Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Цели 40 години Глазгов ренџерс и Селтик доминираат во фудбалското првенство на Шкотска и ги освојуваат титулите во домашното првенство. Таа доминација може да биде прекината оваа сезона, а херој да биде тимот на Хартс. На три кола до крајот на првенството, Хартс има 76 бода, три повеќе од Селтик и дури седум повеќе од Ренџерс. Во претходното коло Хартс со 2:1 го победи Ренџерс и сега до крајот на првенството игра три средби на кои е во улога ...
Денешната Бет билдер понуда содржи четири предлози од четири различни натпревари од Топ 5 лигите. Со опцијата од дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Ајнтрахт Франкфурт може да се стигне до квота 16. Потребно е да има четири гола и двете екипи да постигнат гол, да има најмалку четири корнери во секое полувреме и Серху Гираси и Јонатан Буркхарт да упатат најмалку по два удари во рамките на голот. Можете да одберете и од другите опции, од ...
Финалето на осмата сезона на Спортската прогноза ќе биде викендов, а на понудата има вкупно 13 меча од најсилните лиги во Европа. Возбудувањата ќе започнат в сабота од 13:30 часот, со дербито од англиската Премиер лига меѓу Ливерпул и Челзи. Дури 82 отсто чекаат Ливерпул да победи, но тоа и не е толку неверојатно ако се знае дека Челзи има шест порази по ред. Само пет отсто чекаат Челзи да победи. Еден од поинтересните дуели е тој меѓу Милан ...
Натпреварот од четвртото коло на Копа Либертадорес помеѓу Индепендиенте Меделин и Фламенго не се доигра поради дивеење на навивачите на домашниот тим. Фановите на Индепендиенте протестираа против раководството на клубот и уште пред почетокот на средбата запалија многу факли, фрлаа ракети и разни предмети на теренот. Некои од фановите дури втрчаа и на теренот, па јасно беше дека нивна цел беше средбата да не се одигра. Натпреварот беше ...
Тој е еден од најдобрите и најталентирани голмани во Првата лига, стандарден член на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година и еден од оние од кои очекуваме да бидат наследници на Столе Димитриевски во А-тимот. Љупче Џеков е столбот на одбраната на македонскиот прволигаш Силекс, голман кој плени со својата појава и му дава дополнителна сигурност на својот тренер Александар Васоски и на соиграчите. Со тимот на Силекс ...
Колумбиската ѕвезда Шакира повторно е избрана да ја изведе официјалната песна за Светското првенство 2026. Поранешната партнерка на Жарарт Пике на социјалните мрежи објави дел од песната „Dai Dai“, официјалната композиција за Мундијалот 2026, која ја изведува заедно со нигерискиот артист Бурна Бој. Премиерата е закажана за 14 мај, а спотот за песната е снимен на легендарниот стадион „Маракана“ во Бразил. Како што е познато, Шакира и во 2010 ...
Англискиот прволигаш Кристал палас ќе игра во финалето на Конференциската лига на УЕФА откако синоќа на свој терен со 2:1 го победи Шахтар Донецк. Ако на тој триумф се додаде и победата од 3:1 од првиот полуфинален дуел, Кристал палас во финалето се пласира со вкупен триумф од 5:2. Во финалето на третото по ранг натпреварување на УЕФА, Кристал палас ќе игра против Рајо Валјекано на 27 мај на стадионот во Лајпциг во Германија. Со овој пласман ...
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот на ракометари за претстојниот бараж натпревар против репрезентацијата на Словачка за пласман на Светско првенство. Освен интернационалецот Мартин Томовски кој настапува во Германија, сите други адути на Лазаров се од македонското првенство. Се чини дека има и неколку изненадувања на списокот. Собирот ќе се одржи на 10.05.2026 година со почеток во 13:30 часот во ...
1801 Борусија Дортмунд – Ајнтрахт Франкфурт (20.30 часот) Дуелите меѓу Борусија Дортмунд и Ајнтрахт Франкфурт секогаш се максимално тензични, а и исполнети со голови. Играме на карта дека ќе има најмалку три, и тоа во двете мрежи. Предлог тип: ГГ и 3+ (1.66) 1701 Ленс – Нант (20.45 часот) Ленс е фаворит на овој меч и типуваме дека ќе победи, а на мечот ќе има најмалку три погодоци. Предлог тип: 1 & 3+ (1.93) 3001 Торино – Сасуоло (20.45 ...
Екипата на Ал Наср со 4:2 победи на гостувањето кај АЛ Шабаб во меч од 32 коло на првенството во Саудиска Арабија. Со освојување на трите бода, Ал Наср се зацврсти на првото место на табелата со 82 бодови, пет повеќе од Ал Хилал кој има и меч помалку. Ал Наср атакува да ја освои првата титула со Кристијано Роналдо во составот. Португалската легенда веќе три години е дел од Ал Наср, но досега се нема израдувано на пехар. На тешкото гостување ...
Денешниот Супер тип нуди мечеви од два спорта, тенис и фудбал. Се разбира, сите 16 натпревари се со максимално зголемени квоти. Фудбалот доминира, а понудата стартува од 11 часот со четири тениски меча. Потоа следуваат фудбалските возбудувања. Зголемени се коефициентите на Хачанов, Мучова, Блокс, Фернандес, Војводина, Виборг, Купс, Валеренга, Борусија Дортмунд, Чезена, Судтирол, Ла Коруња, Ленс, Шелбурн… Денешниот Супер тип нуди мечеви од ...
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, изрази огромна гордост по победата од 4-0 над Нотингам Форест и пласманот во финалето на Лига Европа. „Ова беше посебен ден, навивачите го препознаа тоа и создадоа неверојатна атмосфера. Тие играа заедно со нас, ни ја пренесоа својата енергија и желба, а за да го освоиш овој турнир, многу е важно да покажеш дека навистина го посакуваш. Ние го правиме тоа во текот на целиот процес. Играчите фантастично ...
Денешните Квоти на денот се примамливи, а петте предлози сочинуваат топ тикет со вкупен коефициент 38,80. Виборг игра против Сондерјиске и квотата на денот е 2.15 ако има еден до два гола во првиот дел и еден до три гола во второто полувреме. Борусија Дортмунд се среќава со Ајнтрахт Франкфурт и квотата на денот е 2.10 доколку домаќинот постигне најмалку еден гол во првото полувреме, а на крајот има повеќе голови во второто полувреме. Ленс ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен се пласираа во големото финале на Лигата на шампионите и ќе имаат можност да ја одбранат европската титула. По враќањето во Париз, тренерот Луис Енрике закажал заедничка вечера за тимот, но сите зборуваат за потегот што Шпанецот го направил на крајот. Иако ПСЖ ниту оваа сезона не стартуваше најдобро, машинеријата на Енрике со текот на времето ја покажа својата сила и успеа да обезбеди место во финалето на Лигата ...
Тензиите во Реал Мадрид дополнително ескалираа, откако стана јасно дека неколку фудбалери од тимот се однесувале со потсмев кон тренерот Алваро Арбелоа, пренесува „ОК Диарио“. Според информациите, играчите на 43-годишниот шпански стратег му го дале прекарот „Конус“. Откако Арбелоа дознал за тоа, престанал да им дава минутажа на фудбалерите кои стоеле зад навредите. 🚨💣 BREAKING: Multiple Real Madrid players sitting on the bench were ...
Кошаркарите на Оклахома сити тандер и Детроит пистонс поведоа со 2-0 во полуфиналните серии од плејофот за шампионската титула во НБА лигата. Чет Холмгрен и Шеј Гилџес-Александер со по 22 поени го предводеа тимот на Оклахома до победа од 125-107 над Лос Анџелес лејкерс, додека Детроит пистонс славеа против Кливленд кавалирс со 107-97 и ја зголемија предноста во серијата. За актуелниот шампион од Оклахома, кој во плејофот сè уште не знае за ...
Скандал го тресе Реал Мадрид, откако веќе два дена се пишува за физички пресметки меѓу Орелиен Чуамени и Федерико Валверде. Првично беше дека вчера овие двајца се степале на тренинг, а „втората епизода“ продолжила денеска кога повторно имало физичка пресметка. „Орелиен Чуамени и Феде Валверде повторно се тепаа денес. Вчера имаше конфликт, но денес ситуацијата беше многу посериозна“, се наведува во релевантниот весник Марка, при што се додава ...
Астон вила немаше милост против Нотингем форест и го победи со убедливи 4:0 во реванш мечот од полуфиналето во Лига на Европа. Со овој триумф, Астон вила ја анулира негативата од 0:1 што ја имаше по првиот меч во Лондон и со вкупен резултат од 4:0 се пласираше во финалето во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Оли Воткинс со гол во 36 минута го најави убедливиот триумф на Астон вила, а шоуто на домашната екипа продолжи во второто ...
Јака Малус имаше одлична сезона во дресот на Вардар и секако е еден од најзаслужните што Црвено-црните ја освоија двојната круна во македонскиот ракомет. По денешната убедлива победа над Пелистер од 15 разлика, Малус најави дека очекува уште поголеми успеси следната сезона, а посебно ги пофали фантастичните навивачи во салата „Јане Сандански“. „Мислам дека никој не очекуваше ваква сезона на Вардар, не само на мене лично, туку цела екипа, ...
Екипата на ТФТ Скопје загуби убедливо на гостувањето во Чачак од Борац со 97:61 во првиот меч од плејофот за пласман во АБА 1 лигата. Борац и сезонава играше во елитното друштво, а на крајот заврши на претпоследното место на табелата, па мора сега да игра бараж дуели против ТФТ кој играше во финалето на АБА 2 лигата. Уште во првата четвртина Борац покажа сила и поведе со 22:12. Во втората четвртина домаќините водеа со 37:28, кога тимот од ...
Рафиња стана еден од најважните играчи на Барселона, но во јавноста отворено призна дека му пречат постојаните шпекулации за негово заминување од клубот. Бразилецот пристигна во Барселона во летото 2022 година од Лидс јунајтед за 60 милиони евра и брзо се покажа како големо засилување, станувајќи еден од клучните фудбалери на каталонскиот гигант. И покрај тоа, секој трансфер-период се појавуваат информации дека Рафиња би можел да замине, иако ...
Реал Мадрид е на пат да ја заврши сезоната без ниту еден освоен трофеј. Теоретски Кралскиот клуб уште има шанси во трката за титулата во домашното првенство, но заостанува дури 11 бода зад Барселона на четири кола до крајот. В недела се игра вечното Ел Класико на „Камп ноу“, кога Барселона доволно е да не загуби на свој терен за да се радува на шампионскиот пехар. Во пресрет на Ел Класико, главна тема кај навивачите на Реал Мадрид е онлајн ...
Иван Чупиќ во првата сезона како тренер на Вардар ги освои двата пехари на домашната сцена. По освоениот трофеј во Купот, Вардар вечерва и официјално е нов шампион во ракометното првенство на Македонија. „Секогаш може и подобро, но навистина благодарам за честитките. Во ваков амбиент, со ваков конкурент, да ја завршиме работата и да ја освоиме титулата, не можевме подобро ни да сонуваме. Ова беше вистински маратон, но на крај заслужено ја ...
Џенаро Гатузо води преговори со Торино, пренесуваат италијанските медиуми. На Гатузо му е понуден договор до 2028 година, со опција за продолжување уште на една сезона, според кој би заработувал 1,5 милиони евра годишно, плус бонуси. Гатузо наводно е голема желба на Џанлука Петраки, спортскиот директор на Торино. Стратегот во Хајдук Сплит имаше плата од околу 1,5 милиони евра годишно, додека како селектор на Италија заработувал малку повеќе ...
Вардар на најдобар можен начин повторно го врати ракометниот трофеј во домашното првенство, откако во “Јане Сандански” го победи вечниот ривал Еурофарм Пелистер и тоа убедливо со 34:19. По овој триумф Вардар сега има 56 бодови и на три кола до крајот на првенството и официјално го освои шампионскиот пехар, бидејќи второпласираниот Охрид има 48 бодови. Вардар добро го отвори мечот и поведе со 3:1, а потоа имаше и водство од 6:3 во осмата ...
Дел од најдобрите ирски фудбалери и познати личности во оваа земја ја повикаа репрезентацијата да го бојкотира натпреварот од Лигата на нациите против Израел кој треба да се игра во октомври. Во отворено писмо до Фудбалската асоцијација на Ирска (ФАИ) испратено од кампањата „Ирски спорт за Палестина“, Израел беше обвинет за „геноцид“ во војната во Газа и за кршење на статутите на УЕФА и на ФИФА. Во ноември 2025 година дури 93 проценти од ...
Два полуфинални конференциски дуели се играат ноќеска во НБА-лигата. Детроит и Оклахома веќе имаат водство од 1:0 во победи против Кливленд и Лос Анџелес лејкерс и сега повторно играаат пред своите навивачи. Оклахома го брани тронот од минатата сезона, а по досега одиграното, покажува дека повторно е главен фаворит за освојуавње на тронот. Оклахома победи на сите пет меча во плејофот досега, а ноќеска го дочекуваат Лејкерс, кој повторно ќе ...
Фудбалските навивачи кои сакаат да го гледаат Светското првенство во живо во САД, Канада и Мексико ќе мора да се потрудат многу. Со оглед на тоа што продажбата на билети за најпрестижниот фудбалски турнир е во тек, медиумите објавија за неверојатни цени за билетите за предпродажба, па дури и за билетите за групната фаза достигнуваат неверојатни цени. За финалето на Мундијалот билетите очекувано се најскапи. Финалето ќе се игра на 19 јули на ...
По тригодишна доминација на Пелистер, Вардар е подготвен да на врати домашната ракометна титула во “Јане Сандански”. Црвено-црните вечерва на свој терен доволно е да не загубат од вечниот ривал од Битола, за да може и официјално да ја прослават титулата. Навивачите на Вардар им подготвија изненадување на своите ривали од Битола кои нема да присуствуваат во салата вечерва да ги бодрат своите миленици. ”Пи*ки” е пораката која им ја оставија со ...
Ханси Флик веќе ги подготвува плановите за следната сезона, а шпанските медиуми тврдат дека на листата на желби на Барселона се нашло едно интересно име од Челзи. Станува збор за францускиот дефанзивец Весли Фофана, кој во текот на летото би можело да го напушти лондонскиот клуб. Според информациите на „Скај спорт“, Челзи веќе ја понудил можноста за трансфер на Фофана во Барселона и е подготвен да ги разгледа понудите за 25-годишниот стопер. ...