Македонската младинска машка ракометна репрезентација денеска го стартува настапот на Европското првенство во Романија. Првиот натпревар „црвено-жолтите“ ќе го одиграат против Норвешка, со почеток во 13:30 часот. Македонските ракометни надежи ќе се обидат со максимално залагање и добри настапи да го отворат Европското првенство на најдобар можен начин и да обезбедат пласман во следната фаза од натпреварувањето. Освен Норвешка, во групата на ...

Алваро Арбелоа е именуван за нов менаџер на Фулам, со кого потпиша тригодишен договор. Поранешниот шпански репрезентативец ќе го наследи Марко Силва на клупата на лондонскиот клуб. За Арбелоа ова ќе биде прво тренерско искуство во Премиер лигата. Шпанецот неодамна кратко го предводеше Реал Мадрид, каде што го замени својот поранешен соиграч од Ливерпул, Чаби Алонсо. Сепак, на крајот од сезоната си замина од клубот, а неговото место го презеде ...

6880 Каират – Сутјеска (17 часот) Каират е голем фаворит на овој дуел и наш предлог е дека ќе стигне до триумф со најмалку три гола во противничката мрежа. Предлог тип: 1 & T1 3+ (1.89) 6865 Шпанија (У19) – Хрватска (У19) (17.30 часот) Младата селекција на Шпанија ја има фаворитската улога и типуваме дека ќе слави, а на мечот ќе има три до пет гола. Предлог тип: 1 & 3-5 (1.89) 6894 Флора Талин – Ибериа 1999 (18 часот) Играме на ...

Новак Ѓоковиќ и Феликс Оже-Алијасим испишаа нова страница во историјата на Вимблдон одигрувајќи го најдолгото четвртфинале досега на најпрестижниот тениски турнир во светот. Нивната епска пресметка траеше неверојатни пет часа и 14 минути, со што беше соборен рекорд стар речиси две децении. По вистинска тениска драма во пет сета, Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето. Досегашниот рекорд го држеа Рајнер Шитлер и Арно Клемон, чие ...

Тенисот има водечки збор, а и фудбалот е присутен во денешниот Супер тип на Sport Life. Се разбира, со максимално зголемени квоти. Понудата стартува од 11 часот со тенискиот дуел Коп – Дамне, а фудбалот се приклучува во попладневните часови. Зголемени се коефициентите на Коп, Ѓере, Носкова, Блинкова, Костјук, Нојмајер, Италија У19, Фриц, Коболи, Чоински, Пирос, Алмеида, Каират, Зира, Универзитатеа Крајова, Германија У19. Тенисот има ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар неуспешно стартуваше на меѓународна сцена. Црвено-црните синоќа на свој терен во Скопје загубија со 0:2 од КуПС, во првиот меч од воведното коло во квалификациите за Лига на шампиони. Во финишот од првото полувреме гостите од Финска поведоа со 1:0, а потоа на стартот од вториот дел постигнаа уште еден погодок за удвојување на предноста. До крајот на средбата, првакот на Финска рутински ја задржа предноста и ...

Светското првенство во фудбал денеска има ден одмор, откако се одиграа сите осминафинални натпревари. Следната фаза продолжува во четврток, но тоа не значи дека денешните Квоти на денот не се привлечни. Напротив. Вкупниот коефициент на петте предлози изнесува 39,70. Каират се среќава со Сутјеска, а квотата на денот е 2.15 доколку домаќинот постигне еден до три гола во двете полувремиња. На ЕП до 19 години, Шпанија е фаворит против Хрватска, а ...

Елиминацијата на Египет од Светското првенство по поразот од Аргентина уште предизвикува бројни реакции, а со свое мислење по средбата се огласи и Мохамед Салах. Капитенот на Египет и прва ѕвезда во тимот, беше резервиран во реакцијата, посебно за одлуките на судиите. „Не сакам да зборувам за судењето затоа што ако го направам тоа, ќе влезам во проблеми. Тажно и фрустрирачки беше да се гледа како сите одлуки во текот на мечот одат против нас, ...

Инфлуенсерката Ема Кејт Вилман стана вистински хит на социјалните мрежи, откако многумина забележаа неверојатна сличност меѓу неа и норвешката фудбалска ѕвезда Ерлинг Халанд. Приказната стана уште поинтересна кога во коментарите се огласи и самиот напаѓач. Таа претходно овој месец на Инстаграм објави видео-упатство за тоа како се прави француска плетенка, но наместо фризурата, најголемо внимание привлече нејзиниот изглед. Видеото досега собра ...

Лионел Меси ги сподели своите впечатоци по драматичната победа на Аргентина од 3-2 против Египет во осминафиналето на Светското првенство 2026. Капитенот на Гаучосите не го криеше задоволството по големиот пресврт, откако Аргентина успеа да се врати од негатива од два гола. „Искрено, среќен сум што се пласиравме понатаму, особено ако се земе предвид начинот на кој го направивме тоа. При 0-2 беше навистина многу тешко. Одлично е чувството кога ...

На историското прво Светско првенство со 48 репрезентации, во трка за трофејот останаа само уште осум. Вкупно 40 селекции се елиминирани, а најдобрите го продолжуваат сонот да стигнат до највредниот трофеј во фудбалот. Откако започна Мундијалот, денеска е првиот ден за одмор. Нема натпревари. Но така ќе биде само денеска, затоа што од утре продолжуваат возбудувањата и тоа со четвртфиналните дуели. првата четвртфинална пресметка ќе биде ...

Швајцарија ќе биде противникот на Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал. Тие беа подобри одКолумијаво пенал серијата со 4-3, откако по 120 минути игра немаше голови и средбата заврши 0-0. Ова е првпат тие да добијат две нокаут средби по ред на СП, па сонародниците на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, си испишаа историја. Од 1954 ннаваму Швајцарија немаа четвртфинале на СП. Швајцарија е шестата европска земја во ...

Низ историјата на фудбалот имало многу неправди, а играњето на Фоларин Балагун, напаѓачот на САД, на натпреварот против Белгија, после добиен црвен картон на претходиот меч, што беше овозможено по барање на американскиот претседател Доналд Трамп, налути многу луѓе кои веруваат дека светоста на Светското првенство е осквернавена. Така мисли и легендариот германски голман Оливер Кан кој се потсети на 2002 година и загубеното финале на Светското ...

Колумбија – Швајцарија е првиот и единствен осминафинален меч на Светското првенство 2026 кој не беше одлучен во 90 минути игра, туку отиде во продолженија, па неутралните кои не навиваат за никого ќе се мачат уште половина час. Ни едните ни другите не преземаат голем ризик, како да им е најважно да не примат гол, и потоа со еден постигнат гол или преку пенали да се најдат во четвртфиналето против Аргентина. Во 16-финалето имаше дури пет ...

Новак Ѓоковиќ после маратонски меч и драма го победи Феликс Оже-Алијасим, со што се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, каде ќе има дуел со Јаник Синер. Ова беше најдолгото четвртфинале во историјата на Вимблдон, Новак и Феликс играа 5 часа и 15 минути. Иако има 39 години, најдобриот во историјата не потклекна физички, а го искористи и своето искуство за да го победи Канаѓанецот. Ѓоковиќ постави и рекорд за најмногу натпревари од пет сета ...

Шпанија и Мароко се пласираа меѓу осумте најдобри репрезентации во светот, а ако Шпанија ја совлада Белгија и Мароко ја победи Франција, овие двааа тима ќе се сретнат во полуфиналето. Во таков случај, во центарот на вниманието ќе биде Ламин Јамал, а првиот удар веќе го зададе претседателот на Мароканската фудбалска федерација, Фузи Лекџа. На младиот Јамал не можат да му простат што избрал да ја претставува Шпанија, а не Мароко. Во интервју за ...

Аргентинските фудбалери знаат како да ги прослават победите. Иако триумфот над Египет во осминафиналето на СП беше очекуван, начинот на кој дојдоа до него предизвика многу емоции и огромна радост кај актуелните светски шампиони. Лео Меси плачеше од среќа што се пласираа во четвртфиналето, а атмосферата во соблекувалната беше како на трибините каде што беа нивните навивачи. Погледнете кко славеа: THIS TEAM 🇦🇷 pic.twitter.com/kgM6NWdKbm — ...

Последното осминафинале помеѓу Колумбија и Швајцарија кое е во тек, ќе биде последниот меч на СП 2026 кој ќе се одигра во Канада. Средбата се игра во Ванкувер, град во кој се одиграа седум мечеви на овој Мундијал. Од тие седум дуели, на три играше Швајцарија. Швајцарците победија на првите два, ќе видиме како ќе поминаат вечерва. Веќе нема мечеви ни во Мексико. Од четвртфиналето до крај, сите дуели на СП ќе се одиграат во САД. Последното ...

Напаѓачот на египетската репрезентација, Мостафа Зико, го критикуваше судијата на осминафиналниот натпревар од Светското првенство против Аргентина (2-3). Зико постигна гол во 58-ма минута, но судијата Франсоа Летексие го поништи откако прегледа снимка преку ВАР системот, кој откри дека Египќанецот Марван Атија претходно стапнал на ногата на Аргентинецот Лисандро Мартинез. „Судијата постапи неправедно. Тој влезе на теренот од првата минута со ...

Новиот тренер на ФК Вардар, Кристијан Фабијани после поразот дома од фински КуПС во квалификациите од Лигата на шампионите, рече дека неговиот тим играл добро додека не примил гол за 0-1. „До тој прв гол игравме добар фудбал. После се случи тоа што се случи. Подготовките поминаа добро, беа успешни затоа што беа базирани на физичка подготовка. Пред нас е многу работа. Не би менувал нешто драстично… еден месец не е доволно за да се постигне ...

ФИФА делегираше судии за четвртфиналето Франција – Мароко и довербата да судат им ја даде на арбитри од Аргентина. Ова предизвика негодување кај Французите кои и онака мислат дека Меси и Аргентина се миленици на ФИФА и претседателот Џани Инфантино. Не само тоа, туку првпат на СП 2026 на еден меч сите судии ќе бидат од иста држава и тоа држава која е директен ривал на Франција за титулата на Мундијалот. Изборот на Факундо Тељо предизвика ...

Фински КуПС се покажа како поискусен и подобар од Вардар, победи во Скопје со 2-0 во првиот дуел од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. КуПС головите ги даде во 45-та и 49-та минута, Босанчиќ доби црвен картон, Николов утна 100 процентна шанса, и во такви услови, невозможно беше да се извади подобар резултат. Неславен почеток на Кристијан Фабијани на клупата на Вардар, а публиката со свирежи ги поздрави своите миленици. ...

Триумфот на Аргентина над Египет од 3-2 во меч на кој Фараоните водеа 2-0 до 78-ма минута, покажа дека на вакви нокаут дуели психологијата игра клучна улога. Аргентина е поквалитетен тим од Египет, но африканскиот тим ја оствари целта кога поведе со 1-0 и почна да се брани. Кога дадоа и втор гол, почнаа да мислат дека се блиску до победата, вистина е дека беа, но токму тоа е причината што потклекнаа во финишот. Очајно се обидуваа да се ...

Аргентина останува на патот на одбрана на светската титула, откако со голем превсрт од 0-2 до 3-2 го победи Египет во осминафиналето. Гаучосите првпат добија меч на СП на кој губеле со 0-2, а тој резултат беше до 79-та минута. Тогаш за само пет минути, Лионел Меси со асистенција и гол донесе 2-2 и Фараоните психички паднаа, нивната одбрана се распадна. Снемаа сила што се виде и во 90-та минута кога Енцо Фернандес го постигна победничкиот гол. ...

Египет постигна и втор гол, па на 20 минути до крајот има шокантни 2-0 против актуелниот светски првак Аргентина во осминафиналето на СП. Победникот од овој дуел во четвртфиналето би играл со Колумбија или Швајцарија. Гаучосите имаат повеќе шанси и шутеви, но Фараоните трипати шутнаа и дадоа три гола. Едниот гол беше поништен по интервенција од ВАР собата, но потоа сепак африканскиот тим даде и чист гол од уште една контра. Египет постигна ...

И најдобрите имаат свои слаби точки, а кај Лионел Меси пеналите се негова слаба страна на Светските првенства, што се потврди и денеска против Египет. Меси стана рекордер по број на изведени пенали на Мундијалите. Од осумте (не се сметаат оние во пенал серии), Лео утна дури четири. Освен Меси, повеќе од еден пенал на СП промашил само уште Асамоа Гјан со два. Во споредба со него, Хари Кејн има 6 гола и една утка, Кристијано Роналдо 4-1, ...

Египет има шокантно водство од 1-0 против Аргентина по првото полувреме на осминафиналето на Светското фудбалско првенство, благодарение на голот на Јасер Ибрахим и одбраните на Мостафа Шобеир кој блеска. Гаучосите имаа супер прилика да израмнат само шест минути по примениот гол, но Лионел Меси утна пенал, негов втор нереализиран на ова СП, и стана единствен играч кој утнал да пенали на исто првенство (без да се сметаат шутеви од 11 метри во ...

Бешикташ продолжува со амбициозната реконструкција на тимот во пресрет на новата сезона. Турскиот гигант веќе постигна договори со Баерн Минхен за ангажман на голманот Александер Нубел и со Арсенал за трансферот на Леандро Тросар. Следната голема желба на Црните орли е Душан Влаховиќ. Српскиот репрезентативец е слободен агент откако му истече договорот со Јувентус, а според информациите, Бешикташ веќе му испратил официјална понуда. Новиот ...

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ќе учествува во групната фаза во ФИБА Европа купот. „Време е за нови предизвици, нови возбудувања и ново поглавје за нашиот клуб! Пред нас е сезона во која, покрај настапите во АБА2 и домашното првенство, повторно ќе бидеме дел и од европската кошаркарска сцена. Со особено задоволство официјално потврдуваме дека МЗТ Скопје во сезоната 2026/27 ќе настапува и во ФИБА Еврокупот, што значи ...

Јаник Синер продолжува со сигурните настапи на Вимблдон и обезбеди пласман во полуфиналето, откако со максимални 3-0 во сетови го совлада Јан-Ленард Штруф. Иако конечниот резултат сугерира убедлива победа, германскиот тенисер пружи силен отпор, особено во првите два сета. Сепак, првиот носител на турнирот одигра кога беше најпотребно и не му дозволи на противникот да освои ниту еден сет. Синер првиот сет го доби со 7-5, додека вториот беше ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07