Трагичната смрт на 14-годишното девојче на детско игралиште во Гостивар ја потресе јавноста и отвори прашања за околностите под кои се случила несреќата. Додека истрагата е во тек, игралиштето останува затворено, а обвинителството проверува повеќе аспекти, меѓу кои и безбедноста на реквизитите. Ова е детското игралиште каде во четвртокот навечер животот го изгуби 14-годишното девојче, кое деновиве ќе остане вака обезбедено со ленти од ...

Два амандмани поднесени од опозицијата на ребалансот на буџетот беа усвоени, но видоизменети, од владејачкото мнозинство, на расправата во Комисијата за финансирање и буџет. На ребалансот беа поднесени 224 амандмани – 90 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од владејачката Вреди. Власта го усвои амандманот на СДСМ кои бараа 10,5 милиони денари за социјална сигурност на жените во земјоделството, но власта прифати од предложените 500 илјади ...

Пет универзитети се под мониторинг,a можно е и затворање на дел од нив, најави Весна Јаневска, министерката за образование, без да сподели за кои институции точно станува збор. Во процес на затворање се и пет-шест институти. Јаневска откри дека евалуацијата на Агенцијата за квалитет на високото образование покажала дека на повеќе места има неправилности во работењето. Пет универзитети се под мониторинг,a можно е и затворање на дел од нив, ...

Високите температури, летните одмори и одредени простори во кои хигиената не е на високо ниво го зголемија бројот на пациенти со различна симптоматологија кај матичните лекари. „Последниов временски период имаме голем број пациенти кои се јавуваат со уринарни инфекции најчесто како изолиран причинител е Escherichia coli кај најголем дел од пациентите. Тие симптоми се со печење, болки при мокрење, чести, интензивни мокрења, во некои ситуации ...

Денес се очекува САД и Иран повторно да се седнат на иста маса во нова рунда на преговори. Вашингтон од Техеран бара јавно да соопшти дека Теснецот е отворен за пловидба и да се обврзе дека ќе ги запре нападите врз комерцијалните бродови. Разговорите продолжуваат и покрај новите судири оваа недела, кои Белата куќа ги оцени како прекршување на примирјето постигнато во јуни. Со тогашниот договор, Иран, меѓу другото, се обврза да обезбеди ...

Единствената шанса да се донесе нов Изборен законик е ВМРО-ДПМНЕ да го повлече барањето за електронско гласање на дијаспората, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Останува на ставот дека не треба да се брза со ова прашање и дека треба да се најде модел што нема да остава никаков сомнеж за изборни нерегуларности. „Ако го повлечат членот со кој се менува досегашниот начин на гласање на дијаспората и се согласат да се формира работна, ...

Министерството за култура и туризам не го спроведува конкурсот за кофинансирање странски издавачи за преводи на книги од автори од Македонија, реагираат од издавачката куќа Или- Или. Од таму велат дека немаат информации зошто се случува тоа, а не можат ниту да ги информираат колегите издавачи од странство или преведувачите, кои се јавувале да прашаат. Од Или- Или сметаат дека укинувањето на тој конкурс е во спротивност со поддршката што ...

Уапсен е турски државјанин кој на автопатот „Пријателство“ кај гевгелиското село Милетково „летал“ со брзина од 203 км/ч. Тој со неговиот автомобил со марка „Мерцедес“ со германски регистарски ознаки бил фатен со радар од страна на полициски службениците. „На 10.07.2026 во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода турскиот државјанин Ј.Ц.(46). ...

Посмртните останки на десет жртви на геноцидот во Сребреница од 1995 година денеска ќе бидат погребани во Меморијалниот центар, на 31-годишнината од едно од најтешките злосторства во Европа по Втората светска војна. Повеќе од 8.000 беа убиени во Сребреница во јули 1995 година, откако силите на босанските Срби го зазедоа малиот град во источниот дел на Босна и Херцеговина, во последните месеци од војната. Телата на убиените биле фрлани во ...

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ дека со различни барања и образложенија го блокираат донесувањето на Изборниот законик, тврдејќи дека заеднички мотив им се ниските рејтинзи и стравот од пораз на следните избори. Од владејачката партија велат дека опозициските партии намерно пласираат различни тези и услови, со што, според нив, се создава конфузија во јавноста. „СДС не сака македонската дијаспора на полесен начин да ...

Левица ја обвини Владата дека нема стратегија за справување со растот на цените на становите и кириите, откако во Собранието се расправаше за амандманите на партијата на ребалансот на Буџетот, со кои се бараат средства за изградба на јавен станбен фонд и социјални станови во Скопје, Велес, Штип и Кочани. Од партијата посочуваат дека и покрај градежниот бум во последната деценија, цените на недвижностите продолжуваат да растат, а домувањето ...

СДСМ ја обвини Владата дека наместо да преземе чекори за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, повторно продава дел од неговиот запленет имот во земјава. Од опозициската партија тврдат дека се продаваат станови и друг имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски располага со имот и средства вредни над две милијарди евра. „Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, државата ...

Најмалку 12 лица загинаа, осум се повредени, а 23 се водат како исчезнати во разорен шумски пожар што зафати оддалечена населба во јужна Шпанија, во која живеат голем број странски државјани. Пожарникарите и припадниците на шпанската воена единица за вонредни состојби продолжуваат да се борат со огнената стихија, која избувна доцна во четвртокот во полусушна област во близина на планините Сиера де Лос Филабрес, во провинцијата Алмерија. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра закана до Иран, откако, како што тврди, иранските власти се заканиле со атентат. Во објава на својата социјална мрежа „Трутсоушал“, Трамп порача дека американската војска е подготвена за одговор. „Илјада ракети се подготвени и насочени кон Исламската Република Иран, а веднаш потоа би следувале уште илјадници, доколку иранската влада ја оствари својата закана да го убие или да се обиде да го ...

Полицијата во Велика Британија уапси 26-годишен маж под сомнение за убиство по смртта на поранешната конзервативна министерка и пратеничка Ен Видикомб. Како што соопшти полицијата на Девон и Корнвол, 78-годишната Видикомб била пронајдена во четвртокот во својот дом со тешки повреди, по што било констатирано дека починала. Осомничениот, бел Британец, се наоѓа во полициски притвор. Истражителите наведуваат дека засега нема индиции дека станува ...

Претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на Демократската партија на Турците потпишаа договор за коалициска соработка. Партијата која пред локалните избори ја напушти коалицијата со ДУИ и настапи самостојно, сега и официјално влегува во владата. Веќе беше најавено дека ќе добијат министер без ресор, а очекуваат и други, пониски функции. Оваа партија има еден пратеник што значи дека владејачкото мнозинство ќе брои 59 пратеници. Претседателите на ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години стартуваше со победа против домаќинот Словачка на Европското првенство Б-дивизија. Утре нашиот тим ќе атакува на уште еден триумф, против селекцијата на Република Ирска. Македонија доминираше во најголем дел од натпреварот, со исклучок на првата четвртина, која ја загуби со 15-17. На полувремето нашите кошаркари веќе имаа двоцифрена предност од 12 поени, односно 41-28. Во третиот период ...

Јаник Синер ќе ја брани титулата на Вимблдон против Александер Зверев во големото финале во недела. Италијанецот денеска го елиминираше седумкратниот шампион Новак Ѓоковиќ, додека Германецот ѝ стави крај на бајката на Артур Фери. Синер му се одмазди на Ѓоковиќ за полуфиналниот пораз на Австралија опен годинава и славеше во три сета со 6-4, 6-4 и 6-4. Светскиот рекет број 1 сега има предност од 7-5 во меѓусебните дуели со Србинот. Во ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе го донира револверот што како подарок го доби од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на воен музеј, откако претходно ќе биде онеспособен за употреба, соопшти денеска портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо. Одговарајќи на новинарско прашање за необичниот подарок што турскиот претседател им го врачи на лидерите на НАТО за време на самитот, Пињо рече дека Фон дер Лајен ...

Тројца луѓе се приведени од кои двајца доктори во претреси на полицијата на пет локации во Скопје, меѓу кои и во две здравствени установи во рамки на истрагата за организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, соопшти обвинителството. „Врз основа на прибраниот доказен материјал, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири ...

Министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ денеска го одобрија новиот унгарски национален план за закрепнување и отпорност, што ја отвора можноста за пристап до 10 милијарди евра блокирани средства. Средствата беа блокирани поради сериозни и систематски прекршувања на владеењето на правото за време на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Новата унгарска Влада на премиерот Петер Маѓар поднесе изменет предлог за национален план за ...

Подготвителна постапка за две 14-годишни девојчиња осомничени за кривичното дело „Насилство“, како и за две момчиња на возраст од 14, односно 15 години за помагање во извршување на делото, како и „Неовластено снимање“, побара Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија. „Пријавените девојчиња, на 30 јуни, на игралиште позади трговски центар во Скопје, во група извршиле грубо ...

Поранешната конзервативна британска министерка Ен Вајденкомб (78) е пронајдена мртва во својот дом во грофовијата Девон, соопшти полицијата која го истражува случајот како убиство. Според полициски извори, на телото се регистрирани траги од тешки повреди. Политичката кариера на Вајденкомб траеше со децении. Беше претставничка во изборната единица Мајдстон цели 23 години, пред да се приклучи на партијата „Реформи во Обединетото Кралство“ на ...

Поради сериозниот недостиг од гориво и честите прекини во снабдувањето со електрична енергија, електричните трицикли станаа главното превозно средство во кубанската престолнина Хавана. Возилата, кои одамна се присутни во земјата, денес претставуваат клучна алтернатива за превоз на патници и стока, во услови кога јавниот превоз речиси целосно е парализиран. Улиците на Хавана се исполнети со електрични трицикли што секојдневно превезуваат ...

Бугарија се соочува со казнена постапка од Европската Унија (ЕУ) поради нов прекумерен долг, соопштија денеска властите во Брисел. Советот на ЕУ, телото што ги претставува владите на земјите-членки на ЕУ, ја следеше препораката на Европската комисија од јуни за започнување на постапката. „Дефицитот на Бугарија до 2029 година треба да се врати под горната граница на ЕУ од три отсто, со прогноза од 4,1 отсто за актуелната година. Денешната ...

Партиите ниту денеска не се ништо поблиску до нов Изборен законик од вчера. Наместо договор, истите обвинувања за манипулации, кочење и изговори зошто не се постигнува консензус околу еден од реформските закони. Крајниот рок за носење на овој закон е среда (15 јули), што значи дека ставовите треба да се усогласат најдоцна до понеделник. Партиите ниту денеска не се ништо поблиску до нов Изборен законик од вчера. Наместо договор, истите ...

На судењето за злоупотреби со ИПАРД помошта за земјоделците се слушаа дел од телефонски разговори снимени со посебни истражни мерки, меѓу обвинетите Амет Фејзула Фејзула Фејузла , Јасмина Костадинова, вработена во министерството за земјоделство која призна вина дека земала поткуп од 2.000 евра (и доби 10 месеци затвор) но и други кои не се обвинети. На обвинителна клупа се и поранешниот директор на Агенција за финансиска поддршка во ...

Џавит Муса, припадник на скопската банда Беланоца и баран за убиство на офицер на АРМ во Батинци е пронајден од Интерол во албанскиот град Драч. Убиството се случи лани на влезот во селото кога осомничениот ја начекал жртвата во автомобил и испукал повеќе куршуми кон него. Жртвата Агим Муареми, како што пишуваше тогаш Телма, е убиен поради тоа што не дозволувал неговата ќерка да се венча со припадникот на подземјето. Уште еден макеоднски ...

Ќе се изгаснат ли цигарите во кафулињата и на голем дел од јавните простори уште од 1 август? – Одговорот сè уште зависи од собраниската процедура. Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е пред последните законодавни филтри, пред да се најде на гласање. Министерот за здравство во заминување, Азир Алиу очекува наскоро да стапи на сила. „Направивме експертска група која што ќе ги чита и ќе ни даде ...

Студентите постари од 30 години веќе нема да можат да престојуваат во студентските домови, а за насилство, оштетување на инвентар и внесување алкохол или други супстанци ќе следува забрана за сместување од една до пет години. Измените на Законот за студентски стандард се очекува да бидат донесени овој месец. Според министерката за образование Весна Јаневска, тие се воведуваат за да се спречат злоупотреби. „Детектиравме студенти кои со години ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42