Секојдневно во полицискиот билтен е регистриран по некој физички напад врз малолетник или напад со остар предмет. Зголемување на врсничкото насилство во последните години има и потребна е поголема превенција пред се од образовните институции, вели во разговор за Телма, пензионираниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски. Во однос на казнување на родителите Ѓурчевски е поборник дека и тие треба да сносат одговорност кога нивното дете извршило ...

Што може, а што не смее да се дозволи да се гради на падините на Водно? Дел од советниците предупредуваат дека се проектира масовна урбанизација. Тоа, пак, отвора ново потенцијално ерозивно подрачје над Скопје и повторно ја отвора дебатата за урбанизацијата на Водно. Затоа од Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ апелираат дека Нацрт-деталниот урбанистички план за Барутана, кој е на дневен ред на Советот на Општина Центар, носи ризик од ...

Со петарди се бранат пелагониските сточари од мечките што им ги десеткуваат стадата. На нивите, по полските патишта, на пасиштата и во близина на куќите имаат блиски средби со овие диви животни, кои во потрага по храна доаѓаат до селата и предизвикуваат штети врз добитокот. Пред три дена, вечерта околу 7 часот, децата ги напасуваа козите над селото. Веќе беше време за враќање. На 50 метри од нив се појави мечка. Еве ја, ја имам и сликана. ...

Турските власти приведоа неколку лица, вклучувајќи новинари, академици и членови на левичарски групи, во рации низ неколку провинции, објавија денеска локалните медиуми и синдикати, додека владата ги засилува безбедносните операции пред самитот на НАТО што оваа недела ќе се одржи во Анкара, јавува ДПА. Рациите во Анкара, Истанбул и неколку други провинции беа насочени кон левичарските и социјалистичките партии, синдикатите и групите на ...

На компанијата Далековод Загреб која е избрана да го реализира долгогодишното енергетското поврзување на Македонија со Албанија, од МЕПСО им активирале банкарска гаранција. Ова го пишува во финансискиот извештај на преносниот систем за минатата година. Од МЕПСО за Телма образложија дека активирањето на гаранцијата е затоа што фирмата не ги завршила работите со далноводот Скопје- Велес во утврдениот рок, а не побарале ниту негово продолжување. ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска за време на работната посета на Катар оствари средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани. На средбата, како што објави Муцунски на Фејсбук, биле потврдени одличните билатерални односи и биле разгледани можностите на нивно продлабочување, особено во сферата на економијата. Работната посета на ...

ВМРО ДПМНЕ денеска ја обвинија опозицијата дека го блокира Изборниот законик зашто нема поддршка од дијапсората. Во партиското соопштение тие на претседателот на СДСМ му се обраќаат со неговото име а го користат презимето на поранешниот лидер на СДСМ. „Венко Заев и СДС денес панично го блокираат Изборниот законик со илјадници амандмани од една единствена причина, бидејќи стравуваат дека македонската дијаспора нема да им ја даде довербата. ...

СДСМ преку соопштение упати остри критики кон Игор Ивановски и членовите на таканаречената „Платформа за иднината“, оценувајќи дека станува збор за луѓе кои биле дел од поранешното партиско раководство и, според партијата, имаат одговорност за изборниот пораз на парламентарните избори во 2024 година. „Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален ...

На 04.07.2026 во 21:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ќ.(34) од Скопје. Тој е осомничен дека истиот ден во временскиот период од 17:00 до 20:00 часот, од пред објект на подрачјето на Центар одзел електричен тротинет, сопственост на Б.Р.(38) од Скопје. Електричниот тротинет е вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 04.07.2026 во 21:00 часот ...

На 04.07.2026 во СВР Велес, полициски службеници, во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес, извршија службен разговор со 15-годишник. Тој е осомничен дека истиот ден на ул. „Алексо Демниевски“ во Велес го одзел возилото „опел“ со велешки регистарски ознаки“, сопственост на О.Т.(63) од Велес и со возилото удрил во бетонски ѕид, по што го напуштил местото на настанот. Набргу, малолетникот бил пронајден и ...

Во Тирана синоќа беше одржан најмасовниот протест во историјата на земјата, со учество на неколку стотици илјади учесници, меѓу нив и голем број Албанци од дијаспората, кои пристигнаа во метрополата од неколку европски земји, но и Албанци од соседните земји, објавија медиумите. Протестот почна во 19 часот, од плоштадот „Скендер бег“, до плоштадот „Народни херои“ и пред владата каде се обратија повеќе говорници повторувајќи ги веќе познатите ...

Соединетите Американски Држави се дом на слободата и „крунисување на човечката историја“, изјави претседателот Доналд Трамп синоќа во Вашингтон за време на прославата на 250-годишнината од американската независност, поточно 250 години од потпишувањето на Декларацијата за независност во Филаделфија, што го означи прекинувањето на врските на Тринаесетте колонии со британската круна. Во говорот што беше одложен за неколку часа поради бурите над ...

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои еден е ставен под контрола, а 16 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што биле зафатени борова шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Ѓорче Петров кај селото ...

Од СДСМ денеска реагираа на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека постојат пазари и компании со повисоки маржи, но дека нивните имиња засега нема да бидат објавени. Од опозициската партија оценуваат дека ова доаѓа по повеќемесечна, како што велат, пасивност на Владата во справувањето со ценовната криза. Според СДСМ, Владата досега не организирала работни средби со трговските синџири и производителите за намалување на цените, ниту ги ...

СДСМ го блокира Изборниот законик со над 10 илјади амандмани затоа што знае дека нема да ја добие поддршката од дијаспоарата на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. На денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, порача дека катастрофалното раководење со државните институции од страна на претходната власт, сојузништвото со криминалот и корупцијата, како и понижувањата на национално ниво, како што рече, натерало голем ...

До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а девет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите од ЦУК, активен останува пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде гори нискостеблеста вегетација. Кон пожарот се упатени екипа на ТППЕ Македонски Брод и ЈП за управување и ...

Полицијата заплени поголема количина дрога при претрес во стан во Скопје што го користеле две лица, соопшти Министерството за внатрешни работи. Претресот бил извршен на 2 и 3 јули 2026 година, по судска наредба, од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје. Според МВР, во станот биле пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, ЛСД, екстази и други видови дрога. Од МВР информираат дека станот го користеле лицата ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. На вториот ден од општата расправа по предлог ребаланост на Буџетот за 2026 година, пратениците од владејачкото мнозинство порачаа дека ребалансот, претставува одговор на променетите економски околности, инструмент преку кој Владата ги усогласува јавните финансии со реалните потреби ...

Непознати лица вчера во периодот од 04:00 до 05:00 часот насилно влегле во основно училиште во општина Ѓорче Петров од каде украле учебници и ги запалиле во дворот на школото. Потоа со употреба на физички сила ги оштетиле влезните врати од спортската сала и од таму ги извадиле дватапротивпожарни апарати за да го изгаснат огнот од запалените книги. Полицијата утринава изврши увид во школото и најави дека спроведува мерки за да ги фати ...

Европската комисија по неколку месечно инсистирање дека новиот дигитален систем за регистрација на влез и излез од ЕУ, озлогласениот ЕЕС предизвикува проблеми на аеродромите и граничните премини ширум земјите членки на унијата. Вчера претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лајен, по церемонијата за преземањето на претседателството од страна на Ирска, призна дека системот се соочува со одредени технички проблеми, побивајќи го претходното ...

Целосната забраната за движење во шумите стартуваше пред два дена, а ќе важи до крајот на авуст. Причината е зголемената опасност од пожари и нивно превенирање. Шумските пожари што ја зафатија Макеоднија, лани и во 2024 година година направија штета од околу 133 милиони евра. Огнот зафатил 79.000 хектари шума и шумско земјиште а регистрирани беа 428 пожари. Дел од пожарите започнаа токму во близина на депониите, кои со години се критични ...

При претрес на стан во Скопје пронајдени се над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, поголема количина ЛСД и други видови дрога, за што е поднесена кривична пријава против две лица, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, на 02/03 јули годинава извршен е претрес во стан кој го користат М.Б и Н.Ј, кои претходно беа лишени од слобода од страна на полициски службеници ...

Илјадници демонстранти се собраа во германскиот град Ерфурт каде крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија ја одржува својата национална конвенција. Протестите само потврдуваат колку контроверзна останува партијата и покрај подемот на нејзината популарност изминативе години во Германија. Одлуките на партиското лидерство продолжуваат да ја зголемуваат нејзината контроверзност, затоа што оваа конвенција се поклопува токму на ...

Политичките случувања во Обединетото Кралство проследени со оставка од премиерот Стармер и неколку министри, премиерот Мицкоски не очекува да го разбрануваат стратешкиот договор со кои Британија треба да биде гарант на неколку проекти. Меѓу нив е и брзата пруга чиј почеток досега беше најавуван со неколку рокови, а сега премиерот Мицкоски соопшти нов – се надева камен темелник да се урди до крајот на оваа или почетокот на следната година. ...

При претрес во Македонски Брод полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера пронашле дрога и лишиле од слобода едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера во 20:45 часот во село Сланско, Македонски Брод, го лишиле од слобода Г.М. (42) од Скопје. При претрес во домот во с.Сланско, по добиена наредба од Основен суд Кичево, била пронајдена марихуана, дробилка и дигитална ...

Чистење на двор или спој на лабави жици меѓу две бандери се првичните индиции за причините за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на денешната прес- конференцијата во Штип вели се уште се утврдува што точно го предизвикало пожарот. Тој додаде дека се истражува и пожарот и кај штипската Млекара, за каде има сомнеж дека пожарот е подметнат. Ангелов ...

Димитар Димовски нема да биде секретар за добро владеење во Владата, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Димовски е задолжен за следење на реализацијата на програмата на Владата и на владините политики, а претходно Мицкоски за време на гостувањето во емисијата Директно на Телма изјави дека би бил соодветен да биде одговорен и за добро владеење. Но, сега премиерот дообјаснува дека на функцијата ќе биде друго лице, а не конкретно ...

На Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска. Двајцата пациенти се хоспитализирани, под континуиран медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински препораки. Нивната здравствена состојба внимателно се следи. Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од инфициран комарец. Најголем дел од инфицираните лица немаат ...

Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораеш, пресуди дека поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро може да остане во домашен притвор од здравствени причини, се наведува во денеска објавената судска одлука. Британските медиуми потсетуваат дека Болсонаро (71) од минатиот ноември отслужува 27-годишна затворска казна за заговор за државен удар откако ги загуби изборите во 2022 година од претседателот Луиз Инасио Лула да ...

Санкт Петербург утрово беше погоден од голем напад од украински беспилотни летала, а системите за воздушна одбрана се активни, изјави гувернерот на градот, Александар Беглов. Властите им советуваа на жителите на Санкт Петербург да останат во затворен простор и да избегнуваат излегување надвор додека не се укине предупредувањето за дроновите. Можни се прекини во мобилниот интернет, објавија руските власти. Гувернерот Александар Дрозденко ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58