Играчот од средниот ред на Англија, Џуд Белингам, побарал помош од својот поранешен тренер во Реал Мадрид, Карло Анчелоти, за да ја врати добрата форма и да ги надмине проблемите што ги имал со селекторот на „трите лава“, Томас Тухел. Според „Ас“, ѕвездата на кралскиот клуб му се јавила на „Татко Карло“ за совет во текот на тешките месеци пред заминувањето на Светското првенство во Северна Америка. 22-годишниот играч за врска настапи на само ...

Репрезентацијата на Холандија ја забележа првата победа на Светското првенство, откако со убедливи 5-1 славеше над Шведска во второто коло од групата „Ф“. Победникот во Хјустон беше решен уште по првите 45 минути, после кои „лалињата“ имаа убедливи 2-0. Двата гола беа дело на Брајан Броби, во шесттата и во 17-тата минута, а вториот воедно беше и 100-ти за Холандија на Светските првенства. Серијата голови на Холандија продолжи на стартот од ...

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешан, ги предупреди своите фудбалери во никој случај да не го потценат тимот на Ирак. Двете селекции ќе се соочат во Филаделфија, во понеделник навечер, во натпревар од второто коло на групата „И“. Иако на прв поглед нема многу простор за споредба меѓу „петлите“ и 60-тата репрезентација на ФИФА ранг-листата, Дешан им посочи на своите играчи да се чуваат од каква било претерана самодоверба или ...

Јапонија ја има фаворитската улога против Тунис според квотите во Sport Life, но и според она што го одиграа двете селекции во првото коло на Светското првенство. Јапонците одиграа 2-2 против Холандија, додека Тунис доживеа дебакл и загуби со 5-1 од Шведска, па го избркаа селекторот на сред првенство. Тунис никогаш ја нема поминато групата на Светските првенство, а според се она што се случуваше во нивната репрезентација, така ќе остане и ...

Холандија игра одлични 30-тина минути против Шведска на првиот денешен меч од Светското првенство. „Лалињата“ веќе имаат предност од 2-0, па победникот во Хјустон се наѕира, иако до крајот на мечот има да се одиграат еден час активна игра. Херој на Холандија е Брајан Броби, кој за десеттина минути успеа двапати да се запише во листата со стрелците. Фудбалерот на Сандерленд погоди во шесттата минута, а потоа и во 17-тата за високи 2-0 за ...

Американскиот шамион, Интер Мајами, ќе се засили со играчот од средниот ред Каземиро, со кого веќе постигнал целосен договор, објави Фабрицио Романо. Договорот ќе биде со важност до крајот на 2028 година. Бразилскиот репрезентативец ќе му се приклучи на клубот од МЛС како слободен играч по завршувањето на Светското првенство. Во последните четири сезони, 34-годишниот Каземиро настапуваше за Манчестер Јунајтед, но двете страни одлучија да не ...

Еквадор беше блиску да дојде до бод на првиот меч против Брегот на Слоновата Коска, но загуби со гол во 90-тата минута, па мечот против Курасао за нив е да се биде или не. Евентуална победа со што е можно поголема гол-разлика ќе им го обезбеди третото место во групата и ќе чекаат разврска, но очекувањата се дека и три бода со добра гол-разлика ќе биде доволна за влез меѓу најдобрите 32 репрезентации. Селекцијата од Јужна Америка нема пласман ...

Новиот менаџер на Челзи, Чаби Алонсо, сака клубот да го ангажира првиот голман на Португалија, Диого Кошта. Според информациите од португалските медиуми, Порто го проценува својот чувар на мрежата на околу 60 милиони евра. Сепак, неговата цена би можела дополнително да порасне доколку Кошта продолжи со добрите настапи на Светското првенство. На „Стемфорд Бриџ“ се подготвени да ја направат оваа инвестиција со цел конечно да ги решат проблемите ...

Мароканскиот играч за врска Ајуб Буади се најде во центарот на вниманието по одличното издание против Бразил во ремито 1-1 на Светското првенство. Поранешниот младински репрезентативец на Франција блеска во дресот на Мароко, а шпекулациите околу неговата иднина стануваат сè погласни. На оваа тема зборуваше и искусниот напаѓач Оливие Жиру, кој му е соиграч во Лил. Според Жиру, младиот играч има квалитет еден ден да заигра за Реал Мадрид. „Во ...

Мохамед Салах најави дека по девет години ќе го напушти Ливерпул, но сè уште постои можност и да остане на „Енфилд“. Според британските медиуми, кои се повикуваат на извори блиски до египетската репрезентација, искусниот напаѓач сериозно размислува да ја преиспита својата одлука за заминување. Салах во моментов настапува на Светското првенство со Египет, а наводно не е исклучено да ја продолжи соработката со клубот во кој се изгради во една ...

Селекцијата на Јулијан Нагелсман во првото коло убедливо го совлада Курасао со 7-1 и бод од преостанатите два натпревари против Брегот на Слоновата Коска и Еквадор ќе биде доволен за пласман во следната фаза. Германија одигра одличен натпревар против Курасао, но по мечот се појавија критики на сметка на Нагелсман поради тоа што продолжува да му дава доверба на Лерој Сане. Навивачите на социјалните мрежи побараа селекторот да го изостави ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Турција, Винченцо Монтела, изјави дека неговите играчи се бореле до крај за да останат во турнирот, но дека ова е резултат што мора да се прифати. Турција загуби со 0-1 од Парагвај во второто коло на Светското првенство и со тоа ги изгуби шансите за пласман во следната фаза. „Тажен сум, но истовремено и многу горд на моите фудбалери. Дадоа сè од себе до последниот судиски свиреж“, изјави Монтела. ...

Турскиот репрезентативец Арда Ѓулер го оцени настапот на својата селекција на Мундијалот 2026 како срамен и им се извини на своите сонародници. Репрезентацијата на Винченцо Монтела пристигна во Северна Америка со големи амбиции, но по двата порази во првите два натпревари, ќе го заврши настапот уште во групната фаза. Уште поневеројатно е што Турција сè уште нема постигнато гол на Светското првенство, иако создаде голем број шанси. „Требаше да ...

Германија ја оствари најубедливата победа во првото коло од Светското првенство, славејќи против Курасао со 7-1. Селекцијата на малата островска земја не можеше да го задржи налетот на Хаверц, Мусијала и останатите. Сепак, во втората рунда ги очекува поквалитетен противник. Можат ли Германците да демонстрираат исто ниво на сила и против Брегот на Слоновата Коска? Селекторот Јулијан Нагелсман најави дека нема да менува премногу во составот, а ...

Добитникот на „Златната топка“, Роналдињо, кој има 46 години, ќе потпише договор со италијанскиот клуб Равена од Серија Ц. Ова за агенцијата АНСА го потврди потпретседателот на Равена, Ариедо Браида. Легендарниот Бразилец е и косопственик на клубот. „Роналдињо е шампион, без разлика на неговите години. Равена ќе потпише договор со него и за клуб како нашиот тоа е неверојатно достигнување“, изјави Браида. На прашањето дали 46-годишниот ...

Холандија нема друг избор освен да тргне на триумф против Шведска, по ремито (2-2) со Јапонците на стартот на Мундијалот. Селекцијата на Роналд Куман мора да освои три бода, затоа што само така може да задржи сериозни шанси за да мине во следната фаза од турнирот. Швеѓаните веќе имаат три бода и сега сакаат со втора победа да се пласираат експресно во нокаут фазата. Ќе биде ова максимално интересен дуел, а вие направете си дополнителна ...

На 20-ти јуни 1976, пред точно 50 години, во финалето на Европското првенство во Белград, се случи момент кој вечно ќе остане запаметен во историјата на фудбалот. Антонин Паненка од тогашна Чехословачка изведе пенал каков не беше виден дотогаш и тоа во решавачката серија во пенал рулетот, носејќи европска титула за својата земја. Таквите пенали со поткопување на топката и лобување откако голманот ќе се фрли на една од страните, е многу ...

Меѓу 12-те Бет билдер комбинации за вечерашните дуели од Светското првенство, по четири се за Холандија – Шведска и Германија – Брегот на слонова коска, а има опции да одиграте и победа на аутсајдерите, иако побројни се игрите во кои се фаворизираат Лалињата односно Панцерите кои се фаворити. Бет билдерите се со квоти од 15.0 до 30.0 и не е невозможно некои да испаднат добитни. Тука се и игри на Еквадор, Тунис, Јапонија, но поголем е изборот ...

Најтрофејниот македонски клуб и актуелен шампион Вардар ги одработува летните подготовки во Норчиа, Италија, и се подготвува за настапот во квалификациите за Лигата на шампионите. Финскиот КуПС е ривалот во првата рунда, а првиот меч се игра во Скопје, на Арената „Тодор Проески“ на 7 јули, од 19 часот. Тренерот Кристијан Фабијани форсира напорно темпо, а вардарци во Норчиа имаат одлични услови за работа и реализација на плановите на стручниот ...

Златан Ибрахимовиќ сподели видео во кое тој и Тјери Анри покажуваат фудбалски мајстории во студиото на телевизијата „Фокс“. Тие покажаа дека класата е вечна и направија шоу со своите потези. За време на паузата помеѓу натпреварите, тие ја зедоа топката и почнаа да жонглираат, изведувајќи трикови и демонстрирајќи ја врвната техника. Нивната леснотија на контрола на топката ги воодушеви присутните, а видеото брзо стана хит на социјалните мрежи. ...

Доколку верувате дека на сите вечерашни четири натпревари на Светското првенство во фудбал ќе има 1-3 гол во прво полувреме и ќе бидат со три или повеќе погодоци на крајот, задолжително упатете се во Sport Life и уплатете до Бонус типот кој за оваа пригода нуди квота од 20.0. Само тука за 1-3I&3+ на четирите меча, вкупната бонус квота е 20.0. Доколку верувате дека на сите вечерашни четири натпревари на Светското првенство во фудбал ќе ...

Селекцијата на САД со победите над Австралија и Парагвај, за првпат по 1930 година на првото Светско првенство во Уругвај, има две победи на првите два меча на еден Мундијал. Маурисио Покетино е првиот селектор на САД после речиси 100 години кој врзал две победи по ред на стартот и сега тимот има обезбедено место во 16-финалето. Аргентинецот Покетино е горд што неговиот тим даде 6 гола на двата меча и Австралија ја победи без најдобриот ...

3739 Левадија – Номе Каљу (16.00) Левадија е прва, а Каљу трети на табелата, па ова е дерби на колото во естонската лига. Левадија е голем фаворит на оваа средба во Талин, тоа е тим кој има 13 победи и три ремија во досегашните 16 кола, доминантни се, имаат серија од 10 победи по ред. Номе Каљу во последните три кола освои само еден бод, па сега е на -11 во однос на Левадија. Кога овие два тима се сретнаа во април, резултатот беше 1-1. Каљу ...

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва го исмеа Нејмар, кој пристигна на Светското првенство повреден и ги пропушти првите два натпревари на петкратниот шампион. „Нејмар е првиот играч во светот кој е повикан во репрезентацијата да работи од дома. Тој работи од дома“, рече Лула и продолжи со шегата: „Изгледа дека еден ден ќе мора да ја составиме репрезентацијата користејќи вештачка интелигенција – тогаш ќе имаме 11-мина Пелеа“. Ова ...

Саботната Супер тип понуда на Sport Life е како измислена за љубителите на обложувањето на тениски натпревари, тука има привлечни џокери со кои може да си ја подобрите можната добивка. Екстра квоти има за победи на Сабаленка, Зверев, Пол, Тиафо како и уште пет големи фаворити. Тука е и зголемена квота за победа на кошаркарите на Валенсија против Барселона од финалето на шпанскиот плејоф, а кај фудбалите каде имате по пет различни опции за ...

Репрезентацијата на Турција е големо разочарување на Светското првенство, загубија од просечните Австралија и Парагвај во мечеви на кои имаа огромен посед на топката и упатени шутеви кон противничкиот гол. Турција го напушта Светското првенство без да постигне гол во првите две кола и покрај тоа што имаше дури 62 шута кон голот. Тие имаа 30 шута во првиот натпревар со Австралија, а 32 во натпреварот против Парагвај. Ова е најголем број обиди ...

Квотите на денот кои за денеска ги нуди Sport Life, носат една необична ситуација, сите пет се со иста вредност од 2.10, па ако ги уплатите на ист тикет, би добиле вкупен коефициент од 40.84. Двојна шанса Холандија да не загуби од Шведска, а двата тима да постигнат гол, е првиот предлог со квота 2.10. Потоа следува дуелот Алмерија – Малага со играта ни на полувреме ни на крај да не биде нерешено. За Германија – Брегот на слонова коска, ...

Дони Страти, 76-годишниот член на популарната навивачка група на националниот тим на Шкотска, „Тартан арми“, почина во неделата, еден ден по победата на Шкотска над Хаити (1-0). Тој бил пешадиец од Тартската армија и следејќи ја својата најголема желба и љубов кон фудбалот и кон својата Шкотска, го испланирал своето, за жал последно патување, овде во САД. Дони 28 години мечтаел да ја гледа Шкотска на Светско првенство и кога желбата станува ...

Бразил беше подобар од Хаити со 3-0, два гола даде Матеус Куња, еден Винисиус, но за Кариоките има и еден проблем, се повреди Рафиња кој мораше да излезе од игра при крајот на првото полувреме. На СП дебитираа 19-годишните Ендрик и Рајан. Винисиус кој имаше гол и асистенција, беше прогласен за најдобар играч на мечот, а сега има три гола во кариерата на светските првенства, со што го надмина Роналдињо. Куња стана првиот фудбалер на ...

Репрезентативецот на Парагвај, Мигел Алмирон, стана прв фудбалер во историјата на Мундијалите кој го почувствува новото правило на ФИФА и доби црвен картон. Што се случи? На натпреварот против Турција, додека играта беше во прекин, фудбалерот на Парагвај почна да комуницира/зборува со противничкиот играч Мерт Мулдур, притоа покривајќи ја устата со дланката. Веднаш беше пријавен од Мулдур кај главниот судија кој беше повикан од колегите од ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.01
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
67%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.35
78%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35