
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Иконскиот англиски играч Пол Гаскоњ е хоспитализиран откако беше пронајден во несвест во својот дом, јавуваат британските медиуми. 58-годишниот Гаскоњ се срушил во својот дом и веднаш бил однесен во болница, каде што се очекува да помине неколку дена. Поранешната ѕвезда на Тотенхем, Њукасл и Лацио бил пронајден полусвесен од пријател во спалната соба на својот дом, откри „Сан“. Тој бил примен на интензивна нега, но сега е во стабилна состојба и ...
Никола Јокиќ отпатува во Кина за да промовира бренд на патики што прави чевли специјално за него, и се чини дека таму се забавува одлично. Најдобриот кошаркар на планетата го искористи престојот во оваа земја за да се забавува добро, но и да види некои од знаменитостите во придружба на своите домаќини. Aсот на Денвер се „тркаше“ со воз, а потоа се сретна со навивачите. Секако, трката беше симболична и хумористична, но немаше сомнение кој победи ...
Ламине Јамал драматично порасна откако се проби во првиот тим на Барселона и сите во клубот стравуваат дека ова може да продолжи и да ја наруши неговата координација. Еден од најдобрите фудбалери во светот неодамна го прослави својот 18-ти роденден, организирајќи забава што предизвика многу контроверзии, додека набрзо облече нов дрес во Барселона. Откако Ансу Фати замина за Монако, „десетката“ стана достапна, која Јамал веднаш ја зеде, а сега ...
Како што беше случај на двата меча од 1.квалификациско коло во ЛШ со ТНС, така ќе биде и за мечот Шкендија – ФЦСБ во вторник. Имено мечот од 2.квалификациско коло во најквалитетното натпреварување во Европа, меѓу Шкендија и ФЦСБ ќе биде пренесуван во живо од страна на МТВ или Националниот сервис. Секако дека ова е убава вест за фановите на фудбалот во Македонија, посебно за тие што не ќе можат да дојдат на Арената “Тодор Проески“ да ги ...
Денеска во Нион ќе се одржат ждрепките за 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, Лигата на Европа и Лигата на Конференции. Па така Вардар и Шкендија, кои се пласираа во 2.коло во ЛК и ЛШ ќе ги дознаат своите евентуални противници за тоа трето коло. Утринава, вообичаено, УЕФА го скрати списокот со можните ривали во пресрет на денешната ждрепка. Во 14 часот ќе се одржи ждрепката за 3.коло во ЛК. Во случај на минување на Лозана, Вардар за ...
Во потенцијална трансфер бомба, Барселона изрази интерес да го потпише Родриго од големиот ривал Реал Мадрид. Каталонците, според UOL Esporte, веќе воспоставија првичен контакт со блиските на бразилскиот напаѓач, искористувајќи ја неговата желба да го напушти Мадрид. Бразилецот отворено ја изрази својата намера да ја бара својата среќа на друго место, а неколку тимови од Премиер-лигата покажаа интерес, но засега нема официјална понуда до Реал. ...
Маркус Рашфорд веќе е во Барселона, останува само да се официјализира соработката во текот на денешниот ден. Каталонскиот клуб и Манчестер Јунајтед го поминаа целиот ден разменувајќи документи откако постигнаа договор во саботата. Крилниот напаѓач ќе пристигне на Камп Ноу како позајмен играч, но со опција за откуп за околу 30 милиони евра. Рашфорд денеска треба да ги помине официјални медицински прегледи. Идејата е тој да му биде на располагање ...
Од вечерва нашата Македонија е центарот на младинскиот спорт во Европа. Вечерва со пригодна свеченост во салата „Јане Сандански“ беа отворени Игрите ЕМОФ 2025 кои во наредните седум дена ќе се одржат на спортски локации во Скопје и Куманово. Ова е Европски Младински Спортски Фестивал кој ќе биде убава можност да се промовира нашата земја во секој поглед, и не само спортски. Игрите за отворени ги прогласи Претседателката Гордана Силјановскa – ...
КК Кожув и тоа како ова лето е активен на трансфер – пазарот. Раководството на овој клуб успеа во своите редови да донесе три нови имиња и со тоа осетно да го засили тимот. Тоа се досегашниот капитен на Вардар, Хусеин Бајрам, потоа странцте Девон Хингс и Арсение Вучковиќ. Хингс е американски плејмејкер кој во минатите сезони играше во „Џи -лигата а има играно и за екипите на Колеџ Парк Скајхоукс, Мотор Сити Круз и Гринзборо Сворм. Вучковиќ е ...
Попладнево и вечерва и тоа како најголемите клубови во Европа продолжуваат со трансферите. И дефинитивно Наполи и Галатасарај се договорија за Виктор Осимен. Се разбира дека ова е најголемиот трансфер во историјата на Турција. Галата ќе плати 40 милиони евра веднаш, уште 35 милиони евра до следната година, тука се разните бонуси како и 10 насто од секој нареден трансфер на Осимен, како и забрана во наредните две години Галата да го продаде ...
Ако од пред неколку дена беше познато дека судии од Белгија, на чело со Нејтан Вербомен ќе ја делат правдата на мечот меѓу Шкендија и ФЦСБ во Скопје во вторник, сега е познато и кој ќе суди на реваншот во Букурешт. Овој реванш од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, меѓу ФЦСБ и Шкендија се игра на 30 јули (среда) со почеток од 19:30 часот и тоа на Националната Арена во Букурешт. Тоа се судии од Украина. За главен судија е одреден ...
Што навистина се случува во светот на тенисот во пресрет стартот на престижниот Мастерс во Торонто? На сцена се силни откажувања и тоа од страна на најголемите фаворити. Имено прв откажа Новак Ѓоковиќ, потоа следуваше отказот на Јаник Синер, победникот на годишениот Вимблдон и во моментов најдобриот тенисер во светот според АТП листата. Доцна попладнево уште еден шок за организаторот, имено своето учество го откажал и Карлос Алкараз, финалистот ...
Неверојатна вест од Шпанија. Имено тамошните медиуми пренесуваат дека Ливерпул има намера да плати 100 милиони евра само за да го ангажира Родриго. Велиме неверојатна зошто во овој преоден рок “Редси“ во нападот веќе го ангажираа Флоријан Вирц, а се е готово и со Уго Екитике. Исто така познато е дека и Арсенал и тоа како беше заинтересиран за Бразилецот, но ова лето раководството на клубот од „Емирејтс“ се покажа како тотално неспособно да ...
Утре е ден на ждрепка во Нион и тоа за 3.квалификациско коло во ЛШ. ЛЕ и ЛК. Во шеширите или барабаните ќе се најдат и Шкендија и Вардар. Имено во 12 часот ќе се одржи ждрепката за 3.квалификациско коло во ЛШ и тогаш Шкендија ќе го дознае својот ривал, се разбира дека прво треба да го мине ФЦСБ во втората рунда. Претходно утре изутрина околу 8:30 часот УЕФА ќе ги објави групите и скратениот список со евентуалните ривали на тетовци. Во 13 часот ...
По вчерашната победа од 4:2 против Анталиаспор, денеска Тиквеш исто така во пријателски меч на подготовките во Турција, славеше против составот на Адана со 2:0. Мишов беше стрелец за тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов во 23.минута од пенал за 1:0. Во 83.минута по одличното нафрлување на Миловановиќ, еден од противничките играчи си даде автогол за конечни 2:0 за нашиот тим. Треба да се истакне и голманот Тасев кој на оваа средба одбрани пенал. ...
Фудбалската јавност, а посебно фановите на Ливерпул, конечно денеска имаа шанса да го видат на дело Флоријан Вирц. Германецот денеска дебитираше за “Редси“ на пријателската средба со Стоук, на која актуелниот шампион во ПЛ успеа да победи со 5:0. Дарвин постигна три гола, еден беше дело на Нгумоха и еден на Киеза. Стратегот на Ливерпул, Арне Слот на оваа средба направи бројни измени со цел да ја провери моменталната форма на своите избраници. ...
Во вторник од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ закажан е првиот дуел од двомечот од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу Шкендија и ФЦСБ (Стеауа), реваншот се игра на 30 јули во Букурешт.Јасно е кој е фаворит, кој бил некогашен европски првак, кој нема пораз против македонски клубови на евросцената. Но, ова е фудбал, тетовци и тоа како во минатото знаеле да одиграат квалитетно против така силни екипи и да ги ...
Илија Несторовски е повреден и нема да го фати стартот на новиот шампионат на Хрватска подготвен за настап. Оваа информација денеска ја лиферуваше во јавноста тренерот на Славен Белупо, Марио Грегурина, кој рече дека повредата на Несторовски не е сериозна но дека бара апстинеција од тренинзи од околу две недели. Несторовски одлично се снајде минатата сезона во дресот на Славен, каде што се приклучи сосема случајно и спонтано што се вели. Повеќе ...
На име на одстапница, со можност за откуп од цели 40 милиони евра, тимот на Рома го доведе досегашниот напаѓач на тимот на Брајтон, Еван Фергусон. Фергусон има само 20 години но досега одигра цели 80 мечеви за Брајтон постигнувајќи 17 гола и шест асистенции. Одработи и една позајмица оваа пролет во Вест Хем. Тој е веќе стандарден репрезентативец на Ирска со дваесетина одиграни мечеви со пет гола и една асистенција. 🚨🟡🔴 Evan Ferguson to AS ...
Досегашниот член на тимот на Саутемптон, Кајл Вокер Питерс од денеска и официјално е член на тимот на Вест Хем. Бекот доаѓа како слободен играч со оглед на фактот што неговиот договор со Саутемптон и официјално заврши. И покрај големиот број на понуди кои ги имаше од различни лиги сепак тој се одлучи да остане во Премиер лигата. „Многу сум возбуден. Како долго време да го чекав ова. Во минатото ме поврзуваа со трансфер во клубот и сум ...
Заминувањето на Лука Модриќ во Милан односно завршувањето на договорот на Лукас Васкез, во тимот на Реал Мадрид создадоа една интересна ситуација. Одеднаш клубот има недостаток на капитени, со оглед на фактот што двајцата гореспоменати беа со тој статус. Па така, во новата Примера сезона Реал Мадрид ќе влезе со следните лидери. Дани Карвахал целосно се рехабилитираше од повредата на лигаментите и ќе биде првиот капитен, а зад него доаѓа ...
Женската македонска сениорска репрезентација попладнево во Маврово ги започна подготовките за квалификациските дуели со Австрија и Грција за пласман на Европското првенство 2026. Сите 18 репрезентативки кои се најдоа на потесниот список на селекторот Стефан Пауновиќ се појавија на првата прозивка во хотелот „Спорт“ и веднаш се ставија на располагање. По успешниот настап во Европската Сребрена лига, одбојкарките одлично расположени влегуваат во ...
Во пресрет на новата сезона, тимот на Лос Анџелес Лејкерс доведе сериозно, и пред се искусно засилување. Се работи за Маркус Смарт, кој доаѓа како слободен играч, откако самиот издејствува „слободни документи“ од тимот на Вашингтон. Според интерните информации голем удел во ова има самиот Лука Дончиќ, кој што наводно лично разговарал со Смарт и му објаснил како ќе стојат работите во Лос Анџелес во иднина. Смарт минатата сезона имаше просек од ...
Во пресрет на двомечот на нашиот најтрофеен фудбалски колектив, и воедно освојувачот на Купот на Македонија тимот на ФК Вардар, во рамките од второто коло од Квалификациите за Конференциската лига против швајцарскиот тим на Лозана секако дека јавноста ќе ја интересира да дознае што повеќе информации за противникот. Она што е еден од најјинтересните факти за овој клуб е што имаме во овој клуб и наш младински репрезентативец. Се работи за У17 ...
Марк Маркез повторно е на врвот на пиедесталот во МОТО ГП шампионатот. Овојпат за големата награда на Чешка, поточно на патеката во Брно, каде што Маркез беше најбрз денеска по одлични услови и сончево време. На втората позиција се најде Марко Безеки со заостанување од 1.753, додека трет заврши Акоста на КТМ со 3.366 заостанување. Марк Маркез и натаму е лидер во генералниот пласман со 356 поени пред неговиот брат Алекс кој собра досега 261 ...
Тимот на Тиквеш кој што во моментов се наоѓа на подготовки во Болу, Турција предмалку го претстави Толга Јакут. Офанзивец кој што е дете на Бурсаспорт, има 24 години во моментов, но поголемиот дел од неговата кариера ја има минато досега во тимот на Ескишехир. Последна негова дестинација бил тимот на Чанкаја. Во Тиквеш веќе се склопува сериозна екипа, која што во следниот ПМФЛ шампионат, очигледно ќе игра далеку посериозна улога одколку во ...
Иако сеуште не е одигран ниту првиот меч од второто коло квалификациите за Конференциската лига помеѓу екипите на Вардар и Лозана од Швајцарија кој што е закажан за в четврток од 20:30 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, УЕФА веќе ги делегираше арбитрите кои што ќе го судат реванш дуелот на 31 јули во Швајцарија. На чело на судиската четворка ќе застане Снир Леви од Израел, а ќе му помагаат неговите сонародници, Ростислав Талис, Дор ...
Освојувачот на Купот на Македонија и најтрофеен наш фудбалски колектив, екипата на Вардар е пред настап во второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции. Во него се среќава со тимот на Лозана од Швајцарија, откако во прелиминарната фаза успешно беше минат тимот на Ла Фиорита од Сан Марино со вкупни 5:2. Сега на ред е далеку поквалитетен противник. Петтиот тим во Швајцарија доаѓа во Скопје, а мечот е закажан за в четврток со почеток ...
Јамајчанецот Облик Севил приреди вистинско изненадување на митингот од Дијамантската лига во Лондон, оставајќи го олимпискиот шампион Ноа Лајлс зад себе. Со експлозивен старт и силно темпо до самиот крај, Севил победи во трката на 100 метри со фантастично време од 9.86 секунди. Ова беше негов деби настап во Дијамантската лига. Севил, кој импресионираше во квалификациите на Олимписките игри минатата година, само за да заврши последен во ...
Иако Каталонците се обидоа да го доведат Ника Вилијамс како засилување на позицијата десно крило, на крајот изборот падна на Маркус Рашфорд, кој неволно ја прифати поканата на Барселона. Рашфорд ќе се приклучи на каталонскиот тим на едногодишна позајмица, а Барса ќе има опција да го откупи неговиот договор следното лето. Англичанецот би можел да биде претставен како ново засилување на Барселона за неколку дена, но се чини дека тој не е ...