Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Таткото на Меланија Цветковска, младата девојка од Куманово која преку потресно видео на социјалните мрежи побара помош поради долгогодишно семејно насилство, ќе биде спроведен на лекување во Психијатриската болница во Демир Хисар, потврдија од кумановската полиција. „Ве информираме дека СВР Куманово е запознаен со случајот и интензивно работи на негово расчистување. По консултација со Основното јавно обвинителство и другите надлежни ...
По објавата на Телма, Министерството за внатрешни работи го избриша соопштението со фотографија која, според нејзините визуелни карактеристики, упатуваше на можноста дека е генерирана со вештачка интелигенција. Фотографијата, поврзана со случајот со странскиот државјанин пронајден на Матка, не беше означена дека е изработена со употреба на вештачка интелигенција. Меѓу воочливите недоследности се издвојуваше изгледот на полициските униформи, ...
Штипските археолози ја дефинираа целосната концепција на петоапсидалната базилика на локалитетот Кале во Крупиште, кој е познат и по археолошките истражувања на Блага Алексова, пред повеќе од четири децении. Академик Алексова врз основа на истражувањата и пронајдените предмети на кои се испишани букви од глаголицата сметала дека од ова место почнала да се шири писменоста, односно дека токму локалитетот Кале бил градот Равен, каде што Кирил ја ...
Загрижувачка е состојбата која во континуитет ја бележи Клиниката за токсикологија во однос на случаи со суицидални труења со таблети и корозивни супстанци. Доколку се направи споредба со Шведска каде бројот на обиди за самоубиства со труење со корозиви се 100 случаи во текот на 20 години, во Македонија 100 случаи се во текот на една година. Најмалку 95% од тие труења на Универзитетската клиника за Токсикологија се суицидални вели професор ...
Цели 11 години, група жители од Тетово водат битка со институции за извршување на решение за уривање на дивоградба. Станува збор за челична конструкција на улицата „Иво Рибар Лола“ во која функционира автоперална, а за која уште во 2015 година е утврдено дека е изградена незаконски. Жителите се жалат на игнорирање од инспекторатите, додека од Општина Тетово ветуваат уривање, но дури откако ќе обезбедат пари и услови за тоа. Единаесет години ...
Сивата еминенција и центри на моќ стојат и зад стечајот на Еуростандард банка и зад обвинението против мене, реагира бизнисменот Трифун Костовски во колумна на социјалните мрежи, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против четири лица за стечајот на банката и за штета од 27 милиони евра. Тој не прецизира која е сивата еминенција и кои се центрите на моќ кои сакаат да го уништат. Поранешните ...
Не знам што треба да се случи за институциите конечно да го слушнат мојот глас. Со овие зборови, во потресно видео објавено на социјалните мрежи, млада девојка од Куманово јавно побара помош, тврдејќи дека со години таа и целото семејство се жртви на семејно насилство. Според нејзините наводи, нејзиниот татко, кој има психичко растројство и е под дејство на алкохол речиси секојдневно, ја малтретира целата фамилија – неа, нејзината мајка, баба ...
Сѐ е подготвено за отворањето на 66. „ Охридско лето“, вечерва во Античкиот театар, кој што е целосно распродаден. На отворањето ќе биде изведен гала концертот, под наслов „ Љубов“ , со учество на едни од најголемите светски оперски ѕвезди од Албанија и САД, вели директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски. Организиравме гала оперски концерт, наречен „ Љубов“ , на кој што ќе настапат едни од најголемите светски ѕвезди на оперската сцена на ...
Левица најавува уште еден обид во последен момент да се постигне консензус за Изборниот законик. За утре иницираат координативна средба на сите опозициски партии, на која ќе се обидат да ги усогласат ставовите и да формулираат заеднички предлог, што ќе биде доставен до владејачкото мнозинство. „Нашата цел не е уште една политичка средба без исход, туку сериозен обид опозицијата да застане зад најголемата демократска реформа на изборниот ...
Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави фотографија која, според нејзините визуелни карактеристики, упатува на можноста дека е генерирана со вештачка интелигенција. Притоа, објавата не содржи никаква ознака дека е користена таква напредна технологија. Фотографијата е објавена заедно со соопштение за пронајдениот странски државјанин од Романија. На неа се прикажани полициски службеници кои му помагаат на ...
Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави фотографија која, според нејзините визуелни карактеристики, упатува на можноста дека е генерирана со вештачка интелигенција. Притоа, објавата не содржи никаква ознака дека е користена таква напредна технологија. Фотографијата е објавена заедно со соопштение за пронајдениот странски државјанин од Романија. На неа се прикажани полициски службеници кои му помагаат на ...
Вчера во вечерните часови Романец се изгубил на Матка, по што го повикал итниот број за случаи. Центарот за управување со кризи го примил повик од странскиот државјанин кој се изгубил при самостојно движење во реонот на Матка, во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај. „Веднаш по приемот на пријавата, ЦУК ги презеде сите неопходни активности и ги извести Министерството за внатрешни работи (ЦИК Скопје), Дирекцијата за ...
Бизнисмен од Мајами, кој е баран во Албанија поради наводно перење пари поврзани со дрога, е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде што Џаред Кушнер сака да изгради одморалиште вредно повеќе милијарди долари, соопшти агенцијата за борба против организираниот криминал во земјата во досиејата на предметот пренесува „Ројтерс“. Бизнисменот, Артур Шеху, ги негира сите обвинувања против него, изјави неговиот адвокат, Кујтим ...
Уставниот суд преку соопштение упати остри критики кон обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии според нив се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност на политичкиот простор, користејќи ги работата, одлуките, како и меѓународните активности на Судот. „Така, унапредувањето на меѓународната соработка на Уставниот суд беше ставена во дневнополитички контекст и искористена ...
Американскиот републикански сенатор Линдзи Греам почина на 71-годишна возраст по кратка и ненадејна болест. Неговата канцеларија објави соопштение во кое се вели дека тој починал во саботата навечер, додавајќи дека семејството на Греам „моли за приватност во овој неверојатно тежок период“. Избран во Сенатот во 2002 година, политичарот од Јужна Каролина беше еден од највлијателните гласови на Вашингтон за надворешна политика и клучен сојузник ...
Македонија е со најниска инфлација во регионот, СДС се обидува да шири паника, но бројките ги демантираат тврди владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Тие во соопштението наведуваат дека опозициската СДСМ секојдневно шири невистини и се обидува да создаде чувство на економска несигурност, и покрај како што велат официјалните податоци кои ги демантираат нивните тврдења. „Бројките и податоците јасно покажуваат дека Македонија има најниска инфлација во ...
Оризот скапува по амбарите, Владата на Мицкоски ги остави оризопроизводителите без откуп тврдат СДСМ во најново соопштение. Според нив оризопроизводителите се соочуваат со една од најтешките кризи во последните години, како директна последица на погрешните политики на Владата на Христијан Мицкоски. „Половина од ланското производство сè уште стои по амбарите затоа што нема организиран откуп. Наместо државата да обезбеди пласман на домашното ...
Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна беше безбедно отстранета од плажа на брегот на Дојранското Езеро, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување. Станува збор за граната со калибар од 100 милиметри и тежина од 13,6 килограми, која била пронајдена на плажата, а по пријавата интервенирал пиротехничарот на ДЗС, Зоран Пејев. Тој успешно ја обезбедил и ја отстранил без опасност за граѓаните и посетителите. Од ...
Американската војска повторно нападна цели во Иран. Ова е третата рунда воздушни напади во последните денови, бидејќи привремениот договор за завршување на војната со Иран изгледа подалечен од било кога. Иран претходно нападна комерцијален брод во Ормутскиот теснец. САД веднаш започнаа со контра воздушни напади, а потоа таргетираа дополнителни нови 140 локации во Иран. Ова досега претставува најголем број напади што се случиле по договорот за ...
Бизнисменот Трифун Костовски објави јавна реакција по одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да покрене обвинение за стечајот на Еуростандард банка и да поднесе предлог за поведување судска постапка против четири лица. Костовски, кој е меѓу опфатените со предлогот тврди дека пет и пол години бил предмет на истрага без да бидат пронајдени докази за криминал или перење пари и оценува дека ...
По втор пат во Тетово се одржа протестен марш по градските улици, по повик на опозициската ДУИ, како знак на револт поради тоа што Уставниот суд ја укина, како незаконска, одлуката на Советот на Општина Тетово од 2007 година за преименување на десетина улици. Собирно место беше плоштадот, по што групата од неколку стотини учесници се движеше по булеварот „Маршал Тито“ до пазарот, а протестот заврши пред зградата на Општина Тетово. Како и на ...
Откако денес СДСМ го обвини поранешниот премиер Никола Груевски дека ги троши милијардите во Будипмешта, додека државата ги продава неговите станови на Водно, тој се огласи на социјалната мрежа „Фејсбук.“ Со слика од него во бела дуксерка и долг статус под истата, демантира дека становите кои се запленети не се во негова сопственост. „И по којзнае кој пат принуден сум да демантирам дека тие станови никогаш не биле мои станови и дека сето тоа ...
Педесет и двегодишен работник од Куманово загинал при изведување на градежни работи на објект во изградба во скопска населба во општината Гази Баба, соопшти министерството за внатрешни работи. Несреќата била пријавена вчера околу 14 часот, кога работникот паднал од височина додека работел на градилиштетото. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта на местото на настанот. На градилиштето дошле полициски службеници, а за случајот ...
Членови на „Здружението на пензионери Ѓорче Петров“ тврдат дека претседателката на Здружението на пензионери во Ѓорче Петров, Станка Трајкова, е нелегитимен претседател бидејќи не живее во општината и затоа не можела да биде предложена од ова здружение. Пензионерите Слободан Георгиевски и Драгица Славевска обвинуваат за спрега со локалниот претседател Стојановски, кој ги отстранил од функциите откако укажале на неправилностите. Од Сојузот на ...
Четириесет и едногодишен кочанчанец, кој бил приведен откако во неговото возило била пронајдена бела прашкаста материја, синоќа на дрзок начин избегал од Полициската станица во Кочани. Осомничениот искористил прилика и го отворил прозорецот, по што се дал во бегство. Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот. „На 10.07.2026 во 20:35 часот во Полициската станица Кочани 41 годишниот А.Л. од Кочани кој претходно бил задржан во ...
Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои и понатаму се на терен во обид целосно да го локализираат пожарот. Според информациите од Општина Валандово, пожарот во моментов се држи под контрола, но неговото гаснење е отежнато поради непристапниот терен, каде што ...
Албанскиот премиер Еди Рама со голема насмевка го пречека познатиот американски рапер Кање Вест откако претходно во јавноста ја бранеше инвестицијата од 4 милиони евра кои ги обезбеди од буџетот за да го покрие износот за настапот на раперот во Албанија посочувајќи го како добра инвестиција за земјата. „Одвоивме 4 милиони евра во последен момент за да избегнеме засрамување на Албанија во очите на речиси 25.000 странски посетители од 80 земји ...
Членови на „Здружението на пензионери Ѓорче Петров“ тврдат дека претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова, е нелегитимен претседател бидејќи не живее во општината и затоа не можела да биде предложена од ова здружение. Пензионерите Слободан Георгиевски и Драгица Славевска обвинуваат за спрега со локалниот претседател Стојановски, кој ги отстранил од функциите откако укажале на неправилностите. Од матичното здружение, пак, велат ...
Сопругата на 61-годишен српски државјанин кој беше повреден откако се скрши прозорец на авион за време на лет на „Рајанер“ од Солун ги опиша моментите во кои таа, сопатник и друг патник го држеа за да не падне од авионот, објави грчката МегаТВ. Мажот е во болница и се опоравува од повредите и шокот. Неговото име не беше објавено, но грчките медиуми ја објавија неговата фотографија. Сопругата, чие име исто така не е објавено, за грчкиот медиум ...
Овие две фотографии се направени во период од десетина дена. На првата се гледа ѕидот целосно, а на втората тој веќе е срушен. При почеток на ископ на темели за гаражи и подруми се срушил преградниот ѕид од соседната куќа во должина од дваесет метири на улицата Дане Крапчев број 5 во Дебал Маало. Сопствениците на соседната куќа велат дека со него исчезнало и чувството на безбедност. Стравуваат дека доколку ископите продолжат без дополнителна ...