Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Ја имаме првата сензација на на тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада. Не е победа, туку реми, но и тоа е вистински подвиг на репрезентацијата на Катар која што успеа да освои бод во ремито 1:1 против фаворизираната вечерва Швајцарија. Шокот за Швајцарците пристигна во четвртата минута од судиското продолжение, кога прекрасниот центаршут од лево на Ал Амин, со глава го користи ветеранор Боуалем Коуки, кој што со забива во мрежата на ...
Навивачите кои присуствуваа на првите натпревари на Светското првенство во фудбал беа непријатно изненадени од цените на основната храна на стадионите. Шише вода од половина литар се придава за цена од 6 долари, додека литар чини 11 долари. Шише пиво (0,47 литри) чини 18 долари. Светската куќа на фудбалот која ги одреди цените на пилајаците и храната, очигледно планира дополнително да профитира од турнирот кој и онака има проблем со ...
Македонскиот кошаркарски прволигаш и претставник на меѓународна сцена, тимот на ТФТ од Скопје во иднина ќе биде без американскиот интернационалец, Дарин Говенс. Тој по две години минати во скопската населба Тафралиџе си заминува од овој клуб, и во иднина ќе настапува на некое друго место. ТФТ Скопје со специјална порака преку социјалните мрежи не само што се збогува со еден од своите омилени членови во изминатиот период, туку на Говенс јавно ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Барселона-Каталонија, седмата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Британецот стигна до најдобрата стартна позиција во „Каталонија“ со одличен круг од 1:14.679 минути, со 64 илјадити делови предност пред Луис Хамилтон во Ферари. Најблиску до двајцата најбрзи беше лидерот во генералниот пласман Кими Антонели, кој беше три десетинки од секундата зад ...
Македонскиот репрезентативец и интернационалец Јани Атанасов е нов играч на казахстанскиот тим на Актобе. Клубот предмалку го промовираше нашиот интернационалец како своја најнова аквизиција. Атанасов последно беше дел од шампионатот на Грција, каде што со тимот на Лариса не успеа да обезбеди опстанок, па си замина од таму. Сега, следува нов момент во неговата кариера. Атанасов досега има интернационално искуство во екипите на Бурса, Хајдук, ...
Досегашниот играч на тимот на Тиквеш, Никола Најдовски ќе го има својот прв интернационален предизвик во кариерата. Левиот бек е нов член на тимот на Лапи од Косово, каде што пред само еден ден потпиша и Али Адем. Најдовски летово се одлучи да си замине од неговиот матичен клуб, и да си ја проба среќата во некоја друга средина. Се одлучи за Косово, каде што во изминатиот период заиграа доста наши интернациоиналци и тоа со голем успех. ...
Македонското ракометно водство во моментов е дел од најголемиот настан на годишно ниво кога станува збор за овој спорт. Фајнал фор турнирот, односно самата завршница во Лигата на Шампионите. Истиот се одржува во Келн, Германија, а нашата делегација е предводена од претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Александар Стефанов, заедно со генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски, како и селекторот на машката ракометна ...
Убедлив настап и убедлива победа на нашата машка одбојкарска репрезентација во третиот натпревар од новата сезона од Европската лига. Македонија денеска славеше со 3:0 над селекцијата на Исланд, во првиот меч од турнирот во Глифада во Грција. За момците на Миленкоски, ова е втора победа во годинешното натпреварување. МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД 3:0 (25:21, 25:23, 25:19) Првите два сета донесоа мала неизвесност, но нашите момци успеаја рутински во ...
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија, вечерва загуби во рамките од Европската лига од соодветната селекција на Азербејџан со 0:3. Одбојкарките со овој неуспех ја продолжија лошата низа на загубени мечеви, кои што сега се четири по ред. На турнирот во Аликанте, Шпанија, нашиот национален тим, реално во ниту еден од сетовите (13:25, 15:25, 18:25), не успеа доволно да парира, за да можеме барем да се понадеваме на освоен сет. ...
Со конечни 37-32, екипата на Барселона го доби второто полуфинале од Ф4 турнирот во Келн против тимот на Алборг и обезбеди финале во овогодинешното издание на Лигата на Шампионите. Во интересен и неизвесен меч, Каталонците имаа повеќе концентрација во завршницата и обезбедија меч за нова европска титула по одиграно продолжение откако регуларниот дел заврши 28:28. Клучен фактор можеби беше голманот Емил Нилсен кој што запиша 16 одбрани и кој ...
Денеска на социјалните мрежи се појави видео кое ги загрижи сите навивачи на турската фудбалска репрезентација пред нивниот прв натпревар на Светското првенство. Турција се подготвува за својот прв натпревар на Светското првенство против Австралија, но, атмосферата беше нарушена од видео на кое се гледаат тројца турски репрезентативци како пушат на балконот од хотелот каде што престојувале. Според ова видео и извештаите, Чаглар Сојунџу и ...
Македонија за првпат ќе има претставник на Европското училишно првенство за баскет 3х3 кое стартува денеска во Белград. Тимот е составен од Дамјан Данев, Глигориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски. Противниците ќе бидат познати во текот на денешниот ден за кога е закажана ждрепката. „Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска заедно со претседателот на натпреврувачката комисија, Венцислав ...
Чешкиот милијардер Даниел Кретински стана мнозински сопственик на англиски Вест Хем. Неговата платформа 1890 Holdings ќе го зголеми својот удел во клубот од 27% на 43%. Претходно, претседателот и најголем сопственик на Вест Хем, Дејвид Саливан, поднесе оставка поради истрагата за неговиот наводен сексуален напад. Тој поседуваше 38,8% од акциите. Форбс ја проценува нето вредноста на Кретински на 10 милијарди долари. Неговиот главен извор на ...
Македонската машка сениорска репрезентација во ракомет на плажа денес ги одигра првите два натпревари на меѓународниот турнир во Плоцк, Полска. Во првиот натпревар, нашите репрезентативци беа поразени од селекцијата на Чешка со 2:0 во сетови. Резултат по сетови: Македонија – Чешка 16:22 Македонија – Чешка 8:20 Во вториот натпревар од денешната програма, македонската репрезентација се соочи со селекцијата на Германија, каде повторно беше ...
Македонскиот машки тенис во моментов доживува напредок на меѓународна сцена. Сениорската репрезентација успеа да се искачи скалило погоре и да избори пласман во Втората светска група. Поточно, Македонија со денешната победа над Црна Гора од 2-1, избори, враќање во Втората Светска група од Дејвис купот, каде ќе настапува и следната 2027 година. Ова секако дека е успех за нашите тенисери и надеж дека овој сериозно популарен спорт во светот, но ...
Македонската Дејвис куп репрезентација избори промоција во Втората Светска група од Дејвис купот откако денеска во Кишињев во дуелот за третото место ја победи Црна Гора со 2-1. Решавачкиот поен македонските тенисери го освоија во играта на двојки каде Калин Ивановски и Олег Приходко ги победија Петар Јовановиќ и Алекса Кривокапиќ со 2-0 во сетови (76(4) и 62). Во првиот сет немаше ниту еден брејк, а во тај брејкот македонскиот дубл направи ...
Македонската одбојкарска репрезентација веќе е во Атина каде денеска и утре игра два меча од вториот турнир од Европската лига 2026. Селекторот Јошко Миленкоски нема да прави промени во составот, односно истите 14. одбојкари на кои сметаше за воведните два дуели од годинешното издание ќе ги има на располагање и за натпреварите со домаќинот Грција, односно Исланд. Во пресрет на денешниот прв натпревар против Исланд (19 часот) нашите одбојкари ...
Ракометарите на Фухсе Берлин се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, откако во денешното прво полуфинале на Ф4 турнирот, славеа над двократниот европски шампион Магдебург со 40:35. Овој триумф на „лисиците“ во „Ланскес Арена“ во Келн беше одмазда за поразот во финалето од минатата сезона. Во крајно неизвесен меч, кој донесе голема драма во последните 15 минути до дуелот, сепак, подобар финиш имаа момците од Берлин. Во тој период ...
Еден од најдобрите англиски судии, Мајкл Оливер, ќе го пропушти првиот натпревар на Светското првенство што требаше да го води вечерва, поради полесна повреда. ФИФА објави дека Франсоа Летексие од Франција ќе го води натпреварот меѓу Еквадор и Брегот на Слоновата Коска во Филаделфија. Светската фудбалска асоцијација додаде дека Оливер ќе биде повторно достапен во наредните денови. Најверојатно ќе биде повикан за еден од натпреварите во ...
Тиери Анри и Златан Ибрахимовиќ се најдоа во смешен момент за време на емисијата посветена на Мундијалот, каде од смеа го „отпеаа“ сега веќе култниот хит на Дубиоза колектив: „I’m from Bosnia, take me to America“. Овој спонтан и хумористичен момент веднаш стана хит меѓу фановите. Златан Ибрахимовиќ и Тиери Анри се две напаѓачки икони, а и двајцата имаат посебни врски со Босна и Херцеговина. Таткото на Златан, Шефик е од околината на Бјелина, ...
Убаво забележа во својот коментар нашиот коментатор Срѓан Захариевски дека не му се допаѓа тоа што на ова СП ќе има по две паузи во полувремњата без разлика дали температурата е 20 или 35 стенепни Целизуосови, и дека тоа не е пауза за хидратација туку за маркетинг. Инаку на сите ни беше јасно кога Соединетите Американски Држави, заедно со Мексико и Канада кои се таму за да ја комплетираат приказната, ја добија организацијата на најголемото ...
Две лица се уапсени од полицијата во Мисури откако значителна количина опрема на Англија за Светското првенство беше украдена од возила на пат кон новиот тренинг центар на тимот во Канзас Сити. Украдени беа копачките, топките и другата опрема за тренинг на играчите. Сепак, „Скај Спортс“ објави дека поголемиот дел од украдените предмети веќе се пронајдени, па се очекува бројот на исчезнати предмети да биде минимален. Англиската фудбалска ...
Поранешниот фудбалер на Барселона, Манчестер Сити и Брегот на Слоновата Коска, Јаја Туре, е назначен за нов тренер на словачкиот гигант, Слован Братислава. Назначувањето и официјално беше потврдено денеска. Стратегот потпиша тригодишен договор со словачкиот тим. Туре претходно работеше во академијата на Тотенхем, а беше и помошник тренер во Стандард Лиеж во Белгија и во репрезентацијата на Саудиска Арабија. На крајот од сезоната 2025/2026, ...
За кратко време по крајот на регуларнито ел од сезоната, кој кулминираше со одигрувањето на финалниот турнир во М20 лигата, селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Никола Велев, го определи и „возниот ред“ поврзан со подготовките на оваа наша репрезентатицна селекција за обврските кои следуваат во текот на летото. А тоа е настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 20“ години кои од 10. до 19. ...
Некогаш, ама некогаш. за сите вистински фудбалски фанови во светот Мундијалот почнуваше со првиот настап на Бразил. Пеле, Зико, вистинскиот Роналдо и уште десетици и десетици други мега – ѕвезди се прашуваа за тоа кој е кој во светот на фудбалот. Денеска некои работи се променија. Сега Бразил не е меѓу топ – фаворитите, а овој Бразил имаше проблеми со повреди и неколку значајни имиња ќе ги нема на Мундијалот. Сепак, сепак ова е Бразил и тоа ...
Македонија ќе да биде домаќин на Европското првенство за ракометари до 18 години во 2028 година. Одлуката беше донесена на состанокот на ЕХФ во Келн, во рамки на финалниот викенд од сезоната. Шампионатот за мажи до 18 години ќе се игра во јули и август 2028 година, а организацијата и е доверена на Македонија. Во истиот пакет одлуки, ЕХФ и во 2028 година на Словенија. Ова е уште една важна потврда за довербата што европската куќа на ракометот ...
Во сенка на Светското првенство денеска стартува Фајнл-фор завршница. Четири тима една желба – да го подигнат трофејот во Лигата на шампиони во Келн. Три од тима беа дел од Ф4 минаатата сезона: бранителот на титулата Магдебург, второпласираниот Фуксе Берлин и рекордниот победник на Лигата на шампиони, Барселона. На нив им се придружи финалистот во 2024 година, Алборг. Двете полуфиналиња ќе бидат репризи на финалињата од последните две ...
Фудбалската репрезентација на Бразил ќе биде ослабена на почетокот од Светското првенство, бидејќи Нејмар нема да биде во конкуренција за првиот натпревар од групната фаза против Мароко. Селекторот Карло Анчелоти потврди дека искусниот напаѓач сè уште се опоравува од повредата на листот и не е подготвен да игра на отворањето на турнирот. „Тој работи напорно за да се врати на теренот што е можно поскоро. Се надеваме дека ќе може целосно да се ...
“Коментар на денот“ поврзан со тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, денеска е посветен на синоќешните дуели, помеѓу Канада и Босна односно САД и Парагвај. Мечеви во кој го видовме првото реми на овој турнир, како и лекција на домаќинот кој што покажа како се отвора турнир кога играш на домашен терен. Мечевите овојпат ги коментира Горазд Михаилов…. Босна стигна до Мундијалот преку корнери, а Канада тоа не го увиде „Од конечниот исход ...
Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски зад себе има сезона за паметење. Тој со неговиот Битигхајм изборија пласман во Бундес-лигата, а Томовски беше една од главните причини. Неговото име е запишано со златни букви во втората Бундес-лига, нашиот голман е прогласен за МВП на сезоната. Томовски одигра 31 натпревар и забележа 273 одбрани, неговата успешност е поголема од 31%. Томовски во своја статистика има 21 седмерец, постигна ...