Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Во интересен натпревар селекцијата на Норвешка го победи Сенегал со 3-2 во второто коло од Светското првенство, со што обезбеди место во нокаут фазата од натпреварувањето. Со два постигнати гола, херој на победата беше Ерлинг Халанд, а со оваа победа, Норвешка постигна две победи во групната фаза на Светското првенство за прв пат во историјата. Секако си обезбеди и пласман во нокаут – фазата. Ова беше 52-ри настап на Халанд за националниот ...
Управниот одбор на Фудбалската Федерација на Македонија на денешната редовна седница, донесе неколку одлуки кои што се во насока на што подобро функционирање на телата и органите во рамките на Федерацијата. Една од поважните одлуки секако дека е онаа која што се осврнува на финансиското работење на релација федерација, клубови, кои што со најновата одлука ќе мора во новата сезона да влезат тотално расчистени со обврските кон федерацијата. Во ...
Ете, кој рече дека Кристијано Роналдо треба да седне на клупата? Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, конечно покажа само мал дел од она што го знае. Имено по првиот дел на мечот Португалија – Узбекистан, беше стрелец на два гола за својата селекција, во 6. и 39.минута. Малку недостигаше да го запише и третиот.Португалија има убедливо водство од 3:0, стрелец беше и Мендеш, во 17.минута. Треба да се каже дека селекцијата на ...
Македонските тенисери имаа успешни настапи на денешните мечеви на ИТФ турнирот во Загреб што се игра за награден фонд од 30.000 долари. Во поединечна конкуренција Олег Приходко, кој е прв носител за 51 минута го победи Словенецот Вид Мохар со 2-0 во сетови (61 63). Во конкуренција на двојки македонската комбинација Каин Ивановски и Амар Хусеиновиќ ги победија Павел Кели (Словачка) и Лука Вуглар (Хрватска) со 2-0 во сетови 2-0 (64 63), а ...
Попладнево во меч од 12.коло во елитната лига на Финска, составот на КуПС успеа да слави со 4:3 против тимот на Илвес. Меч кој за нас не би требало да има никакво значење, ама се знае дека токму овој тим од Финска е противникот на Вардар во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, тогаш работите се менуваат. Интересни, КуПС имаше водство од 4:1, но сепак дозволи гостите за малку да дојдат и до бод. Стрелци на головите за КуПС беа Гасц, ...
И официјално Андреј Аризанкоски е нов член на Шкендија Арачиново. Дебитантот во елитната лига на Македонија попладнево се пофали дека успеал да го ангажира младиот дефанзивец кој досега беше дел од тимот на Брера Струмица. Јасно е дека Аризанкоски е уште едно квалитетно засилување за составот од Арачиново. Се чини дека Шкендија Арачиново не се шегува, со сите сили настојува да обезбеди што поквалитетен тим за наредната сезона во ПМФЛ. Инаку ...
Во сенка на се што се случува на тековниот Мундијал, клубовите во Европа сепак, работат на доведување на нови играчи како засилувања за следната сезона. Италија како што е добро познато не е дел од Мундијалот, па клубовите таму во мир се подготвуваат за она што следува наесен. Па така, шампионот Интер веќе некое време работи на доведување на У21 репрезентативецот на Италија, Марко Палестра, кој што е во моментов член на Аталанта. Аталанта за ...
Искусниот италијански стратег, и поранешен селектор на „Азурите“, Џенаро Гатузо и официјално е нов тренер на екипата на Лацио. Клубот од Рим денеска го промовираше Гатузо во нов кормилар со што го заменува Маурицио Сари, кој ја презеде Аталанта. Лацио е четвртиот тим што Гатузо го води во Серија А. „Клубот топло го поздравува својот нов менаџер и е уверен дека неговото искуство, професионализам и решителност ќе придонесат за остварување на ...
Подготовките на машката сениорска репрезентација на Македонија продолжуваат со комплетирање на играчкиот ростер за завршниот дел од претквалификациите за Европското првенство 2029 година. Селекторот Жозеп Мариа Берокал упати повик и до Нејт Систина, кој ќе биде дел од тренажниот процес и ќе биде во конкуренција за настап на двата натпревари од јулскиот ФИБА „прозорец“ против Ирска и Луксембург. Станува збор за кошаркар кој настапува на ...
Кипарскиот тим Строволу и официјално го потврди доаѓањето на македонскиот ракометен стратег Горан Кузманоски. Откако стана јасно дека Кузманоски ја завршува соработката со Бутел, екипата на Строволу беше реална опција, па денеска и официјално е потврден трансферот на нашиот селектор во младинските категории. „Возбудени сме што го пречекуваме нашиот нов главен тренер на машката екипа, Горан Кузманоски. Горан е многу познат поранешен играч и ...
Еден од најголемите таленти во египетскиот фудбал, 18. годишниот Хамза Абделкарим по завршувањето на активностите на тековниот Мундијал, каде што се наоѓа со својата репрезентација, директно ќе замине и ќе потпише долгогодишен договор со тимот на Барселона. Абделкарим изминатите шест месеци ги мина како позајмен фудбалер од тимот на Ал Ахли во Барселона Б, каде што на на девет мечеви постигна шест гола и ги увери стручните лица во клубот ...
Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов се враќа во неговиот матичен клуб Сигма Оломуц летово. Неговата позајмица во тимот на Словачко заврши и тој им се враќа на обврските кои што ги има кон клубот со кого има договор. Костадинов имаше и повеќе од солидна минутажа во Словачко, нешто што реално е и заштитен знак за играчот од средниот ред. Реално, Костадинов во досегашната негова кариера, имал сериозна минутажа каде и да играл, па ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во второто коло од квалификациите за Гренд Слем тунирот Вимблдон, откако предмалку беше подобра од шпанската Фита Лобуда со 2:0 по сетови. Ѓорческа одлично го одигра овој меч и го доби првиот сет со 6:2, по што и беше далеку полесно да се справи со противничката во продолжението на мечот. Вториот сет лина го доби со 6:4, а истиот траеше 44. минути, десетина повеќе од првиот. Со овој ...
Денеска на СП 2026 можеме да проследиме уште четири и тоа како интресни мечеви. Во прв план е Португалија и секако Роналдо кои играат против Узбекистан. Сите сакаме да видиме дали оваа супер – селекција со својот капитен ќе почне ли конечно да игра добар фудбал. На Англија и Хари Кејн нема да им биде лесно против Гана, а Хрватска и Лука Модриќ ќе мора да победат против Панама ако сакаат пласман во нокаут – фазата. Хрватска треба да премине ...
Македонскиот младински репрезенативец, и досегашен член на екипата на Арсими, Џезаир Авдули ќе го има својот прв интернационален предизвик. Бекот заминува во Албанија и потпишува договор со тамошниот прволигаш, тимот на Влазнија. Авдули одигра одлична полусезона во тимот на Арсими, со што и го заслужи повикот во младата У21 репрезентација од страна на селекторот Горан Станиќ. Тој инаку е дете на Шкендија Тетово, но никогаш таму не ја доби ...
Првиот дел од циклусот квалификации за Европското првенство 2028, односно учеството во годинешното издание од Европската лига, машката сениорска репрезентација го заврши според предвиденото – три победи, три загубени натпревари и девет бода со кои сме на средината на табелата. Попрецизно кажано имаме активен резултат со кој Македонија останува во игра за пласман на уште едно континентално натпреварување. Уште при ждрепката за групната рунда ...
Норвежаните синоќа обезбедија пласман во втората фаза на СП и тоа знаеја да го прослават на свој начин. По натпреварот следуваше оригинално и воедно препознатливо славје на играчите и навивачите, славје кое го предводеше капитенот Одегард. The Norwegian team and fans doing the Row are just beautiful.pic.twitter.com/hi2YqZimUi — World Cup 2026 Daily (@TotalFootball) June 23, 2026 Фудбалската треска влезе во сите пори на норвешкото општество, ...
Зад нас се четири натпревари од 2.коло во групната фаза на овој Мундијал. Секако дека може и треба да бидеме задоволни од тоа што го видовме, посебно од Лео Меси, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Аргентина ја победи Австрија со 2:0, Франција славеше против Ирак со 3:0, Норвешка го победи Сенегал со 3:2, а Алжир беше подобар од Јордан со 2:1. Гостин во нашата редовна рубрика “Коментар на денот“ е Артим Шаќири. -Меси ги урна сите рекорди. Дали ...
Новиот член на ракометната Суперлига, екипата на Младост од Богданци, денеска се пофали со големо засилување за следната сезона. Станува збор за корпулентниот Владомир Бојаниќ, српски интернационалец кој од неодамна има и македонски пасош и кој следната сезона ќе ја мине во составот од Богданци. 205 сантиметри високиот пивотмен треба да донесе квалитет во тимот кој има намера да биде дел од елитата подолг период. Поранешниот член на ...
Италијанскиот Мото ГП тим Дукати го потврди обновувањето на договорот со светскиот шампион Марк Маркез, кој во својата дебитантска година со главниот тим на Дукати собра 11 победи на Гран При трките и 14 победи на спринт трките. „Јас сум „црвен“ возач. Многу сум среќен со овој нов договор и што ќе продолжам да бидам дел од семејството. Кога решив да се приклучам на Дукати, бев убеден дека тоа е најконкурентниот проект. Го сакам овој спорт и ...
Македонската ракомента репрезентативка Марија Јанкуловска во новата сезона ќе има нов предизвик. Јанкуловска во новата сезона заминува во Франција, каде ќе настапува за екипата на Париз 92. Во текот на минатата сезона таа го носеше дресот на Ѓорче Петров. “Многу сум возбудена што се приклучувам на Париз 92 и што започнувам ова ново поглавје! Едвај чекам да се запознаам со сите и да започнеме. Се радувам на напорната работа, да растеме заедно ...
Со биланс од три победи и три порази, машката одбојкарска репрезентација ги заврши настапите во Европската лига за оваа година. Избраниците на Јошко Миленкоски го реализираа планираното, но повредите на Љафтов и Маџинков на крајот не спречија можеби да се обидеме да направиме и некое изненадување. По завршувањето на главната фаза дел од нашите репрезентативци имаа значителен ефект на статистичката листа според прикажаното на шесте ...
На собранието на Италијанската фудбалска федерација (FIGC), Џовани Малаго беше избран за нов претседател со 68,58 проценти од гласовите во споредба со 29,17 проценти од гласовите за Џанкарло Абете, претставникот на аматерскиот фудбал кој беше претседател на FIGC меѓу 2007 и 2014 година. Поранешен меѓународен футсал играч, тој учествувал во организацијата на неколку големи спортски настани во Италија, како и во кандидатурата на Рим, која на ...
Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 15 години загуби убедливо со 4:1 од селекцијата на Албанија на првиот пријателски натпревар одигран вчера. Албанија го отвори резултатот во 22-та минута, зголеми на 2:0 во 40-та минута, по што на почетокот на второто полувреме, нашите млади фудбалери намалија на 2:1. До крајот на мечот Албанија погоди уште двапати за конечни 4:1. Вториот пријателски натпревар на овие две селекции ќе ...
Јанис Адетокумбо ги напушти Милвоки Бакс и следната сезона ќе го носи дресот на Мајами Хит. Како што објави Шамс Чаранија, Милвоки и Мајами се согласија на размена во која Боби Портис се пресели во Флорида заедно со Јанис. Мајами испрати четири кошаркари во спротивната насока – Тајлер Хиро, Кел’ел Вер, Хаиме Жакес и Каспарас Жакучонис. Покрај тоа, Милвоки доби три пика во првата рунда од драфтот (вклучувајќи го и 13-тиот во претстојниот ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денес ги стартува квалификациите на Вимблдон. Нејзина ривалка во првата рунда од квалификациите ќе и биде шпанската тенисерка Анхела Фита Болуда (26 години). Ривалката на Ѓорческа се наоѓа на 213.место на ВТА ранг-листата и во кариерата има 10 турнирски победи на ИТФ турнири. Оваа година има одиграно четири финалиња и има само една победа. Најдобриот ранг и бил 190.место. Ѓорческа на Вимблдон има ...
Франција забележа убедлива победа од 3-0 над Ирак во второто коло од Групата И на Светското првенство, во натпревар кој беше прекинат два часа поради временските услови. Херој на натпреварот беше Килијан Мбапе, кој постигна два гола, додека Усман Дембеле постигна еден гол. Првата сериозна иницијатива на Французите беше крунисана во 14-тата минута кога Мбапе ја прими топката на околу 18 метри од голот и со прецизен моќен удар го совлада ...
Норвешка го победи Сенегал со 3:2 на стадионот „Метлајф“ во Ист Радерфорд во второто коло од Светското првенство, со што обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското првенство. Две минути пред полувремето Педерсен постигна гол за водство на „викинзите“, а на почетокот на второто полувреме, Халанд го дуплираше водството. Пет минути подоцна, Сар постигна гол за Сенегал, но тие славеа само пет минути, откако енергичниот Халанд постигна уште ...
Лионел Меси стана првиот играч кој стигнал до нокаут фазата на шест Светски првенства. Аргентина се пласираше во групната фаза на Светското првенство во 2026 година благодарение на победите над Алжир (3-0) и Австрија (2-0). Меси ги постигна сите голови на аргентинската репрезентација. 38-годишниот напаѓач учествува на своето шесто Светско првенство. Овој турнир е исто така шести за напаѓачот Кристијано Роналдо (Португалија) и голманот ...
Одлична вест за ФК Вардар на само неколку дена пред дуелот со финскиот првак КуПС во рамките на првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Бундеслигашот Мајнц прати допис до првакот на Финска дека истекува позајмицата за Ото Руопи. Малиот супер талент беше купен од германскиот тим за 1,3 милиони евра, но играше изминативе месеци како позајмен играч во КуПС. Тој на 1 јули треба да се јави на тренинг во Мајнц со што стана јасно дека ...