Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беше промовирана нова опрема за Армијата, обезбедена со средства од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд. Опремата е дел од три пакети помош, при што во земјава веќе пристигнаа првиот пакет и дел од вториот. Станува збор за радари, 3Д радар, термални камери, транспортни возила, симулатори и преносни сензори. Во рамки на третиот пакет се очекува да пристигне дополнителна логистичка, ...

Осум дена по разорните земјотреси што ја погодија Венецуела, спасувачките екипи со специјални радари и кучиња трагачи продолжуваат да пребаруваат низ урнатините во потрага по преживеани, иако надежта дека ќе бидат пронајдени живи лица сè повеќе згаснува. Најтешко погодено е крајбрежното место Карабаљеда, каде меѓународни тимови работат непрекинато. Според официјалните податоци, во земјотресите од 24 јуни загинале најмалку 2.295 лица, а повеќе ...

Најкритичните точки во државата, кои со години наназад беа најчеста мета на огнените стихии, од денес се под будното око на паметните камери. Засега во функција се околу 50 камери, а нивниот број во наредниот период дополнително ќе се зголемува. Станува збор за современ систем што работи непрекинато, 24 часа дневно. Камерите, кои ротираат 360 степени, се следат од Оперативниот центар на ЦУК и со помош на вештачка интелигенција за само неколку ...

Во вториот квартал од годинава, цените на становите пораснале за 13,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на НБРМ. Она што може да се забележи е тренд на намалување на растот на цените на становите, со оглед дека во првиот квартал од годинава годишната стапка на раст на цените на недвижностите беше зголемена за 16,6 отсто. Минатата година пак, растот на цените на становите во првите два квартали ...

Главна осомничена за бомбашкиот напад во кој беше ранет украински тајкун во понеделникoт во Монако е Украинка која се преправила во маж, велат локалните власти. Таа е во триесеттите години, има тетоважа, веројатно од змија, што се протега по десната рака од рамото до лактот. Интерпол објави црвена потерница за Анастасија Березовска, за која се претпоставува дека по нападот користела автомобил со германски регистарски таблички, кој поминал низ ...

Собранието го усвои новиот Закон за парнична постапка со 81 глас „за“, 9 „против“ и без воздржани. Законот е реформски чекор за модернизација на правосудниот систем и негово усогласување со европските стандарди. Со новите законски решенија се предвидуваат побрзи и поефикасни судски постапки, зајакнување на улогата на судот во утврдувањето на фактичката состојба, како и воведување дигитални алатки, вклучително и електронска достава на судски ...

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и Левица со поднесување на голем број амандмани го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик и реформскиот процес, оценувајќи дека тоа е мотивирано од политички интереси. Во партиското соопштение се наведува дека измените на Изборниот законик со месеци биле усогласувани со учество на сите политички партии, но дека опозицијата сега го кочи нивното усвојување. „СДС и Левица, предводени од Венко Заев и Апасиев, ...

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на јуни отстраниле вкупно 6.165 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на сите скопски општини, соопштија од претпријатието. Според информациите, расчистени се повеќе поголеми диви депонии во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Бутел. Во општина Гази Баба интервенции биле извршени на улицата „Перо Наков“ и во населбата Ченто, каде што се подигнати 65 кубни метри отпад. Во Ѓорче ...

Реконструкцијата ќе го освежи кабинетот на Мицкоски, со ребалансот на буџетот ќе потрошат повеќе од првично планираното. Какво второ полувреме од мандатот за старите политики ќе донесат нов кабинет и повеќе пари? Во Вин-Вин дебатираат Александар Кржаловски, Благојче Атанасовски и Џелал Незири. Вин-Вин со Оливера Трајковска вечерва на Телма Реконструкцијата ќе го освежи кабинетот на Мицкоски, со ребалансот на буџетот ќе потрошат повеќе од ...

Македонската кошаркарска репрезентација вчера со 77-56 ја победи Ирска и се квалификуваше во главните квалификации за Европското првенство во 2029 година. За нашиот тим тоа беше петта победа на исто толку натпревари, а претквалификациите ги завршуваме со гостување кај Луксембург во недела. Нашите кошаркари очекувано беа задоволни од резултатот и секако постигнатата цел да се пласираме во главната фаза. „Не очекувавме убедлива победа затоа што ...

Стотици Иранци се собраа откако ковчегот со останките на покојниот врховен лидер Ајатолахот Али Хамнеи пристигна во имамот Хомеини Хусеинија во Техеран за церемонија на збогување. Државните медиуми покажаа како ожалостените се молат и тагуваат покрај ковчегот, кој беше обвиткан во зелена ткаенина. Се очекува официјалниот погреб да започне во сабота со церемонии во Иран и Ирак. 86-годишниот Хамнеи беше највисок политички и религиозен ...

СДСМ упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски по неговите изјави за инвестиции во дигитализација, иновации и луѓе, оценувајќи дека зад најавите се кријат политики кои, според партијата, ќе ја продлабочат енергетската криза, ќе ѝ наштетат на животната средина и нема да го спречат иселувањето на младите. Од СДСМ прашуваат на што точно мисли премиерот кога зборува за инвестиции во дигитализација, наведувајќи дека дата центрите трошат ...

Левица реагираше на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како „трагикомични“ и посочувајќи дека токму владејачката партија има најголема корист од системот на платено политичко рекламирање. Од Левица велат дека во работната група за измени на Изборниот законик предложиле воведување на една изборна единица и целосно укинување на средствата за платено политичко рекламирање. „Левица во работната група пред сѐ бараше промена на изборниот ...

Масимилијано Алегри и официјално е нов тренер на Наполи. Италијанскиот стратег потпиша договор со клубот од Неапол до 30 јуни 2029 година и ќе го наследи Антонио Конте на клупата. Алегри доаѓа во Наполи по неуспешната сезона на клупата на Милан. „Росонерите“ завршија на петтото место во Серија А и втора сезона по ред останаа без пласман во Лигата на шампионите, по што клубот од Милано реши да направи големи промени. Педесет и осумгодишниот ...

Mакедонскиот пасош се најде на 41. место меѓу 199 земји опфатени во рангирањето на најновата листа на најмоќни пасоши во светот, објави Henley Passport Index Q2. Пасошот на Македонија без виза може да се патува во 127 држави ширум светот. Индексот се базира на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт , а клучниот критериум е бројот на земји достапни без виза за граѓаните на една држава. На врвот на листата се наоѓа ...

Џулијан Нагелсман се очекува да ја напушти селекторската функција во германската фудбалска репрезентација по елиминацијата од Парагвај во првата нокаут-рунда на Светското првенство 2026 година. Иако стратегот првично најави дека не сака да се откаже од селекторската позиција, работите се промениле по состанокот со челниците на Фудбалската федерација на Германија. Според германските медиуми, разделбата е веќе договорена, а официјална потврда ...

Хрватска беше на чекор до драматично израмнување против Португалија во финишот од натпреварот на Светското првенство, но голот на Јошко Гвардиол во 103-тата минута беше поништен по интервенција на ВАР и предизвика големи реакции. Гвардиол ја смести топката во мрежата за 2-2 и хрватските фудбалери веќе почнаа со славје, но норвешкиот судија Еспен Ескас беше повикан да ја прегледа снимката. Спорниот момент беше дали Игор Матановиќ ја допрел ...

Шпанија и Португалија ќе играат меѓу себе во осминафиналето на Светското првенство 2026 година, откако синоќа успешно ја минаа првата нокаут-рунда. Пласман во следната фаза обезбеди и Швајцарија, која без поголеми проблеми го елиминираше Алжир. Шпанија одигра доминантен натпревар против Австрија и славеше со убедливи 3-0. Микел Ојарзабал беше двоен стрелец, а во листата на стрелците се запиша и Педро Поро. „Црвената фурија“ имаше целосна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека е „смешно“ САД да го продолжат, како што изјави, едностраниот однос со НАТО и повтори дека Алијансата не била таму кога на Вашингтон му била потребна помош. „Смешно е што САД продолжуваат по овој едностран пат кога односот не е реципрочен. Тие не беа таму за нас!!!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, помалку од една недела пред самитот на трансатлантската алијанса во ...

Македонија вложува во туризмот, но дали доволно се вложува во луѓето кои се првиот контакт со туристите? Случајот со возачот кој пушел во автобус и се расправал со странски патници отвори прашања за професионалноста и гостопримството. Дали една лоша услуга може да ја наруши сликата за целата држава? АНКЕТА: Дали туристичките работници се доволно едуцирани за професионален однос кон странските/домашните туристи? Да/Не Македонија вложува во ...

Со 2-1 во драматичен натпревар од 1/16 финалето на Светското првенство, Португалија ја победи Хрватска. Победничкиот гол го постигна Херој беше Гонзало Рамос, во четвртата минута од судиското продолжение. Хрватска поведе со голот на Иван Перишиќ во 53-тата минута, но Кристијано Роналдо го врати својот тим во живот од пенал во 68-мата минута. Рамос донесе пресврт во судиското продолжение, а Хрватите постигнаа гол во последниот напад, но , ВАР ...

Продолжуваат политичките препукувања околу предложениот нов Изборен законик, при што владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата СДСМ и Левица меѓусебно се обвинуваат за блокади и манипулации. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДСМ и Левица со над 10 илјади амандмани ја кочат реформата и се противат на воведување електронско гласање за дијаспората… Според нив, опозицијата се обидува да го отежне пристапот до гласање на иселениците и да го блокира носењето ...

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина точно таму каде што застанаа, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин. –Подготвени сме да ги продолжиме преговорите точно таму каде што застанаа. Меѓутоа, за тоа е потребна политичка волја не само од Киев, туку и од неговите западни спонзори, кои се главните корисници од кризата, изјави Галузин. Дипломатот го критикуваше и ставот на шефот на ...

Невработените од земјава со задолжително средно образование, а посебно младите до 29 години до денеска можат да се пријават во центрите за вработување во земјава за добивање грант за самовработување и отворање сопствен бизнис. Тоа е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година кој со 40 милиони евра Владата го финансира од буџетот со цел да се намали невработеноста во ...

Генерирано видео објави aмериканскиот претседател, Доналд Трамп, во кое се претставува како доктор кој тврди дека излечил некои од неговите најпознати познати критичари од фиктивниот „Синдром на растројство на Трамп“. Меѓу „излечените“ во видеото е и актерката Роузи О’Донел, која всушност изјави дека нејзиното мислење за претседателот не се променило. Роузи О’Донел, која со години е во конфликт со Трамп, одговори на видеото. -Тој е сериозно ...

Специјална порака на „СОС ВЕНЕЦУЕЛА“ беше проектирана на иконската статуа на Христос во знак на почит кон жртвите од земјотресите што ја погодија Венецуела минатата недела. Оддавањето почит беше организирано од светилиштето на Христос Спасителот, кое исто така се приклучи на националната кампања на бразилската католичка црква „СОС Венецуела – солидарност и братство“ за собирање донации за погодените семејства. Венецуела беше погодена од два ...

Цените на нафтата вчера на меѓународните пазари се спуштија под 71 долар за барел, со навестувања за натпревар меѓу производителите во Персискиот Залив до купувачите во услови на постепена нормализација на транзитот низ Ормуската Теснина. Барелот на пазарот во Лондон вчера попладне се тргуваше за 78 центи пониско од вчерашната цена на затворање од 70,79 долари. На американскиот пазар, беше поевтин за 90 центи и чинеше 67,68 долари. Цените на ...

Заедничката воена команда на Иран предупреди дека сите танкери за нафта што се движат низ Ормутскиот Теснец мора да ги користат неговите одобрени рути или ќе се соочат со „силен одговор“, што повторно ќе ги заостри тензиите околу водениот пат кој е клучен за меѓународното снабдување со енергија. Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џједи Венс во интервју за „Фокс Њуз“ рече дека претседателот на САД Трамп јасно ставил до знаење ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе е расправа по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, во второ читање. За ребалансот на Буџетот поднесени се 224 амандмани. Вкупните приходи се ревидираат на ниво од 379,2 милијарди денари, што е зголемување за околу 4,2 милијарди денари или за 1,1 проценти во однос на иницијалниот Буџет за 2026 година. Вкупните расходи, пак, се ревидираат ...

Партијата на пензионери изрази сериозна загриженост по објавениот извештај на Државниот завод за ревизија за состојбата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. На седница на Извршниот одбор, извештајот бил оценет како показател за низа неправилности и недомаќинско работење во институцијата. Во извештајот се посочуваат слабости како ненаменско трошење на средства, административна неефикасност и недоследности во финансиското работење, ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Кобалт

33.53