На двајцата пратеници од редовите на Вреди, Беким Ќоку и Аднан Азизи и на заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, не им бил забранет влезот во Албанија, туку тие се вратиле во Македонија во знак на револт што биле држени на граничниот премин „Ќафасан“ повеќе од еден час, иако имале дипломатски пасоши. Ова за Телма го изјави Муртезани, според кого нивниот четврти сопатник, кој не е функционер, имал забрана за влез во ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши изрази загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на Собранието на Република Северна Македонија на граничниот премин Ќафасан, соопштија од неговиот Кабинет. Во рекацијата до јавноста, тој напоменува дека „пратениците се избрани претставници на граѓаните и носители на уставен мандат“ и поради тоа секое постапување треба да биде во согласност со највисоките стандарди на почит и ...

Не станувало збор за забрана за пратениците од Вреди, туку за законска пречка за едно лице од нивната придружба. Ова на прес-конференција го изјави директорот на албанската полиција, Скендер Хита, по инцидентот во кој пратеникот и координатор на пратеничката група на партијата, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата на Македонија, Хасим Муртезани, вчера еден час биле задржани на граничниот премин Ќафасан ...