Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во полуфиналето го победи Божо Барун од Хрватска со 2-1 во сетови (64 36 63) за 150 минути игра и утре во финалето ќе игра против Кимоун Султанов од Узбекистан, кој спречи „македонско финале“ совладувајќи го Олег Приходко со 2-0 во сетови. Ивановски со победа ја продолжи серијата добри игра по настапот за репрезентацијата и ...
Леброн Џејмс отсекогаш привлекувал големо внимание од јавноста, уште од времето кога беше најголемата сензација во средно училиште, а потоа го докажа својот талент на највисоко можно ниво освојувајќи четири титули (две со Мајами и по една со Кливленд и Лејкерс). Многумина се прашуваат каде ќе игра Леброн од сезоната 2026/27, дали кариерата што започна во 2003 година ќе трае уште неколку години или дали ова е последната… Според информациите ...
Ете, и тоа го има. Уругвајската фудбалска асоцијација донесе неочекувана и прилично неверојатна одлука по завршувањето на Светското првенство за Уругвајците кои не успеаја да се пласираат во нокаут – фазата на СП. Наместо луксузниот лет што навивачите и играчите можеби го очекуваа за последен третман, целиот тим ќе се врати дома со обичен комерцијален лет. Според извештаите на новинарот Мартин Чаркер, одлуката е донесена интерно и без многу ...
Изненадувачки, но тимот на Челзи наскоро ќе биде посилен за Гранит Џака, ветеранот кој сеуште игра на сериозно високо ниво. Во моментов играчот на Сандерленд, и репрезенаттивец на Швајцарија, според последните информации ги договорил личните услови со Челзи и наскоро ќе треба трансферот да биде комплетиран. Новиот менаџер Челзи, Чаби Алонсо, инсистирал на доведување на Гранит Џака. Швајцарскиот репрезентативец со косовски корени има 34. ...
Македонскиот репрезентативен голман, Игор Алексовски е на прагот да ја промени средината во Албанија. Тој досега беше дел од тимот на Фљамуртари, но последните информации велат дека искусниот голман е на пат да стане член на тимот на Елбасан. Овој тиме претставник на Албанија во европските купови ова лето и има закажано двомеч со силниот Бате Борисов во рамките од квалификациите за Конференциката лига. Алексовски инаку во својата кариера ...
Од утре на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот ќе трае до 5.јули (недела) за кога е планиран финалниот меч во поединечна конкуренција. Според распоредот на мечевите првиот ден се играат мечевите од првото коло од квалификациите, а во понеделник се играат мечеви од второто квалификациско коло, додека главниот тунрир и турнирот во двојки стартуваат ...
Противникот на македонскиот шампион Вардар во квалификациите од Лигата на Шампионите, тимот на КуПС од Финска, со триумф во големото дерби против Хелсинки ќе пристигна во Скопје на мегдан со нашиот претставник. КуПС денеска на гостински терен во рамките од новото коло од шампионатот на Финска на гости го декласираше Хелсинки со 0:4 за кој што во моментов игра на пример еден Тему Пуки, и со оваа победа го запоседна лидерското место на ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години имаше успешна контрола попладнево на гостински терен против соодветната селекција на Бигарија. Во мечот одигран во Стара Загора избраниците на селекторот Никола Велев славеа со 95:86 во првиот тест меч во рамките од подготовките за претстојното Европско првенство. Избраниците на селекторот Никола Велев имаа одличен почеток на средбата и уште во првата четвртина покажаа дека се ...
Со победа на машката и минимален пораз на женската селекција, Македонија го заврши учеството на финалниот ФИБА YDF камп во Чанаккале, Турција. Младите македонски кошаркари до 14 години одиграа одличен натпревар против врсниците од Косово и заслужено славеа со убедливи (82:55). Избраниците на селекторот Мартин Атанасовски одиграа квалитетно прво полувреме, во кое ја направија клучната разлика. Македонија уште во првата четвртина се одвои на ...
Екипата на Шкендија во рамките од подготовките во Словенија, попладнево загуби од тамошниот лигаш Целје со конечни 1:0. Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Суховрсник во 80. минута од мечот, откако првиот дел заврши без голови. Ова беше воедно и трет пријателски меч за Шкендија на подготовките во Словенија. Претходно, Шкендија загуби од Хајдук со 0:4, а на првиот дуел беше забележана победа од 2:1, против екипата на Копер. ...
Трагедија во семејството на репрезентативецот на Холандија, Коди Гакпо. Тој и неговата сопруга, Ноа ван дер Беј го загубија синот за време на бременоста, и тоа двојката го сподели преку социјалните мрежи. „Со скршени срца ја споделуваме потресната вест дека нашиот син почина за време на бременоста. Ви благодариме за вашата поддршка. Елија Рафаел Гакпо. Засекогаш сакан. Засекогаш наш син“ – стои во објавата. Двојката е заедно од 2020 година и ...
Искусниот фудбалски стратег Ќатип Османи според албанските медиуми е пред промоција да биде следниот стратег на тимот на Лаци. Ова е екипа која што тукушто избори промоција во најсилната албанска фудбалска конкуренција, и очигледно дека сака на тренерското столче да седне искусен тренер. Османи веќе еднаш беше дел од шампионатот во Албанија, кога го водеше тимот на Влазнија. Има сериозно искуство како во домашниот македонски шампионат, така ...
Тимот на Струга ТЛ во рамките од подготовките летово денеска го одигра првиот пријателски меч во серијата закажани контроли. Истиот се одигра на стадионот Билјанини извори против тимот на Динамо Сити од Албанија, а Струга ТЛ загуби со 2:3. Стандардно како и на секој пријателски меч, и на овој двата тима испробаа доста играчи. Се започна со еден состав, за да до крајот шанса добијат речиси сите присутни фудбалери. Тимот на Струга ТЛ во ...
Македонскиот шампион, тимот на Вардар денеска одигра уште еден пријателски меч на подготовките во Норча, Италија. „Црвено-црните“ ремизираа со екипата на Ла Фиорита, а единствениот гол за нашиот првак го постигна Герсон Родригез на асистенција на Димитар Данев. Дуелот се одигра на стадионот Дениеле Гранди во Римини, а Вардар го стартуваше дуелот во следниот состав. Талески Дурански Куестас Мишковски Маневски Мурџевски Босанчиќ Бабунски ...
Вимблдон повторно донесе интересен и опуштен момент помеѓу Арина Сабаленка и Новак Ѓоковиќ, а нивниот разговор брзо стана хит на социјалните мрежи. За време на договорот за снимање содржина за TikTok, Сабаленка се обиде да го „убеди“ Ѓоковиќ да снимаат неколку видеа заедно одеднаш. Сепак, српскиот тенисер имаше поинаков пристап, повеќе „со свое темпо“, со идеја да оди постепено, едно видео одеднаш. Сабаленка го „пецна“ велејќи дека е „стар“ ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го чека својот прв настап на Вимблдон. Во вторник во 12 часот ќе стартува против Анисимова во еден од двата први натпревари во овој ден. Анисимова е моментно 6. пласирана на ВТА листата и на дуелот со Ѓорческа ќе влезе како голем фаворит. Во меѓувреме, Новак Ѓоковиќ кој исто така е поддржувач на тенисерите од регионот, токму од Вимблдон, а за Макфакс испрати порака со поддршка за Лина. Србинот ...
Зелено’ртските Острови завршија втори во својата Група Х и сензационално се пласираа во осминафиналето на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Со ова достигнување, дебитантите на турнирот официјално станаа најмалата земја што некогаш ја поминала групната фаза во историјата на Светското првенство – феноменално достигнување за малата островска нација. Тимот излезе од тешка група целосно непоразен, оставајќи ги зад себе двократните ...
Ракометната сезона и официјално е завршена, а сега ЕХФ и останатите се бават со награди, лауреати, и бирање на најдобрите. Во категоријата на ТОП асистенции, додавања за изминатата сезона во Лигата на Шампионите, влегува и сега веќе легендарното додавање на голманот на Е.Пелистер, Никола Митревски до Дејан Манасков, и оној фантастичен гол против Барселона во Битола. Тоа додавање ќе се врти што се вели „засекогаш“ како школски пример како ...
Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото место во групата, но и натпревар за кој имаше најголем интерес кај навивачите во целата групна фаза од турнирот. По победата против Узбекистан со 3:1 и ДР Конго со 1:0, Колумбија веќе обезбеди пласман во нокаут фазата и има шест бода. Португалија има четири бода по ...
Екипата на Тиквеш, летните овогодинешни подготовки ќе ги одработи во Турција, поточно во зимскиот ски центар Давраз. Таму во моментов условите се идеални за подготовки со оглед на високите температури, на пониските места, додека овдека се работи за планински масив каде што кавадарчани ќе ги имаат сите предуслови за добра работа. Тиквеш таму планира да замине на 5 јули, а престојот ќе трае до 21 јули. Секако, ќе бидат закажани и неколку ...
Бастијан Швајнштајгер е критикуван поради обвинувања за расизам по натпреварот на Светското првенство помеѓу Германија и Брегот на Слоновата Коска. Познатиот германски фудбалер и стручен коментатор за ARD реагираше на обвинувањата со официјално соопштение, нагласувајќи дека неговата анализа е исклучиво од фудбалска природа. За време на анализата на натпреварот, кој Германија го доби со 2:1, Швајнштајгер го опиша стилот на игра на Брегот на ...
Заир Вејд, најстариот син на НБА легендата Двејн Вејд, беше уапсен во неделата во Калифорнија, под сомнение за семејно насилство. Според TMZ, 24-годишниот Вејд се соочува со три кривични дела – семејно насилство, закани и незаконско затворање. По неговото апсење е издадена итна заштитна наредба за наводната жртва. Според NBC4, полицијата добила пријава околу 5:30 часот наутро дека жена вреска од куќа. По пристигнувањето на местото на ...
Голем и непрофесионален превид на ФК Вардар АД во одлуката летните подготовки пред стартот на евро-сцената и новата сезона да ги одработи во базата Норча во Италија. Место кое има услови за тренинзи и работа, но во овој период од годината и место каде никој не се подготвува. Нема други екипи таму освен ФК Вардар АД, па оттука и досегашни тест дуели на првакот на Македонија со „собирани“ екипи, селекции од регионот, колку да се каже – ете има ...
Првата ѕвезда на иранската репрезентација, Мехди Тареми, разочаран од она што се случува со неговата репрезентација на ова СП, зборуваше за проблемите со кои се соочуваат секој ден на ова Светско првенство. „Немаме логистика. Немаме медиуми. Немаме статистичари и аналитичари. Немаме потпретседател, немаме претседател. ФИФА мора да ги реши проблемите, но за жал не успеа да ги реши уште од самиот почеток. Господинот Инфантино дојде во нашата ...
Вечерва и утринава по македонско време, се играат последните шест средби од 3.коло со што завршува групната фаза. По овие мечеви ќе се знаат и официјално сите двојки од 1/16 финалето во нокаут – фазата. Јасно е дека сите погледи се свртени кон Хрватите кои играат против Гана. Прашање е дали оваа селекција која на последните два Мундијали беше втора и трета, ќе успее во последен момент да се “качи“ во возот наречен групна фаза. Хрватска и ...
Австралија се пласираше во 1/16-финалето на СП, но таму ќе биде без двајца играчи од првиот тим. И Џејкоб Италијано и Метју Леки се надвор од теренот поради повреди, објави Фудбалската федерација на Австралија. „Им посакуваме на Џејкоб и Метју се најдобро во нивната рехабилитација и ви благодариме за вашиот придонес во текот на финалната рунда. Ќе ни недостигате, момци“, обавија од федерацијата. Џејкоб Италијано играше на првите два ...
Бутел Скопје продолжува со создавање на тимот за следната сезона во која на клупата ќе биде Стојанче Стоилов. Најново од овој клуб е продолжување на соработката со ракометарите кој има најдолг стаж. Станув збор за Бојан Спасовски кој потпиша нов договор на две сезони, поточно најмалку до 2028 година. Претходно Бутел Скопје го договори Градимир Чаневски и Марко Богдановски. Бутел Скопје продолжува со создавање на тимот за следната сезона ...
Машката младинска репрезентација на Македонија забележа уште една победа во рамки на подготвителниот период за претстојното Европско првенство, совладувајќи ја репрезентацијата на Саудиска Арабија со резултат 22:21. За нашите момци ова е втор триумф против истата селекција, претходно славеа со 35-26. Според првичниот план за подготовки, Македонија на домашен терен треба да одигра уште два меча на 02.07.2026 против Грција и на 05.07.2026 ...
Во очекување на вечерашниот меч меѓу Хрватска и Гана, почнаа шпекулациите околу конечниот исход на оваа средба. Имено, рефлекторите повторно се насочени кон Томас Парти, еден од клучните играчи на репрезентацијата на Гана, на кого му е одбиена виза за влез во Канада поради обвиненија за силување во Велика Британија, каде што треба да се соочи со судење. Обидите на челниците на Фудбалската асоцијација на Гана, па дури и на државното ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, во вторник ќе го има историскиот настап на главниот турнир на Вимблдон. Откако успеа да ги мине квалификациите и да се избори за настап на својот прв Грен Слем турнир, денеска Лина го дозна и терминот за првиот натпревар. Во вторник во 12 часот, нашата тенисерка ќе стартува против Анисимова во еден од двата први натпревари во овој ден. Анисимова е моментно 6. пласирана на ВТА листата и на дуелот ...