Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Иако Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на Мастерсот во Рим уште на самиот почеток, најдобриот тенисер на сите времиња има голема причина да биде среќен – Ле Ман се врати во Лига 1 по долги 16 години! Клубот чиј гигант на белиот спорт е ко-сопственик го потврди враќањето во француската елита со победа во Бастија (2:0), со што го прескокна Сент Етјен и го заврши натпреварувањето на второто место. Ќе биде многу интересно да се гледа тимот од ...
Стив Кер и Голден Стејт Вориорс се договорија за ново двегодишно продолжување на договорот, што ќе го задржи Кер како најплатен тренер во НБА. Веста, која прв ја објави Шамс Чаранија од ESPN, доаѓа по неколку недели шпекулации за иднината на Кер во тимот. Новиот договор ќе го задржи Кер како најплатен тренер во лигата, заработувајќи 17,5 милиони долари минатата сезона. Договорот следува по обемни разговори меѓу Кер и раководството на ...
Арсими денеска, пред своите навивачи во Гостивар, ќе го одигра еден од најважните натпревари во тековната сезона. Против екипата на Башкими, гостиварската екипа ќе атакува на исклучително важни три бода, кои значително би ја доближиле до обезбедување опстанок во Првата лига. Во пресрет на овој дуел свое очекување изнесе дефанзивецот на Арсими, Џелил Абдула, кој потенцира дека натпреварот ќе биде исклучително тежок, но целта е јасна, а тоа е ...
Денеска од 16 часот се играат три средби од 31.коло во ПМФЛ, и сите три се значајни во битката за опстанок. Сепак во преден план е мечот во Струмица меѓу Брера и Работнички. Имено се знае дека Работнички, некогашниот гигант во мак – фудбалот, мора, ама баш мора да победи. Во спротивно уште денеска ќе се официјализира како “второлигаш“ за следната сезона. Јасно е дека клубот од Градски парк е под притисок, да не говориме за играчите и ...
И дефинитивно ЛА Лејкерси без Лука Дончиќ се немоќни во полуфиналната серија на западот со Оклахома. И дефинитивно актуелните шампиони се доближија чекор поблиску до финалето со доминантен настап и победа од 131:108 за водство во серијата од 3:0. Лејкерси се пред елиминација. Херој на вечерта беше Аџај Мичел, кој постави лични рекорди во кариерата во плејофот со 24 поени и 10 асистенции. Шај Гилџус – Александар додаде 23 поени и девет ...
Пелистер и МЗТ Скопје денеска го играат вториот полуфинален натпревар во плеј-офот. Актулениот првак го дели победа до пласман во финалето, мечот се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18 часот. Првата пресметка ја понуди целосната возбуда, битолчани паднаа во последниот период. Српскиот интернационалец верува дека „пелистерци“ со помош на публиката можат да дојдат до триумф и да се изборат за мајсторка во полуфиналето „Штета, ...
Денеска од 16 часот се играат сите осум средби од 28.коло во ВМФЛ. Сите погледи ќе бидат свртени кон Штип каде се игра дербито меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново. И тоа како ќе биде “жешко“ во Штип, се очекува голема посета на трибините а фановите на Брегалница очекуваат победа. Нема дилеми дека овој меч е најважниот за “сините“ кои во случај на триумф и три бода и тоа како милиметри ќе бидат блиску до враќање во елитата. Од друга страна ...
Требаше да биде шампионско славје, требаше, ама ништо од тоа. Имено Славија Прага беше на прагот да ја освои шампионската титула во прашкото дерби против Спарта, но дојде до општ хаос. Благодарение на предноста во бодовите, на Славија ѝ беше потребна победа во саботното дерби против својот најголем ривал за математички да ја потврди титулата. Сè помина според планот за домаќините – тие водеа со 3:2 во судиското продолжение, а навивачите веќе ...
Македонската ракометна репрезентација денеска ќе означи старт на мини-подготовките за бараж мечот против Словачка за пласман на Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија. Селекторот Кирил Лазаров денеска (13:30 часот) во хотелот „Александар Палас“ ја закажа прозивката. На скратениот список се најдоа 20 ракометари. Првиот натпревар се игра на 14 мај во Прешов, додека реваншот е закажан три дена подоцна во СЦ „Борис ...
Малкумина веруваа дека може да се случи такво сценарио, но UFC повторно покажа зошто е еден од најнепредвидливите спортови во светот. Шон Стрикленд повторно е шампион во средна категорија откако го победи претходно непоразениот Хамзат Чимаев во спектакуларна борба на UFC 328 и создаде една од најголемите сензации во последните години. Борбата одржана во познатиот Пруденшал Центар во Њуарк донесе вистинска војна во Октагонот, а Стрикленд ...
Познато е дека има идеја и иницијатива, Јужната трибина на Арената „Тодор Проески“ во Скопје или Градски како вардарци милуваат да го нарекуваат нашиот најголем спортски објект, да се именува во „Васил Рингов“. Се чини убава идеја ако се знае кој беше Васе, легендарниот фудбалер на Вардар еден од најголемите кој Македонија го имала и кој неодамна почина. Од денеска и “Комити“ се придружија на таа идеја откако на мечот со Силекс, тие истакнаа ...
Првата македонска лига има нов шампион. Тоа е екипата на Струмица 2001 која што во серијата за пласман во ранг погоре беше подобра од екипата на Бутел од Скопје. Во одлучувачкиот дуел, струмичани беа подобри со конечни 81:76, и победија во серијата со конечни 2:1. Струмичани имаа постојано водство во текот на сите 40.минути, и во ниту еден момент не му дозволија на гостинскиот тим да се понадева, да размислува за било какво изненадување. По ...
Шкендија – Струга ТЛ 3:1 е исходот од попладневниот меч од 31.коло под Шара. Со оваа победа тетовци ја одложија шампионската прослава на Вардар, и натаму имаат -6 бода на две кола до крајот. Се надеваат дека токму Струга ТЛ во следното коло ќе го победи Вардар за да во последното 33.коло на гости кај лидерот решаваат за титулата. Добар меч, добра Шкендија иако беше ослабена со неиграњето на неколку клучни играчи. Инаку се почна со ударот на ...
Иницијативата јужната трибина на Арената Тодор Проески во Скопје да го носи името на легендарниот вардарови фудбалер Васил Рингов кој неодамна почина, зема се поголем замав. Се повеќе засегнати институции се приклучуваат и даваат „зелено светло“ за истата. Фудбалската Федерација на Македонија, на чело со претседателот Масар Омерагиќ и официјално со допис се согласи надлежните да го променат името на трибината. „Големо име, ќе стои и ќе ...
Македонските интернационалци Јован Манев и Стефан Деспотовски имаа супер попладне во Белград, откако со своите екипи изборија одлични резултати против големите Црвена Звезда и Партизан. Манев со својот Нови Пазар го шокираше тимот на Црвена Звезда среда „Рајко Митиќ“ и го победи со 1:2, иако домаќинот имаше водство од 1:0. Со голови во финишот на мечот пазарците успеаа да направат комплетен пресврт. Само неколку стотини метри подолу, на ...
Претстојниот Мундијал кој што ќе се одржи ова лето во САД, Канада и Мексико, по многу што е уникатен и изненадува. По државите каде што се одржува, по грандиозните стадиони кои што се претежно за Американски фудбал, по цените на билетите кои се екстремно скапи, и што ли уште не. Еден од раритетните податоци поврзани со овој турнир е оној кој што вели дека школскиот систем во Мексико комплетно се затвора дури четириесет дена порано поради ...
Лидерот на прволигашката конкуренција, тимот на Вардар во рамките од 31. Коло од ПМФЛ шампионатот на Арената Тодор Проески попладнево го совлада тимот на Силекс со 2:1. И покрај најавите дека беше можно освојување на титулата сезонава, сепак, ова коло за Вардар до крај нештата не се поклопија. Второпласираната Шкендија обезбеди три бода во дербито со Струга ТЛ, и на тој начин го одложи славјето во таборот на „црвено – црните“. Сепак, Вардар ...
Некогашниот македонски младински репрезентативец, а потенцијален сениорски, Дин Аломеровиќ потпиша нов договор со тимот на Ута Арад. Левиот бек одлично се снајде во романскиот тим, каде што се презадоволни од него, и каде што не дозволија формата која што ја има Аломеровиќ во моментов да го одведе на друга дестинација. Менаџментот на тимот поита со Аломеровиќ да потпише, нова двегодишна соработка, и да го „врзе“ нашиот интернационалец на ...
Душан Влаховиќ погоди во првата минута од дуелот на Јувентус против Лече и тоа беше доволно за тимот од Торино да победи на ова гостување со конечни 0:1. Во буквално првиот напад Јуве реализираше за водство, кое што го задржа до крајот на дуелот. Во второто полувреме, Влаховиќ односно Калулу погодија но и двата гола беа поништени поради офсајд. Јуве со оваа победа стигна до 68 бодови од 36 кола и е трет, додека Лече има сеуште и тоа како ...
Во пресрет на утрешниот дуел меѓу Вест Хем и Арсенал, голем шок за фановите на Тотенхем. Дали навивачите на Тотенхем се молат Арсенал да не ја освои титулата? Да. Дали навивачите на Тотенхем се молат Тотенхем да не испадне? Секако. Единственото прашање сега е што им е поважно, бидејќи Арсенал и Вест Хем се среќаваат во директен дуел, првиот кандидат за титулата и ќе биде на дофат на трофејот ако слават, додека „Чеканите“ се директен ривал на ...
Лајпциг и официјално следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите откако денес го победи Ст. Паули со 2:1. Победата им беше неопходна, со соодветниот резултат во натпреварот помеѓу Штутгарт и Леверкузен, а бидејќи на тој натпревар немаше нерешено, јасно е дека ќе одат во ЛШ. Уедраго ја имаше првата шанса, едноставно е неверојатно како не успеа подобро да реагира, а гостите се заканија преку Карс кој ја погоди пречката од многу веројатна ...
Алкалоид ги освои бодовите против ГРК Тиквеш на гостински терен, откако славеше со 23-30. Избраниците на Кирил Лазаров победникот го решија во второто полувреме, во кое го зголемијата темпото кое беше доволно за освојување на целиот плен. Кавадарчани го имаа водството во првите десет минути, 6-4, по што гостите со серија од 3-0 поведоа со 6-7 и од овој момент го наметнаа своето темпо. После 11-12 на одморот, Алкалоид почна да ја гради ...
Лео Меси и Кристијано Роналдо ги одбележаа последните две децении. Станува збор за едни од најдобрите фудбалери на сите времиња. Како играчи на Барса и Реал тие мечеви беа епски, а исто така епска беше битката меѓу нов кој ќе ја освои „Златната топка“. Тие времиња ќе се паметат. Денови Лионел Меси се посети за неговото соперништво или ривалство со Кристијано Роналдо, кое се карактеризира со меѓусебно почитување. „Тоа е нешто природно во ...
Дербито помеѓу ГРК Охрид и Вардар 1961 заврши во корист на домашниот тим, кој славеше со 26-24 и воедно испиша историја, бидејќи за првпат слави против вардарци. Ова беше натпревар од осмото коло во плеј-офот. Пилиповиќ имаше 11 одбрани, Јасухира и Иванковиќ постигнаа по 6 погодоци, на другата страна Да Силва имаше пет гола. Во првото полувреме дуелот беше поделен, на стартот водеше охридскиот тим, а потоа темпото го наметна своето темпо, па ...
Тимот на Селта изненадувачки попладнево триумфираше на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 0:1, и на тој начин ги задржа своите шанси да биде дел од Лигата на Шампионите следната сезона. Единствениот гол на овој меч го постигна Иглесиас во 62. минута, а потоа домаќинот не успеа повеќе да се врати во игра. Атлетико и натаму е четврти со 63 бодови, додека пак Селта е шест со 50. Главниот конкурент на тимот на Селта во моментов е Бетис кој што е ...
Со високи, убедливи и заслужени 3:0, тимот на Манчестер Сити предмалку на свој терен го совлада тимот на Брендфорд и ја одржа во статус кво битката за титулата во Премиер лигата. Фаворитот се мачеше во првиот дел и не постигна гол за да во продолжението нештата ги постави на свое место. Најпрво во 60. минута Доку го отвори резултатот, за да петнаесет минути подоцна, Халанд зголеми на 2:0. Во судиското продолжение, Мармуш ги постави конечните ...
И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим кај тимот на Лацио, Интер обезбеди висока и убедлива победа од 0:3. Лаутаро по само шест минути игра успеа да погоди за 0:1, за да Сучиќ во 39. минута зголеми на 0:2. Мхтаријан во 76. минута го постави конечниот резултат 0:3. Интер го освои 85. бод ...
Утре нè очекува најголемото дерби на шпанскиот фудбал, дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид на “Камп Ноу“, кој со децении ги собира најголемите ѕвезди на светскиот фудбал и го привлекува вниманието на милиони фанови ширум светот. „Ел Класико“, сепак, не е само судир на големи ривали на теренот, туку и споредба за огромни договори и милионски плати. Реал Мадрид и Барселона денес имаат едни од најскапите играчи во своите редови, а податоците ...
Брајтон со убедливи 3:0 го победи Вулверхемптон на својот „Амекс“ во 36-то коло од Премиер лигата. Рутинска победа за тимот на Фабиен Хирцелер, која беше креирана во првите пет минути. На самиот почеток од натпреварот, ударот со глава на Џек Хинселвуд во трката за промена на резултатот на семафорот. Се играше само 36 секунда. Во петтата, Брајтон го дуплираше водството преку Луис Данк, кој исто така со глава го погоди центаршутот на Максим Де ...
Во пресрет на утрешните натпревари од Прва и Втора МФЛ и завршницата од првенствената сезона, Фудбалската федерација на Македонија преку Одделот за безбедност и интегритет упатува апел до клубовите, навивачите и сите поддржувачи за фер, спортско и достоинствено навивање. ФФМ апелира да не се користат скандирања, пораки или било какви содржини што поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство врз основа на верска, национална или расна ...