Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
ФИФА донесе една од најконтроверзните одлуки на Светското првенство 2026 година, откако ја стави во мирување суспензијата на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун. Напаѓачот на САД доби директен црвен картон во победата против Босна и Херцеговина во првата нокаут рунда и требаше автоматски да го пропушти осминафиналниот дуел против Белгија. Сепак, Дисциплинската комисија на ФИФА се повика на членот 27 од Дисциплинскиот кодекс и одлучи ...
Англискиот репрезентативец Џордан Хендерсон не одигра ниту една минута во драматичната победа против Мексико во осминафиналето на Светското првенство, но сепак заработи сериозна повреда. По последниот судиски свиреж, англиските фудбалери славеа со своите навивачи на преполниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити, а Хендерсон се лизна и падна преку рекламните билборди покрај теренот. Веднаш му беше укажана лекарска помош, доби и кислород, по што ...
Тинејџер од Тетово е лишен од слобода поради сомнение за кражби во верски објекти, објави министерството за внатрешни работи (МВР). „На 05.07.2026 во 13:20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и ,,тешки кражба“ во текот на минатиот месец во црквата во с. Брвеница и во две џамии во Тетово“, соопшти МВР. Од таму ...
„Игор Ивановски, познат и како „Шема“, во 30-минутното интервју за националната телевизија ниту еднаш не го спомена Христијан Мицкоски. Ниту еднаш. Затоа што не може да ја напаѓа својата шема“, велат од СДСМ. Во партиското соопштение тие го обвинуваат Ивановски дека „во моментот кога СДСМ минува низ најсериозниот период на консолидација, од удобната фотелја и матните политички кулоари се обидува да тргува со партискиот супстрат“, Од СДСМ ...
Летниот распуст традиционално се поврзува со безгрижно детство, игра на улица, дружење и време без училишни обврски. Но, за многу семејства денес, тој период изгледа сосема поинаку. Додека родителите се на работа и секојдневно се борат со работни обврски и економски притисоци, децата често остануваат сами дома. Без доволно системска поддршка, без организирани летни кампови, дневни центри или сигурни школски летни активности, тие слободни ...
Нејмар го одигра последниот натпревар за Бразил во својата репрезентативна кариера. Напаѓачот се прости од „кариоките“ по синоќешниот пораз од Норвешка со 2-1 во осминафиналето на Светското првенство 2026 година. Нејмар влезе во игра во 67-тата минута, а во судиското продолжение постигна гол од пенал, но тоа беше само мала утеха за Бразил, кој доживеа рана елиминација од Мундијалот. Симболично, Нејмар ја започна и ја заврши репрезентативната ...
Бројот на загинати во разорните земјотреси во Венецуела се искачи на 3.342, соопшто министерството за информации во Каракас. Во серијата потреси се повредени 16.470 луѓе, додека 17.345 лица останаа без кров над глава, пренесува „Ројтерс“. Венецуела на 24 јуни беше погодена од два последователни земјотреса со јачина од 7,2, односно 7,5 степени по Рихтер што се случија во период од само 39 секунди. Најтешко погодена беше крајбрежната држава Ла ...
Единаесет луѓе загинаа, а 46 се повредени од кои 27 се хоспитализирани во масовниот руски напад врз Киев напиша градоначалникот Виталиј Кличко на украинската престолнина на Телеграм. ‼️Only weak and morally bankrupt people target civilians, families, and children. It is disgusting and depraved to the core. And it should be seen as a sign of russia’s loosing this war, because attacking women and children is the lowest and cowardliest step ...
24-годишник од Гази Баба бил пронајден починат во својот дом во Гази Баба изминатиот викенд. – На 04.07.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош Скопје е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, починал М.Ц.(24) од Скопје, кој, според пријавеното, имал здравствени проблеми, известија од полицијата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било ...
Заврши времето кога Европа можеше да ја препушти својата одбрана и безбедност на Америка, оценија генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во заеднички авторски текст за весникот „Економист“. Тие признаа дека Европа во рамките на Северноатлантскиот сојуз долго време била премногу потпрена на воените капацитети на Вашингтон, но нагласија дека суровата реалност и опасностите на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија се подготвува за нова голема офанзива врз Украина. Тој изјави дека Киев секојдневно работи со сојузниците за зајакнување на противвоздушната одбрана и обезбедување дополнителни системи и ракети. Според Зеленски, поддршка во оваа насока даваат Холандија, Германија, Шведска, Франција и Соединетите Американски Држави, со посебен акцент на заштитата од балистички закани. ...
Англија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство 2026 година откако во драматичен натпревар го совлада Мексико со 3-2. Мексиканците добро го отворија натпреварот, но Англија во финишот на првото полувреме дојде до два гола предност. Џуд Белингам најпрво погоди со глава во 36-тата минута, а само две минути подоцна, по асистенција од Хари Кејн, зголеми на 2-0. Ко-домаќинот на Мундијалот брзо се врати во игра, бидејќи Хулијан ...
Судењето за случајот Пулс продолжува денеска со изведување на материјални докази од Обвинителството. Како што е најавено, обвинителството треба да презентира листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази предложени од обвинителството ќе остане уште изведување на градежно вештачење и произнесување на вештите лица. На минатото рочиште обвинителството презентираше докази, како записници од претрес и потврда за привремено ...
Во Анкара се воведени засилени безбедносни мерки во пресрет на Самитот на лидерите на НАТО, кој ќе се одржи на 7 и 8 јули. Градските власти спроведуваат посебен режим на обезбедување и сообраќај со цел непречено одржување на настанот. Според турската државна агенција „Анадолија“, за безбедноста ќе бидат ангажирани околу 70.000 припадници на безбедносните сили, од кои 55.000 се полицајци и жандармерија. Дополнително, од 5 до 10 јули е забранет ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврди дека Израел „не е во постојана состојба на војна“ и нагласи дека односите со американскиот претседател Доналд Трамп остануваат силни, и покрај повремените несогласувања. Во интервју за „Фокс њуз“, Нетанјаху рече дека во 99 проценти од случаите тој и Трамп имаат заеднички ставови, а разликите во мислењата ги решаваат преку отворен дијалог. Според него, таквите несогласувања се нормални во блиски ...
Денеска ќе продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. Ова е трет ден собраниската Комисија за финансирање и буџет од општата, расправата да продолжи со амандманска расправа. По предлог ребаланост на Буџетот за 2026 ...
Норвешка се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство 2026 година откако во Њу Џерси го совлада Бразил со 2-0. Херој на скандинавците беше Ерлинг Халанд, кој ги постигна двата гола. Првиот го реализираше со глава во 79-тата минута, а точка на натпреварот стави со одличен удар од далечина во финишот. Кариоките имаа голема шанса да поведат во првото полувреме, но Бруно Гимараеш не реализираше пенал, односно голманот на Норвешка, ...
Поморската трговија помеѓу Иран и Катар е обновена по речиси петмесечна пауза, изјави денеска иранскиот трговски аташе во Доха, Абас Абдолхани. Тој истакна дека бродскиот транспорт помеѓу иранското пристаниште Дајер и катарското пристаниште Ал Рувеис е обновен по координацијата меѓу Амбасадата на Иран во Доха и катарските власти. Претходно, Министерството за транспорт на Катар објави дека земјата ги обновува сите поморски активности со ...
Пожарот кој пред неполн час избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Со тоа, додаде градначалникот, беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден пожарникар ...
Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, изјави дека Велика Британија „долго време е разочарана од своето лидерство“, додавајќи дека се надева дека следниот премиер на земјата ќе може да ги спроведе структурните промени што ги бараа гласачите по години политички превирања. Во интервју за весникот „Сандеј тајмс“, Венс рече дека честите промени на владата укажуваат на подлабоки проблеми во британската политика. Премиерот Кир Стармер минатиот ...
Моментот на вистината за лидерката на француската крајнодесничарска партија Национален фронт, Марин Ле Пен е на дофат, по неколку годишните судски процеси, конечната одлука, дали ќе може да се кандидира на претседателските избори до година, таа ќе ја дознае во вторник. Апелациониот суд, по завршните зборови во февруари и четиримесечното разгледување, конечно ќе ја соопшти својата пресуда, дали Ле Пен е виновна за проневера на средства од ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар вчера предложи пратениците да имаат ограничен мандат од максимум 12 години како дел од поширокиот пакет уставни реформи. Маѓар оваа идеја ја објави на Фејсбук, велејќи дека е дел од амандман што го доставил до парламентот. Во средината на јуни, партијата Тиса на премиерот Маѓар, која има двотретинско мнозинство во парламентот, одобри уставен амандман со кој се ограничува мандатот на премиерот на два ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија планира да воспостави безбедносна или тампон зона долж границата со Украина, наведувајќи дека овој потег е условен, како што рече, од „агресивната природа на киевскиот режим“. Почнувајќи од агресивната природа на киевскиот режим, за да ја гарантираме безбедноста на нашите граѓани, ќе мора да воспоставиме безбедносна или тампон зона. Таа се формира според планот. Нашите сили веќе ...
Во текот на изминатото деноноќие полицијата лиши од слобда пет лица и со тројца извршен службен разговор во вкупно девет пријави за семејно насилство во Скопје, Куманово, Тетово, Велес и Штип информираат од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22:40 часот го лишија од слобода Ф.С. (32) од Куманово, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Тој бил приведен во ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува од утре да има ново зголемување на цените на горивата, но конечните пресметки треба да ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека според владините калкулации, минатата седмица имало раст на цената на нафтата на светските берзи за околу 5 до 6 отсто, а кај бензините зголемување од 2 до 3 отсто. Според неговите очекувања, дизел горивото би можело да ...
Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола. Во гаснење на огнот кој изби пред еден час, интервенираше Противпожарната бригада на Град Скопје. Навремено е спречено пожарот да се прошири и на другите објекти. Пожарот изби попладнево во магацин на Јужен Булевар кај местото „Рампа“, во скопската населба Кисела Вода. Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информираат дека е запален магацин или друг простор кај бараките во близина на ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, како што информираат од МВР, 11 управувале возило без возачка дозвола (пет во Скопје, три во Гостивар и по едно лице во Тетово, Кичево и Прилеп). Под дејство на алкохол возеле шест лица (по едно во Скопје, Кочани, Пробиштип, Велес, Радовиш и тетовско), а едно лице во Кочани возело ...
Голем пожар попладнево избувна во магацински простории на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода, при што поради интервенцијата на терен, во дел од населбата се исклучени и струјата и водоснабдувањето. Густ црн чад беше видлив од повеќе делови на Скопје, а на местото интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита кои работат на локализирање и гаснење на пожарот. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче ...
Случајот од изминатава недела во Тетово, кога 54-годишен маж беше снимен како фрла вреќа со отпад во реката Пена, треба да послужи како сериозна поука за сите несовесни поединци. Благодарение на објавената снимка на социјалните мрежи, полицијата брзо го идентификуваше сторителот и поднесе соодветна пријава. Лицето сега ќе се соочи со судска постапка за кривичното дело „Загадување на животната средина и природата“. Покрај високите парични ...
Изборниот законик нејверојатно нема да се вброи во спроведените реформски закони за кои Македонија на 15 јули треба да го достави извештајот до Европската комиија за тоа што е сработеното до крајот на 30 јуни. Дека Изборниот законик ќе остане нереализиран, денеска информираше премиерот, Христијан Мицкоски. На вчерашниот состанок на коориднаторите на пратеничкиите групи во Собранието, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ не отстапиле од своите позиции ...