Едни од најдобрите македонски кошаркари веќе ги реализираат своите нови обврски за новата сезона. Во центарот на вниманието е Ненад Димитријевиќ, кој се очекува да стави официјален потпис на договор со Арис. Најдобриот македонски кошаркар на денешницата и официјално се раздели со Зенит, тим со кого имаше договор, а во меѓувреме замина во Минхен на полусезона, со кого имаше успешна авантура. Рускиот тим денеска објави дека Нено не е повеќе ...

Влегувањето на „десетката“ на Бразил во втората половина од натпреварот против Шкотска (3:0) предизвика делириум на трибините на стадионот Хард Рок, а овациите што одекнуваа го достигнаа својот врв. Нејмар (34) се врати на теренот на Светското првенство по долга и сериозна повреда, а публиката му приреди добредојде за паметење. Публиката го бараше еднаш, двапати, дури и три пати. Секој пат кога сликата на Нејмар ќе се појавеше на големиот ...

Босна и Херцеговина се пласираше во нокаут фазата на Светското првенство. Бразил ја победи Шкотска со 3:0. Ова ја турна БиХ во нокаут фазата на Мундијалот. Во вториот натпревар од групата, Мароко го победи Хаити со 4:2 и обезбеди пласман, додека Шкотска чека да види дали трите бода ќе бидат доволни за да продолжи понатаму како една од осумте најдобри третопласирани репрезентации. Да потсетиме дека БиХ го победи Катар со 3:1. Ова ѝ го ...

Дојдовме до највозбудливиот дел од првата сезона на Плазма Спортските игри за млади – Државното првенство. Големиот спортски спектакл ќе се одржи во Општина Кисела Вода на 30.06.2026 година (вторник) со почеток во 09:00 часот. На едно место ќе ги видиме најдобрите „симовци“ од цела Македонија. Млади, мотивирани и подготвени да го дадат својот максимум. Околу 600 дечиња ќе се борат за пласман во големото финале кое од 17 до 22 август ќе се ...

Фудбалерите на Јужна Африка обезбедија пласман во нокаут фазата со триумфот над Јужна Кореја (1:0) во натпреварот од третото коло од Групата А на Светското првенство. Како второпласирана репрезентација, тие ќе играат против Канада, која заврши втора во Групата Б. Натпреварот започна со одлична можност од Јужна Кореја веќе во 3-тата минута. По корнерот изведен од Канг-Ин Ли, Ким Мин-Џе ја фати топката со глава кон предната статива, но Обри ...

Парагвајската фудбалска асоцијација поднесе официјален протест до ФИФА барајќи казна за играчот од средниот ред на Англија, Џуд Белингам. Жалбата произлегува од инцидентот за време на натпреварот од групната фаза меѓу Англија и Гана на Светското првенство во 2026 година, во кој англискиот играч ја покри устата со раката додека разговараше со противничкиот напаѓач Џордан Ају. Парагвајскиот тим тврди дека прописите се применуваат недоследно, ...

Машката младинска селекција на Македонија со победа над БиХ, и тоа доста убедлива (85:55) го отвори оној втор дел од подготвителниот период во кој во „преден план“ ќе бидат контролните натпревари. Вечерва, во малата сала на СРЦ „Кале“, избраниците на селекторот Никола Велев делуваа доста сигурно во текот на сите 40.минути, и на крајот се наградија со убедлив триумф во првиот од двата предвидени пријателски натпревари со врсниците од Босна и ...

Откако ракометна Европа го доби својот нов владетел, кој што ќе ја носи титулата во Лигата на Шампионите во следните 365 дена, ЕХФ одлучи да се позабави малку со она што се случуваше во изминатата сезона. избран е најубавиот гол во Лигата на Шампионите, а тоа е без конкуренција погодокот на Дејан Манасков, кој што во дресот на Е.Пелистер постигна вистинска убавица. Левото крило реализираше феноменално во дуелот со Барселона, по што погодокот ...

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија практично одлучувачки чекор кон квалификацијата во втората рунда на Светското првенство, што сега е речиси сигурно. Селекторот на БиХ, Сергеј Барбарез, ја искористи вајлд-картата во ликот на Ермин Махмиќ, кој го постигна ...

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина има предност од 2:1 во првиот дел од решавачкиот натпревар во групата „Б“ на Светското првенство против селекцијата на Катар. Босанците одиграа совршени 35 минути од средбата, по што дозволија Катар да ја преземе иницијативата, да постигне гол и комплетно да ја врати неизвесноста. БиХ поведе со прекрасниот гол на Бајрактаревиќ во 29. минута, а по еден волеј на Џеко во 34. минута Султан Ал ...

Со доаѓањето на Мурињо на клупата, Реал почна да го составува новиот тим за следната сезона. Со денови се зборува дека едно од имињата кои мора да одат на продажба е Едуардо Камавинга, но како што објави „Атлетик“, Реал се соочува со проблем, затоа што Французинот не прифаќа никаков разговор за трансфер. Тој има намера и ќе остане во Мадрид и следната сезона. Оттука, „кралевите“ сега мора да одат со опција Б и да почнат да разгледуваат дел ...

Кошаркарите на Валенсија ја освоија титулата во шпанското првенство, откако во финалната серија ја совладаа Барселона со 3-1. Вечерашниот одлучувачки натпревар, „лилјаците“ го добија како гости со резултат од 108:84. Најзаслужен за решавачкиот триумф на Валенсија беше плејмејкерот Џан Монтеро со 23 поени, 3 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки, кој ја освои и титулата за најкорисен играч во финалната серија. Крилата Камерон Тејлор (21 ...

Сенегалскиот голман Едуард Менди нема да игра на натпреварот од третото коло од групната фаза на Светското првенство против Ирак, објави прес-службата на африканската репрезентација. Голманот ќе го пропушти натпреварот поради повреда на коленото. 34-годишниот Менди ќе биде подложен на дополнителни медицински прегледи за да се утврди природата на повредата и неговите изгледи за понатамошно учество на турнирот. Менди заработи повреда на левото ...

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец, Калин Ивановски ја мина првата пречка во синг конкуренција на ИТФ М25 Загреб турнирот откако денеска го победи Јан Фацек од Чешка со 2-0 во сетови (62 63) за 82 минути. Тој во следното коло ќе игра со Павлос Циципас од Грција, кој со 2-0 во сетови го победи Кирил Кивацев. Ивановски во првиот сет направи два брејка во првиот и во петтиот гем, а тоа му овозможи предност и водство од 5:1 и сетот го ...

Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Остин Ривс, ќе потпише нов четиригодишен договор со максимален износ од 185 милиони долари, објави инсајдерот Шамс Чаранија. Договорот вклучува опција за играч за сезоната 2029/30. Ривс одби опција од 14,9 милиони долари за неговиот тековен договор за да обезбеди нов договор. Според изворите, неколку тимови биле заинтересирани за бекот, подготвени да му понудат максимален договор, па Лејкерси брзо одлучија да го ...

Флорентино Перез со сите сили се обидуваше да го доведе францускиот напаѓач Мајкл Олисе во Реал Мадрид. Се споменуваа огромни бројки, дури и рекорди за светот на фудбалот, но ништо нема да се случи во врска со тој трансфер. “Кралевите“ добија јасен сигнал дека трансферот на Олисе ова лето е невозможен. Затоа, барем за една година, решија да почекаат со неговиот трансфер и ги фрлија сите карти на друг играч- Енцо Фернандез. Жозе Мурињо верува ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа направи уште еден голем чекор кон пласман на главниот турнир на Вимблдон, откако денеска во второто коло од квалификациите во три сета со 2:1 (5:7, 6:2, 6:1) ја совлада португалската тенисерка Жорге. Лина која за три места има подобар пласман на ВТА листата од Жорге го загуби првиот сет, но во следните два се врати во својата вистинска форма и практично ја „збриша“ противничката за нешто помалку ...

НБА драфтот во 2026 година се одржа преку ноќ, а Вашингтон Визардс имаа можност да го изберат првиот избор. И како што се очекуваше, тие завршија со Еј Џеј ДиБанца од Универзитетот Бригам Јанг. Дарин Петерсон од Канзас заврши во Јута, додека Мемфис Гризлис го зграпчија Камерон Бузер. Четвртата опција што им припадна на Чикаго Булс беше Кејлеб Вилсон. Сакраменто Кингс добија бек во ликот на ѕвездата на Арканзас, Дариус Акуф. Се верува дека ...

Досегашниот кошаркар на тимот на Макаби Тел Авив, американецот Крис Џонс е првото засилување за тимот на Црвена Звезда за новата сезона. Се работи за искусен плејмејкер чии што бројки изминатиот период се и тоа како сериозна препорака за доаѓањето во Белград. „Искусниот американски плејмејкер Крис Џонс е првото засилување на КК Црвена Звезда во летниот преоден рок! Крис Џонс носи одличен квалитет и искуство на позицијата организатор на ...

Првата ѕвезда на СП и на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси, на едно мини-интервју одговори на неколку прашања за неговата иднина. На прашањето како се чувствува на теренот со полни 39 години, Меси вели: „На теренот не размислувам за моите години, туку за радоста од играњето фудбал, а физички се чувствувам добро. Решен сум да се борам за победи и да дадам сè од себе, и покрај моите години. Моето тело веројатно ќе се предаде порано ...

Со двата гола синоќа, Кристијано Роналдо постигна голови за Португалија на 11 Светски и Европски првенства. Двата гола од синоќешниот меч со Узбекистан на тековното Светско првенство значеа ефикасност на 11 големи турнири на кои настапи португалскиот супер-стар. Тоа е нов рекорд меѓу европските фудбалери. Германците Јирген Клинсман и Мирослав Клозе, заедно со Швајцарецот Џердан Шаќири, го делат второто место според бројот на постигнати ...

Дефинитивно Нејмар, сеуште најголемата бразилска фудбалска звезда е подготвен за настап на вечерашниот меч против Шкотска, во рамките од третото коло од тековниот Мундијал. Нејмар не беше дел од мечевите против Хаити односно Мароко, но сега е фит, го одработи последниот тренинг комплетно заедно со своите соиграчи. Од друга страна пак, вечерва од 00:00 часот по македонско бреме во составот на Бразил нема да биде Рафиња. Тој се повреди против ...

По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат големи промени. Разочарувањето е огромно. Турците веруваа дека можат да стигнат далеку со „златната генерација“, но силно „удрија во ѕидот“. Секако е интересно што по поразот од Парагвај, Фудбалската асоцијација на Турција побара од ...

Искусниот чувар на мрежата Градимир Чаневски по четири сезони одново ќе го брани голот на Бутел Скопје, каде што мина една година. „Бутел Скопје и во новата сезона ќе продолжи со македонскиот концепт и со ангажман на домашни ракометари, а Чаневски е првото засилување за составот на новиот наш тренер Стојанче Стоилов“, порачаа од Бутел Скопје. Чаневски е искусен голман, кој треба да донесе сигурност меѓу стативите, а потекнува од школата на ...

Кошаркарскиот клуб Кожув паузата во шампионатот, ја искористува за промени на структурален план, па во таа насока назначи и нов тренер. Се работи за Миодраг Тодоровиќ кој што досега беше на чело на екипата на КК Маџари. Тодоровиќ е релативно искусен стратег кој што дел од својот работен век досега го мина и во таборот на МЗТ Скопје како помошник тренер. Во претходната сезона, Тодоровиќ беше избран за најдобар тренер во македонската Супер ...

Она што Спортспорт го најави уште пред десетина дена, денеска тимот на Силекс и официјално го потврди. Кратовци летово се посилни за Нихад Шеро односно Есмир Хасукиќ. Шеро настапува на крилните позиции во нападот, а во кариерата има настапувано за клубови од Босна и Херцеговина, а во Кратово пристигна од редовите на ФК Челик Зеница. Од друга страна пак, Хасукиќ е напаѓач кој што доаѓа од тимот на Гошк Габела. И обајцата веќе се дел од ...

Македонскиот кошаркарски национален состав веќе неколку дена се подготвува за јулскиот репрезенаттивен прозорец. Во него Македонија ги има на менито мечевите од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година против Ирска и Луксембург. Нашиот национален тим полека се комплетира, а од вчера на подготовките во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје е и Андреј Јакимовски. Репрезентативното крило очекува тежок натпревар против Ирска, но верува ...

Искусниот напаѓач, Иван Ивановски летово дефинитивно ќе има нов клуб, откако си замина од јорданскиот прволигаш Ал Рамтха. Ивановски одигра солидна полусезона во овој клуб, во кој што постигна два гола, а додаде и три асистенции, но сега очигледно дека е време за нов предизвик. Крилниот напаѓач во Јордан замина од Тиквеш каде што имаше солидна статистика, а претходно беше дел и од екипите на Силекс, Гостивар, како и Звијезда Градачац од ...

Пред нас е стартот на 3.коло од групната фаза на Мундијалот. Коло по кое ќе се знаат и официајално сите учесници во 1/16 финалето, како и двојките. На програмата се дури шест натпопревари, по две во групите А,Б,Ц. Супер интересно ќе биде во Сиетл каде од 21 часот се среќаваат БиХ и Катар. Четата на селекторот Сергеј Барбарез знае дека само со победа ќе оди во следната фаза. Канада и Швајцарија бијат битка за тоа кој ќе ја заврши групата Б ...

Навивачката група „Чкембари“ верните следбеници на битолскиот миленик Пелистер денеска излегоа со соопштение со кое сакаат да ја потсетат јавноста во овој град пред се околу случувањата во фудбалскиот клуб. Како што самите Чкембари велат, помина еден месец од еден од најголемите дебакли во историјата на фудбалскито клуб Пелистер и исшаѓањето од ПМФЛ конкуренцијата по загубениот бараж дуел против Шкендија Арачиново. Сега, откако што се вели ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
56%
1011
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
5.14
80%
1014
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
77%
1014
weather icon

Софија

28ᴼ / 20ᴼ
1.03
40%
1011
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
7.63
36%
1009
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
90%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.54
62%
1010
weather icon

Тирана

30ᴼ / 25ᴼ
1.03
44%
1011
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
50%
1011
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.06
46%
1007
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
8.23
65%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
68%
1010
Currency

61.5217

Currency

53.0864

Currency

71.9465

Currency

37.7669

Currency

38.2893

Currency

65.4487

Currency

7.88035

Currency

0.62494

Currency

0.33285

Currency

0.52358

Currency

1.10852

Currency

0.55531

Платина

56231.66

Бакар

13.19

Сребро

2096.79

Злато

141161.07

Кобалт

56.29

Родиум

282926.57

Калај

56.46

Паладиум

41828.12

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.26

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00