Денеска започна Европското првенство за фудбалери до 21 година, а со тоа почна и примената на новото правило на УЕФА во врска со голманите: доколку голманот ја држи топката повеќе од осум секунди, ќе се досуди корнер за противничкиот тим. Промената стапи на сила денеска на ЕП во Словачка. Новото правило го заменува претходното правило од шест секунди по кои судијата требаше да досуди индиректен слободен удар, но ретко кога се применуваше тоа. ...

Динамо Загреб денеска официјално се прости од искусниот напаѓач Бруно Петковиќ кој седум години го носеше дресот на Модрите, а во хрватските медиуми се појави информација дека сплитски Хајдук ќе се обиде да го ангажира голгетерот. Од Хајдук порачале дека ќе најдат пари од спонзори, само потребно е Бруно да каже „да“. Најлутиот ривал на Динамо би му нанел удар на загрепскиот клуб како пред 20 години кога им го зедоа Нико Крањчар што предизвика ...

Раководството на светската фудбалска федерација ФИФА размислува да одржи консултации за проширување на форматот на Светското клупско првенство на 48 екипи од 2029 година доколку првото издание на турнирот ова лето (14 јуни – 13 јули) се покаже како успешно, објави весникот „Гардијан“. Ова е диктирано од правилата, кои наведуваат дека само два клуба од една земја можат да учествуваат во натпреварувањето, со исклучок на Бразил (4 екипи) и САД (3 ...

Последното коло од квалификациите за Европското првенство во ватерполо донесе шокантен расплет, Турција ја победи Германија и се пласираше на ЕП кое ќе се игра во Белград. Ова е првпат Германија да не се пласира на завршницата. Во последните 99 години, Германија само двапати (во 1947 и 1950 година) пропуштила ЕП, и тоа од политички причини. Германија последен пат освои медал (бронза) на ЕП во 1995 година, не е во врвот во последните 30 години, ...

Претставници на Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија контактирале со агентите на селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешан, во врска со евентуалната преселба на стручњакот во нивната земја по Светското првенство во 2026 година. Дешан е селектор на Франција уште од 2012 година, освои титула во 2018 година и стигна до финалето во 2022 година. Неговиот договор со Француската фудбалска федерација е до крајот на ...

Филипо Инѕаги успеа да постигне голем успех со Пиза, го внесе клубот во Серија А каде што ќе игра првпат по 34 години, но популарниот Пипо нема да биде тренер на Пиза следната сезона, иако има важечки договор. Постариот од браќата Инѕаги утре треба да потпише тригодишен договор со Палермо, кој ќе плати обештетување од 900.000 евра и ќе го земе експертот за внесување екипи во Серија А. Пипо не беше успешен како тренер во Серија А, беше на чело и ...

Фудбалската репрезентација на Узбекистан испиша историја, првпат оваа централноазиска нација ќе учествува на Светско првенство, а претседателот Шавкат Мирзијоев лично им честиташе на играчите и објави посебни награди. На церемонија во Ташкент, секој член на тимот доби електричен автомобил BYD во вредност од околу 50.000 евра како симбол на признание за историскиот успех и промоција на земјата на светската сцена. Словенецот Среќко Катанец, кој е ...

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, повеќе од јасно стави до знаење дека веќе не смета на Џек Грилиш. Поранешниот играч на Астон Вила е изоставен од составот на Сити за Светското клупско првенство. Во составот се вклучени неодамнешните засилувања Рајан Аит-Нури, Тиџани Рајндерс, Рајан Шерки и Маркус Бетинели. Го нема Грилиш, го нема ни Кевин Де Бројне и покрај тоа што Белгиецот има договор до 30-ти јуни. Тој е блиску до потпишување ...

Третиот натпревар од големото НБА финале кој се игра вечерва од 2.30 по полноќ, може да биде клучен, затоа што тимот што ќе поведе со 2-1 ќе биде во психолошка предност во продолжение од финалето кое се игра во четири победи. Индијана направи брејк, но сега игра два меча по ред дома и ако го одбрани домашниот паркет, ќе биде блиску до титула. Инаку квотите за конечен тип велат дека гостите се фаворити за победа. Оклахома на првите два меча ...

Фудбалската репрезентација на Италија мора да игра на Светското првенство следната година, смета легендата на италијанскиот и европскиот фудбал, Кристијан Виери. Виери е убеден дека Аѕурите ќе успеат да се квалификуваат, откако не успеаја да се пласираат на претходните два Мундијали во 2022 и 2018 година, што е катастрофа за земја која четири пати била светски првак. „Не знам што се случи. Јас кога бев во репрезентацијата, тука беа Инѕаги, Дел ...

Френки де Јонг е близу до обновување на договорот со Барселона под услови кои одговараат на тековната финансиска состојба на клубот. Ова го објави шпанското издание на „Спорт“. По месеци шпекулации околу неговата иднина, играчот од средниот ред неодамна потврди дека преговорите напредуваат добро и се надева дека наскоро ќе се постигне договор. Де Јонг ја заврши сезоната 2024/25 во многу добра форма. Под водство на Ханси Флик доби доверба во ...

Репрезентацијата на Узбекистан ќе дебитира на Светските првенства откако завршија како втори во групата од азиските квалификации. Претседателот на земјата по мечот против ОАЕ (0-0) им вети автомобили на сите репрезентативци и на членовите на стручниот штаб, а тоа го исполни по мечот против Катар (3-0), кога на тревникот беа изведени 40 електрични автомобили, а клучевите од нив им беа поделени на сите поединечно. УЗБЕКИСТАНЫ ЕРӨНХИЙЛӨГЧ ...

Ѕвездата на Барселона, Роберт Левандовски, имаше неколку тешки денови. По скандалот со селекторот на полската репрезентација, Михајл Пробијеж, и одземањето на капитенската лента, 36-годишниот фудбалер се врати во татковината за да се појави на суд. Тој мора да присуствува на судење во Варшава. Спорот се однесува на односите со неговиот поранешен бизнис-партнер и агент Чезаре Кухарски и продажбата на акциите од компанијата „РЛ менаџмент“. ...

Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс е приоритет во летниот преоден-рок за Баерн Минхен. Баварците сакаат да донесат ново крило, а како главна опција го гледаат фудбалерот на Атлетик Билбао. Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, веќе одржал средба со агентите на Вилијамс за потенцијален трансфер, пишува „Билд“. Дваесет и двегодишниот фудбалер има откупна клаузула во висина од 58 милиони евра. Шпанецот е силно посакуван од раководството на ...

Раководствата на Наполи и Милан се блиску до договор за трансферот на фудбалерот од средниот ред, Јунус Муса, од Милано во Неапол. Шампионот на Италија се очекува да плати околу 25 милиони евра за ангажманот на репрезентативецот на САД, а Антонио Конте инсистира трансферот да биде реализиран што е можно побрзо. Муса пристигна во Милан пред две години од Валенсија за сума од 21,2 милиони евра, а претходно беше дел од академијата на Арсенал, од ...

Карло Анчелоти има ефект од една победа и едно реми на првите два меча на клупата на Бразил. Тоа беше доволно да се потврди пласманот на Светското првенство 2026, а Италијанецот го анализираше постигнатото. „Во фудбалот е многу тешко се да биде во ред, но овие две седмици се ни одеше добро. Во модерниот фудбал се се врти околу интензитетот, како со топка, така и без неа. Пресингот е многу важен, бидејќи така не му дозволувате на противникот да ...

Министерството за спорт и Владата на Република Македонија одржаа свечена церемонија на која им беа доделени Национални признанија на истакнати македонски спортисти кои оставиле длабока трага во спортската историја на нашата земја. На церемонијата, министерот за спорт, Борко Ристовски, и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, им ги врачија признанијата на бројни спортски легенди од различни колективни спортови – фудбал, кошарка и ракомет. ...

Матеус Куња летово потпиша за Манчестер јунајтед во трансфер вреден 74,2 милиони евра. Бразилецот се истакна со своите игри во Вулверхемптон, но затоа се посрамоти со неверојатно промашување во дресот на „кариоките“. Се играше 34-тата минута кога Куња се најде осамен на втората статива и пред празна мрежа, но неговиот удар со глава не беше ни блиску до голот на Парагвај. Every Brazilian was praising Martinelli the whole game last night. Go ...

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид ја критикуваше тинејџерската ѕвезда во шпанската репрезентација, Ламин Јамал. Критиките на Гути не се насочени на фудбалски план, туку на тоа што Јамал го прави надвор од теренот. Според Гути, Јамал бил непристојно облечен кога се појавил на прес-конференцијата за време на Лигата на нации и тоа го смета како непочитување на репрезентацијата. Јамал имаше капче на глава, и тоа свртено наопаку. „Не можеш да се ...

Владата на Република Македонија и официјално ги додели Националните спортски признанија на 22-цата заслужни спортисти кои ги исполнија законските услови, односно оние кои имаат освоено европска или светска титула. Добитници на признанијата се од три спорта: фудбал, кошарка и ракомет, а токму ракометар(к)ите се и најбројни. – Фудбал: Горан Пандев, Дарко Панчев и Илија Најдоски, – Кошарка: Петар Наумоски и Перо Антиќ, и – Ракомет: Кирил Лазаров, ...

Четири меча од квалификациите за СП 2026 се играа утрово во Јужна Америка. Бразил и Еквадор се радуваа на место на завршницата на Мундијалот, но една селекција, која до неодамна беше и доминантна во Јужна Америка, остана со „кратки ракави“. Репрезентацијата на Чиле трето Светско првенство по ред не успева да обезбеди место на завршницата. Чиле загуби со 2:0 од Боливија и остана на последното место на табелата само со 10 бода. На две кола до ...

Македонската фудбалска репрезентација како лидер на табелата во квалификациите за Светско првенство го чека летото. По четири одиграни меча, Македонија освои осум бодови, пред Велс кој има седум бодови од четири меча, додека Белгија е трета со четири бодови, но од само два одиграни дуели. Казахстан и Лихтенштајн се без шанси за пласман на СП. Според досега одиграните дуели, направени се калкулации како би изгледале бараж групите. Македонија би ...

Фудбалската репрезентација на Палестина ремизира 1:1 против Оман во последното коло од третиот круг од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година. Ова беше директен дуел на екипи кои се борат за четвртото место во групата, кое носи во баражот. На Палестина ѝ беше потребна победа за да направи историски чекор и да се избори за место во баражот. Палестина поведе со 1:0 благодарение на голот на почетокот од второто полувреме. Во ...

1311 Овиедо – Алмерија (21 ч.) Две екипи кои се борат за влез во Примера дивисион. Овиедо победи на првиот меч на гости со 2:1 и сега има голема предност, посебно тоа што игра на домашен терен во реваншот. Овиедо е во одлична форма и нема пораз на последните 11 средби (осум победи и три нерешени). И во четирите меѓусебни дуели со Алмерија, Овиедо има три победи и едно реми. Предлог тип: 1Х&2-4 (2.17) 6202 Словачка У21 – Шпанија У21 (18 ч.) ...

Германскиот репрезентативц Лерој Сане го напушта Баерн Минхен, објави Флоријан Плетенберг. Искусниот 29-годишен играч реши да не го продолжи договорот со германскиот првак и на крајот од овој месец ќе биде слободен играч. Најавено е дека Сане може воопшто да не патува во САД, каде што Баерн Минхен за неколку дена го започнува настапот на Светското клупско првенство. Сане сега е фокусиран да најде нов клуб, а веќе е во напредни преговори со ...

Дури 10 тениски мечеви се дел од денешната понуда во Супер типот на Sport Life. Најчесто тенисите се сметаат на најголеми сигурици, па овојпат зголемените квоти за победа на фаворитите се движат од 1.39 до 1.75. Фаворитската улога ја имаат докажаните Чилиќ, Надри, Фриц, Хуркач… Од фудбалската понуда најатрактивни се мечевите од Европското првенство за играчи до 21 година. Шпанија е фаворит против домаќинот Словачка, а Италија не би требало да ...

Германскиот стратег Томас Тухел се соочува со голем притисок од англиската фудбалска јавност. Тухел прифати да биде селектор на Гордиот Албион, но сега, по само четири меча како предводник од клупата, испиша негативен рекорд. Тухел стана првиот англиски селектор кој загубил од репрезентација од Африка. Англија на свој терен во Нотингем со 1:3 загуби од Сенегал во пријателски меч. Срамот да биде поголем, фаворитот поведе со голот на Хари Кејн, но ...

Белгискиот репрезентативец Кевин де Бројне, одлучи. Во следните две сезони ќе го носи дресот на Наполи, со опција соработката да биде продолжена за уште една сезона. Еден од најдобрите играчи за врска во последните десетина години, конечно реши да дојде во Серија А и тоа во тимот кој е актуелен шампион. Де Бројне во Наполи доаѓа како слободен играч откако летово му заврши договорот со Манчестер сити каде што помина точно 10 сезони и одигра ...

Пет интересни дуели кои се играат денеска се дел од понудата во Квоти на ден, а ако сите пет комбинации се одиграат заедно, ќе се добие вкупен коефициент од 49.95. Во квалификациите за СП во Африка, Боцвана е домаќин на Замбија и на овој меч треба да има од еден до три голови во двете полувремиња за да биде добитна квотата од точно два. Есватини ја пречекува Танзанија и тука гостите да не загубат во меч на кој ќе има од два до четири погодоци е ...

Бразил и Еквадор се новите две земји кои се радуваат на пласман на завршница на Светското првенство 2026 година. Овие две јужноамерикански селекции се приклучија на Аргентина која од претходно имаше виза за Мундијалот. Вкупно 13 репрезентации имаат обезбедено место на завршницата на историскиот планетарен собир каде за прв пат ќе учествуваат рекордни 48 национални селекции. Освен трите јужноамерикански земји, местото на завршницата автоматски го ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
37%
1010
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
33%
1005
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
73%
1006
weather icon

Софија

29ᴼ / 28ᴼ
1.54
39%
1013
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
2.65
26%
1009
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
2.06
86%
1005
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
4.12
47%
1012
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
5.14
18%
1011
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
30%
1010
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
2.68
31%
1010
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
4.12
70%
1007
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
50%
1013
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641