Денешниот Супер тип е разновиден и има натпревари од три спорта, фудбал, тенис и кошарка. Се разбира, со максимално зголемени квоти во Sport Life. Понудата стартува напладне, со фудбал од Јужна Кореја, а потоа се приклучува и тенисот. Кошаркарската понуда е вечерна и полноќна. Зголемени се коефициентите на Сеул, Јастремска, Ли Ан, Кауно Жалгирис, Интер Турку, Жилина, Бешикташ, Арсенал, Детроит… Погледнете ја целата 16-ка… Денешниот Супер ...

Англискиот напаѓач Хари Кејн би можел да направи изненадувачки трансфер претстојното лето, при што се споменува можноста да го напушти германскиот првак Баерн Минхен и да се пресели во францускиот гигант ПСЖ. Овие информации доаѓаат од француски медиуми, и тоа во пресрет на големиот дуел меѓу двата тима во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Клубот од Париз наводно сериозно е заинтересиран за Кејн и сака да го донесе како големо ...

Денешните Квоти на денот се интересни и носат вкупен коефициент 38,80. Секоја од нив одделно, најмалку го удвојува влогот. Макаби Тел Авив се среќава со Хапоел Тел Авив и квотата на денот е 2.10, ако двете екипи постигнат гол и ако има најмалку по еден гол во двете полувремиња. Бешикташ го пречекува Коњапор и ако победи, а на мечот бидат постигнати од два до четири гола, квотата на денот е 2.20. Арсенал игра против Атлетико Мадрид во реванш ...

Фудбалерите на Манчестер Сити направија голем кикс во борбата за шампионската титула, откако во 35-то коло од англиската Премиер лига синоќа ремизираа 3:3 на гостувањето кај Евертон. По ова реми, Сити сега заостанува пет бода зад Арсенал во трката за титулата, а Граѓаните имаат и еден меч плус за играње. Дури и да победи во заостанатата средба, Сити ќе биде два бода зад Арсенал, а до крајот има само уште три кола. Сити прв даде гол и водеше ...

Кошаркарите на Минесота тимбервулвс ноќта кон вторник во Сан Антонио го совладаа домашниот Сан Антонио Спарс со 102-104 во првиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција, при што се врати Ентони Едвардс по повредата. Едвардс во неочекуваното враќање постигна 18 поени и ѝ помогна на Минесота да го издржи налетот на домаќините во завршницата. Тимбервулвс ги предводеше Џулиус Рендл со 21 поен и 10 скока, додека кај Спарс, Дилан ...

Англиските пониски лиги завршија изминатиот викенд, а тимот на Лејтон Ориент едвај се спаси да не испадне во понизок ранг на натпреварување. Тренерот на Лејтон Ориент, 46-годишниот Ричи Веленс ги нападна своите играчи како главни виновници за драматичната завршница во која можеа да одат во трета лига. Веленс ја опиша сезоната како „срамна“ и рече дека „потрошил десет месеци од својата кариера“ на своите играчи. Тој даде невообичаено искрена и ...

Севиља стигна до победа во вистински момент, совладувајќи го Реал Сосиедад со 1-0 на домашен терен и така се извлече од зоната за испаѓање на четири кола пред крајот на сезоната. Севиља беше поконкретна во првите 20 минути, создаде неколку полушанси и се закани по прекини, а најопасен беше Чидера Еџуке кој неколку пати пробиваше по левата страна и создаваше проблеми за одбраната на Сосиедад. Свој удар имаше и Гудељ, а потоа и Варгас со обид ...

Манчестер сити потклекна на гостувањето кај Евертон откако одигра 3-3, па сега повторно го губи чекорот со Арсенал во трката за шампионската титула. Ремито е добро, но секако дека евентуале пораз на Граѓаните ќе предизвикаше многу поголема еуфорија кај фановите на Арсенал. А Сити имаше и негатива од 3-1 во вториот дел. Доку го доведе Сити во водство во 43-тата минута, но Евертон возрати силно во второто полувреме. Тирно Бери израмни во 68-та ...

Англискиот премиерлигаш Челзи е заинтересиран за ѕвездата на Брентфорд, Игoр Тијаго, кој би можел да претставува големо засилување за нападот на Сините од Лондон во следната сезона. Според информациите од „ЕСПН“, негоивот сегашен клуб е свесен дека тешко ќе го задржи напаѓачот, иако тој во февруари потпиша нов договор до 2031 година. Токму тој договор му дава силна позиција на раководството на Брентфорд да бара висока трансфер сума, па се ...

Екипата на Рома успешно ја заврши домашната задача на „Олимпико“ против Фиорентина и победи со 4:0, во меч од 35 коло на Серија А. Со овој триумф, Римската волчица стигна до 64 бодови и се искачи на петото место на табелата со само еден бод помалку од Јувентус кој е на четвртото место, последно кое води во Лига на шампиони за следната сезона. Тоа значи дека во последните три кола од Серија А ќе се води голема борба за пласман во елитната лига ...

Раководството на Тиквеш донесе важни одлуки по последниот состанок на Акционерското друштво, при што ко-сопственикот Цезер Браво ќе ја преземе целосната контрола врз функционирањето на клубот. Како дел од новата организациска поставеност, беше извршена и целосна промена во стручниот штаб. Клубот се раздели со тренерот Борче Христов, заедно со неговите соработници Трајче Стојковски, Ванче Шиков и Баже Левков, како и со спортскиот директор ...

Реал Мадрид е на прагот да ја заврши сезоната без ниту еден освоен трофеј. Тоа е знак дека Кралскиот клуб и дефинитивно ќе мора да најде нов тренер. Алваро Арбелоа кој сега е на клупата на Реал, дојде како принудно решение по заминувањето на Чаби Алонсо, но сега е јасно дека ќе мора да се најде сериозно квалитетно решение за оваа клучна позиција. Според најновите шпекулации, еден од главните кандидати да седне на „жешкото“ тренерско столче во ...

Атлетико Мадрид утревечер ќе гостува во Лондон на Арсенал во реванш мечот од полуфиналето во Лига на шампиони. првиот дуел во Мадрид заврши 1:1, што значи дека на „Емирати“ во Лондон мора да има победник и да се дознае првиот патник во финалето од елитната лига на УЕФА. Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне го водеше мадридскиот клуб до две финалиња во ЛШ, но нема ниту една титула. Сега верува дека е време за трето финале и да се стигне до ...

Екипата на Лацио славеше со 2:1 на гости кај Кремонезе во меч од 35. коло на Серија А. Со оваа победа Лацио стигна до 51 бод и се искачи на осмото место на табелата, додека Кремонезе остана на само 28 бодови и е во зоната за испаѓање. А добро тргна мечот за Кремонезе. Домаќините кои бркаа три бодови за да ги зголемат шансите за опстанок, поведоа со голот на Бонацоли во 29 минута и на полувреме заминаа со водство од 1:0. Сепак, во вториот дел ...

Ливерпул не само што не успеа да ја одбрани титулата во Премиер лигата, туку оваа екипа се мачи да биде во Топ 4 на табелата. Тоа е разочарувачки за сите фанови на Црвените, а капитенот на Црвените, Вирџил ван Дајк потенцира дека веќе не смее да се дозволи клубот да има толку слаби резултати. „Сакам да бидеме успешни. Мора да сфатиме дека оваа сезона не може да се повтори, тоа е неприфатливо“, рече Ван Дајк. На последниот меч што го одигра, ...

Жозе Мурињо се поврзува со клупата на Њукасл, откако сè погласни се шпекулациите околу иднината на Еди Хау. Во меѓувреме, легендарниот англиски фудбалер Крис Водл ја прокоментира дилемата со која се соочува секој клуб што размислува да го ангажира „Посебниот“, дали да освојува трофеи или да игра атрактивен фудбал. Иако Мурињо може да се пофали со импресивна колекција трофеи, поранешниот тренер на Челзи и Реал Мадрид повремено го следи ...

Полуфиналните конференциски пресметки започнуваат со два интересни мечеви на кои според коефициентите, домаќините се големи фаворити. Њујорк е домаќин на Филаделфија, а Сан Антонио на свој терен ќе ја пречека Минесота. Интересно е дека Филаделфија и Минесота на кои не им се даваа многу шанси да ја поминат првата фаза од плејофот, но направија изненадување. Филаделфија која заврши на седмото место по регуларниот дел на Истокот, губеше со 3:1 ...

Младинската фудбалска школа на Барселона е позната како една од најдобрите во светот веќе неколку децении. Од младинските категории на каталонскиот гигант излегоа голем број на ѕвезди, а последни во низата се Педри, Гави, Ламин Јамал, Пау Кубарси… Дека оваа низа треба да се очекува да продолжи се потврдува и со тоа што Барселона го има во своите младински категории. Хуго Голдеано е 11-годишно дете кое со своите потези веќе ги воодушевува сите ...

Нотингем форест победи на гостувањето кај Челзи со 1:3 во меч од 35. коло на англиската Премиер лига. Со овој триумф, Нотингем стигна до 42 бодови и сега има шест бодови повеќе од Вест хем кој е во зоната за испаѓање. До крајот на првенството има само уште три кола, што значи дека Шумарите се речиси спасени од испаѓање. Од друга страна, Челзи продолжи со очајните резултати. За тимот од „Стемфорд Бриџ“ ова беше шести пораз по ред, а гол немаат ...

Интер ја врати шампионската титула во своите витрини и е нов владетел во Серија А. За Нераѕурите ова е 21-ва титула во италијанското првенство, а капитенот Лаутаро Мартинез, призна дека на тимот му е потребно „рестартирање“ по назначувањето на Кристијан Киву за замена на Симоне Инзаги. Атмосферата во клубот беше напната минатото лето откако Интер не освои ниту еден трофеј, а играше неколку финалиња. Во овој период, Лаутаро ги критикуваше ...

Во англиската Премиер лига многу е интересна трката за титулата, а можеби уште поинтересна е таа за опстанок каде три тима се обидуваат да избегнат преселба во Чемпионшип, но еден од тие три тима, за жал ќе мора да испадне. Штета е што ќе мора да испадне некој од Вест Хем, Тотенхем или Нотингам форест, бидејќи имаат освоено натпросечен број на бодови како за секој што е загрозен од испаѓање. Во последните десет сезони, Њукасл со 37 бодови ...

Турскиот фудбал беше сведок на неверојатен скандал во една од пониските лиги. Курталанспор го победи ривалот Ширнак Петрол Клуб со 5-4 и така обезбеди опстанок во лигата. За тоа, како што се наведува, можат да му „заблагодарат“ на претседателот на Ширнак. Неверојатни сцени се случувале во текот на викендот во една од пониските турски лиги, поточно во четвртиот ранг на натпреварување. На терен се сретнале екипите на Курталанспор и Ширнак ...

Мајкл Карик, по сè изгледа, ќе остане на позицијата менаџер на Манчестер јунајтед и следната сезона. По отказот на Рубен Аморим, Карик во јануари ја презеде функцијата менаџер на „црвените ѓаволи“. Се очекуваше да остане до крајот на сезоната, но на крајот би можел и официјално да биде именуван за постојан шеф на стручниот штаб. Раководството на клубот е презадоволно од работата на 44-годишникот и сè поблиску е до одлука да му понуди договор ...

По вчерашниот транспарент на навивачите на Тиквеш денеска во јавноста се огласи првиот човек на клубот, Митко Јанчев. Јанчев во своето обраќање преку социјалните мрежи се огради од критиките на навивачите упатени кон федерацијата, порачувајќи дека тој и клубот имаа одлична соработка со претседателот Масар Омерагиќ. „Како градоначалник на општина Кавадарци која е доминантен сопственик на ГФК ТИКВЕШ, во изминатите години клубот го водиме кон ...

Комисијата за натпреварување при ФФМ, на седницата одржана на ден 04.05.2026 година, покрена дисциплински мерки по настаните од натпреварите во 30-тото коло од Првата МФЛ, сезона 2025/26. На натпреварот помеѓу ФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973, одигран на 3 мај 2026 година во Кавадарци, било констатирано сериозно прекршување од страна на домашната публика. Навивачката група „Лозари“ употребила пиротехника, при што 38 пати биле фрлани ...

Германскиот гигант Баерн Минхен официјално го претстави новиот домашен дрес, а според првичните реакции, навивачите се воодушевени. Баварскиот клуб и „Адидас“ повторно понудија дизајн што ја спојува традицијата со модерни елементи, а тимот многу брзо ќе го претстави на најголемата сцена. Новиот дрес така веднаш ќе доживее „огнено крштевање“ во натпревар што ќе одлучи кој ќе патува во финалето на најпрестижното европско натпреварување. ...

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, не го криеше незадоволството по дербито со Манчестер Јунајтед (3-2), обвинувајќи го судењето и одлуките на ВАР како клучен фактор што, според него, повторно биле против неговиот тим оваа сезона. Контроверзниот момент се случи при погодокот на Бењамин Шешко, кога постоеше сомнеж дека топката ја допрела неговата рака. По долго прегледување преку ВАР, голот сепак беше признат. Слот по натпреварот изјави дека ...

Со Малус и Хориха во составот, а и поддршка од публиката, екипата на Вардар 1961 утревечер од 20.45 часот во „Јане Сандански против Монпеље ќе проба да направи чудо и да се најде на фајнал-форот во Европската лига на ЕХФ. Вардарци на првиот натпревар во Франција загуби со 23-33. Квотите во Sport Life велат дека Монпелје е фаворит за победа и во Скопје, но Црвено-црните не само што не мислат така, туку веруваат и во чудо и победа дури и со ...

Фудбалерот Густаво Ерера напушти натпревар во Панама предвреме и го обвини својот соиграч и репрезентативен голман Хозе Калдерон, кој ја смести топката во својата мрежа во 90-тата минута, дека го наместил натпреварот помеѓу Алијанса и Спортинг Сан Мигелито со резултат 3-2. „Љубовта кон фудбалот е во срцето, но многумина ја изгубиле. Зборувам по име, Хозе Калдерон е местач на натпревари, а има уште многу други. Тие не се срамат, тие го ставаат ...

Во шпанскиот фудбал беше испишана историја, откако голманот Анхел Матеос Гонзалез стана најстариот играч што некогаш настапил на официјален натпревар во оваа земја. Овој 70-годишен голман настапи за тимот на ЦД Колунга во меч од петата лига во шпанскиот фудбал, соборувајќи рекорд и докажувајќи дека возраста не мора да биде пречка за спортување. Неговиот тим се натпреварува во лигата Терсера Федерасион, а натпреварот против ЦД Правијано беше ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.51
80%
1017
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
3.13
71%
1016
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.58
62%
1019
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.42
88%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.01
82%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.74
91%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
0.45
48%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.55
53%
1014
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.91
63%
1016
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
83%
1012
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 18ᴼ
0.89
74%
1016
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 19ᴼ
2.31
100%
1012
Currency

61.6417

Currency

53.9728

Currency

72.4174

Currency

37.5273

Currency

38.0827

Currency

66.7407

Currency

7.96417

Currency

0.70436

Currency

0.33213

Currency

0.52564

Currency

1.14874

Currency

0.56616

Злато

132441.79

Кобалт

56.29

Родиум

262028.58

Сребро

1924.70

Рутениум

49029.89

Алуминиум

3.15

Калај

52.82

Иридиум

247560.75

Цинк

0.00

Бакар

12.62

Платина

52244.96

Паладиум

40509.94