Илјадници демонстранти се собраа во германскиот град Ерфурт каде крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија ја одржува својата национална конвенција. Протестите само потврдуваат колку контроверзна останува партијата и покрај подемот на нејзината популарност изминативе години во Германија. Одлуките на партиското лидерство продолжуваат да ја зголемуваат нејзината контроверзност, затоа што оваа конвенција се поклопува токму на ...

Демонстрантите од синдикатите, организациите на граѓанското општество и левичарските партии се собраа додека полицијата распореди голем број безбедносни сили, вклучително и засилувања од други делови на Германија, пред дводневниот конгрес на „АфД“, објавува „Ројтерс“. Полицијата проценува дека околу 15.000 луѓе учествувале во протестите во Ерфурт и околината. „Сакаме јасно да ставиме до знаење дека едноставно нема да го толерираме ова и дека ...