И третиот повик за набавка на нови автобуси заврши, но неизвесноста останува. Два дена по истекот на рокот за доставување на понуди, од министерството за транспорт и врски за Телма соопштија само дека следи нивна проценка, без да споделат детали за тоа колку компании се пријавиле нам повидок и дали станува збор за европски фирми. Иако, отворањето на понудите е јавно. Претходниот повик на кој како најповолен понудувач беа избрани унгарската ...

Народната банка ги објави официјалните податоци за девизните резерви. Според јавно достапните податоци, девизните резерви, на крајот на јуни, биле на ниво од 4.936 милиони евра. Најголем дел од нив се пласирани во хартии од вредност или 73,8 проценти, по што следуваат монетарното злато со 15,8 проценти и валутите и депозитите со 10,4 проценти. Народната банка ги објави официјалните податоци за девизните резерви. Според јавно достапните ...

Бугарскиот премиер Румен Радев предупреди дека настојувањата на западните земји да остварат воена победа над Русија, драматично ја зголемуваат опасноста од поширока ескалација на војната, вклучително и можност за нуклеарен одговор. Обраќајќи се на самитот на НАТО во Анкара, Радев оцени дека западните земји се обидуваат со конвенционални средства да ја поразат најголемата нуклеарна сила, иако немаат доволно развиени капацитети за одбрана од ...

Примирјето со Иран е завршено за претседателот на САД, Доналд Трамп. „За мене мислам дека е готово. Не сакам повеќе да се занимавам со тоа. Ќе разговарам со нашите преговарачи, тие сакаат да преговараат. Што се однесува до мене, губење време е да се соработува со нив“, порача Трамп од Анкара, каде присуствува на Самит на НАТО, пренесува „Скај њуз“. Неговите коментари доаѓаат по соопштението на Централната команда на Оружените сили на САД за ...

Даниела Димовска е избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје. Судскиот совет ја избра едногласно, со гласовите на сите 11 присутни членови. По гласањето, членовите на Судскиот совет поединечно ги образложуваат причините поради кои ѝ ја дале поддршката. Нејзин противкандидат беше судијата Ивица Стефановски, кој е познат по тоа што ги водеше предметите против Стојанче Јовановски и Љупчо Палевски – Палчо. Димовска досега ја ...

Преку тест возење министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид реконструираната пруга. Според Николоски оваа делница е предвидена исклучиво за товарниот железнички сообраќај со цел подобра организација и развој на целокупниот транспорт. Според министерството за транспорт и врски завршената реконструкцијата на железничката обиколница Скопје, пругата од ...

Google Street View се враќа во Македонија за обемно обновување на сликите од Street View со поширока покриеност низ целата земја, носејќи нови панорамски погледи на Google Maps. Од живите градски плоштади и историските улици на Скопје до спокојните брегови на Охридското Езеро и планинските патишта што ги поврзуваат градовите низ целата земја, Street View повторно ќе го долови еволутивниот пејзаж на Македонија и ќе го направи подостапен за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот што го организираше претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во пресрет на Самитот на НАТО, кој се одржува во Анкара. Како што објави на својот „Фејсбук“ профил, на приемот со шефови на држави и влади размениле мислења за натамошното обликување на евроатлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на ...

Иранската војска соопшти дека извршила напад со беспилотни летала врз американската база Шеик Иса во Бахреин, што, како што се наведува, е одговор на американските напади врз цели на југот на земјата. „По непријателската агресија на САД врз воени и цивилни подрачја на југот на земјата и кршење на меморандумот од 14 точки, јуришни дронови на војската на Исламската Република Иран утрово нападнаа позиции на американските непријателски сили во ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека новите напади на САД врз Иран биле „апсолутно неопходни“, оценувајќи дека Вашингтон морал да реагира одлучно по, како што наведе, „иранското кршење на примирјето“. „Кога имате примирје, а Иран во основа го крши, мислам дека е апсолутно клучно за силна реакција од САД“, изјави Руте пред новинарите во Анкара, во пресрет на самитот на НАТО, пренесува „Ројтерс“. Тој додаде оти од сојузниците во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот што го организираше претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во пресрет на Самитот на НАТО, кој се одржува во Анкара. Како што објави на својот „Фејсбук“ профил, на приемот со шефови на држави и влади размениле мислења за натамошното обликување на евроатлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на ...

Товарен авион со пет члена на екипажот исчезна во близина на пакистанското пристаниште Карачи, откако претходно почнал брзо да се спушта и загубил контакт со контролата на летање на Обединетите Арапски Емирати. Пакистанската управа за цивилно воздухопловство објави на социјалните медиуми дека во тек се спасувачки операции во Арапското Море. Причината за исчезнувањето на авионот сè уште не е позната. Авионот од типот „Боинг 737“ на „K2 ...

Властите во Рим, заедно со католичката заедница „Сант’Еџидио“, спроведуваат активности за заштита на повозрасните граѓани кои живеат сами за време на екстремно високите температури… Преку програмата „Да живеат старите“, волонтери ги посетуваат старите лица, им носат намирници, финансиска помош и им обезбедуваат социјална поддршка. Според координаторите на проектот, секое второ лице постаро од 80 години во Рим живее само, што значително го ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, во пресрет на нејзината посета на Скопје, порача дека Македонија покажала силни резултати во спроведувањето на реформската агенда и ја повика Владата со исто темпо да продолжи и во пристапните преговори со Европската Унија. Таа оцени дека актуелниот момент претставува можност што се случува „еднаш во генерацијата“ за проширување на Унијата. Во интервју за МИА, Кос истакна дека напредокот во ...

Во Кувајт утринава се огласија сирени за воздушна опасност, откако земјата соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана пресретнала проектили. Инцидентот следува по американските воздушни напади врз цели во Иран. И Бахреин претходно објави дека бил изложен на ракетен напад, но засега нема официјална потврда дека некоја цел била погодена во двете земји. Според првичните информации, Иран возвратил со напади кон Бахреин и Кувајт по ...

Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот со Русија и нема да стои на патот на мировниот процес, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на панел одржан во рамки на Самитот на НАТО во Анкара. Сибиха нагласи дека траен мировен договор не е реален без вклученост на САД во преговорите. Според него, идниот договор треба да содржи правно обврзувачки безбедносни гаранции од Вашингтон, како и натамошна воена поддршка, ...

Властите во Њујорк евакуираа повеќе објекти во Менхетен откако висококатница во изградба стана нестабилна поради деформации на носечките столбови и подовите, што предизвика стравувања од можно уривање. Зградата, која порано била седиште на фармацевтската компанија Фајзер, се реконструира во луксузен станбен комплекс. Првичните пријави за паѓање тули предизвикаа брза интервенција на противпожарните служби во близина на железничката станица ...

Светските цени на нафтата пораснаа за повеќе од два отсто, по новите тензии меѓу САД и Иран, додека американските власти повторно воведоа санкции за продажба на иранска нафта. Аналитичарите предупредуваат дека новата ескалација ги зголемува стравувањата од нарушување на снабдувањето со енергенси од Блискиот Исток. Цената на северноморската нафта „Брент“ достигна 76,08 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI се искачи на 72,26 ...

Судскиот совет денеска ќе ја одржи седница на чиј дневниот ред е изборот на нов претседател на Основниот кривичен суд Скопје. Пред гласањето, членовите ќе го разгледаат и усвојат извештајот со предлог-листата на кандидатите. Покрај изборот на претседател на Кривичниот суд, Советот ќе расправа и за измени и дополнувања на Годишната програма за работа за 2026 година. На дневен ред се и одлуки за избор и разрешување на судии поротници, како и ...

Соединетите Американски Држави извршија воздушни напади врз повеќе од 80 цели во Иран, откако три нафтени танкери беа погодени во Ормускиот Теснец. Според американската Централна команда, нападнати биле повеќе од 60 пловила на Иранската револуционерна гарда, како и ракетни позиции и командни центри. Иранските власти објавија дека удари имало на островот Кешм, како и во Бандар Абас и Сирик, при што има повредени лица од шрапнели. Техеран ги ...

Синоќа во 23:10 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во населба Млаки во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј. (59) од Гостивар, и патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р. (70) од Гостивар. При тоа со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи Р.Ј. и О.Р., како и сопатниците М.С. (64), З.И. (45) и ...

Вчера во периодот од 15:00 до 18:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во врска со претходно пријавено кривично дело „насилство“, извршено претходниот ден, при што со нож беа повредени две лица, по добиена судска наредба извршија претреси на две локации кај Б.И. (38) од Тетово. При тоа, во патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Б.И., пронајден е пиштол кој го поседувал со дозвола, додека во куќата е ...

Вардар загуби со 0-2 од Купс на првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампиони на УЕФА. Финскиот тим во Скопје стекна голема предност пред реваншот следната недела на домашен терен и е на чекор до пласман во второто коло. Брахима Магаса ја најави победата на гостите во финишот на првото полувреме, кога погоди во 45-тата минута. На самиот старт од вториот дел, Купс зголеми на 0-2 преку Боб Армах, кој реализираше во ...

Лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, изјави дека ќе се кандидира за претседател на изборите во 2027 година и дека ќе поднесе жалба до највисокиот суд во Франција против пресудата за проневера, според која една година ќе мора да носи електронска нараквица за надзор. „Не можам да водам изборна кампања со електронска нараквица“, изјави таа за француска телевизија. „Ќе ги искористам сите правни можности за да ја докажам мојата ...

Аргентина се пласираше во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство 2026 година по сензационален пресврт против Египет. Актуелниот бранител на трофејот губеше со 0-2 до 79-тата минута, но на крајот успеа да слави со 3-2. Јасер Ибрахим во 15-тата минута го доведе Египет во водство од 1-0. Лионел Меси можеше да израмни само шест минути подоцна, но капитенот на „гаучосите“ не реализираше пенал. Со тоа постави негативен рекорд, бидејќи ...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево почна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2026 година. Беа разгледани десетина амадмани поднесени од СДСМ, Левица и ДУИ. Со дел од нив се бараше зголемување на средствата во Министерството за односи меѓу заедниците, а со дел зголемување на средствата за плати за вработените во администрацијата на Министерството за одбрана и за припадниците на Армијата, како и ...

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али денеска во Тиват учествува на Регионалната конференција посветена на системите 112 и модерните технологии за управување си кризни ситуации. Тој истакна дека наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи: • Прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот; • Испраќање фотографии од местото на настанот; • Испраќање видеа од ...

Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна можните ривали во втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година. ФИБА денеска го потврди составот на четирите групи, откако заврши првата фаза од европските квалификации за Светското првенство 2027. Во втората фаза од претквалификациите ќе играат 12 репрезентации. Македонија, Бугарија и Словачка се пласираа како победници на групите од првата фаза, додека Норвешка продолжува ...

Eврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за МИА изјави дека ниту една земја кандидат за членство во Европската Унија(ЕУ) досега нема добиено, ниту пак може да добие гаранции дека во текот на преговарачкиот процес нема да се појави нов билатерален спор. Во пресрет на нејзината утрешна официјална посета на Македонија, таа јасно стави до знаење дека спроведувањето на преземените обврски и внесувањето на Бугарите во Уставот остануваат ...

МЗТ Скопје следната сезона ќе се натпреварува на три фронта. Покрај домашното првенство и регионалната АБА2 лига, македонскиот шампион ќе настапува и во ФИБА Еврокупот. МЗТ Скопје се враќа на европската сцена по пауза од речиси една деценија. Последен пат тимот од Аеродром играше во европско натпреварување во сезоната 2016/17, кога настапуваше во УЛЕБ Еврокупот. Во истото натпреварување МЗТ играше и во сезоната 2013/14. Што се однесува до ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Калај

46.54

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76