Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Илјадници ожалостени Иранци се собраа денеска во големиот молитвен комплекс во Техеран на почетокот од неделата на погребни церемонии за врховниот лидер, Али Хамнеи. Церемониите започнаа со изведување на националната химна, верски говори и читање извадоци од Куранот. Иран организира масовни погребни поворки за Хамнеи, чие 37-годишно владеење заврши во февруари по првиот голем воздушен напад во војната што ја започнаа САД и Израел. Британските ...
Во својот говор на планината Рашмор, на прославата на 250-годишнината од независноста на САД, американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Американците да ги заштитат своите слободи од „комунистичката“ закана од прогресивните членови на Демократската партија. Стоиме под споменикот на овие херои, вистинска група неверојатни луѓе, и повторно се посветуваме на тоа да бидеме нација голема, храбра, благородна и силна како овие американски ...
На самитот на НАТО во Анкара сојузниците ќе и ветат на Украина милијарди евра воена помош, изјавија денеска извори за германската ДПА. На состанок во Брисел амбасадорите на 32 земји-членки ја поддржаа ваквата иницијатива, а планот е НАТО во следните две години да издвои по 70 милијарди евра годишно за вооружување и обука на украински војници, вкупно 140 милијарди евра. Во него , меѓутоа, е вклучен и заемот на ЕУ за Украина од 60 милијарди ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Киев е способен на долг рок да произведе доволно високотехнолошко оружје за да го надмине капацитетот на Русија, јави ДПА. Средбата со воените претставници, владините министри и претставниците на одбранбената индустрија се фокусираше на зголемување на производството во рамките на украинските програми за беспилотни летала и ракети, рече Зеленски во објава на Телеграм. Киев неодамна ...
Мојот став, како раководител на штабот, е насилно гаснење, понекогаш е многу добро да се изгасне пожарот со воздухоплови, рече Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. Човечките животи при појава на пожар се врвен приоритет, додаде Ангелов. „Нека изгори се друго. Да ги спасиме луѓето, бидејќи нови дрвја ќе пораснат, човечките животи нема да се вратат“, вели Ангелов. ...
Ќе го дочекаме ли ова лето подобро подготвени или повторно ќе броиме колку хектари шума изгоре? – Дали конечно извлековме поука или повторно ќе реагираме кога веќе ќе биде доцна? Има ли државата доволно луѓе, опрема и воздухоплови или повторно ќе се потпираме на импровизација? – Кој има интерес Македонија да гори? Во „Топ тема“, интервју со Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Ќе го дочекаме ли ова лето ...
Ако горат шуми на „Национални шуми“, на „Македонски шуми“, тие треба да гаснат, ако горат шуми на ловиштето „Јасен“, треба „Јасен“ да гасне, ако гори шума на Галичица, треба Националниот парк „Галичица“ да почне со гаснење и да го изгасне, затоа имаат ренџери, појасни Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма околу надлежностите кој во кој случај реагира при појава на ...
Договорен сум за прием на уште двајца пилоти, треба да бидат примени веднаш штом министерството за финансии же ни даде согласност, рече Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Го чекам ребалансот на буџетот, бидејќи на брзаме. Пилотите што же ги примам, ќе бидат пратени на обука во октомври – ноември. Едниот е помлад и понеискусен, а другиот е класа пилот кој што ...
Моја цел е набавка на уште три Ер трактори меѓу кои и еден двосед за можеме самостојно да ја работиме обуката, потенцира Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заптита и спасување, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Со приемот во работен однос на пензионираниот полковник Малезански, но и ангажманот на Васко Михалчов, кој што е еден од пензионираните херои пилоти, ние имаме добра основа и самите да вршиме обука во ...
Жестока јавна дебата за издавањето на новата А-интегрирана дозовола за „Титан УСЈЕ“. Граѓаните и екоактивистите упатија бројни забелешки и побараа построги услови за работа на цементарницата. Активистите сакаа да презентираат и снимки од загадување, но тоа не им беше дозволено. „Ние сами измеривме и дојдовме до сериозно високи бројки. Не директно од оџакот, туку од облакот што се создава од него. Не влеговме во инсталацијата, бидејќи немаме ...
Три часа трае битката со огнот меѓу Пробиштип и селото Ратавица, односно кон Злетово. На терен можат да се видат членови на доброволното противпожарно друштво од Кочани, доброволците од Виница, како и местното население. Се прават, исто така, и пресеци, со цел огнот да не се доближи до селото Ратавица. Ова е пожарот што попладнево избувна кај селото Бучиште, а потоа се пренасочи кон Неокази и зафати една голема површина од сува трева и шума. ...
По 11 дена откако 14-годишно момче беше избодено во скопската населба Ченто и по притисокот од јавноста откако се дозна за случајот, полицијата поднесе кривична пријава против три лица за „насилство врз дете“. Осомничените се поврзасни од малолетникот, односно двајца имаат по 19 години и еден е на возраст од 23 години. „СВР Скопје – Единица за насилен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј. (19), В.С. (23) и В.А. (19), ...
За владата развоен, за опозицијата признание за лошо водење на економијата. Прекројувањето на државната каса, повторно ги отвори политичките и економски дебати на пратениците. Од опозицијата обвинуваат дека ребалансот нема да донесе подобар животен стандард, инфлацијата ќе продолжи да ги јаде платите, додека капиталните инвестиции владата ги користи како оправдување за новото зголемување на буџетскиот дефицит. Капиталните расходи се зголемени ...
Земјите-членки на Европска Унија (ЕУ) денеска едногласно се согласија за отворање на уште еден кластер од претпристапните преговори со Украина и со Молдавија. Официјалното отворање ќе биде на Меѓувладина конференција на 14 јули. Договорот постигнат за отворање на Групата 6 – Надворешни односи, која ги вклучува Поглавјето 30 (Надворешни економски односи) и Поглавјето 31 (Надворешна, безбедносна и одбранбена политика), следи по официјалното ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) предупредува дека назначувањето на Иван Стоиљковиќ за министер за локална самоуправа претставува вовед во ревизија на Охридскиот рамковен договор и закана за децентрализацијата и меѓуетничката рамнотежа. Интегративците ја повикуваат Владата да се откаже од какви било измени на општинските граници, нагласувајќи дека секој обид за отворање на ова прашање ќе наиде на силен политички и граѓански отпор. Во ...
Во Штип и Пробиштип попладнево избија три пожари, нема повредени граѓани, но има голема материјална штета. Гореше штипската тврдина Исар, каде што огнот поради ветерот се ширеше на сите страни. Пожарникарите, доброволците и жителите учествуваа во гансењето на пожарот. Станува збор за непристапен терен, со што дополнително се отежнуваше и локализирањето на огнените јазици, кои се доближуваа до куќите во населбата Исар. Во Пробиштипско ...
Земјата неофицијано доби дополнителни десетина дена, до 15 јули да го донесен Изборниот законик, рок до кога треба да го поднесе извештајот до Европската комисија за спроведените реформи на кои грејс периодот им истече на 30 јуни. Амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокс, рече дека поголемиот дел од работата на реформите на кои им истече грејс периодот е завршен и дека резултатите ќе бидат извонредни. Тој очекува да бидат спроведени деве ...
Во тек е јавна расправа за новата А-интегрирана еколошка дозвола на „ТИТАН Усје“, на која претставниците на иницијативата „Стоп за усје“ побараа во новата интегрирана дозвола да бидат вклучени сите европски стандарди, регулативи и гранични вредности за емисија на штетни гасови. Тие сметаат дека предложените гранични вредности се двојно повисоки од оние предвидени со важечкиот закон и нагласуваат дека не бараат дислокација на фабриката, туку ...
На веб сајтот на владата се уште има вицепремиер за добро владеење, иако Арбен Фетаи си поднесе оставка, а Собранието му ја констатираше. Но, во иднина таква функција ќе нема бидејќи премиерот Мицкоски во интервјуто за Директно на Телма наведе дека истите антикорупциски задолженија би ги добил секретарот во неговиот кабинет, кој има задача да го следи спроведување на владините политики. Во моментот таа позиција ја врши Димитар Димовски. -Во ...
Никогаш не сум помислувал дека ќе газам врз книги во кои е вложено толку многу љубов, посветеност, ноќи непроспиени во кои тие ја имаа сета мудрост во таа „битка со ветерници“, вели Душко Крстевски професор по македонски јазик и книжевности истакнат преведувач кој дојде да им помогне на своите пријатели и колеги во книгоиздателството Антолог. Во поплавата во магацинот на оваа издавачка куќа во Кисела Вода се уништени над 50.000 книги на ...
Единаесет дена откако 14-годишно момче било избодено во скопската населба Ченто полицијата не дава одговор дали е поднесена кривична пријава. Откако во јавноста се дозна за случајот вчера излегоа само со штури информации. Три лица биле лишени од слобода и со нив е извршен разговор. Без конкретен датум кога биле уапсени тројцата со иницијали Ј.Ј., В.А. и В.С., а не ја наведоа ниту нивната возраст. Дали тоа е направено веднаш после нападот и ...
Осумина инспектори во Државниот инспекторат за труд се осомничени прврзани со работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани. Денеска полицијата од Кочани поднесе кривични пријави до обвинителството за несовесно работење во службата. Пријавите се против шестмина инспектори од Кочани и по еден од Скопје и Македонски брод. Полицијата ги сомничи дека не покренале ниту воделе постапка за инспекциски надзор, не го спречиле незаконското работење на ...
Жителите на Тетово кои живеат околу стариот градски стадион ги алармираат институциите дека цела измината недела крави и коњи се движат во тој дел од градот. Присуството на крупни животни на фреквентни градски улици може да биде ризично за предизвикување на сообраќајни незгоди. „Неколку дена се движат овие животни во овој дел од градот. Не знаеме чии се, од каде се и каде одат. Предупредуваме дека нивното неконтролирано движење претставува ...
Од денеска почнува да тече рокот за поднесување приговори за резултатите од државната матура и ќе трае до 6 јули во 16 часот. Приговорите се доставуваат до училишните матурски комисии. Од Министерството за образование и наука наведуваат дека за кандидатите кои не приговарале прелиминарните резултати се конечни резултати. Резултатите од испитите се достапни на веб-страницата на Државниот испитен центар. Годинава државната матура ја полагаа ...
Меѓународната организација на трудот отвори предмет за конфликтот меѓу Синдикатот за култура и Министерството за култура и туризам, во врска со Колективниот договор за култура, за кој Уставниот суд треба да одлучи дали тој е согласно уставот и законите, а постапката се однесува и на членот 78- љ од Законот за култура. Предметот е испратен и до Владата на Македонија , која има рок да и одговори на Меѓународната организација на трудот на ...
Пожар се шири на Исарот во Штип. Гори ниска вегетација веднаш над централното градско подрачје. Жители кои живеат блиску до пожарот, прскаат со црева за навреме да спречат ширење на огнот. Поради сериозноста на ситуацијата и близината до градот, веднаш е активирана воздушна поддршка за негово гаснење. Директорот на ДЗС, информираше дека ЕР трактор веќе е упатен кон штипскиот регион. Покрај во Штип, активни пожари има и во Пробиштипско меѓу ...
Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ предупредува дека Нацрт-Деталниот урбанистички план (ДУП) за Барутана, кој е ставен на дневен ред на Советот на Општина Центар, ги надминува параметрите дозволени со Генералниот урбанистички план и може да создаде ново ерозивно подрачје над Скопје. Според иницијативата, просторот познат како Барутана на Водно, кој започнува кај полициската станица и планинарските патеки, во Планот за енергија и клима ...
Гостиварец дивеел пред домот на родителите на неговата сопруга, а потоа и и физички ја нападнал. Тој најпрво со возило ја скршил влезната порта, по што удрил во паркирано возило, и потоа ја нападнал сопругата. Насилството се случило на 30 јуни и против него се поднесени кривични пријави за телесна повреда и за загрозување на сигурноста. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ. Х. (49) ...
Четири месеци откако беше убиен на самиот почеток на американско-израелската војна против Иран, на 28-ми февруари, исламската република се подготвува да се прости од долгогодишниот врховен лидер, Али Хаменеи, со еднонеделни погребни церемонии низ целата држава, на кои се очекува да присуствуваат милиони луѓе. Властите во Техеран не штедат средства за да му приредат величествено последно испраќање на Хамнеи, преку грандиозна церемонија ...
Компанијата продолжува да поставува нови стандарди во грижата за пациентите преку првиот КА-информативен центар во регионот, каде граѓаните можат бесплатно да добијат проверени информации и стручни консултации за производите на база на медицински канабис. Годинава Реплек одбележува значаен јубилеј – 10 години од производството на производи на база на медицински канабис, потврдувајќи ја својата пионерска улога во развојот на оваа терапевтска ...