал Хилал. Со доаѓањето на уругвајскиот Дарвин Нуњез, тренерот Симоне Инзаги повеќе не смета на Митровиќ, а најдобро за сите би било ако српскиот напаѓач го напушти клубот. Единствениот проблем е неговиот договор, според кој клубот мора да му плати уште 25 милиони евра. Според катарскиот весник Ал Кас, саудискиот клуб е подготвен да го исплати ...

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го суспендира поранешниот судија од Премиер лигата, Дејвид Кут, на два месеци. Суспензијата му е изречена поради навредливи коментари за поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, објавени на социјалните мрежи. ФА во соопштението наведува дека Кут изразил „длабоко каење“, признавајќи дека неговите коментари биле „груби и несоодветни“. Кут (43) ќе мора да посетува образовен курс покрај суспензијата. Во ...

Елиф Елмас сака да го напушти Лајпциг до преодниот рок. Македонскиот репрезентативец се поврзува со неколку клубови, Торино сака да го откупи неовиот договор, а попладнево се појави информација дека тој би можел да се врати во Наполи. Елмас е играч на Лакпциг од 1.јануари 2024 година, кога со клубот од Бундеслигата потпиша договор до јуни 2028 година. Лајпциг на Наполи му плати 24 милиони евра. Минатата сезона, во првиот нејзин дел, одигра ...

Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра контролен натпревар против Саудиска Арабија на 4. септември во рамки на официјалниот ФИФА термин. Дуелот ќе се одигра на стадионот „Викторија“ во Прага, Чешка, со почеток во 17:00 часот. Ова ќе биде трет меѓусебен натпревар помеѓу двете репрезентации. Првиот се одигра на 1. август 2001 година во Ријад и заврши без победник (1:1). Вториот меч беше на 22. октомври 2022 година во Абу Даби, кога ...

Пред две години, Винисиус беше најголема ѕвезда, можеби дури и статусен симбол на Реал Мадрид. Но, многу работи се променија во нивниот однос. Односот е нарушен толку многу што се повеќе се зборува за разделба. Сè започна со изборот за Златна топка, Бразилецот не ја доби престиѓната награда и покрај тоа што го сметаа за наголем фаворит. Потоа новодојдениот Килијан Мбапе се профилираше како прва ѕвезда на тимот. Винисиус зад себе има солидна ...

Еден од играчите што е во фокусот од почетокот на преодниот рок е Еберечи Езе. Најдобриот играч на Кристал Палас долго време се поврзува со Арсенал, но и Тотенхем е во игра. Тотенхем сериозно започна со кампањата за трансферот на офанзивениот играч од средниот ред. Покрај ова, Тотенхем работи и на трансферот на Савињо од Манчестер сити. Дуоката во редот за врска се отвори со заминувањето на Сон и повредат на Медисон. Според медиумите, Езе е ...

Навивачите на Манчестер јунајтед влегоа во нова „војна“ со клупските челници. Откако неодамнешното зголемување на цените на билетите веќе предизвика протести и незадоволство, сега навивачите ги удвоија своите жалби поради уште еден удар врз нивниот џеб. Имено, клубот ја зголеми цената на пивото на „Олд Трафорд“ за 51 отсто. За време на пријателскиот натпревар помеѓу Јунајтед и Фиорентина (1:1) во саботата, навивачите беа непријатно изненадени ...

Новиот кошаркар на Бруклин Нетс, Мајкл Портер Јуниор, откри интересна работа од својот живот. Портер Јуниор е неодамнешниот ас на Денвер Нагетс и одличен шутер кој му помогна на тимот од Колорадо да го освои шампионскиот прстен во 2023 година со победата над Мајами Хит во големото финале. Сега Нагетс се впуштија во нов тим билдинг и го испратија Портер во Бруклин, а Камерон Џонсон дојде во Денвер. За време на новата епизода од неговиот подкаст ...

Грчката репрезентација влезе во последната фаза од подготовките за Европското првенство и се надева дека драмата со најдобриот играч, Јанис Адетокумбо ќе има среќен крај. НБА ѕвездата на Милвоки Бакс не отпатува за Кипар, каде што Грција играше натпревари против Србија и Израел, и ги загуби двата. На почетокот се веруваше дека причината е мала повреда, но грчкиот портал „SDNA“ открива што се случува со Адетокумбо. Станува збор за неплатената ...

Доскорешниот играч на Наполи, Џакомо Распадори, потпиша петгодишен договор со Атлетико Мадрид, објави клубот од „Метрополитано“ стадионот. Финансиските детали не беа откриени, но италијанските медиуми објавија дека Атлетико му платил на клубот од Неапол околу 26 милиони евра отштета, вклучувајќи бонуси. Распадори (25) е член на Наполи од 2022 година, а пред тоа играше за Сасуоло. Тој одигра 109 натпревари за клубот од Неапол, постигнува 18 ...

Иља Забарњи, до вчера централен дефанзивец на Борнмут, потпиша договор со Пари Сен Жермен, актуелниот победник на Лигата на шампионите. Украинецот потпиша на пет години, до 2030 година, а вредноста на трансферот е дури 66 милиони фунти. Забарњи пристигна во Борнмут од Динамо Киев. Тој одигра 78 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол. Одигра 48 натпревари за украинската репрезентација со три гола. Значи, Борнмут ја продаде речиси ...

Лукас Васкез (34) кариерата ќе ја продолжи во Еспањол. Васкез како слободен играч ќе потпише договор со клубот чии дрес го носеше во сезоната 2014/2015. Шпанскиот крилен играч остана без договор откако го напушти Реал Мадрид, а неговото враќање во Барселона треба да биде потврдено во наредните денови. Италијанскиот трансфер инсајдер Николо Скира веќе пишуваше за новиот клуб на Васкез, а приказната ја потврдија и шпанските медиуми. Васкез на ...

Новиот тим на „Кадилак Ф1“ сè уште не го потврдил составот на возачи за својата дебитантска сезона. Според најновите информации, во игра се двајца возачи со големо искуство и победничко педигре. Во 2026 година, „Џенерал моторс“ ќе влезе во Формула 1 како 11-ти тим под луксузниот бренд „Кадилак“. Дебито ќе се случи во моментот кога ќе стапат во сила новите технички правила, а проектот е заеднички потфат помеѓу „Џенерал моторс“ и „ТВГ“. Греам ...

Незадоволството на Александер Исак прерасна во „војна“ со Њукасл јунајтед. Швеѓанецот повеќе не сака да го носи дресот на клубот чии член е од 2022 година, кога „страчките“ на Реал Сосиедад му платија 70 милиони евра. Александер Исак е лут што Њукасл одбива да преговара со Ливерпул и покрај понудата од 130 милиони евра. Напаѓачот најпрвин одби да тренира, не беше на претсезонската турнеја, а сега порачал дека не сака да игра за клубот и по ...

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е сè уште еден од најдобрите голгетери, иако се приближува кон својата петта деценија. Тој игра елитен фудбал веќе деценија и пол, а откри, дека во минатото бил блиску до преселба на „Олд Трафорд“. Полјакот ги тресе мрежите во Шпанија, како што тоа го правеше во Германија. Според сопственото признание, во 2012 година бил пред трансфер во Манчестер јунајтед. – Им реков „да“ вистина е. Но, Борусија не сакаше ...

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата и покрај секојдневните информации и шпекулации околу неговата иднина. Според „Калчомеркато“, само два клуба биле сериозно заинтересирани за напаѓачот, Фенербахче и Милан. Преговорите со турскиот тим одамна се замрени, додека „росонерите“ практично се повлекоа откако се „шпекулираше“ дека Макс Алегри се свртел кон Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед. Доколку Данецот ...

Челзи го сака Алехандро Гарнача, а Аргентинецот сака да се пресели на „Стемфорд Бриџ“, но бафре засега преговорите со Манчестер јунајтед се тешки. Челзи за Гарначо понудиле четворица фудбалери: Кристофер Енкунку, Николас Џексон, Аксел Дисаси и Ренато Веига, поточно еден од нив во замена за Аргентинецит. Наводно, на Јунајтед не му треба ниту еден од овие играчи, бидејќи им се потребни пари за да го засилат редот за врска и потенцијално ...

Ињиго Мартинез ја напушти Барселона и се пресели во Ал Наср. Целата работа околу трансферот беше завршена за 48 часа. Мартинез, пред две години, како слободен играч дојде во Барселона од Атлетик Билбао. Во првата сезона поради повредите не успеа да се наметне, во во втората блескаше и беше незаменлив во одбрамата. Медиумите во Шпанија открија како фудбалерот експресно успеа да го реализира трансферот и да замине без обесштетување во Ал наср. ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1031
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
94%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.57
66%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.75
79%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
99%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
0.45
83%
1029
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
70%
1029
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
87%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
95%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
87%
1029
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Злато

139470.53

Рутениум

29192.88

Сребро

2128.87

Алуминиум

2.90

Иридиум

145787.60

Бакар

10.93

Паладиум

52470.02

Калај

42.35

Платина

61733.50

Родиум

258009.74

Цинк

3.03

Кобалт

58.42