Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да создава нови добитници и незаборавни моменти за своите играчи. Во периодот од 1 до 31 мај 2026 година, на играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија им беа исплатени вкупно 57.146.863 денари преку ВЛТ џекпот добивки. Овие бројки претставуваат илјадници причини за насмевка и десетици нови среќни приказни низ целата држава. Во текот на мај беа реализирани: • 4 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добивки, со ...

Пред нас е нов фудбалски ден на Мундијалот и секако дека кога на сцена се Меси, Мбапе, Олисе, Халанд и другите, јасно е дека очекуваме нов спектакл, нови спектакуларни натпревари. И Аргентина и Австрија влегоа на турнирот со три бода – Аргентина убедливо го победи Алжир со 3-0, додека Австрија го скрши отпорот на Јордан во доцните фази и славеше со победа од 3-1. Триумф во овој натпревар би обезбедил Аргентина да се пласира во следната фаза ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец и интернационалец Андреј Јакимовски и официјално си замина од тимот на Тренто. Предмалку италијанскиот клуб преку социјалните мрежи му се заблагодари на Јакимовски за досегашната соработка и му посака многу среќа во понатамошниот дел од кариерата. Јакимовски имаше одлично одиграни партии во дресот на Тренто, а сега очигледно е време за нов предизвик и дестинација. Дали тоа ќе биде тимот на Наполи, или ...

ГФК Тиквеш го потврди своето прво летно засилување. Тоа е поранешниот македонски младински репрезентативен голман Марко Алчевски кој што доаѓа во ПМФЛ шампионатот, по епизодите во Израел односно Србија. ГФК Тиквеш летово прави сериозна реконструкција на тимот, и веќе објави дека си заминуваат десетина досега стандардни првотимци, а од друга страна најавен е цдл контингент на нови играчи. Меѓу нив ете прв пристигнува Алчевски, кој што во ...

Мундијалот продолжува со несмален интензитет. Се одиграа уште четири меча од 2.коло во групната фаза и имаше навистина интересни резултати, па и мечеви, кои нашиот коментатор Мирсад Јонуз ќе ги анализира во “Коментар на денот“. Потсетување на резултатите. Шпанија славеше со С.Арабија со 4:0, Белгија и Иран одиграа 0:0, Уругвај и З.Острови ремизираа 2:2 а Египет беше убедлив со Нов Зеланд со 3:1. -Шпанија полека се “загрева“… “Да, очекувано. ...

Уругвај и Зелено’ртските Острови одиграа нерешено 2-2 во Мајами во возбудлив натпревар од второто коло од Групата Х на Светското првенство, обележан со пресврти и драматичен финиш. Натпреварот го следеше Луис Суарез, кого тренерот Марсело Биелса не го покани на Светското првенство. Напаѓачот на Интер Мајами, кој се пензионираше од националниот тим во септември 2024 година, неодамна навести можно враќање велејќи дека „никогаш нема да каже не“ ...

Ламине Јамал кој е еден од симболите на шпанската репрезентација и играчот околу кого се гради иднината на Црвената Фурија, се најде во центарот на вниманието поради едно видео. Станува збор за видео направено за време на Светското првенство во Катар во 2022 година, кога петнаесетгодишниот Јамал ја славеше победата на Мароко над Шпанија. Ова, сепак, не е големо изненадување кога се знае дека неговиот татко Мунир Насрауи потекнува од Мароко, ...

Фудбалската репрезентација на Иран се збогува со Лос Анџелес со рачно напишана белешка во која се споменува и трагичното бомбардирање на училиште за време на иранско-американската војна. Откако ремизираа 0-0 со Белгија за да ги одржат своите надежи за пласман во следната рунда, Иранците оставија благодарница во соблекувалната на стадионот СоФи пред да се упатат кон Сиетл, каде што ќе се соочат со Египет. „Од древна Персија пред илјадници ...

Вардар и официјално се враќа во Лигата на шампиони. ЕХФ потврди дека македонскиот првак е еден од тимовите кои доби вајлд-карта за да биде дел од најелитното европско клупско натпреварување. Вардар оваа информација ја најави со специјално видео, во кое прво Милан Лазаревски вели дека е време за одмор кој е сосема заслужен, но потоа доби повик од тренерот Иван Чупиќ, кој пак му вели дека одморот е завршен…. Вардар и официјално се враќа во ...

Пред Светското првенство многу навивачи се плашеа дека натпреварите често ќе бидат прекинати поради невреме. ФИФА претходно одлучи секој натпревар од првенството да биде во прекин на половина час доколку удри гром во радиус од 13 километри околу стадионот. Во тој случај, на пауза од 30 минути, громот не треба да се слушне ниту еднаш за да може играта да продолжи. Во спротивно би следел уште еден получасовен прекин. Досега организаторот имаше ...

Во текот на ноќта се одиграа два натпревари, еден од Групата Г и еден од Групата Х. Уругвај и Зелено’ртските Острови одиграа нерешено 2:2 во Мајами во возбудлив натпревар од второто коло од Групата Х на Светското првенство, обележан со пресврти и драматичен финиш. Кевин Ленини му донесе водство на Зелено’ртските Острови во 21-виот дел со слободен удар. Уругвај го сврти резултатот на крајот од првото полувреме со головите на Максимилијан ...

Иранската репрезентација на вечерашниот меч со Белгија го има највозрасниот тим кој некогаш истрчал на меч од Светско првенство. Просечната возраст на почетниот состав на Иран е 32 години и 181 ден, што е највисока во историјата на Светските првенства. Само тројца ирански фудбалери се под 30 години: дефанзивецот Салех Хардани (27 години и 177 дена), напаѓачот Мохамед Мохеби (27 години и 183 дена) и играчот од средниот ред Саид Езатолахи (29 ...

Неверојатниот голман Беиранванд го сочува голот на Иран и донесе уште еден бод за азијците на Мундијалот. Вечерва во дуел со фаворитот Белгија, Иран ја сочува мрежата, извади 0:0 и останува во трка за место во следната рунда. Иран имаше шанса да извојува голема победа бидејќи играше со играч повеќе во последните половина час, но сепак не можеше да стигне до гол. Видовме бројни шанси во текот на 90-те минути игра, но голманите беа навистина ...

Јасно е дека кога во прашање е елитен спорт и тоа на СП, тогаш и судиите мора да бидат елитни, а и нивната заработка или хонорари. Фудбалските судии се одговорни за делење правда на натпреварите каде што играат најдобрите играчи во светот, честопати донесувајќи одлуки во дел од секундата што можат да ја променат судбината на цела нација на Светското првенство. Со оглед на обемот на самиот настан, многу фанови се прашуваат колку всушност се ...

Рафиња (29) веројатно нема да го напушти кампот на бразилската репрезентација поради повреда на мускулот. Медицинскиот персонал внимателно ќе го следи неговото опоравување секојдневно. Крилниот напаѓач се повреди во второто коло на натпреварот меѓу Бразил и Хаити (3:0) и мораше да го напушти теренот во 40-тата минута. Иако неговото закрепнување не е сосема сигурно, Рафиња се обидува да биде подготвен за осминафиналниот натпревар на Светското ...

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и шестиот пораз во исто толку одиграни натпревари во годинешната Европска лига. На последниот натпревар на турнирот во Скопје, избраничките на селекторот гавриловиќ беа совладани од Словенија. МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 0:3 (15:25, 10:25, 10:25) Во трите сета Словенија тотално ја надигра нашата селекција и во ниту еден момент не ни дозволи да се надеваме на рамноправен дуел. Со оглед ...

На натпреварот од групната фаза меѓу Шпанија и Саудиска Арабија, автоголот на дефанзивецот на Саудиска Арабија, Хасан Ал-Тамбакти беше осмиот гол постигнат во сопствената мрежа на 37 натпревари досега на тековното првенство. Рекордот беше поставен на Светското првенство во Русија 2018 година, каде што беа постигнати 12 автоголови на 64 натпревари. На последното Светско првенство во Катар во 2022 година беа постигнати само 3 автогола, но со ...

И дефинитивно Буњамин Шабани ќе биде дел од Струга Трим Лум до јуни 2028 година. По разговорите водени во духот на меѓусебно разбирање и доверба, договорот беше постигнат многу брзо, потврдувајќи го континуитетот на заедничкото патување и спортските цели на клубот во наредните години. Така, капитенот Буњамин Шабани продолжува да биде важен дел од проектот Струга Трим Лум, што го израдува дури и самиот фудбалер, со кого е веќе 6 години. ...

Македонски кошаркарски стратег, Заре Марковски следната сезона ќе го предводи романскиот тим Крајова. Тој денеска и официјално е промовиран во нов тренер на романскиот состав. Крајова е тим кој претходната сезона ја заврши на третото место зад Клуж и Орадеа. Марковски е искусен стратег со огромно искуство и во Романија ќе се обиде да направи одличен резултат со новиот состав. Македонски кошаркарски стратег, Заре Марковски следната сезона ...

Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери. Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за продажба на Едуардо Камавинга или Орелиен Чуамени ова лето. Федерико Валверде не е во игра за трансфер, и покрај интересот од Англија. Реал Мадрид го смета уругвајскиот играч од средниот ред за клучен играч во идниот проект. Се очекува Валверде да остане редовен играч во Реал Мадрид, ...

Шпанија ја покажа својата вистинска сила и ја обезбеди првата победа на Мундијалот. Вечерва, шпанската фудбалска репрезентација ја декласираше Саудиска Арабија со 4:0 и дојде на врвот во групата Х. Актуелните шампиони на Европа го подобрија својот впечаток и го искажаа својот гнев по неочекуваното реми во првото коло против Зеленортските острови. Во 10-тата минута по убава акција и асистенција од Ојарзабал, Јамал постигна гол за 1:0. Ова ...

По само неколку дена откако беше потврден неговиот трансфер во Казахстан, Јани Атанасов веќе ја запиша и првата асистенција во тамошниот шампионат. Македонскиот репрезентативец во дресот на Актобе имаше успешно деби во новиот клуб Актобе. Атанасов асистираше во 55. минута од мечот за победа на Актобе над Астана со 2:0. По само неколку дена откако беше потврден неговиот трансфер во Казахстан, Јани Атанасов веќе ја запиша и првата ...

Македонската кошаркарска репрезентација е поразена од Бугарија со убедливи 97-68 на пријателскиот меч во рамките на подготовките за претквалификациските дуели против Ирска и Луксембург за Европското првенство 2029. Бугарија го отвори мечот со 12-2, водеше и со 18-15, после првата четвртина беше 28-20. Во втората четвртина, Македонија успеа да дојде на негатива од шест поени 39-33, но тука и застана. Противникот пред одморот дојде на плус 16 ...

Младата македонска таеквондистка Ведрана Тунески од Таеквондо клуб Бутел освои златниот медал на престижниот меѓународен турнир Г1 Сараево Опен во категоријата кадетки до 51 килограм. Во првото коло Тунески беше слободна како прв носител, а потоа следуваа победите над Доргу од Турција со 2:0, над Ткачева од Русија со 2:0, над Сивиќ од БиХ со 2:0 во полуфиналето и во финалето триумф над Гушева од Русија со 2:0. Младата македонска ...

Јапонија го продолжи својот импресивен настап на Светското првенство во 2026 година, со убедлива победа од 4-0 против Тунис, проследена со огромни прослави низ целата земја. Илјадници навивачи излегоа на улиците на Токио и други градови за да го прослават еден од најубедливите триумфи на „Самураите“ на Светското првенство. Особено беше живо на познатиот премин Шибуја, каде што навивачите се собраа носејќи знамиња, шалови и дресови на ...

Уште еден податок за тоа колкава фудбалска величина е Лука Модриќ. Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација ќе го има својот 200-ти настап за „коцкестите“ против Панама, станувајќи само четвртиот играч што стигнал до „Клубот 200“. Само тројца играчи ја достигнале оваа неверојатна бројка. Кристијано Роналдо има 229 настапи за Португалија, по него Кувајќанецот Бадер Ал-Мутава со 202, а Аргентинецот Лионел Меси неодамна се приклучи на ...

Андреас Трајковски го освои 4. место во скок во далечина на Балканското првенство во атлетика за сениори и сениорки, кое овој викенд се одржува во Волос, Грција. Својот најдобар резултат Андреас го оствари во шестата серија, кога скокна 7,68 метри, што му го донесе четвртото место во исклучително силна конкуренција. Борбата за медалите беше на највисоко ниво, а за место на победничкиот подиум беше потребен скок над 8 метри. Златниот медал го ...

Откако САД, Мексико и Германија го обезбедија првото место во своите групи, започнаа пресметките за можните соперници во елиминациската фаза. Токму поради ова, потенцијалниот судир меѓу двете европски суперсили, Франција и Германија, привлекува сè поголемо внимание. Со победата над Брегот на Слоновата Коска, Германија го обезбеди врвот во својата група и според сегашните проекции, ја чека малку полесен противник во првиот нокаут натпревар. ...

Кошаркарите на Алба на сензационален начин ја освоија титулата шампион на Германија. Во „мајсторката“ против Баерн (М) на гостински терен, Алба направи неверојатно враќање од -20 поени и на крајот славеше за титула. Екипата од Берлин денес го победи Баерн Минхен со резултат 84:81 и ја доби серијата со 3:2. Ова беше последниот натпревар во одличната тренерска кариера на Светислав Пешиќ, славниот Србин кој планираше да се збогува со титула. ...

Најтрофејниот европски тренер на сите времиња, Жељко Обрадовиќ, ќе биде шеф на тренерскиот штаб на Панатинаикос од Атина по втор пат во својата кариера. Денеска, 21 јуни, поранешниот тренер на Партизан и жива легенда на европската кошарка официјално беше назначен за тренер на грчкиот клуб, објави сопственикот Димитрис Јанакопулос. Како што објави SDNA, како и други грчки медиуми, деталите од договорот на Обрадовиќ се познати. „Најголемиот ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
44%
1010
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
64%
1014
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
63%
1014
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
36%
1011
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
11.42
36%
1009
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
0.5
81%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
2.57
58%
1010
weather icon

Тирана

30ᴼ / 29ᴼ
1.54
50%
1010
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
48%
1010
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
2.57
31%
1007
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
8.23
58%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
78%
1010
Currency

61.5217

Currency

53.0864

Currency

71.9465

Currency

37.7669

Currency

38.2893

Currency

65.4487

Currency

7.88035

Currency

0.62494

Currency

0.33285

Currency

0.52358

Currency

1.10852

Currency

0.55531

Алуминиум

3.26

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Бакар

13.19

Платина

56231.66

Иридиум

252383.36

Калај

56.46

Рутениум

53852.50

Сребро

2096.79

Родиум

282926.57

Паладиум

41828.12

Злато

141161.07