Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Во текот на 43. недела од 2025 година – од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани 56 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со минатата недела, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје. – За споредба, во 43. недела од минатата сезона, регистрирани беа 42 заболени лица – зголемување од 33,3 проценти, додека во однос на моделот за последните 15 ...
Во дебата во Обединети нации, Македонија се придружи на САД и уште пет држави кои гласаа против резолуцијата што бара укинување на американските санкции кон Куба — санкции кои траат повеќе од шест децении. Против резолуцијата оваа година беа САД, Израел, Аргентина, Унгарија, Парагвај, Македонија и Украина. Воздржани беа Албанија, Босна и Херцеговина, Костарика, Чешка, Еквадор, Естонија, Латвија, Литванија, Мароко, Полска, Молдавија и Романија. ...
Ураганот Мелиса, една од најсилните бури што некогаш го погодиле Карибскиот регион, зад себе остави тотална разурнувачка трага низ неколку острови. Во Јамајка, каде што ураганот удри како бура од категорија пет, загинаа најмалку пет лица, а премиерот Ендру Холнес изјави дека 80-90% од крововите се уништени, како и болници, училишта и јавни објекти. Повеќе населени места останаа без струја, а стотици луѓе се евакуирани или сè уште заглавени на ...
65.5 % од вкупната потребна енергија во Македонија минатата година е обезбедена од увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2 541 849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44.7 % и цврстите горива со 24.9 %. Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесувало 842 142 toe, што претставува ...
Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025, информираат од Државната изборна комисија. Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Локалните избори, според информациите на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги намалил царините за кинески увоз по денешната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја. По заминувањето од Јужна Кореја Трамп изјави дека со кинескиот претседател Си Џинпинг постигнале договор за намалување на царините за Кина во замена за континуирана набавка на американска соја од страна на Пекинг, континуиран кинески извоз на ретки стоки и сузбивање на нелегалната ...
Сè уште нема информации дали Министерството за внатрешни работи успеало да го идентификува и пронајде возачот кој пред два дена прегази 11-годишно девојче на улицата „Перо Наков“ во Скопје, по што побегна од местото на несреќата без да му помогне на повреденото дете… Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 28 октомври околу 20:30 часот, кога патничко возило удрило во малолетничката од населбата Гази Баба. Девојчето со тешки телесни ...
Националниот џез оркестар денеска на прес-конференција ги соопшти активностите до крајот на 2025 година меѓу кои е претстојниот заеднички концерт со американскиот состав „Јелоуџекетс“ (Yellowjackets) во НОБ и европска турнеја во Будимпешта, Прага и Виена во средината на идниот месец, како и два концерта во декември. На 6 ноември во Националната опера и балет НЏО ќе настапи заедно со легендарниот американски состав „Јелоуџекетс“- пионери на ...
Кошаркарите на Пелистер го запишаа вториот пораз во ФИБА Европа купот и повторно на гостински терен. Вечерва битолчани загубија на Кипар кај составот на Керавнос. Пелистер одигра слабо во првиот период, кога му дозволи на противникот да постигне неверојатни 39 поени и да направи разлика од 17 поени. Во продолжението тимот предводен од Боро Даскаловски од клупата успеа да ја стабилизира играта. Во последниот период Пелистер успеа да намали на ...
Ураганот Мелиса, кој предизвика огромни штети на Јамајка откако вчера како ураган од петта категорија со разорни ветришта од 290 км на час го зафати островот, продолжува да пустоши во поширокиот регион. Најмногу човечки жртви има на сиромашните Хаити, каде според последните информации, невремето досега однело 40 човечки животи, меѓу нив и деца. На удар на ураганот, сега од трета категорија, но се уште со силен ветар od 185 км на час, сега е ...
Втор круг локални избори-тесна разлика во Карпош. Во Топ Тема Стевчо Јакимовски кандидат на Коалицијата „Искуство за успех“. Неговиот против кандидат Сотир Лукровски од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ не се одѕва на поканата на Телма. Топ Тема во со Снежана Лупевска Созен на Телма © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија ...
Македонскиот женски одбојкарски првак Јанта Волеј се пласираше во третото коло во Лигата на шампиони на ЦЕВ откако вечерва го совлада босанскиот тим Гацко и на реваншот во Требиње. Јанта Волеј со двојна победа ја продолжи европската бајка. По скопските 3-2, денеска девојките од Кисела Вода славеа против Гацко и на гостински терен исто така во пет сетови. Мери Бошковска со 17 поени беше лидер на тимот, додека средните блокери Јасмин Ледесма и ...
Кошаркарите на Пелистер го запишаа вториот пораз во ФИБА Европа купот и повторно на гостински терен. Вечерва битолчани загубија на Кипар кај составот на Керавнос. Пелистер одигра слабо во првиот период, кога му дозволи на противникот да постигне неверојатни 39 поени и да направи разлика од 17 поени. Во продолжението тимот предводен од Боро Даскаловски од клупата успеа да ја стабилизира играта. Во последниот период Пелистер успеа да намали на ...
По булеварот Партизански одреди нема смет затоа што има камери, рече во вечерашната емисија Топ Тема на Телма Стевчо Јакимовски кандидат на Коалицијата „Искуство за успех“ за трет градоначалнички мандат. „Гостите“ кои доаѓаат да ја чистат општина Карпош тие навечер со камиони истураат смет, вели Јакимовски, за да дојдат наутро и да покажат дека го собираат сметот. Тој ваквата политика на ВМРО – ДПМНЕ ја нарече „ѓубреџиска политика“. Тврди дека ...
Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за доживотна суспензија на двајца фудбалери на третолигашот Беса Слупчане. Клубот исто така 10 натпревари нема да смее да игра на свој терен поради инцидентот што се случи изминатиот викенд во Третата лига – Север. Фудбалерите на Беса Слупчане, Орхан Демири и Ердин Арифи добија доживотна суспензија од Дисциплинскиот комесар на Третата лига и повеќе не смеат да се занимаваат со фудбал. Двајцата ...
Здружението „16 март 2025 – Кочани“ ги известува граѓаните кои даваат поддршка на барањето правда за загинатите во трагедијата во „Пулс“ дека претстојната сабота, на 1. ноември нема да се одржи „Марш за ангелите“ за достојно да се одбележи верскиот празник Задушница. Следниот „Марш за ангелите“ ќе биде најавен дополнително. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без ...
Искусниот грчки кошаркар Ник Калатес е најново засилување за Партизан. Плејмејкерот потпиша договор со српскиот состав до крајот на оваа сезона. По повредите на Шејк Милтон и Карлик Џоунс, Партизан мораше да донесе нов кошаркар, а изборот падна на 36-годишниот Калатес. Тренерот Жељко Обрадовиќ добро го познава грчкиот интернационалец, кој своите први две сезони како професионалец ги мина во дресот на Панатинаикос под водство токму на српскиот ...
Изложбата ,,Современа скулптура” ќе се отвори утревечер (30.10.2025) во МГС од 20.00 часот. Изложбата „Современа скулптура” 2025, реализирана како дел од програмските активности на ДЛУМ со поддршка на Министерството за култура и туризам, претставува значаен преглед на современите скулпторски тенденции во македонската ликовна сцена. Со учество на шеснаесет уметници од различни генерации, во оваа изложба, не се јавува како едноставна презентација ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог. На сесијата таа говореше и за безбедносната состојба во Европа поради која не смееме да бидеме оставени ...
Енергетската транзиција ќе биде побрза и целосна со помош на дигитализацијата а вештачката интелигенција, која ќе ја прави анализата на потрошувачката на енергија, ќе биде клучна алатка во креирањето на стратегии за развој на енергетскиот сектор и транзицијата кон обновливи извори во Македонија. Воведувањето на енергетската ефикасност на објектите како стандард е процес кој ќе чини и ќе трае но бенефитите ќе бидат многукратни за енергетскиот ...
Ем патувал во странство, ем за тоа си давал сам на себе за два и пол пати повисоки дневници од предвидените. Поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов заработи кривична пријава за 1000 евра земени спротивно на уредба. Во ова му помогнал и заменикот и неколкумина вработени, ги сомничи МВР. За 1.000 евра нeзаконски исплаќани дневници кривична пријава заработи поранешниот директор на Агенцијата за храна и ...
Полицијата истражува кој ги испратил лажните дојави за бомби во 47 училишта во Скопје и Куманово. Заканите за поставени експлозивни направи пристигнале вчера околу 18 часот на електронските адреси. Училиштата беа испразнети, а по проверките полицијата информираше дека се лажни. Професорката од факултетот за безбедност Светлана Николоска смета дека моментот не е случаен мотивот како обид да се тргне вниманието од изборната трка Николовска ...
На една улица празни, а на следната преполни контејнери. Сликата е веќе позната, но граѓаните велат — ништо не се менува. Дали крајот на локалните избори ќе стави крај на сликата во главниот град? Граѓаните скептични дека нешто ќе се подобри. Од Јавното претпријатие Комунална хигиена велат — само за еден ден собираат и до четиристотини илјади килограми отпад. Откако ќе ги испразнат контејнерите, екипите ги мијат и дезинфицираат, со цел да се ...
Илјадниците пластични шишиња и комунален отпад кои со часови пловеа по течението на реката Вардар пред два дена, денеска претпладне ги немаше во селата во тетовската рурална општина Јегуновце. Високиот водостој и буен тек ги однесоа повеќето тони отпад кон остатокот од државата, каде минува најголемата македонска река. Денеска коритото на реката и натаму е исполнето со вода и силен тек. И највозрасните мештаните од Раотинце не паметат ваква ...
Министерството за финансии на САД донесе одлука за укинување на санкциите за неколку лица од Република Српска, меѓу кои и за нејзиниот поранешен претседател Милорад Додик, неговото семејство, нивните фирми и многу блиски соработници. Санкциите се укинати и за Жељка Цвијановиќ. На 17 октомври, американското министерство за финансии ги укина санкциите и за четворица блиски соработници на Додик кои се најдоа на „црната листа“ на САД поради ...
Директорот во притвор. „Комунална хигиена“ работи според оперативната програма, а директорот Сабахадин Рустеми си поднесе оставка при распит во суд. Правно-процедурално работата не е чиста со претпријатието кое треба да го чисти Скопје од отпад, ама реално функционира и собира ѓубре. Со притворот, во „Комунална хигиена“ во моментот нема кој да ги потпишува документите, бидејќи Рустеми пред апсењето не овластил човек за тоа. Сега со поднесената ...
На 10 ноември ТВ Телма ќе започне да го емитува првото балканско реално шоу посветено на претприемачи и стартапи, The Founder Games. The Founder Games ги следи основачите на 20 стартапи од 13 земји. Снимањето траеше пет месеци. Камерите беа вклучени во моменти кои обично остануваат затворени за јавноста, ги регистрираа непријатните разговори со инвеститори, планирањето на буџети, несогласувањата меѓу ко-основачите, обидите за спас на производ и ...
Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при изборот на интернет платформи и да учествуваат исклучиво преку официјалните канали на Државна лотарија, со цел да се заштитат од можни злоупотреби. Односно, да учествуваат во игри на среќа, кои се транспарентни, регулирани и одговорно приредени. Државна лотарија, како единствено овластено друштво за приредување игри на среќа во Република Северна Македонија, ја информира ...
Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто во споредба со одлуката од 27 октомври. Новата малопродажна цена на дизелот ќе биде 70 денари за литар, Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 73,5 денари ...
Германските власти, во соработка со бразилската полиција, затворија две платоформи на Даркнет кои содржеа материјали со детска порнографија, соопшти полицијата. Германските медиуми пренесуваатдека станува збор за страниците Videos Sebick и Videos Yad. „На две платформи имаше повеќе од 350.000 корисници, а во базата на податоци се наоѓаа над 21.000 видеа со детска порнографија“, информира Центарот за борба против детска порнографија и ...