Пет возбудливи дуели се дел од денешните Квоти на ден, а ако сите пет понудени комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкупниот коефицинет кој ќе го добиете е 46.60. Бромапојкарна на свој терен игра против ГАИС, а тука опцијата е гостинскиот тим да постигне погодок во првото полувреме што се вреднува со точно два квота. Победник треба да има на дуелот меѓу Хакен и Дјургарден и да нема повеќе од три погодоци за да биде добитна ...

Бразил не успеа да го повтори успехот од претходното Светско првенство кое се играше во САД, кога стигна до трофејот во 1994 година. Овојпат, Кариоките многу порано си заминуваат дома, по осминафиналната пресметка против Норвешка. Иако делуваа како фаворити, Бразилците на крајот загубија со 1:2 и сега повеќе од две и пол децении остануваат да сонуваат за нова светска радост. Последен пат на планетарниот трон беа во 2002 година на турнирот кој ...

Бразил го заврши настапот на СП 2026, откако со 2:1 загуби од Норвешка во осминафиналето. Единствениот гол за Бразил го постигна Нејмар и тоа од пенал во 90+10 минута кога намали на 1:2 и немаше време Кариоките да се спасат од пораз. За Нејмар ова беше деветти погодок во историјата на Светските првеснтва. Тој погодуваше Мундијалите во 2014, 2018, 2022 и сега во 2026 година и има вкупно девет погодоци. Нејмар вкупно има 80 погодоци во дресот ...

Англија речиси цело второ полувреме играше со фудбалер помалку, но и покрај тоа успеа да го издржи притисокот и да го елиминира домаќинот Мексико и тоа на легендариот стадион „Астека“. Водеа Англичаните со 2:0, а Мексико намали на 1:2 пред крајот на првото полувреме. Во вториот дел Англија остана со играч помалку, но пак прва даде гол и тоа од пенал за 1:3. Потоа следуваше пенал и за Мексико по кој се намали резултатот на 2:3, па домашниот ...

Бразилците имаа големи очекувања од ова Светско првенство, но на крајот доживеаа ново разочарување и уште во осминафиналето се елиминирани, откако со 2:1 загубија од Норвешка. Селекторот Карло Анчелоти кој неодамна доби продолжување на договорот до 2030 година, вели дека по овој пораз ќе започне еден нов циклус за бразилската репреентација. Италијанскиот стратег кој имаше задача да се обиде да ја донесе шестата светска титула на Кариоките, ...

Репрезентацијата на Англија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако во неверојатно интересен и неизвесен дуел со 3:2 го победија домаќинот Мексико на легендарниот стадион „Астека“. Иако Мексико имаше поддршка од речиси 80.000 домашни навивачи, Англија покажа дека има квалитет да го издржи притисокот и останува во трка за трофејот. Светските ѕвезди Џуд Белингам и Хари Кејн беа хероите на Гордиот Албион и покажаа дека кога ...

Кога еден ладен Скандинавец ќе заплаче или ќе биде на работ на солзи после добро одигран натпревар и успех, тоа е доказ дека направил нешто големо. За голгетерот Ерлинг Халанд, пласманот во четвртфиналето на Светско првенство со Норвешка елиминирајќи го петкратниот првак Бразил во осминафинале, е врв на кариерата. Кога ќе го видите Халанд како е на работ на солзи, сфаќате дека Мундијалот е посебна магија. Тој со два гола ја однесе Норвешка во ...

Ерлинг Халанд беше речиси незабележителен 80-тина минути, а потоа со два гола го испрати Бразил дома, тој е човекот на одлука во победата на Норвешка од 2-1 во осминафиналето на СП 2026. Бразилците утнаа пенал во првото полувреме, Ендрик имаше супер шанса при 0-0 и кога не го искористија тоа, казната дојде. На крајот Нејмар погоди од пенал, но беше предоцна. Петкратниот светски првак и по 24 години никако повторно да стане шампион, а во овие ...

Белгиската фудбалска асоцијација објави соопштение во кои изрази зачуденост и шок од одлуката на ФИФА да ја укине суспензијата на напаѓачот САД, Фоларин Балогун, и тој да има право да игра на натпреварот САД – Белгија утревечер, иако доби црвен картон на претходниот меч што повлекува автоматска суспензија. ФИФА ја базира својата одлука врз член од Дисциплинскиот законик во кој Дисциплинскиот комитет на ФИФА може да одлучи да го суспендира ...

Пресметката на фудбалските селекции на Мексико и Англија која почнува во 2 часот по полноќ, ќе донесе и дуел на двајца добри познаници, напаѓачот Раул Хименес и голманот Џордан Пикфорд. Пикфорд е голманот против кој Хименес има постигнато најмногу голови во својата кариера, дури шест пати го совладувал и тоа на шест меѓусебни дуели, секогаш му дава по еден гол. Пет гола на Раул против Пикфорд се како играч на Вулверхемптон, а еден во дресот ...

Нема голови по првото полувреме на осминафиналниот дуел Бразил – Норвешка, иако двата тима се израдуваа во одредени моменти од средбата. Најпрвин Викинзите рано постигнаа гол кој беше поништен поради офсајд, а потоа за Бразил по прегледување на снимка беше досуден пенал кој лошо го изведе Бруно Гимараеш и беше лесен плен за голманот Ниланд. Ова е прв утнат пенал на Кариоките на СП (не се сметаат пенал серии) по пауза од 40 години. Тогаш ...

Француската фудбалска федерација сака да го оспори жолтиот картон на напаѓачот Мајкл Олисе добиен во победата од 1-0 над Парагвај во осминафиналето на Светското првенство, најавува „Л’Екип“. Крилниот напаѓач доби казна поради судир со Матијас Галарза, а снимките покажаа дека тој не оствари никаков контакт со противникот. Француската репрезентација е загрижена дека доколку Олисе добие уште еден жолт картон во следниот натпревар, ќе го ...

Легендата на холандскиот фудбал Роналд Де Бур, смета дека Хосеп Гвардиола е идеален наследник на Роналд Куман како селектор на Лалињата. „Ќе биде одлично за Холандија бидејќи Пеп е совршен. Остави одличен впечаток во сите тимови што ги водеше. Секогаш игра офанзивен и доминантен фудбал, а неговиот тим не му ја дава топката на противникот“, рече Де Бур во интервју за холандски „Телеграф“. „Пеп е следбеник на Кројф. Тој е таков каков што е ...

Португалската мега ѕвезда Кристијано Роналдо кој има 41 година, потврди дека ова му е последно Светско првенство, но рече и дека уште не е подготвен да се пензионира. Следниот Мундијал ќе се игра во 2030, една од земјите домачини ќе биде Португалија, но Роналдо ќе има 45 години и нема да биде дел од тој настан. „Ќе завршам кога јас сакам, а не кога вие сакате. Мислам дека е губење време секогаш да го поставувате истото прашање: „Дали ова е ...

Наоми Осака првпат во кариерата ќе игра четвртфинале на Вимблдон, откако вечерва во осминафиналето ја совлада првата носителка Арина Сабаленка. Јапонката беше подобра со 6-2, 7-6, потврдувајќи дека годинава гренслемите се ноќна мора за најдобрата тенисерка на светот. Белорусинката имаше серија од 122 мечеви по ред на кои немаше пораз од 0-2 во сетови, а во осминафинале на гренслем немаше испаднато уште од „Ролан Гарос“ во 2022. Со овој пораз, ...

Најдобриот стрелец на САД на Светското првенство 2026, Фоларин Балогун, сепа ќе има право да игра во осминафиналниот натпревар против Белгија, иако 25-годишниот напаѓач доби директен црвен картон во натпреварот од 16-финалето против Босна и Херцеговина за прекршок врз Тарик Мухаремовиќ. Според прописите на ФИФА, таков црвен картон автоматски резултира со суспензија од еден натпревар. Но, ФИФА има право да ја суспендира санкцијата, целосно или ...

Мексико и Англија доцна вечерва во 2 часот по полноќ ќе се соочат во осминафиналето на Светското првенство, а дуелот ќе се игра на култниот стадион „Ацтека“ во Мексико сити на надморска височина од 2.200 километри метри. Трибините ќе бидат преполни, Англија ја чека пекол, а Мексико се стреми да го продолжи својот успешен настап на СП 2026 на кое уште не примил гол. Домаќините ги добија сите три натпревари на „Ацтека“ на овој турнир – против ...

Осминафиналето помеѓу Бразил и Норвешка носи загрижувачка статистика за Бразилците. Петкратните светски шампиони ги загубија сите шест натпревари од плејофот на Мундијалите против европски тимови откако ја победија Германија со 2-0 во финалето на Светското првенство во 2002 година. Тие порази вклучуваат порази од Франција (2006), Холандија (двапати, во 2010 и 2014 година), Германија (2014), Белгија (2018) и Хрватска (2022). Од друга страна, ...

Фудбалската селекција на Зеленортски острови со игрите на Мундијалот 2026 ги освои срцата на милиони луѓе низ светот, нема кој не знае сега за феноменалниот 40-годишен голман Возиња, а денеска беше пречекани дома како национални херои по нивниот неверојатен настап на Светското првенство. Дури и персоналот на аеродромот беше виден како клечи и им се поклонува додека се симнуваа од авионот. Прекрасно беше да се види како илјадници фанови на ...

Новак Ѓоковиќ со 3-1 во сетови го совлада Роман Сафиулин и се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон каде ќе игра со Феликс Оже-Алијасим или Алехандро Давидович-Фокина. Ѓоковиќ ја забележа својата 106-та победа на Вимблдон, со што е сам на врвот на вечната листа по број на победи во машка сингл конкуренција и го остави зад себе Роџер Федерер (105). Србинот кој има седум титули на лондонскиот гренслем (последен пат триумфираше во 2022), ...

Македонската машка кошаркарска сениорска репрезентација ја заврши првата фаза од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 со максимален учинок, потврдивме дека според квалитетот сме далеку над ова ниво. Црвено-жолтите без пораз го заверија пласманот во втората рунда од претквалификациите, која започнува на 27-ми август. Откако ќе завршат првата фаза претквалификации за ЕП 2029 и првата рунда европски квалификации за Светското ...

Македонската кошаркарска репрезентација со максимален ефект од шест победи од шест натпревари ја заврши првата фаза од претквалификациите за Европското првенство 2029, откако на гостински терен го совлада Луксембург со 66-80. Иако пласманот во следната рунда беше веќе обезбеден пред овој дуел, селекторот Жозеп Марија Берокал одлучи да настапи со комбиниран состав. Во тимот не беа Андреј Јакимовски, кој не допатува, како и Војдан Стојановски, ...

Фудбалската асоцијација на Англија донесе конечна одлука за иднината на селекторот Томас Тухел, при што се очекува тој да ја задржи својата функција без разлика на исходот од претстојниот осминафинален натпревар на Светското првенство против Мексико. Оваа позиција означува промена во ставот на федерацијата, особено по тесната победа на над ДР Конго во претходната рунда. Англија се соочува со сериозен предизвик во Мексико сити, каде што ќе ...

Јувентус испратил понуда вредна повеќе од 30 милиони евра за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани. Сепак, договор меѓу двата клуба засега нема, бидејќи францускиот шампион бара повисока отштета за францускиот репрезентативец. Коло Муани веќе ги договорил личните услови со Старата дама и има желба повторно да го облече дресот на Јувентус, каде што настапуваше како позајмен фудбалер во првата половина на 2025 година. Минатата сезона ...

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, ќе остане на „Енфилд“ и во наредната сезона. Информациите дека англискиот клуб е подготвен да ги разгледа понудите за 34-годишниот стопер не се точни. Холандскиот дефанзивец во моментов е на одмор, по што ќе му се приклучи на тимот за почетокот на подготовките за новата сезона. Тој добива продолжен одмор поради настапот на Светското првенство со својот национален тим. Новиот менаџер на Ливерпул, Андони ...

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум комплетираше уште едно засилување во пресрет на новата сезона, откако денеска го промовираше Хамонд Агамах како нов член на клубот. Дваесет и деветгодишниот напаѓач, кој поседува француско и ганско државјанство, во текот на својата кариера настапувал исклучиво во Франција, каде што играл за неколку клубови од пониските натпреварувачки рангови. Со ангажманот на Агамах, стружани продолжуваат со ...

Мексико ќе ја има поддршката од своите фанови на легендарната „Ацтека“, а Англија ќе се соочи и со настап на голема надморска височина, па тоа дополнително ќе им ја отежни задачата на Хари Кејн и неговото друштво. Дефинитивно ќе биде ова жестока пресметка, а возбудата е уште поголема ако одберете и некоја од многуте игри од Специјалниот сингл. Велат, „зицер“ е Хари Кејн да даде гол во текот на натпреварот, но можете и да се одлучите за игри ...

Реал Мадрид официјално го претстави своето ново засилување за следната сезона. Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис потпиша договор со Kралскиот клуб до летото 2030 година. Мадридскиот гигант ја активираше откупната клаузула во неговиот договор и за трансферот издвои 25 милиони евра, како што беше најавено и претходно. Дамфрис е четвртото летно засилување за тимот на Жозе Мурињо, по пристигнувањето на Ибрахима Конате, Марк Кукуреља и ...

Два многу интересни осминафинални дуели носи денешниот ден на Светското првенство. Се разбира, тоа значи и одлична Бет билдер понуда во Sport Life. Со еден од предлозите од дневниот микс, во кои се опфатени двата меча, Бразил – Норвешка и Мексико – Англија, можете до квота 35. Потребно е да има најмалку по еден гол во првото полувреме на двата дуели, секој од двата тима да добие жолт картон на двата меча, да има девет удари во рамки на гол на ...

Бразил е секогаш еден од фаворитите кога е Светско првенство во фудбал во прашање, а и селекцијата на Норвешка се смета за фаворит од сенка. Сепак, само за еден тим ќе има место во четвртфиналето на Мундијалот. Оваа пресметка е многу повеќе од дуел на голгетерите, но во фокусот секако се Винисиус јуниор и Ерлинг Халанд. Можете да одберете кој од нив ќе биде стрелец во тек на натпревар, или пак да се фокусирате на нешто сосема друго, можеби ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35